Џибути: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
KamikazeBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Менува: li:Djibouti
FoxBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Бот Менува: tl:Hiboti
Ред 286: Ред 286:
[[fi:Djibouti]]
[[fi:Djibouti]]
[[sv:Djibouti]]
[[sv:Djibouti]]
[[tl:Djibouti]]
[[tl:Hiboti]]
[[ta:சிபூட்டி]]
[[ta:சிபூட்டி]]
[[tt:Җибути]]
[[tt:Җибути]]

Преработка од 16:29, 22 октомври 2011

Република Џибути
جمهورية جيبوتي
Jumhūriyyat Jībūtī
Jamhuuriyadda Jabuuti
République de Djibouti
Знаме Coat of arms
Гесло"Unité, Égalité, Paix"  (превод)
„Единство, еднаквост, мир“
ХимнаDjibouti
Местоположба на Џибути
Главен градЏибути
11°36′N 43°10′E / 11.600° СГШ; 43.167° ИГД / 11.600; 43.167
Најголем град главниот град
Службен јазик арапски и француски[1]
Признаени регионални јазици афарски, сомалиски
Демоним Џибутанец
Уредување полупретседателски систем
 •  Претседател Исмаил Омар Гвалех
 •  Премиер Дилеита Мохамед Дилеита
Независност од Франција 
 •  Датум 27 јуни 1977 
Површина
 •  Вкупна 23,200 км2 (149-та)
 •  Вода (%) 0.09 (20 km² / 7.7 sq mi)
Население
 •  проценка за јули 2007 г. 496,374[1] (160-та)
 •  Попис 2000 460,700 
 •  Густина 22 жит/км2 (168-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $1.877 милијарди[2] 
 •  По жител $2,392[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $982 милиони[2] 
 •  По жител $1,252[2] 
ИЧР (2007)0.516
низок · 149-та
Валута франк (DJF)
Часовен појас EAT (UTC+3)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .dj
Повик. бр. 253

Џибути (арапски: جيبوتي Jībūtī, сомалиски: Jabuuti) или официјално Република Џибути е држава во Источна Африка. Државата се граничи со Еритреја на север, Етиопија на запад и југ и со Сомалија на југозапад. На исток државата излегува на Црвеното Море, поточно на Аденскиот Залив и на значајниот проток Баб ел Мандеб. Вкупната површина на Џибути изнесува 23.200 километри квадратни со вкупно население од 864.000 жители. Главен град на државата е истоимениот град Џибути.

Етимологија

Името на Џибути е добиено по најдолната точка на заливот Таџура. Денес се претпоставува дека потекнува од афарскиот збор gabouti и тоа значи еден вид бришалка за пред врата изработена од палмово дрво. Покрај оваа, постои и уште една непотврдена теза која вели дека Џибути значи „земја на Техути“ или „земја на Тот“, по староегипетскиот бог. Колонијалните имиња на Џибути биле Француска територија на Афарите и Исаите (двете најголеми етнички групи) и Француски Сомалиленд (види Сомалија).

Историја

Историјата на Џибути главно е пренесена усно, преку фолклорот, поезијата и песните на номадскиот народ. Историските усни преданија посочуваат илјадници години историја, уште од времето на подемот на стариот Египет, Индија или Кина. Поради блискоста со Арапскиот Полуостров, Афарите и Сомалијците се меѓу првите етнички африкански групи кои го прифатиле исламот, а регионот меѓу првите африкански региони со исламска религија. Француските интереси за овој регион се појавиле во 19 век. Џибути била француска колонија од 1896 до 27 јуни 1977 кога станала независна држава.

Географија и клима

Областа Лак Асал.

Џибути се наоѓа во Источна Африка, поточно на Рогот на Африка. Државата граничи со Сомалија на југозапад, Етиопија на запад и југ и со Еритреја на север. На исток државата излегува на Црвеното Море, односно на протокот Баб ел Мандеб и Аденскиот Залив. Преку протокот се наоѓа Јемен. Вкупната површина на Џибути изнесува 23.200 километри квадратни каде живеат околу 864.000 жители. Главен и најголем град е истоимениот град Џибути. Поголем дел од територијата на Џибути е полупустинска.

Политички систем

Џибути е полупретседателска република, каде извршната власт е во рацете на владата, а законодавната е во рацете на владата и собранието. Моментален претседател на Џибути е Исмаил Омар Гуелех. Политичкиот живот е доминиран од една партија, бидејќи опозицијата ги бојкотираше изборите во 2005 и 2008 година и уставот на Џибути, кој е усвоен во 1992 година.

Владата ја контролира сомалиската групата Иса. Скоро државата излегла од еднодекадната граѓанска војна помеѓу Афарите и Иса.

Административна поделба

Карта на регионите на Џибути.
Карта на регионите на Џибути.

Џибути, административно, е поделен на пет региони и еден град. Секој регион е поделен на окрузи. Регионите на Џибути се:

Економија

Економијата на Џибути се базира воглавно на овозможување на услуги поради стратешката географска положба на државата и статусот на слободна трговска зона во североисточна Африка. Две третини од населението живее во главниот град, додека остатокот е номадско население. Голем дел од храната во Џибути е увезена, додека се одгледува само одредени видови овошје. Во април 2005 година, се проценило дека во Џибути има 30.000 жители кои имаат недостаток на храна. Овој недостаток е како последица на сувата клима во Џибути. Главен економски проблем е невработеноста која изнесува 40% до 50% од работоспособното население.

Население, јазик и религија

Религија[3]
религија процент
Ислам
  
94 %
Христијанство
  
6 %

Вкупниот број на население на Џибути брои околу 864.000 жители. Две главни етнички групи во Џибути се Сомалијците и Афарите. Покрај овие староседелски народи, во Џибути живеат и мали групи на Французи, Италијанци, Арапи и Етиопјани. Поради тензии помеѓу Афарите и кланот сомалиски Иса во 1990-те години во Џибути имало војна. Сомалијците се воглавно припадници на групата Иса. Иако официјални јазици се францускиот и арапскиот јазик, најмногу се зборувани афарски јазик и сомалиски јазик.

Најбројна религија во Џибути е исламот, кој е застапен со 94%. Како втора религија се јавува христијанството.[4]

Култура

Културата на Џибути е под силно влијание на сушниот и топол регион и културната средина. Облеката зависи од временските услови, така може луѓето да облекуваат стандардна облека или традиционална облека наречена макави. Културното наследство е денес зачувано по пат на оралната традиција. Исто така, покрај локалната традиција, можат да се забележат француски, исламски или отомански културни елементи.

Наводи

Видете исто така

Надворешни врски

Влада
Општо
Вести
Патување