ISSN: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 54: Ред 54:




{{Меѓународни броеви|state=uncollapsed}}
{{Меѓународни броеви}}
{{ISO стандарди}}
{{ISO стандарди}}



Преработка од 10:23, 17 октомври 2011

ISSN кодиран како линиски код EAN-13 со низна варијанта 0 и број 5.

ISSN (од англ. International Standard Serial Number = Меѓународен стандарден сериски број) е единствен осумцифрен број кој служи за идентификација на печатени или електронски периодични списанија.[1] Оние што се издадени во печатен и електронски облик може да имаат по два ISSN-броја: печатен ISSN (p-ISSN) и електронски ISSN (e-ISSN или eISSN). Системот на ISSN е првично разработен како меѓународен ISO-стандард во 1971 и објавен во 1975 како ISO 3297.[2] Во организацијата на ISO, за стандардот е одговорен поткомитетот TC 46/SC 9.

Формат на кодот

Форматот на ISSN е осумцифрен број, поделен со цртичка на два четирицифрени броја.[1] Последната цифра (која може да биде 0–9 или X) е контролна цифра. Стручното списание Hearing Research има ISSN 0378-5955, што значи контролната цифра е 5.

Контролната цифра ја пресметуваме со следниов алгоритам:

Да се пресмета збирот на првите седум цифри од ISSN-кодот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од лево — т.е. 8, 7, 6, 5, 4, 3 и 2, односно:
.
Потоа се пресметува модулот 11 на овој збир: збирот се дели со 11 и така се определува остатокот.
.
Доколку нема остаток, контролната бројка е 0. Во друг случај остатокот се одзема од 11 за да се добие контролната бројка:
контролната бројка е 5.
Големата буква X во контролниот број означува контролен број 10.

To confirm the check digit, calculate the sum of all eight digits of the ISSN multiplied by its position in the number, counting from the right (if the check digit is X, then add 10 to the sum). The modulus 11 of the sum must be 0.

Доделување на кодови

ISSN-кодовите ги доделува мрежа од национални центри, обично сместени во национални библиотеки под надлежност на ISSN Меѓународниот ISSN центар во Париз. Овој центар е меѓувладина организација основана во 1974 со договор помеѓу УНЕСКО и француската влада. Центарот води евиденција за сите ISSN-броеви во целиот свет во записникот наречен „ISDS-регистар“. Регистарот денес содржи 1.555.307 записи.[3]

Споредба со други идентификатори

Кодовите на ISSN и ISBN се слични по замисла во случаи кога ISBN-кодот е доделен на поединечна книга. ISBN може да се додели на поединечни броеви на научни периодични списанија, покрај ISSN-кодот на списанието во целина. За разлика од ISBN-кодот, ISSN е анонимен идентификатор поврзан со извесно списание, и не содржи информации за издавачот и местото на издавање. Поради ова едно списание добива нов ISSN ако значително го смени насловот.

Бидејќи ISSN важи за целото списание, врз него е додадена дополнителна назнака SICI за наведување на изданија, томови, статии и други препознатливи делови (како на пр. преглед на содржината).

Приена во URN

ISSN-броевите можат да се кодираат и како URN-називи („еднообразно ресурсно име“) со префиксот „urn:issn:“.[4] На пример, списанието Rail се наведува како „urn:issn:1534-0481“. Доколку констролниот знак е „X“, тоа значи дека во URN назнаката секогаш се кодира со големи букви.

ISSN Македонија

ISSN Центарот на Р. Македонија врши услуги за добивање на број, каталогизација и работа со броевите. Работи како служба во склоп на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[5]

Поврзано

  • ISBN (меѓународен стандарден книжен број)
  • DOI (идентификатор на дигитални објекти)

Наводи

  1. 1,0 1,1 Што е тоа ISSN?“ - Меѓународен ISSN центар (англиски)
  2. ISSN и ISO-стандардите“ - Меѓународен ISSN центар (2008) (англиски)
  3. Предлошка:Цмс (англиски)
  4. Употреба на ISSN како URN во рамките на именскиот простор ISSN-URNRFC 3044 (англиски)
  5. ISSN агенција за Македонија - ISSN Центар Р. Македонија (англиски)

Надворешни врски

Странски

Македонски