Кралска академија на науките (Шведска): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 7: | Ред 7: | ||
|headquarters = [[Стокхолм]], [[Шведска]] |
|headquarters = [[Стокхолм]], [[Шведска]] |
||
|leader_title = Претседател |
|leader_title = Претседател |
||
|leader_name = |
|leader_name = Сванте Линдквист |
||
|leader_title2 = [[Секретар|Постојан секретар]] |
|leader_title2 = [[Секретар|Постојан секретар]] |
||
|leader_name2 = Стафан Нормарк |
|leader_name2 = Стафан Нормарк |
Преработка од 10:50, 25 септември 2011
Гесло | att främja vetenskaperna och stärka deras inflytande i samhället (да се поттикнат науките и да се зајакне нивното влијание во општеството) |
---|---|
Основана | 2 јуни 1739 |
Седиште | Стокхолм, Шведска |
Членство | 1600 академици 175 странски членови |
Претседател | Сванте Линдквист |
Постојан секретар | Стафан Нормарк |
Мреж. место | www.kva.se |
Кралската академија на науките (швед. Kungliga Vetenskapsakademien, KVA) е една од кралските академии во Шведска. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува науките, пред сè природните науки и математиката.
Академијата е основана на 2 јуни 1739 од славниот природонаучник Карл Линеј, меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.[1]
Академијата има за цел да посветува особено внимание на полезните сознанија и да објавува на шведски јазик за да ги распространи најзините наоди што пошироко меѓу населението. Создадена е со поинаква замисла од постарото Кралско научно друштво во Упсала (основано 1719), кое објавувало на латински јазик. Академијата е намерно сместена во центарот на градот, кадешто биле најзастапени стопанските активности. Како пример послужиле Кралското друштво во Лондон и Кралската академија на нуките во Париз.
Во рамките на установата постојат комитети за доделување на меѓународни награди во разни научни полиња:
- Нобелови награди за физика и хемија[2]
- Нобелова награда за економија[3]
- Крафордови награди за астрономија и математика, геонауки, бионауки (со задршка на екологија) и полиартритис[4]
- Ролф Шокови награди за логика и философија[5]
- Награда „Грегори Арминоф“ за кристалографија[6]
- Медал „Оскар Клајн“
and national prizes:[7]
- Геран Густафсонови награди за истражни трудови во природните науки и медицината
- Седербергова награда за економија или правни науки
- Награда „Таге Ерландер“ за физика, хемија, технологија и биологија
- Награди „Ингвар Линдквист“ за наставници од областа ан физиката, хемијата, биологијата и математиката.
Пишани изданија
Ова се тековните научни списанија на академијата:
- Ambio (1972-)
- Acta Mathematica (1882-)
- Arkiv för matematik (1949-; од 1903 до 1949 под друг наслов, каде се опфаќале и физиката и астрономијата)
- Acta Zoologica (1920-)
- Levnadsteckningar över Vetenskapsakademiens ledamöter (1869-) - биографии на починати академици
- Physica Scripta (1970-) - заедно со Норвешката академија на науките и книжевноста
- Porträttmatrikel (1971-) - портрети на тековни членови
- Zoologica Scripta (1972-) - заедно со Норвешка академија на науките и книжевноста
- ETAI (1997-)
Поврзано
Наводи
- ↑ Предлошка:Цмс
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
Надворешни врски
- Кралска академија на науките (англиски) (шведски)
- ETAI - мреж. место на списанието (англиски)
|