30 септември: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: kv:30 кӧч, xmf:30 ეკენია
с r2.6.5) (Бот Менува: sh:30. 9.
Ред 127: Ред 127:
[[ckb:٣٠ی ئەیلوول]]
[[ckb:٣٠ی ئەیلوول]]
[[sr:30. септембар]]
[[sr:30. септембар]]
[[sh:30.9.]]
[[sh:30. 9.]]
[[su:30 Séptémber]]
[[su:30 Séptémber]]
[[fi:30. syyskuuta]]
[[fi:30. syyskuuta]]

Преработка од 01:06, 23 септември 2011

Предлошка:Септември 2024

30 септември е 273-иот ден во годината според григоријанскиот календар (274-и во престапна година). Остануваат 92 денови до крајот на годината.

Настани:

489  Остроготите под воство на Теодорих Велики по вторпат извојувале победа над војската на италијанскиот крал Одоакар
1399  Хенри IV е прогласен за крал на Англија.
1814  По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.
1864  Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употребил етерот како средство за анестезија.
1903  Во Виена и Мирцштег почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот цар Франц Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Мирцштешка реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 г. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.
1991  Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.
1993  Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.
1998  Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција — МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија.

Родени:

1207  Џалалудин Румиперсиски исламски поет, правник и теолог.
1876  Милан Ракиќ — српски поет.
1917  Бади Рич — американски џез-музичар.
1924  Труман Капоти — американски писател.
1927  Вилијам Мервин — американски поет.
1931  Енџи Дикинсон — американска глумица.
1940  Здравка Крстуловиќ — хрватска и југословенска глумица.
1947  Марк Болан — англиски рок-музичар.
1962  Франк Рајкард — холандски фудбалер и тренер.
1962  Борислав Цветковиќ — југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1980  Мартина Хингис — швајцарска тенисерка.
1980  Данте Амарал — бразилски одбојкар.
1980  Герт Стегманс — белгиски велосипедист.
1983  Андреа Радукан — романска гимнастичарка.
1986  Оливие Жиру — француски фудбалер.
1991  Џофри Ловерњ — француски кошаркар.
1997  Макс Ферстапен — белгиско-холандски автомобилист, првак во Формула 1.

Починале:

1955  Џејмс Дин — американски глумец.
1979  Зепо Маркс — американски глумец.
1986  Николас Калдор — британски економист.
1990  Патрик Вајт — австралиски писател, добитник на Нобеловата награда во 1973 година.
1989  Оскар Давичо — српски и југословенски писател.
1991  Тома Здравковиќ — српски фолк-пејач.
2001  Џон Лили — американски психолог.
2011  Анвар ал Авлаки — член на Ал-Каеда.
2019  Џеси Норман — американска оперска пејачка.

Празници:

٭  Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија — маченички од црковниот календар