Музеј на македонската борба: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
StanProg (разговор | придонеси)
с интервики
Ред 80: Ред 80:
[[Категорија:Музеи во Скопје]]
[[Категорија:Музеи во Скопје]]
[[Категорија:Плоштад Македонија]]
[[Категорија:Плоштад Македонија]]

[[bg:Музей на македонската борба (Скопие)]]

Преработка од 00:29, 20 септември 2011

Национална установа
„Музеј на македонската борба за државност и самостојност“
„Музеј на ВМРО“
„Музеј на жртвите од комунистичкиот режим “
Музеј на македонската борба
Карта
Музеј на македонската државност
Општи податоци
Статусдржавен
Видмузеј
Стилбарок
МестоПлоштад Македонија
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Темелот удрен2008
Почната2008
Завршена2011
Отворена8 септември 2011
Трошок за изградба12.000.000 евра
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектЗоран Јордановски
Архит. бироБетон

Музејот на македонската борба се наоѓа во Скопје, Македонија, на левиот брег од реката Вардар.

За главен архитект при изградбата на објектот бил избран Зоран Јордановски, а музејот бил изграден од компанијата Бетон од Штип[1].

Музејот бил изграден во периодот од 2008 до 2011 година, и официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија. Изградбата на објектот е дел од т.н. проект Скопје 2014.

Трошоци за изградба

За изградба на објектот биле потрошени 4 милиони евра. За внатрешноста на музејот, односно за масовните сцени од домашни, руски, украински и бугарски автори биле потрошени околу 1 милион евра, за рамки за слики повеќе од 100.000 евра. За восочните фигури биле исплатени околу 1.5 милиони евра. Проектот за мебел изнесувал околу 200.000 евра, а самиот мебел повеќе од 818.000 евра. За осветлувањето на објектот биле дадени 220.000 евра, а за витраж 420.000 евра.

Така, според неофицијални информации, целиот проект чини околу 12 милиони евра.

Опис

Музејот бил официјално отворен од страна на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој во музејот го предал оригиналот од Декларацијата за независнота на Македонија, која е изложена во холот при самиот влез.

Самиот музеј се состои од тринаесет одделенија, и секоја од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Во првата просторија е претставен раниот период на македонската борба, кога ајдутите сеуште немале дефинирано политичка платформа[2]. Сите останати простории понатаму се поврзани хронолошки сè до периодот на комунизмот.

Во музејот се наоѓаат 109 восочни фигури од лиќности од македонската историја. Освен восочните фигури во музејот се наоѓа и поголем број примероци на оригинално оружје, оригинален мебел, масовни сцени, документи и други експонати.

Музејот работи од вторник до сабота со работно време од 12 до 20 часот, а во недела од 12 до 16 часот. Секоја организирана посета во музејот треба да биде најавена.

Критики

Музејскиот комплекс, дел од проектот „Скопје 2014“ предизивкал остри реакции во јавноста, посебно од страна на опозицијата, упатени до владејачката партија[3]. Според опозицијата, изградбата претставува травестија и фингирање на историјата. Во музејот се наоѓаат и восочните фигури на Ванчо Михајлов и Мара Бунева, како контроверзни личности во македонската историја.

Наводи