Хемија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.2) (Бот Додава: or:ରସାୟନ ବିଜ୍ଞାନ
FoxBot (разговор | придонеси)
Ред 58: Ред 58:
[[arc:ܟܝܡܝܐ]]
[[arc:ܟܝܡܝܐ]]
[[frp:Ch·imie]]
[[frp:Ch·imie]]
[[as:ৰসায়ন]]
[[as:ৰসায়ন বিজ্ঞান]]
[[ast:Química]]
[[ast:Química]]
[[az:Kimya]]
[[az:Kimya]]

Преработка од 12:55, 18 септември 2011

Хемијата претставува наука која се занимава со изучување на составот, структурата и својствата на материјата, како и промените на кои е подложена за време на хемиските реакции.

Хемијата (на грчки: χημεία) е природна наука што се занимава со проучување на структурата и својствата на материјата, како и промените кој настануваат при хемиските реакции[1]. Хемијата претставува физичка наука која ги изучува различните типови на атоми, молекули, кристали и други типови на агрегати изолирани или во меѓусебни интеракции кој во себе ги вклучуваат концептите за енергија и ентропија во хемиските процеси. Модерната хемија еволуирала од алхемијaта.

Основни концепти во хемијата

Атом

Елементарни честички во атом од хелиум: два електрона (жолти) кои се околу јадрото, во електронската обвивка; протони (црвени) и два неутрона (зелени), кои се наоѓаат во јадрото на атомот.

Во физиката и хемијата, атомот претставува најмалата структурна честичка на секој хемиски елемент (со тоа и на материјата) што ги има неговите карактеристични својства. Секој атом се состои од атомско јадро и електронска обвивка. Атомот се состои од неколку типови на елементарни честички. Во јадрото се наоѓаат неутралните неутрони и позитивно наелектризираните протони (или позитрони), додека во електронската обвивка се наоѓаат негативно наелектризираните електрони. Елементарни честички од кои е изграден атомот играат голема улога при дефинирањето на својствата на атомите, како и при нивното поврзување со други атоми од ист или различен хемиски елемент.

Хемиски елемент

Хемиски елемент претставува тип на атоми кои поседуваат ист атомски број - односно кои поседуваат ист број на протони во јадрото на атомот. Хемиските елементи, исто така, поседуваат и ист број на електрони во електронската обвивка.

Соединение

Хемиските соединенија (или накусо само соединение) се супстанции во чиј состав влегуваат најмалку два различни атоми[2][3]. Хемиските соединенија можат да се разложат на елементарни супстанции со одредена хемиска реакција или процес.

Супстанца

Молекула

Во хемијата под поимот молекула се подразбира доволно стабилна, електронеутрална група која се состои од најмалку два атоми кои на точно определен начин се поврзани меѓу себе со хемиска врска[4][5].

Јони и соли

Хемиска врска

Хемиска реакција

Енергија

Поддисциплини

Различните дисциплини во рамките на хемијата се групираат според видот на материја кој се изучува во нивни рамки.

  1. неорганската хемија се занимава со изучување на неорганските материи;
  2. органската хемија се занимава со изучување на органските материи;
  3. биохемијата се занимава со изучување на супстанците кои се наоѓаат во живите организми;
  4. физичката хемија е поврзана со изучување на енергетските промени кои настануваат во хемиските системи на макро ново, на молекуларно и субмолекуларно ниво;
  5. аналитичката хемија се занимава со анализа на примероци за да се добијат сознанија за хемискиот состав и за структурата на материјата.

Брзиот развој на науката се почесто доведува до развој на гранични дисциплини помеѓу хемијата и други науки (физика, медицина и др.).

Литература

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA