Македонија (римска провинција): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
HRoestBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: an:Macedonia (provincia romana)
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Додава: sr:Македонија (провинција)
Ред 57: Ред 57:
[[ro:Macedonia (provincie romană)]]
[[ro:Macedonia (provincie romană)]]
[[ru:Македония (римская провинция)]]
[[ru:Македония (римская провинция)]]
[[sr:Македонија (провинција)]]
[[sh:Makedonija (rimska provincija)]]
[[sh:Makedonija (rimska provincija)]]
[[sv:Macedonia]]
[[sv:Macedonia]]

Преработка од 06:49, 15 септември 2011

Покраината Македонија во рамките на Римската Империја, околу 120 година

Македонија била римска провинција, создадена во 146 п.н.е., по победата на римскиот генерал Квинт Сесилиј Метел над македонскиот крал Андриск во 148 п.н.е и распаѓањето на четирите марионетски македонски републики. Покраината се состоела од Епир вет, Тесалија и делови од Илирија и Тракија.

Во III и IV век, покраината била поделена на Македонија Прима (на југ) и Македонија Салутарис (на север).

Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикумската префектура создадена во 318. Кога Илирикумската префектура била поделена на Источен и Западен Илирикум во 379, Македонските покраини станале дел од Источен Илирикум. По расцепувањето на Римското царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.

Една важна личност од покраината Македонија бил светецот заштитник на Солун, Димитар Солунски, кој починал во 306.

Стопанство во покраината

За време на Октавијан Август Македонија долго живеела во мир, просперитет и богатство, иако нејзината економска важност полека се намалила за сметка на економската важност на нејзиниот сосед, Мала Азија.

Стопанството значително напреднало по изградбата на патот Вија Игнација, доселувањето на римски трговци во градовите и основањето на римски колонии. Царската управа донела, покрај патишта и свој систем на администрација, и економски бум, кој бил полезен и за римјаните и за македонците. Со огромни обработливи површини и добри пасишта, владеачките семејства натрупале огромни богатства во општеството базирано на робовски труд.

Подобрувањата на условите за живот кај работиничките класи довело до голем развој на занаетчиството во регионот. Ѕидарите, рударите, ковачите, и др. биле вработувани во најразлични сектори на стопанството.

Најмногу се извезувале земјоделски производи и стока, додека железото, бакарот и златото заедно со производи како дрво, смоли, коноп, лен и риба исто така биле извезувани. Покрај ова, друг извор на богатство биле пристаништата, како Дион, Пела, Солун, Касандреја.[1]

Поврзано

Наводи