Психијатрија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.5.2) (Бот Менува: si:මනෝ වෛද්‍යවේදය
Нема опис на уредувањето
Ред 15: Ред 15:
== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
* [http://www.psihijatrija.eu/ Македонски портал за ментално здравје и мозокот]<br />
* [http://www.psihijatrija.eu/ Македонски портал за ментално здравје и мозокот]<br />
* [http://www.kalinka.mk Психијатриска ординација - ПЗУ Калинка] {мк}


== Користена литература ==
== Користена литература ==

Преработка од 10:21, 9 септември 2011

Психијатрија (ст. грчки - psyche-душа, iatros-лекар) се дефинира како медицинска гранка која се занимава со настанувањето, развојот и манифестирањето на болестите на човековата личност кои произлегуваат од субјективниот индивидуален живот и неговите односи со околината. Психијатријата претставува медицинска дисциплина која се занимава со дијагностицирање и лекување (фармаколошкитретман, психотераписки техники) на менталните растројства кај луѓето.

Психијатар е доктор на медицина, специалист по психијатрија. Специализацијата најчесто трае 4 години.

Главни клинички манифестации (симптоми и синдроми) на менталните растројства

Дескриптивната или феноменолошка психијатрија ги опфаќа психопатолошките карактеристики на менталните растројства групирани во вид на симптоми или синдроми. Не секогаш присуството на некој психопатолошки симптом значи и душевно растројство. Одредени симптоми (па и халуцинациите) можат да се сретнат и кај здрави личности во одредени физиолошки состојби (замор, поспаност, фантазии, страв).

Постојат повеќе поделби на најчестите симптоми во психијатриската практика. Од практични причини најчесто се класифицираат во две спротивставени групи.

  • позитивни симптоми (или „плус“ како уште се нарекуваат), многу подобро реагираат на фармакотерапијата од негативните и тие опфаќаат: психомоторна возбуда, агитираност, халуцинации и делузивни (налудничави) идеи.
  • негативни симптоми - овие симптоми се порезистентни (отпорни)на класичната невролептична терапија и меѓу нив доминираат: афективна тапост (атимија), безволност (ахормија), аутизам и други.

Надворешни врски

Користена литература

  • Проф. д-р med.sci. Георги Чадловски - Психијатриско-дијагностички тераписки прирачник, Просветно Дело, 1999 година, Скопје, Македонија.