Унгуџа: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 13: Ред 13:
Населението на Унгуџа во 2002 броело 622.459 жители<ref>[http://www.nbs.go.tz/index.php?option=com_content&view=article&id=104&Itemid=110 Попис на домаќинствата и занимањата на населението на Унгуџа] {{en}}</ref>, главно во градскиот регион на Занзибар.<ref>[http://www.tanzania.go.tz/census/unguja.htm Попис на Танзанија 2002] {{en}}</ref> Административен центар на островот е градот Занзибар, а во него спаѓа и историскиот [[Стоун Таун]] како и други приградски населби како Мичензани. Други поголеми места на островот се Мбвени, Мангапвани, Чвака и Нунгви.
Населението на Унгуџа во 2002 броело 622.459 жители<ref>[http://www.nbs.go.tz/index.php?option=com_content&view=article&id=104&Itemid=110 Попис на домаќинствата и занимањата на населението на Унгуџа] {{en}}</ref>, главно во градскиот регион на Занзибар.<ref>[http://www.tanzania.go.tz/census/unguja.htm Попис на Танзанија 2002] {{en}}</ref> Административен центар на островот е градот Занзибар, а во него спаѓа и историскиот [[Стоун Таун]] како и други приградски населби како Мичензани. Други поголеми места на островот се Мбвени, Мангапвани, Чвака и Нунгви.


Локалното население претежно говори „киунгуџа“ кој е [[дијалект]] на [[свахили]]. Ова наречје е употребено како стандард при утврдувањето на литературниот јазик.<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/319730/Kiunguja Киунгуџа] - Британика {{en}}</ref>
Локалното население претежно говори „киунгуџа“ кој е [[дијалект]] на националниот јазик [[свахили]]. Ова наречје е употребено како стандард при утврдувањето на литературниот јазик.<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/319730/Kiunguja Киунгуџа] - Британика {{en}}</ref>


==Стопанство==
==Стопанство==

Преработка од 04:22, 8 септември 2011

Карта на островот Унгуџа (Занзибар)

Унгуџа или Занзибар (свахили: Unguja или Zanzibar) е најголемиот и најзначајниот остров во Занзибар, Танзанија.

Географија

Унгуџа е ридест остров, со должина од 85 км (север-југ) и максимална ширина од 30 км (исток-запад). Зафаќа вкупна површина од 2.600 км². Сместен е во јужната половина на Занзибарскиот Архипелаг во Индискиот Океан, околу 59 км јужно од вториот остров по големина во архипелагот - Пемба. Унгуџа и танзаниското копно ги двои Занзибарскиот Теснец.

Островот е опкружен со разни помали острови, од кои само Тумбату и Узи се населени. Други забележливи острови се Баве, Чапвани, Чангу, Чумбе, Кизинго, Квале, Латам, Маутани, Миви, Мнемба, Мвана ва Мвана, Нианембе, Попо, Пунгуме и Уканга.

Politics

Унгуџа и околните острови се делат на региони: Занзибар Центар/Југ, Занзибар Север и Занзибар Град/Запад. Унгуџа му припаѓа на Занзибар, кој е уставно утврден како „дел“ од Танзанија, но со повисок степен на автономија. Управата на Занзибар е сместена во Стоун Таун, на западното крајбрежје на Унгуџа .

Население

Населението на Унгуџа во 2002 броело 622.459 жители[1], главно во градскиот регион на Занзибар.[2] Административен центар на островот е градот Занзибар, а во него спаѓа и историскиот Стоун Таун како и други приградски населби како Мичензани. Други поголеми места на островот се Мбвени, Мангапвани, Чвака и Нунгви.

Локалното население претежно говори „киунгуџа“ кој е дијалект на националниот јазик свахили. Ова наречје е употребено како стандард при утврдувањето на литературниот јазик.[3]

Стопанство

Главна стопанска гранка на островот е туризмот. Други локални гранки се земјоделството (вклучувајќи го одгледувањето на зачини како каранфилчето) и рибарството. Селата долж источното крајбрежје главно се заминаваат со одгледување на морски треви.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Координати: 6°08′26″ S; 39°20′12″ E / 6.140555° ЈГШ; 39.336548° ИГД / -6.140555; 39.336548