Борис III: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Менува: ar:بوريس الثالث ملك بلغاريا
сНема опис на уредувањето
Ред 71: Ред 71:
[[Категорија:Династија Сакс-Кобург и Гота (Бугарија)]]
[[Категорија:Династија Сакс-Кобург и Гота (Бугарија)]]
[[Категорија:Погреби во Рилскиот манастир]]
[[Категорија:Погреби во Рилскиот манастир]]
[[Категорија:Европски монарси од 20 век]]


{{Link FA|fr}}
{{Link FA|fr}}

Преработка од 16:02, 6 септември 2011

Борис ІІІ Обединител
Цар на Бугарите
На престол3 октомври 1918 - 28 август 1943
Крунисување3 октомври 1918
ПретходникФердинанд I
НаследникСимеон ІІ
Почивалиште
ПридружникЈоана Савоjска
Полно име
Борис Клемент Роберт Мариjа Пиj Станислав Сакскобургготски
ДинастијаСакскобургготски
ДинастијаСакскобургготски
ТаткоФердинанд I
МајкаМарија Луиза

Борис ІІІ е цар на Бугарија (1918-1943). Тој го наследува бугарскиот царски престол по абдикациjата на татко му цар Фердинанд.

Роден е на 30 jануари 1894 година. Целото име му е Борис Клемент Роберт Мариjа Пиj Станислав Сакскобургготски. Во 1930 г. се жени за италиjанската принцеза Jована Савоjска, коja што е бугарска царица под името Jоанна. Им се раѓаат две деца - кнегиња Мариjа-Луиза (р. 1933) и кнез Симеон (р. 1937).

Податотека:Photo libre de droits2.jpg
Царот Борис III се поздравува со Адолф Хитлер во Берлин во 1943 година.

Како и неговиот татко, Борис ІІІ води прогерманска политика и ја вклучува Бугарија кон Тројниот пакт. Во април 1941 година им ја отстапува бугарската територијата на Германците кои преку Бугарија ќе извршат напад врз Кралството Југославија. Исто така, Борис ІІІ цврсто ги застапувал бугарските Евреи за време на Холокаустот. Со негова помош и со интервензија на бугарската црква бугарските евреи се спасени од концентрационите логори. Сепак, за да се задоволат потребите од работна сила во концентрациониот логор во Треблинка биле испратени македонските евреи.[1] Со тоа преостанатите евреи македонски евреи засолниште нашле заминувајќи во партизани.[2][3]

Во бугарската историографија е познат како „Цар Обединител“ зашто во соработка со Силите на оската Бугарија на проширува во границите на Санстефанска Бугарија.[4]

Резба изработена од жители на с. Осој, Дебарско, и поставена лево од гробот на Цар Борис III.
Царство Бугарија од 1941 до 1944. Дебар и неговата околина во Втората светска војна не биле под Бугарска окупација.
Гробот на Цар Борис III во Рилскиот манастир.

Цар Борис III е погребан во манастирската црква на Рилскиот манастир. На левата страна од гробот се наоѓа резба изработена на 10 октомври 1943 год. од жители на село Осој, Дебарска околија, на која е напишано:

На своя Царь Освободитель Борисъ III отъ признателна Македония.

По смртта Борис, ІІІ е наследен од неговиот син цар Симеон ІІ (1943-1946).

Литература

  1. The Jewish Community of Monastir: A Community in Flux, Mark Cohen, United States Holocaust Memorial Museum
  2. Александар Матковски, Трагедијата на Евреите од Македонија, „Гласник на ИНИ“, 1, Скопје, 1958
  3. Ѓорѓи Ц. Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993
  4. Inari Karsh - „Empires of the Sand: The Struggle for Mastery in the Middle East, 1789-1923“, Harvard University Press, 2001, с. 90

Предлошка:Владетел почеток Предлошка:Владетел Предлошка:Владетел крај

Предлошка:Никулец за биографија

Предлошка:Link FA