Фонтана Треви: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: fa:فواره تروی
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Trevi_Fountain_at_Night.jpg|мини|десно|280px|Фонтаната Треви ноќе]]
[[Податотека:Trevi_Fountain_at_Night.jpg|мини|десно|280px|Фонтаната Треви ноќе]]


'''Фонтаната Треви''' ([[италијански јазик|италијански:]] ''Fontana di Trevi'') е најголемата (85 стапки висока и 65 стапки широка) и најамбициозната [[Барок|Барокна]] [[фонтана]] во [[Рим]].
'''Фонтаната Треви''' ([[италијански јазик|италијански:]] ''Fontana di Trevi'') е најголемата (26 метри висока и 20 метри широка) и најамбициозната [[Барок|Барокна]] [[фонтана]] во [[Рим]].


== Периодот пред 1629, водоводот и локацијата на фонтаната ==
== Периодот пред 1629, водоводот и локацијата на фонтаната ==

Преработка од 23:01, 31 август 2011

Фонтаната Треви ноќе

Фонтаната Треви (италијански: Fontana di Trevi) е најголемата (26 метри висока и 20 метри широка) и најамбициозната Барокна фонтана во Рим.

Периодот пред 1629, водоводот и локацијата на фонтаната

Фонтаната се наоѓала на раскрсницата на три пата (tre vie)[1], и означува крајна точка[2] на Acqua Vergine, еден од најстарите аквадукти кои го снабдувале Рим со вода. Во 19 век п.н.е., наводно со помош на една девица, Римските техничари нашле извор на чиста вода само 22 километри од градот. (Оваа сцена е прикажана на сегашната фасада на фонтаната). Оваа Aqua Virgo била носена до Рим преку најкраткиот аквадукт директно до бањите на Агрип и го снабдувала Рим повеќе од 400 години[3]. Крајот за урбаниот живот на доцниот класичен Рим дошол кога готските опсадувачи го скршиле водоводот. Средновековните римјани биле ограничени на загадени бунари и опасната вода на Тибер, која била користена и како канализација.

Римскиот обичај за градење на убави фонтани на крајот на аквдадуктите кои носеле вода до Рим бил овновен во 15-от век, заедно со Ренесансата. Во 1453, папата Никола V завршил со поправање на Acqua Vergine аквадуктот и изградил едноставен басен, дизајниран од архитектот Леон Батиста Алберти, за да го наговести доаѓањето на водата[4].

Фонтаната Треви: Нептун ја контролира водата

Денешната фонтана

Планирање, конструкција и дизајн

Во 1629, папата Урбан 8-ми, сметал дека претходната фонтана не била доволно драматична, па побарал од Бернини да илустрира можни реновации, но кога Папата умрел проектот бил напуштен. Бернини придонел фонтаната да се дисклоцира од другата страна на плоштадот за да се позиционира кон палатата Квиринал (за Папата да може да ја гледа и ужива во неа). И покрај тоа што проектот на Бернини бил уништен за Салвиевата фонтана, многу негови замисли биле имплементирани во нејзината изградба.

За време на Ренесансата и Барокот било престиж да се редизајнираат градби, фонтани, дури и Шпанските Скали. Во 1730 Папата Клемент 12-ти огранизурал уште еден натпревар на кој Никола Салви бил поразен, но сепак му била дадена работата[5]. Изградбата траела од 1732 до 1762, многу по смртта на Клемент, кога 'Нептун' на Пјетро Брачи бил поставен во средината на фонтаната (слика, лево).

Податотека:Trevi.PNG
Fontana di Trevi (Рим)

Салви умрел во 1751, а работата била до пола завршена. Фонтаната Треви била завршена во 1762 од Џузепе Панини, кој ги заменил сегашните благи алегории со планирани скулптури на Агрип и „Тривиа“, римската девица.

Реставрација

Фонтаната била реновирана во 1998; камената ѕидарија биле исчистена и биле додадени рециркуларни пумпи и оксидатори.

Среќни парички

Според една традиционална легенда, личноста која ќе фрли паричка во фонтаната сигурно ќе се врати во Рим[6]. Погрешната интерпретација на филмот Три парички во фонтаната , каде три различни личности фрлаат по една паричка, довела кон нова урбана легенда дека фрлање на две парички ќе донесе љубов со убава римјанка (римјанец), а фрлање на три парички носи брак или развод. Популарна верзија е и дека треба да се фрлат три парички со левата рака преку десното раме.

Околу 3.000 евра се фрлаат во фонтаната секој ден.[7] Парите се користат за финансирање на супермаркет за сиромашните во Рим.[7] Сепак, постојано има обиди за крадење на при од фонтаната..[7][8][9]


Наводи

  1. Though other etymologies have been suggested, this is the straightforward modern etymology adopted by Pinto 1986 and others.
  2. The technical Italian term for such a "terminal fountain" is a mostra ("display"): Peter J. Aicher, "Terminal Display Fountains ("Mostre") and the Aqueducts of Ancient Rome" Phoenix 47.4 (Winter 1993:339-352).
  3. Pintochs. I and II.
  4. Hanns Gross, Rome in the Age of Enlightenment: the Post-Tridentine syndrome and the ancien régime. (Cambridge University Press) 1990:28.
  5. Предлошка:Цитирана книга
  6. Предлошка:Цитирана книга
  7. 7,0 7,1 7,2 „Trevi coins to fund food for poor“. BBC News. 2006-11-26. Посетено на 2010-01-18.
  8. „Trevi coins row re-surfaces“. BBC News. 2003-10-08. Посетено на 2010-01-18.
  9. „Trevi fountain 'copycat' thieves arrested“. BBC News. 2002-08-09. Посетено на 2010-01-18.

Извори


Надворешни врски