Киевско-печерска лавра: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 194: Ред 194:


== Наводи ==
== Наводи ==
{{наводи}}
{{наводи|2}}


{{Киево-печерска лавра}}
{{Киево-печерска лавра}}

Преработка од 17:11, 30 август 2011

Координати: 50°26′3″N 30°33′33″E / 50.43417° СГШ; 30.55917° ИГД / 50.43417; 30.55917

Координати: 50°26′3″N 30°33′33″E / 50.43417° СГШ; 30.55917° ИГД / 50.43417; 30.55917{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница
Киево-печерска лавра
Києво-Печерська лавра
Пештерите на Киево-Печерската Лавра
Национално историско-културно Светилиште / манастир
Поглед кон комплексот
Потекло на името: Пештерски манастир
Земја Украина
Главен град Киев
Округ Печерски регион
Општина Киев
Знаменитости Голема камбанерија, Манастирска порта, Црква Берестово спасение
Реки Днепар
Координати 50°26′3″N 30°33′33″E / 50.43417° СГШ; 30.55917° ИГД / 50.43417; 30.55917
Површина 235.400 м²
Автори Теодосиј Киевски, Антониј Киевски
Стил украински барок
Основано Пештерски манастир
 - основано 1 Државно светилиште
 - основано 2 Преобратено во манастир
Датум 1051
 - датум 1 септември 29 1926 (1926-09-29)[1]
 - датум 2 1988
Раководство Украинска православна црква - Московска патријаршија
Управа Министерство за култура на Украина
Водач Владимир
 - Водач 1 Марина Хромова
Светско наследство на УНЕСКО
Име Kiev: катедрала Света Софија
Година 1990 (#14)
Број 527
Регион Европа и Северна Америка
Критериуми i, ii, iii, iv
Слободно Седум чуда на Украина[2]
Портал: lavra.ua

Киево-печерската лавра (украински: Києво-Печерська лавра), исто така позната и како Пештерите на Киево-Печерската Лавра, е историски православен христијански манастирски комплекс кој се наоѓа во Киев, Украина.

Овој коплекс претставува најстаро православно светилиште на Источните Словени, кое било основано во 1015 година во времето на Киевска Рус[3]. Комплексот бил основан во времето на староукраинскиот кнез Јарослав Мудриот. Објектот се наоѓа на два рида кои гледаат кон реката Днепар.

Денеска манастирот се наоѓа под контрола на Украинската православна црква - Московска патријаршија и Државниот музеј на Украина[4]. Светилиштето е вклучено во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО и претставува едно од седумте светски чуда на Украина од 21 август 2007 година врз основа на гласањеѕо од страна на експерти и интернет заедницата. Денеска во земјата и во православниот свет се смета за посебно национално и историско културно место, чиј национален статус го добил на 13 март 1966 година[5].

Комплексот претставува седиште на митрополитот на украинската црква. Кон крајот на 2010 година, мониторската комисија на УНЕСКО била во посета на манастирскиот комплекс за да се провери нејзината состојбата. Според министерот за култура на Украина, состојбата на комплексот заедно со катедралата Света Софија не е загрозена од т.н. црна листа на меѓународната организација УНЕСКО[6].

Историја

Основање

Комплексот во 17 век
Успенската катедрала
Големата камбанерија

Историјата на комплексот датира и е тесно поврзана со т.н. Далечни и Блиски пештери, во кои биле згрижени основачите на руското монаштво. За нив споменува за прв пат во 12 век од преподобниот Нестор Летописец, автор на "Повести временных лет".

Според летописецот, основач на пештерата бил свештеникот Иларион - познат богослов. За своето молитвена осаменост тој избрал живописен рид во близина на соседното село Берестово (летна резиденција на Киевските кнезови), во која ископал пештера.

Според руските извори од 11 век, овој манастир бил основан во 1051 година од страна на Антониј Печерски во времето на Јарослав Мудриот, заедно со неговиот ученик Теодосиј Печерски. Антониј Печерски се смета за основоположник на монаштвото во Русија. Во 1051 година, самиот Иларион бил избран за митрополит на Киев.

Уште истата година во Киев пристигнал од Света Гора, каде што добил монашки постриж во манастирот Есфигмен, преподобниот Антониј Печерски во пештерата на Иларион. Според легендата, игуменот се упати во Киевска Рус за да го основа на овие простори монаштвото. Тој избрал една пештера кај Киев. Кога околу него се собрале желните за монашки живот, тогаш тој го поставил за игумен Теодосиј Печерски, а самиот останал во пештерата до својата смрт. Десет години покасно, Антониј, кој секогаш се стремил кон обединување, за нов игумен го поставил Варлан и се настанил на соседниот рид. Таму тој основал нова келија односно нов комплекс, кој подоцна бил наречен комплекс на Блиските пештери или Антониевите пештери. Теодосиевите пешттери пак останале со имеѕто Далечни пештери. Во следните години, манастирот нараснал и станал матица на руското монаштво.

Десет години по-късно, когато братята били вече двадесетина души, преподобният Антоний, който винаги се стремил към уединение, поставил за игумен преп. Варлаам и се уединил на съседния хълм. Там той изкопал за себе си нова келия и положил с нея създаването на нов пещерен комплекс, който по-късно бил наречен Близките (Антониеви) пещери. Теодосиевите пещери пък останали с името Далечните пещери.

Во 1073 година, Антониј починал и бил погребан во пештерите. Во следните години, во нив започнале да се погребуваат и останатите браќа монаси, ископувајќи ги пештерите и до два метри. Телото на починатиот го ставале на даска и го заштитувале со дрвен капак. На втората година од смртта, монасите ги откривале гробовите и нивните мошти ги пренесувале во крипта.

Во 1079 година започнала изградбата на Успенската црква, која била довршена во 1089 година. Фреските, мозаиците и иконите биле направени од страна на константинополските зографи. При осветувањето на црквата, во неа биле положени моштите на Свети Теодосиј Печерски.

Доцен среден век

Во 1240 година Монголите го разрушиле Киев, а заедно со него и Киево-Печерскиот манастир. Во тоа време во самиот Киев и во неговата околија имало уште неколку пештерски обители. Сите тие пострадале од нападите и истите скоро престанале да постојат. Моштите во тоа време биле пренесени на непознато место од страна на монасите. Во следните 150 години, Печерскиот манастир бил запуштен. Од втората половина на 14 век, кога Киев бил под власт на литовските кнезови, Печерскиот комплекс започнал да се возобновува.

Кон крајот на 16 век, и почетокот на 17 век, манастирот кој бил под контрола на патријархот во Константинопол, станал центар на јазолот помеѓу православниот и римокатличкиот свет. На два пати, унијатите правеле обиди да завладеат со манастирскиот комплекс.

16 и 17 век

Поклоничките патувања во Киево-Печерската Лавра не биле секогаш безопасни. Дури од 17 век, кога престанале налетите на натрапниците, поклоничките патувања кон светињите на Киев станале посигурни. Во тоа време, кога се зацврстила позицијата на Православната Црква во Украина, станало неопходно и официјално да се канонизираат Печерските светители. Во 1643 година бил составен Канон на Печерските светители. Кон крајот на 16 век, манастирот добил статуа на Лавра. Во тоа врме бил даден и почетокот на манастирското книгоиздавателство. Така, биле издавани голем број на богослужебни книги во заштите на православната вера. Киевскиот митрополит Петар Могила создал и училиште.

Во 1643 година, митрополитот Петар канонизирал 69 светци. Во 1688 година, Лаврата преминала под контрола на московскиот патријарх, а на неговиот игумен му било дадено големо право над сите останати руски митрополити.

18 век

Црква Берестово спасение

Во 1762 година Руската Православна црква ги признала печерските светители како општоруски. Во втората половина на 18 век завршила канонизацијата на соборот на Печерските светители, кој вклучувал 45 преподобни, што почиваат во Далечните пештери, и 73 што почиваат во Блиските.

Во следните години започнала и големата реконструкција на комплексот. Кривуличавите подземни ходници биле проширени, а ѕидовите и сводовите биле потпрени со ѕидан камен, со што тие станале побезопасни и попроодни. Во 19 век, според одлуката на Духовниот Собор на Лаврата, телата на преподобните биле поставени на едно ниво во сандаци од кипарис, даб и липа. Над секој сандак се наоѓала икона на починатиот. Повеќето икони се сочувани до денес.

Во 1786 година, Лаврата преминала под контрола на киевскиот митрополит.

Советска ера

По доаѓањето на комунистите на власт во земјата, комплексот најпрвин бил затворен, а подоцна и претворен во музеј. Во 1918 година бил убиен митрополитот Владимир под непознати околности. На 29 септември 1926 година, власта во СССР усвоила резолуција за признавање на поранешниот комплекс за историско и културно значење претварајќи го во музеј. Целосниот процес бил завршен до 1930 година. Дел од монасите биле прогонети, некои биле затворени. Во една од зградите била сместена Државната библиотека на Украина. Овде бил основан и музејски комплекс на книгата, на историските богатства и.т.н. Во времето на Втората светска војна, комплексот бил претворен во полициска станица каде биле убиени околу 500 цивили.

На 3 ноември 1941 година, германските окупациони сили ја разрушиле Успенската катедрала, која подоцна била повторно изградена во 2000 година и кое било прикажано во Нирнбершкиот процес. Во 1961 година манастирот бил повторно затворен, во времето на т.н. Хрушчови прогони.

Најнова историја

Според археолошките ископувања кои биле спрведени во новата независна држава Украина, голем дел од научници се обидувале да дојдат до вистинските причини за нетленоста на моштите. Резултатите покажале дека температурата во пештерите, којашто се движи од 7 до 9 степени, и влажноста на воздухот од 79-99% воопшто не биле погодните услови во коишто може да се сочува каква било органска материја. На тој начин, наспроти претходната верзија од советите дека моштите се сочувани благодарение на соодветната температура и балзамирањето, научниците дошле до заклучок дека останките на светиите, коишто се стари и неколку стотици години, не се распаднале и се сочувани без балзамирање на зачудувачки и за науката необјаснив начин.

Во 1988 година, во чест на 1000 годишнина од покрстувањето на Русија, руската влада донела одлука на Црквата да ѝ се врати долната територија на Киево-Печерската Лавра. Тогаш во пештерите биле возобнови литургискиот живот. Денес, како и пред 1000 години, таму се совршуваат древни богослужби и се пее на начин на кој пееле преподобните отци Печерски.

Монашки живот

Животот на монасите кои живееле во пештерите на Киево-печерската лавра се одвивал во молитва, строг пост, тишина, борба со слабоста на телото, со страстите и ѓаволот. Голем дел од монасите ги истоштувале своите тела поради напорната работа, копајќи секојдневно по пештерите, правејќи од комплексот една подземна населба.

Најголем подвиг на саможртвеността во манастирот било нивната затвореност. Со години монасите ги прекратувале разговорите со надворешниот свет. Два до три пати во неделата, игуменот или некој од браќата им оставал на еден тесен прозорец малку вода и веднаш се оддалечувал од местото. Доколку немало одговор, односно доколку следниот пат водата стоела недопрена, тоа означувало дека монахот е мртов.

Многу бргу, пештерскиот манастир станал тесен за монасите и во 1060-1062 година, во Далечните пештери биле изградени дрвени келии и Успенската црква. Самите пештери од нивна страна биле користени како место за молитва и место за погребување на монасите.

Згради и градби

Комплексот се состои од неколку архитектонски споменици. Како главни туристички атракции се големата камбанерија, Манастирската порта, Црквата Берестовско спасение и други.

Храмови

Успенска катедрала

Успенската црква по нејзиното рушење во Втората Светска војна

Успенската катедрала позната и како Големата црква е главната црква која се наоѓа во комплексот. Христијанскиот храм бил основан во 1073 година по иницијатива на Теодосиј Печерски, и била изградена во период од три години со средства кои биле донирани од страна на принцот Свјатослав II. Во 1230 година храмот бил разрушен од земјотрес, а во 1240 година бил дополнително разрушен од страна на Монголите. Негово повторно обновување се случило во 1470 година, но веќе во 1482 година бил повторно ограбен од страна на Кримските Татари. Во следните години храмот бил на неколку пати повторно оштетуван и повторно реконструиран. Во 1718 година бил опожарен, а во 1729 година бил повторно обновен и проширен во стил на украински барок.

Во времето на Втората светска војна, храмот бил разрушен од страна на експлозија на 3 ноември 1941 година. Според доказите на Нирнбершкиот процес[7] , храмот бил намерно разрушен од германските окупациони сили. Пред уништувањето на храмот, под ракоодство на Ерих Кох Рајх било спроведено масовно ограбување на вредностите на црквата.

По експлозијата, храмот бил оставен во урнатини како доказ за нацистичките злосторства. Неговата реконструкција започнала по повод 1000 години од христијанизацијата на Киевска Рус. Во 1995 година, претседателот на Украина, Леонид Кучма издал декрет за реконструкција и изградба на Успенскиот собор. Целосната изградба завршила на 24 август 2000 година.

Манастирска порта

Манастирска порта Света Троица (Киев)Манастирска порта бил изграден во периодот од 1106 до 1108 година, како дел од Киево-печерската тврдина. Црквата била основена од страна на внукот на Светослав II, кој подоцна се откажал од својот статус како кнез, и се замонашил на 17 ноември 1106 година.

Црква Берестово спасение

Внатрешноста на црквата

Црквата на Берестово спасение се наоѓа северно од Пештерниот манастир. И покрај тоа што се наоѓа надвор од комплексот, сепак е вклучен во спосокот на светско наследство на УНЕСКО во Украина.

Берестово во времето на Владимир Велики претставувал приградски резиденција, во почетокот на 11 век. Оваа резиденцвија била користена и од страна на некои негови наследници. Во 1073 година покрај ова место бил изграден манастир. Изградбата на сегашната структура не е документурана, но според поголемиот број на историчари, истиот бил завршен за време на владеењето на Владимир II (1113-1125).

Според усторичарите по уметност, оваа црква вовела некои структурни иновации во архитектурата на Киевска Рус. По смртта на Владимир II, црквата била користена од неговото семејство. Црквата била оштетена во 1240 од страна на Монголите, и повторно во 1482. До 17 век, црквата стоела во урнатини. Кон средината на 17 век, црквата била повторно подигната, разликувајќи се од претходната. Таа се одликува од прекрасните фрески во нејзиниот внатрешен дел, кои биле насликани од страна на грчки мајстори. Во 1751 година, внатрешноста на црквата била реновирена, и повторно во 1813-1814 година.

Погреби

Наводи