Тоше Проески: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Muad'Dib (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Pakko (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 5: Ред 5:
| Alias = Тоше Проески
| Alias = Тоше Проески
| Born= [[25 јануари]], [[1981]]<br>{{flagicon|Macedonia}} [[Крушево]], [[Република Македонија]]
| Born= [[25 јануари]], [[1981]]<br>{{flagicon|Macedonia}} [[Крушево]], [[Република Македонија]]
| Died=[[16 октомври]], [[2007]]<br>{{flagicon|Croatia}} [[Нова Градишка]], [[Хрватска]]
| Genre = [[Поп музика|Поп]], [[Македонска народна музика|Фолк]]
| Genre = [[Поп музика|Поп]], [[Македонска народна музика|Фолк]]
| Years_active = 1996&ndash;денес
| Years_active = 1996&ndash;денес

Преработка од 11:51, 16 октомври 2007

Тоше Проески
Податотека:Tose2006.jpg
Основни податоци
Родено имеТодор Проески
Познат(а) и какоТоше Проески
Жанр(ови)Поп, Фолк
Години на активност1996–денес
Мрежно местоhttp://www.toseproeski.info/

Тоше Проески, роден Тодор Проески на 25 јануари, 1981 во Крушево беше најпопуларниот пејач во Република Македонија и целиот Балкан. Негов заштитен знак е изразот "Ве сакам сите". Музичка кариера ја започнува со настапот на Мелфест во 1997. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме 1997 и Остани до крај 1998. Листата на соработници ги вклучува Григор Копров, Phoebus, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина, Марина Туцаковиќ, Бора Чорба, Миро Буљан и др.

Беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 во Истанбул, Турција и го освои 14-то место со песната Life потпишана од Јован Јованов.

Во 2004 е именуван за регионален Амбасадор на добра волја на UNICEF. По тој повод ја издава песната За овој свет (македонски) која има и англиска верзија - This World.

Албумот По тебе, многумина го сметаат за еден од најуспешните албуми на Балканот. Сингловите од овој албум со месеци се задржуваат на највисоките места на музичките топ листи во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Во периодот на неговото погинување, Тоше ги привршува студиите на Музичката Академија во Скопје и со забрзано темпо работи на музичката кариера во светски рамки.

Неговото последно издание, Божилак, е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. На албумот, Тоше е поддржан од симфониски оркестар.

Тоше најави дека има намера да го користи презимето што го користеле неговите предци - Проја. Проја е старо влашко презиме.

На почетокот на август 2007 година, го издаде и неговиот најнов албум „Игри без граници“, на којшто има соработка со добро проверениот тандем - хрватската пејачка и актерка Антонија Шола и Миро Буљан.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во 06.45 часот во сообраќајна несреќа во Хрватска[1], кога, поради неприлагодена брзина, се удриле во камион со италијански таблички, а потоа се забиле во металната ограда до патот. Неговата менаџерка и возач, Лиљана Петровиќ и Ѓоѓре Ѓорѓевски поминаа само со повреди и се префрлени во болница во Хрватска.

Албуми

2000:

  • Синот Божји

2001:

  • Некаде во ноќта

2003:

  • Ако ме погледнеш во очи
  • Ако ме погледаш у очи (верзија на српски јазик)

2004:

  • Ден за нас
  • Дан за нас (верзија на српски јазик)
  • Тоше Проески -стадион 04- Live (DVD издание)

2005:

  • По тебе
  • Пратим те (верзија на српски јазик)

2006:

  • Божилак (Англиски: Rainbow)
  • Тоше Проески -стадион 06 - Live (DVD издание)

2007:

  • Игри без граници
  • Игре без границе (Хрватска вррзија)

Најголеми хитови

Како негов најголем хит се смета „Чија си“, со којашто победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ во 2003.

  • Чија си - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 БиХ
  • Немаш ни благодарам
  • Тајно моја - #1 Македонија
  • Ако ме погледнеш во очи - #1 Македонија, #1 СЦГ
  • Соба за тага
  • Life - #1 Македонија, #2 СЦГ #49 Јужна Африка
  • Жао ми је
  • Кој ли ти гризе Образи (Ко ти то гризе образе) - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 Хрватска
  • Лагала нас мала (со Тони Цетински) - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 Хрватска (20 недели)
  • По тебе
  • Срце није камен (Хит на годината во Хрватска)
  • Вежи ме за себе (#1 на „Радиски фестивал“ во Хрватска)
  • Никој како тебе не бакнува - #1 во Македонија
  • Месечина
  • Волим осмијех твој (со Антонија Шола)#1 во Хрватска
  • Боже, чувај ја од зло


Врски

Извори

  1. [1] Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа