Бабуна (планина): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sr:Бабуна (планина)
с r2.6.4) (Бот Додава: sh:Babuna (planina)
Ред 25: Ред 25:
[[ru:Бабуна (горный массив)]]
[[ru:Бабуна (горный массив)]]
[[sr:Бабуна (планина)]]
[[sr:Бабуна (планина)]]
[[sh:Babuna (planina)]]

Преработка од 01:47, 23 август 2011

За други значења на поимот Бабуна, видете на појаснителната страница
Бабуна
планина
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија
Највисока точка Козјак
 - височина 1.746 м

Бабуна е македонска средновисока планина што се наоѓа во средишниот дел на Македонија, а се издига помеѓу долината на реката Бабуна и Прилепско Поле. Во средишниот дел е позната како Мукос Планина со највисок врв Лута (1.499 m). Највисок врв е Козјак (1.746 m). На запад Бабуна продолжува во планината Злато (Златоврв 1.422 m). Билото има динарски правец на протегање СЗ–ЈИ. Геолошкиот состав е претставен со гнајсеви, микашисти, гранодиорити, а на југ накај Сивец, Козјак и Плетвар се јавува дебела серија мермери. Меѓу превалите најзначаен е Присад преку кој минува регионалниот пат Велес–Прилеп. На Бабуна од културно-историските споменици се издвојува манастирот Трескавец.[1]

Наводи

  1. А. Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2003