Волковија (Тетовско): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 62: Ред 62:


*[[Смрдешница (Волковија)|Смрдешница ]] - средновековна населба и некропола.
*[[Смрдешница (Волковија)|Смрдешница ]] - средновековна населба и некропола.

== Редовни настани ==

Волковски средби, манифестација која традиционално се одржувала многу години, третата недела од месец мај. На неа се собирале сите жители и целото иселеништво со потекло од Волковија, како и многу гости од целиот регион. На голема сцена настапувале познати македонски естрадни ѕвезди како леб и сол , владо јаневски, дарио, сузана спасовска, наум петрески и многу други. Манифестацијата била придружена со голем панаѓур.
Св. Ѓорѓи- Ѓурѓовден, на големиот верски празник воедно селска слава се одржува голем народен собир. Се одржува света литургија се кршат лебови се свети вода. На крајот се лицитираат даровите на верниците и се одржува голема братско сестринска гозба.
Празник Св Мина, на верскиот празник во последниве години се поголема е посетеноста на денот на овој празник. Се предава кумството и се прават сите верски обреди.


== Личности ==
== Личности ==

Преработка од 17:20, 8 август 2011

За гостиварското село видете Волковија.
Волковија (Тетовско)
Волковија (Тетовско) во рамките на Македонија
Волковија (Тетовско)
Местоположба на Волковија (Тетовско) во Македонија
Волковија (Тетовско) на карта

Карта

Координати 41°51′47″N 21°0′0″E / 41.86306° СГШ; 21.00000° ИГД / 41.86306; 21.00000Координати: 41°51′47″N 21°0′0″E / 41.86306° СГШ; 21.00000° ИГД / 41.86306; 21.00000
Општина Општина Брвеница
Шифра на КО 28011
Волковија (Тетовско) на Ризницата

Село Волковија лежи во подножјето на Сува Гора помеѓу селата Стенче и Чегране во руралната општина Брвеница. Населено е со македонско христијанско население . Во пишаните документи се споменува од 1348 година под име Волково, но во старите црковни книги и минеи и од многу порано, поточно од X век. Населението претежно се занима со сточарство и земјоделство. Од градот Тетово одалечено е 15 км.

Географиja и местоположба

Селото Волковија е последното Тетовско село кое граничи со општина Гостивар. Се наоѓа на географски координати 41°51′47″N 21°0′0″E. Лежи во подножјето на планината Сува Гора. Селото е ридско-планинско со разбиен маалски тип на градба. Од повисоките коти во селото се отвара шиток панорамски поглед кон среден Полог и Шарпланинскиот масив. Во непосредна близина се распростира широката мешовита шума -Волковска Корија богата со даб, бука, бор, ела, бел и црн габер, див костен итн. Веднаш над селото се издига ваковскиот рид Чука богат со висока дабова шума. Планината е населена од повеќе видови на дивеч : дива свиња, лисица, волк, див зајак, срна, елен. Климата е умерено континентална, со топли лета и снежни и ладни зими, пролетта и есента се со обилни врнежи. Во непосредна близина на селото поминува реката Вардар, реката Маздрача,реката Бара и реката Извори, што ја прават Волковија едно од ретките населени места со толкава хидрографска мрежа. Реките се богати со речна риба од повеќе видови, посебно примамлива за риболовците. Волковското поле е погодно за сите видови на земјоделски култури, најмногу се одгледува гравот, пченката и пченицата. Изграден е систем за наводнување долж Волковското поле. Овој предел се одликува со бујна вегетација.

Историja

Селото е формирано многу одамна, нема наводи кои временски би го лоцирале тоа. Во пишаните извори првпат се споменува 1348, но во црковните книги и минеи од многу многу порано. Селото е населено со македонско население. Во минатото броело околу 3000 жители.

Селото минувало низ многу тешки времиња како христијанско село. Сепак опстојало какво такво, а во селото биле изградени три цркви, а долго време постоел и волковскиот манастир. Волковскиот манастир бил запален и разрушен од турците османлии кои го опустошиле овој крај. Турскиот аскер често дивеел низ Волковија. Турците сакале да ги запленат книгите на селскиот поп, но тој истите ги запалил вечерта пред да дојдат. Волковчани имале проблеми и за време на Втората Светска војна кога италијанските и балистичките формации во повеќе наврати го пустошеле селото. Во тоа време двајца селани на соседното муслиманско село Чегране дошле да ги чуваат Волковчани. Балистички групи често засолниште наоѓале во селските куќи и го ограбувале населението. На нивите бил особено активен деруводеџија кој земал пари и стока од селаните. Волковчани активно биле вклучени во народно ослободителната војна. Со ослободувањето многу од нив зеле воени пензии. Селото еднаш било зафатено од голем катастрофален пожар, во кој настрадале најголем број од селските куќи и плевни. Пожарот настанал од искри кои зафатиле ѕид натрупан со слама. Во времето на Југославија и колективизацијата имотот и трудот на селаните биле обединети и под дирекција на селската задруга.

Со миграциите село-град се намалил бројот на постојани жители, и пораснал бројот на волковски иселеници. Поради одржување на блиските односи биле организирани Волковските Средби манифестација која традиционално се одржувала многу години. На манифестацијата огромниот број посетители ги забавувале познати македонски пејачи. Денес во селото живеат околу 500 редовни жители, но се поголем е бројот на луѓе кои градат свои викендици во урбаната викенд населба.

Економија

Населението на село Волковија егзистира претежно од земјоделство и сточарство. Во селото се наоѓа фабрика за столарија и обработка на дрво „Кверкус“, која се занимава со производство и продажба на готови производи. Во фабриката работаат жители на селото. Во селото долги години постои и рибник изграден од волнарскиот комбинат Тетекс-Тетово, во времето кога бил гигант во Република Македонија. Денес рибникот е под концесија, работи со полн капацитет. Во селото постојат и две живинарски фарми. Во минатото постоела традиционална воденица со која селаните го мелеле житото и добивале наменско брашно. Денес старата воденица не е во функција, но постои како напуштен објект.

Демографија

Општествени институции

Цркви

Манастирска Црква „Св. Ѓорѓи“

Црквата „Св. Ѓорѓи“,[1] позната како и Волковскиот манастир е еден од најзначајните христијански светилишта во Полог од XII до XIV век. Манастирот е посветен на Светиот Велико Маченик Ѓорѓи Победоносец. Најсилен подем манастирот постигнал за време на игуменот Варлаам. Игуменот Варлаам развил широка просветителска и проповедничка дејност. Во овој период во манастирот функционирала и волковската препишувачка школа во која се напишани дела од непоценливо значење. Најзначајно дело е Волковскиот минеј за месец Февруари кој е од особено значење за Македонската и Славистичката наука. Ова ретко црковно дело има големо значење за проучувањето на историјата на македонскиот јазик и македонската писменост и култура. Во 1835 постоел факсимил од записот на првата корица на минејот, напишан од Арсениј, прв ученик на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ. Од факсимилот дознаваме дека минејот од рушениот волковски манастир бил однесен во шишевскиот манастир, а потоа Кирил Пејчиновиќ го зел со себе во Лешочкиот манастир.

Црква „Св. Мина“

Црква „Св. Атанасиј“

Администрација и политика

Култура и спорт

Во село Волковија заради поволната природа се снимал најголемиот дел на еден од најпознатите македонски филмови Македонска крвава свадба снимен по драмскиот текст на Војдан Поп Георгиев Чернодрински. За потребите на филмот бил преуреден домот на едно селско семејство и изградена голема сламена плевна. Голема екипа на глумци, режисери, костимографи, шминкери од Македонија и Југославија престојувале во село Волковија. За условите во тоа време била донесена и завидна филмска опрема која била распоредена на повеќе локации. Голем број на селани учествувале како статисти во филмот. Во селото се снимени и повеќе краткометражни филмови, спотови, македонски народни приказни и сл.

Волковската народна носија се издвојува со својот посебен колорит и детаљите по кои и посебно забележлива. За да се облече девојка во носијата потребно е да и асистираат неколку други за да се намести секој детаљ на вистинското место. Свадбената носија е со претежно бела боја со карактеристичен вел и свадбен букет на велот. Машката носија е далеку поедноставна од женската. Во областа на образованието во Волковија постои селско училиште. Училиштето е во нов реновиран објект со модерни училници . Во селото е зачуван и стариот објект каде се описмениле многу генерации. На спортско поле Волковчани ги претставувал фудбалскиот клуб Чука, кој бележел доста успеси во локалната лига. Клубот бил финансиран од страна на населението и иселеништвото. Стадионот на кој играл домашниот клуб лоциран е позади Чуката во месноста Јонташи.

Поврзано

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Откорнати бакарни олуци од "Свети Ѓорѓи". Вест. Сабота 5/17/2008. Посетено на 2010-05-01. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски