Разговор:За македонцките работи: Разлика помеѓу преработките

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
5ko (разговор | придонеси)
Има врска, затоа што Мисирков се е откажал од книгата си.
Ред 16: Ред 16:


:: А всушност Петко, насловот на книгата е "За '''македонцките''' работи", па така да мислам дека контроверзијата не е во врска со книгата. [[Корисник:Boyan|Boyan]] 15:28, 24 Ноември 2005 (UTC)
:: А всушност Петко, насловот на книгата е "За '''македонцките''' работи", па така да мислам дека контроверзијата не е во врска со книгата. [[Корисник:Boyan|Boyan]] 15:28, 24 Ноември 2005 (UTC)

::: Има врска, затоа што Мисирков се е откажал од книгата си. --[[Корисник:5ko|5ko]] 15:30, 24 Ноември 2005 (UTC)

Преработка од 17:30, 24 ноември 2005

За контроверзијата...

До крајот на својот живот Мисирков напишува множество научни трудови каде го брани бескомпромисно Бугарскиот карактер на словенското население во Македонија.

Точно е тоа дека Мисирков во дел од своите дела го брани она што тој го нарекува бугарскиот карактер на Македонија. Но тој исто така пишувал за македонски народ и јазик, одделен од бугарскиот и српскиот народ. Како што сум рекол и порано, не смеат да се изведуваат заклучоци врз основа на изјави (ова важи и за македонската и за бугарската страна), туку треба да се согледа целокупната дејност во специфичниот општествено-политички контекст во кој се случил историски процес, или се појавила некоја, "историска" личност.

Мисирков живеел во едно друго време, во кое луѓето биле убивани за опасни мислења кои се контрираат со национално-модернистичкиот дискурс на разни центри на моќ. Дали Мисирков бил под политички притисок кога пишувал за Бугари во Македонија или за Македонци во Македонија? Тоа тешко можеме да го откриеме, и мислам дека ќе претставува вечен спор, кој од сите места, најмалку треба да се решава на Википедија.

Википедија работи со факти. Горенаведеното не е факт од повеќе причини, од кои главната е следнава: На крајот на својот живот (20тите години) Мисирков пишува за Македонци, не за Бугари. [1], [2], [3], и во тоа е поприлично јасен. Интересно е што во "Македонска култура" тој вели дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти, но дека тоа е единственото нешто што ги спојува двата народи. Иако не се сложувам во констатацијата, во смисла дека границата меѓу јазик и дијалект е релативна (српски и хрватски, чешки и словачки, дански и норвешки, руски и украински итн.), сепак мислам дека националната позиција на Мисирков во овој текст е неспорна - Македонците се посебна нација. Оттаму, не би требало да даваме констатации за "беспрекорност" во бранењето на македонската или пак на бугарската кауза. --FlavrSavr 02:20, 24 Ноември 2005 (UTC)

Ја додадов врската на собирот на 100 години "За македонцките работи" дека например (не само тој) Растислав Терзиоски, (Растко), историчар-архивар, добар познавач на руските архиви говори “За некои ставови на К. П. Мисирков за македонското прашање”. В Русия открил папка – 70-80 страници, писани от Мисирков през 1914 г., кои се “писма, меморандуми, обраќања до Министерството за надворешни работи на Русија и други институции за решавање на македонското прашање”. Тоа се “малку познати документи”, кои требало и посебно да се објават. Еве што е велал Растислав Тезиоски:
“Во овие документи постојат некои содржини, коишто не се вклопуваат со неговите пишувања во “За македонцките работи”. Тие отстапуваат од тоа за што, според нашата наука (!!!), тој континуирано се залагал. Дали во случајот се работи за дилеми или за таканаречени дилеми (!!!)? Така например, во писмо до рускиот министер за надворешни работи, Мисирков се декларира како “македонски Бугарин”, зборува за “беспорното бугарско население во Македонија”, за своето “бугарско потекло”, за “бугарскиот народ во Македонија”. Мисирков жали за Санстефанска Бугарија, вели дека Македонија била “коренна бугарска земја”, за “потиснатиот од Србите бугарски народ во Македонија”, за “трите бугарски земји – Северна Бугарија, Тракија и Македонија”. Мисирков вели, дека два и пол милиона “бугарско население” било поробено. Дека Русија ја одделила Македонија од Бугарија. Вели дека тезата за “бугарски национални права над Македонија” била беспорна. Жали дека Македонија е отргната од Бугарија. Мисирков се залага против српската пропаганда, којашто според него работела во Русија. Вели дека по Букурешткиот мир два милиона Бугари во Македонија биле поробени од Србите. Мисирков бара “обединета етнографска Бугарија со цела Македонија, Добруџа, Источна Тракија”. Тврди дека Србија добила “чисто бугарски етнографски земји”, а Грците го “грабнале од Бугарите Солун”. Мисирков има и некои – како да кажам... – чисто расистички ставови за Србите. Вели, дека тие биле “шумадински овчари”. Дека Србија била заснована од “свинскиот трговец Караѓорѓе”, дека истава Србија била “единствен виновник за ропството на македонските Бугари”. Зборува за некаква карактеристичка црта на “српските овчари – цареубијци”. Вели дека Србите поробиле “вековна бугарска култура во Македонија”. Мисирков тврди, дека населението во Македонија е бугарско и треба да живее во единствена бугарска земја. Бара да се спречи српската асимилација на “бугарското население во Македонија”. Зборува за бугарската “културна надмоќ” над Србите. Се залага за присоединување на “бугарска Македонија” кон Бугарија. Вели, дека има опасност од иселување на “Бугарите од Македонија”. Во други документи Мисирков исто така спори со Цвијиќ и со познатата му теза за флотантната маса на македонските Словени. Докажува, дека словенското население на Македонија не е “неоформено тесто, туку ДОБРО ИСПЕЧЕН БУГАРСКИ ЛЕП, којшто й припаѓа на Бугарија”. Во едно писмо од 1914 г., Мисирков вели, дека “Македонци значи единствено македонски Бугари”. Го обвинува рускиот конзул Ростковски, дека под српско влијание сметал македонското население само за “словенско” и вели дека тоа било заблуда под српско влијание. Тагува за поделената во Балканските војни Бугарија.” (...)[4]
Дали Мисирков бил под политички притисок кога пишувал на рускиот цар за Бугари во Македонија? Не вервам. Сигурен съм, дека ќе може да се најде друг, веродостоен извор за овој собир и за тоа што историчарот е велал (а и сметам не е невозможно да се пише на самиот историчар) или да се открие веродостоен извор кој го опровергава (дементира), дека не е верно тоа пишано за собирот. Ако е верно, теа писма Мисирков ги е писал през 1914, а таа статија (види сканираните страници/слики) - през 1917: се види дека е писана на литературен български и се види што е писал за народот во Македонија. Значи контроверзија си има и треба да се покаже. Согласен сум дека спор ќе си има и не треба ние тука да го решаваме, току да го покажем дека го има, а не да го крием (сите гледни точки). А последниот голем собир на научна заедница за Мисирков е бил през 2003, јавно контроверзен. --5ko 08:11, 24 Ноември 2005 (UTC)
А всушност Петко, насловот на книгата е "За македонцките работи", па така да мислам дека контроверзијата не е во врска со книгата. Boyan 15:28, 24 Ноември 2005 (UTC)
Има врска, затоа што Мисирков се е откажал од книгата си. --5ko 15:30, 24 Ноември 2005 (UTC)