Ѕвездено време: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: hi:नक्षत्र घड़ी
Ред 28: Ред 28:
[[gl:Tempo sidéreo]]
[[gl:Tempo sidéreo]]
[[ko:항성시]]
[[ko:항성시]]
[[hi:नक्षत्र घड़ी]]
[[id:Waktu sideris]]
[[id:Waktu sideris]]
[[ia:Tempore sideral]]
[[ia:Tempore sideral]]

Преработка од 14:55, 5 август 2011

Ѕвездено време (или „сидерално време“) е мерка за положбата на Земјата при нејзината ротација околу својата оска, или мерка за време преку очигледното дневно движење на пролетната рамноденица, што е многу блиску но не сосема исто со движењето на ѕвездите. Се разликуваат по прецесијата на пролетната рамноденица во десното искачување во однос на ѕвездите.
Земјениот ѕвезден ден исто така се разликува од периодот на ротација во однос на позадината од ѕвезди според износот на прецесија во десното искачување во текот на еден ден (8,4 мс).[1] Неговата средна вредност на Ј2000 е 23ч56м4,090530833с.[2] Етимологијата на терминот доаѓа од латинскиот збор „sidereus“, sidus, sider- = ѕвезда. Според тоа, значењето на овој термин е мерење на времето во однос на положбата на ѕвездите.

Дефиниција

Ѕвезденото време се дефинира како часовен агол на пролетната рамноденица. Кога меридијанот на пролетната рамноденица е директно над земјата, локалното ѕвездено време е 00:00. Ѕвезденото време на Гринич е часовен агол на пролетната рамноденица на меридијанот на Гринич, Англија; локалните вредности се разликуваат според географската должина. Кога ќе се придвижиме по должината 15° источно, ѕвезденото време се зголемува за еден час.

За разлика од пресметувањето на сончевото време, овде разликите прецизно се сметаат, не во цели часови. Ѕвезденото време на Гринич и UT1 се разликуваат едно од друго со постојана вредност (ГСТ = 1.00273790935 × UT1).[3] Ѕвезденото време се користи во астрономските опсерватории, бидејќи ѕвезденото време овозможува да се пресмета кои астрономски објекти ќе бидат видливи во одредено време.


Наводи

  1. Seidelmann, стр. 48.
  2. Aoki, S., B. Guinot, G. H. Kaplan, H. Kinoshita, D. D. McCarthy and P. K. Seidelmann: "Нова дефиниција на универзалното време". Астрономија и Астрофизика 105(2), 359-361, 1982.
  3. Seidelmann, стр. 52 и 698.