Кариби: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.2) (Бот Брише: kn:ಕೆರಿಬ್ಬಿಯನ್ |
с r2.6.4) (Бот Додава: frr:Kariibik |
||
Ред 66: | Ред 66: | ||
[[nl:Caraïben]] |
[[nl:Caraïben]] |
||
[[ja:西インド諸島]] |
[[ja:西インド諸島]] |
||
[[frr:Kariibik]] |
|||
[[no:Karibia]] |
[[no:Karibia]] |
||
[[nn:Karibia]] |
[[nn:Karibia]] |
Преработка од 17:24, 29 јули 2011
- Западни Инди пренасочува тука. За други значења видете Западни Инди (појаснување)
сино = Карипско Море зелено = Западни Инди |
Карибите (холандски: Caraïben, француски: Caraïbes, шпански: Caribe) претставуваат регион на Америка кој се состои од Карипското Море, неговите острови (повеќето од кои го обиколуваат морето), и околните брегови. Регионот се наоѓа југоисточно од Северна Америка, источно од Централна Америка, и на север и запад од Јужна Америка.
Сместена највеќе на Карипското Плато, областа зафаќа повеќе од 7000 острови, островчиња, атоли и гребени. Западните Инди се состојат од Антилите, поделени на поголеми Големи Антили, кои го ограничуваат морето на север и Малите Антили на југ и исток (вклучувајќи ги Заветрените Острови) и Бахамите, кои се наоѓаат североисточно од морето. Бермудите лежат многу посеверно, во Атлантскиот Океан и понекогаш се вклучуваат во Западните Инди. Геополитички, Западните Инди обично се сметаат за подрегион на Северна Америка и се организирани во 28 територии, вклучувајќи суверените држави, прекуморските дестинации и зависните области.
Името „Кариби“ е дадено по Карибите, една од најдоминантните америндиски групи во регионот во времето на европскиот контакт за време на доцниот 15 век. Аналогното „Западни Инди“ потекнува од Кристофер Колумбовата идеја дека тој се укотвил на Индите (тогаш се мислело дека тие ја опфаќале цела јужна и источна Азија) кога всушност тој стигнал до Америка. Шпанскиот термин „Антили“ бил општо-посветен на новооткриените земји.
|