Алкан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: nds:Alkan
Ред 86: Ред 86:
[[he:אלקאן]]
[[he:אלקאן]]
[[ka:ალკანი]]
[[ka:ალკანი]]
[[kk:Алкандар, олардың гомологтық қатары, изомерлері, атаулары]]
[[ku:Alkan]]
[[ku:Alkan]]
[[la:Alcanum]]
[[la:Alcanum]]

Преработка од 14:34, 28 јули 2011

Алканите се јаглеводороди во чија молекула се содржат само единечни ковалентни врски, како меѓу јаглеродните и водородните атоми, така и меѓу самите јаглеродни атоми. Алканите се нарекуваат и заситени јаглеводороди, бидејќи не можат да содржат повеќе водород отколку што веќе содржат во молекулата. Како резултат на тоа што сите атоми во алканите се сврзани со единечни врски, следува дека јаглеродните атоми во нив се sp3 хибридизирани.

Изомерија кај Алканите

Алканите не содржат функционални групи, па затоа единствен вид структурна изомерија е изомеријата на низата. Овој тип изомерија започнува од бутанот, кај кој постојат две различни соединенија со молекулска формула C4H10. Се разликуваат нормални и разгранети алкани. Во молекулите на нормалните алкани, јаглеродните атоми се поврзани во една права, континуирана низа, како кај октанот. Оние, пак, алкани во чијашто молекула јаглеродните атоми се поврзани со алкил групи се разгранети алкани. Притоа, јаглеродниот атом кој е поврзан со три или четири други такви атоми е точка на разгранување. Пример за разгранет алкан е изобутанот кој има три јаглеродни атоми во правата (главна) низа и CH3 алкил група.

Друг тип изомерија што постои кај алканите е Конформациона стереоизомерија. Овој вид изомерија се јавува поради можноста за ротација на атомите или атомските групи околу единечната врска, а како резултат на тоа тие заземаат различни положби едни во однос на други во просторот. На пример, водродните атоми зврзани на различните јаглеродни атоми во етенот можат да се најдат еден зад друг, или пак дијагонално еден во однос на друг.

И нормалните, а и разгранетите алкани имаат општа молекулска формула CnH2n+2. Средните јаглеродни атоми кај алканите се поврзани со најмалку 2 водородни атоми, што го објаснува 2n од претходниот израз. Крајните јаглеродни атоми кај алканите се поврзани со уште еден водороден атом, па затоа и +2 во изразот.

Хомологијата (хомолошката низа) на алканите составени од еден до десет јаглеродни атоми е следната:

Број на јаглеродни атоми Алкан Формула Радикал Формула
1 Метан CH4 Метил CH3
2 Етан C2H6 Етил C2H5
3 Пропан C3H8 Пропил C3H7
4 Бутан C4H10 Бутил C4H9
5 Пентан C5H12 Пентил C5H11
6 Хексан C6H14 Хексил C6H13
7 Хептан C7H16 Хептил C7H15
8 Октан C8H18 Октил C8H17
9 Нонан C9H20 Нонил C9H19
10 Декан C10H22 Декил C10H21

Добивање на алканите

Постојат повеќе начини за добивање на алканите. Некој од нив се наведени подолу:

Предлошка:Никулец од областа на хемијата

Предлошка:Link FA