Кенија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.5) (Бот Додава: ang:Cenia
Manubot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: mrj:Кени
Ред 293: Ред 293:
[[ht:Kenya]]
[[ht:Kenya]]
[[ku:Kenya]]
[[ku:Kenya]]
[[mrj:Кени]]
[[la:Kenia]]
[[la:Kenia]]
[[lv:Kenija]]
[[lv:Kenija]]
Ред 309: Ред 310:
[[arz:كينيا]]
[[arz:كينيا]]
[[ms:Kenya]]
[[ms:Kenya]]
[[ro:Kenya]]
[[mn:Кени]]
[[mn:Кени]]
[[nah:Quenia]]
[[nah:Quenia]]
Ред 331: Ред 331:
[[pt:Quénia]]
[[pt:Quénia]]
[[crh:Keniya]]
[[crh:Keniya]]
[[ro:Kenya]]
[[qu:Kinya]]
[[qu:Kinya]]
[[ru:Кения]]
[[ru:Кения]]

Преработка од 00:49, 12 јули 2011

Република Кенија
Jamhuri ya Kenya
Податотека:EscudoKenya.PNG
Знаме Грб
Гесло"Harambee"  (свахили)
"Let us all pull together"
ХимнаEe Mungu Nguvu Yetu
"О Господе на сè создадено"

Местоположба на Кенија
Главен град
(и најголем)
Најроби
1°16′S 36°48′E / 1.267° ЈГШ; 36.800° ИГД / -1.267; 36.800
Службен јазик свахили, англиски
Демоним Кениец
Уредување полупретседателски систем
 •  Претседател Мвај Кибаки
 •  Премиер Раила Одинга
Независност од Обединетото Кралство 
 •  Датум 12 декември 1963 
 •  Објавена република 12 декември 1964 
Површина
 •  Вкупна 580,367 км2 (47th)
 •  Вода (%) 2.3
Население
 •  проценка за јули 2008 г. 37,953,840 (36-та)
 •  Попис 8 февруари 2007 31,138,735 
 •  Густина 59 жит/км2 (140-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $60.410 милијарди[1] 
 •  По жител $1,713[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $30.236 милијарди[1] 
 •  По жител $857[1] 
ИЧР (2007) 0.521
Error: Invalid HDI value · 148-ма
Валута Кениски шилинг (KES)
Часовен појас EAT (UTC+3)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на лево
НДД .ke
Повик. бр. 254

Кенија е република во Источна Африка. Зафаќа површина од 582,600 км2. Се граничи со Етиопија на север, со Сомалија на североисток, Танзанија на југ, Уганда на запад и со Судан на северозапад. На југоисток излегува на Индискиот Океан. Главен град е Најроби. Независна е од 1963 година.

Населението се состои од групата на племиња на Банту црнци (Акикуи, Акамба, Балухја, Басама, Вањика, Ватете и Свахили), потоа нилотска група племиња (Нанде, Туркана, Масаи) и Сомалијци. Религијата е претставена со христијанство, ислам, анимизам и тотемизам. Службени јазици се англискиот и свахили, а главен говорен јазик е кукују.

Етимологија

Историја

Територијата на денешната држава Кенија била населена уште од најраните времиња, пред околу 4.000.000 години.[2] Кушитските народи, во околу 2000 п.н.е. се преселиле на територијата на денешна Кенија од Северна Африка.[3]Пред околу илјада години, Источна Африка била освоена од страна на нилотските народи, зазимајќи делови и од северот. Во текот на почетокот на новата ера, земјата одржувала трговија со арапските, а претходно и со грчките народи[4] ,

Во текот на 7 век, по бреговите на Кенија биле основани арапски и африкански населени места, главно од племето банту. Во периодот од 11 век до 15 век биле изградени првите град-држави. Инвазијата на банту ги принудила голем дел од нилотските народи да мигрираат во Уганда, каде истите формирале сопствено царство, каде денеска се наоѓа Танзанија. Во 1498 година на бреговите на денешната земја престигнале португалските морепловци и трговци, заедно со својата силна морнарица. Почетната цел на Португалија била создавање на морски пати и бази до Индискиот океан.

Првата христијанска мисија е основана на 25 aвгуст 1846 година, од страна на Д-р Јохан Лудвиг Крапт, а истата била спонзорирана од страна на германската мисионерска црква.[5]Во 19 век во Кенија навлегле Германци и Англичани. Од 1850 година задочнале европските истражувања на земјата.[6] Во 1895 година Кенија станала британски протекторат, а во 1920 година британска колонија. Во 1952 година избувнало вооружено антиколонијално востание. Во 1960 година била основата партијата за Национален сојуз на африканците во Кенија. На 12 декември 1963 година Кенија добила независност, а од 1964 година станала република. Во 1978 година бил воведен еднопартиски систем, којшто траел до 1991 година. Кенија е членка на Организацијата за африканското единство и ООН.

Географија и клима

Жирафа во Националниот парк во Најроби, во позадина се гледа дел од градот

Во Кенија постојат области во кои живеат диви животни, како на пример во националниот парк Масаи Мара. Околу 250.000 плави гну гинат секоја година на долгото патување во потрага по храна во сушните сезони. Овде живеат „петте најголеми животни“ на Африка: лав, леопард, африканско бафало, носорог и слон. Во националните паркови на земјата можат да се видат повеќето диви животни, како и разни видови на влекачи и птици.

Кенија има тропска клима. Жешко и влажно е крај брегот, а суво на северниот и северо-источниот дел од земјата. Дождовната сезона е од март до мај, а умерени дождови врнат во октомври и ноември.

Просечни годишни температури
Град Elevation (m) Max (°C) Min (°C)
Момбаса   coastal town 17 30.3 22.4
Најроби capital city 1,661 25.2 13.6
Елдорет 3,085 23.6 9.5
Лодвар dry north plainlands 506 34.8 23.7
Мандера dry north plainlands 506 34.8 25.7

Кенија во најголем дел е сончева преку цела година, па летните облеки се носат постојано. Сепак, ноќите се постудени.

Политички систем

Административна поделба

Области во Кенија

Во Кенија постојат осум области, и секоја од нив ја раководи началник, кој е поставен на таа функција од претседателот. Овие области (mkoa еднина, mikoa множина на јазикот свахили) се поделени на реони (wilaya). Со цензусот од 1999 година, прифатена е поделба на 69 реони. Реоните се поделени на 497 окрузи (taarafa), окрузите на 2.427 локации (mtaa), а тие на 6.612 подлокации (mtaa mdogo).[7] Градот Наироби има статус на целосна административна област. Владата ја надгледува работата на администрациите на сите области и реони. Областите се:

Локалното управување во Кенија е во рацете на локална власт. Членовите на локалната власт се избираат преку граѓански избори што се одржуваат истовремено со главните избори.

Постојат 210 изборни единици во Кенија.[8]

Број на жители во поголемите градови

Град Број на жители
Наироби 2.940.911
Момбаса 707.400
Накуру 337.200
Кисуму 273.400
Елдорет 249.100
Ниери 213.000
Мачакос 179.500
Меру 140.900

Економија

Банкнота од 20 шилинзи од 1994 година

По осамостојувањето, Кенија доживува брз економски развој преку јавно инвестирање, поддршка на земјоделството, приватниот сектор и странски капитал. Бруто домашниот производ (БДП) порасна годишно во просек 6,6% од 1963 до 1973 година. Земјоделското производство во истиот период порасна за 4,7%.

Сепак, меѓу 1974 и 1993 година економијата во Кенија доживува пад поради несоодветни кредити и лоши услови на меѓународниот пазар.

Во 1993 година, владата на Кенија започна голема програма за економска реформа и либерализација. Новиот министер за финансии и новио гувернер на Централната банка на Кенија презедоа редица на економски мерки со помош на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. Како дел од оваа програма, владата ја укина контролата на цените, ја укина контролата на девизите, приватизира голем дел од државните фирми, го намали бројот на вработените во администрација и воведе фискализација и монетарни мерки. Од 1994 до 1996 година, БДП на Кенија порасна просечно за околу 4% годишно.

Население, јазик и религија

Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Кенија изнесува 34 707 817 луѓе.

Во Кенија живеат повеќе од 40 етнички групи[9]. Населението се состои од групата на племиња на Банту црнци (Акикуи, Акамба, Балухја, Басама, Вањика, Ватете и Свахили), потоа нилотска група племиња (Нанде, Туркана, Масаи) и Сомалијци[10].

Службени јазици во земјата се англискиот и свахили, а главен говорен јазик е кукују.

Поголемиот дел од населението на земјата се христијани. Од нив, 45% се определуваат како протестанти, а 33% како католици. Останатите, околу 10% се православни христијани, или пак припадници на друѓи христијански цркви[11][12]. Постојат и голем број на малцинства со различни религии. Има околу 500 000 хиндуисти, кои се интегрирале во земјата и играт голема улога во економијата на земјата.

Околу 10% од верниците се муслимани, а околу 10% се неопределени.

Култура

Музика

Спорт

Видете исто така

Надворешни врски

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Предлошка:Цитирана веб страница
  2. Robin Hallett, Africa to 1875: A Modern History (University of Michigan: Ann Arbor, 1970) p. 35.
  3. Ibid., p. 76.
  4. Ibid., p. 227.
  5. Robin Hallett, Africa Since 1875: A Modern History (University of Michigan Presss: Ann Arbor, 1974) p. 561.
  6. Robin Hallett, Africa to 1875, p. 229.
  7. Central Bureaus of Statistics (Kenya): Census cartography: The Kenyan Experience
  8. Kenya Roads Board Constituency funding under the RMLF
  9. Gettleman, Jeffrey (5 August 2010). „Kenyans Approve New Constitution“. The New York Times. Посетено на 11 August 2010.
  10. CIA - The World Factbook - Kenya
  11. „Kenya“. World Council of Churches. World Council of Churches. 2008. Посетено на 2008-04-06.
  12. „Background Note: Kenya“. The Office of Electronic Information, Bureau of Public Affair. 2007. Посетено на 2008-04-06. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)

Предлошка:Никулец од областа на географијата