Калциум: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: mrj:Кальций
Manubot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: si:කැල්සියම්
Ред 99: Ред 99:
[[sq:Kalciumi]]
[[sq:Kalciumi]]
[[scn:Calciu (mitallu)]]
[[scn:Calciu (mitallu)]]
[[si:කැල්සියම්]]
[[simple:Calcium]]
[[simple:Calcium]]
[[sk:Vápnik]]
[[sk:Vápnik]]

Преработка од 23:54, 11 јули 2011

Предлошка:Компактна табела на периодниот систем на елементите

Калциумот е хемиски елемент во периодниот систем со симбол Ca и атомски број 20. Откриен е од Хемфри Дејви во 1808 година. Калциумот е мек, сив земноалкален метал кој се користи како редукционен агент во екстракцијата на ториумот, циркониумот и ураниумот. Калциумот е и петтиот најзастапен елемент во Земјината кора. Тој е есенцијален за живите организми, а особено место завзема во нивната клеточна физиологија и е најзастапениот метал во многу животни.

Калциумот може преку електролиза да се екстрахира од калциум флуоридот. Гори со жолтоцрвеникав пламен и формира бела нитридна покривка кога е изложен на воздух. Реагира со водата, притоа заменувајќи го водородот и формирајќи калциум хидроксид.

Калциумот е есенцијален во мускулната контракција, активацијата на јајце клетката, потоа тој е важен за силни и цврсти коски и заби, важен е за крвта, преносот на нервните импулси, регулацијата на срцевата работа и балансот на течностите во клетките. Потребна количина на калциум во дневната диета на возрасните единки е помеѓу 1,000 и 1,300 mg

Најзастапениот изотоп на калциумот, 40Ca, има јадро со 20 протони и 20 неутрони. Неговата електронска конфигурација е следна: 2 електрона во К-слојот (главен квантен број: 1), 8 во L-слојот (главен квантен број: 2), 8 во М-слојот (квантен број: 3) и 2 во N-слојот (квантен број: 4). Надворешната обвивка е валентната обвивка, со 2 електрона во 4s орбитала, а 3p рбиталата е празна.


Предлошка:Никулец од областа на хемијата