Албанија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: roa-tara:Albanie
Manubot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: nds-nl:Albanië
Ред 182: Ред 182:


[[Категорија:Албанија|*]]
[[Категорија:Албанија|*]]

[[kbd:Албаниэ]]
[[ltg:Albaneja]]


[[ace:Albania]]
[[ace:Albania]]
Ред 276: Ред 273:
[[ky:Албания]]
[[ky:Албания]]
[[sw:Albania]]
[[sw:Albania]]
[[koi:Штиприя]]
[[kv:Албания]]
[[kv:Албания]]
[[kg:Albania]]
[[kg:Albania]]
[[ht:Albani]]
[[ht:Albani]]
[[ku:Albanya]]
[[ku:Albanya]]
[[mrj:Албани]]
[[lad:אלבאניה]]
[[lad:אלבאניה]]
[[ltg:Albaneja]]
[[la:Albania]]
[[la:Albania]]
[[lv:Albānija]]
[[lv:Albānija]]
Ред 304: Ред 302:
[[na:Albania]]
[[na:Albania]]
[[nl:Albanië]]
[[nl:Albanië]]
[[nds-nl:Albanië]]
[[ne:अल्बानिया]]
[[ne:अल्बानिया]]
[[ja:アルバニア]]
[[ja:アルバニア]]
Ред 312: Ред 311:
[[nov:Albania]]
[[nov:Albania]]
[[oc:Albania]]
[[oc:Albania]]
[[mrj:Албани]]
[[uz:Albaniya]]
[[uz:Albaniya]]
[[pnb:البانیا]]
[[pnb:البانیا]]
[[pap:Albania]]
[[pap:Albania]]
[[ps:البانيا]]
[[ps:البانيا]]
[[koi:Штиприя]]
[[km:អាល់បានី]]
[[km:អាល់បានី]]
[[pms:Albanìa]]
[[pms:Albanìa]]
Ред 324: Ред 323:
[[pnt:Αλβανία]]
[[pnt:Αλβανία]]
[[pt:Albânia]]
[[pt:Albânia]]
[[kbd:Албаниэ]]
[[kaa:Albaniya]]
[[kaa:Albaniya]]
[[crh:Arnavutlıq]]
[[crh:Arnavutlıq]]
Ред 330: Ред 330:
[[rm:Albania]]
[[rm:Albania]]
[[qu:Albanya]]
[[qu:Albanya]]
[[ru:Албания]]
[[rue:Албанія]]
[[rue:Албанія]]
[[ru:Албания]]
[[sah:Албания]]
[[sah:Албания]]
[[se:Albánia]]
[[se:Albánia]]

Преработка од 16:11, 11 јули 2011

Ова е статија за современата држава на Балканскиот Полуостров. За други значења на името видете Албанија (појаснување)
Република Албанија
Republika e Shqipërisë
Знаме Coat of arms
Гесло
Ti Shqipëri Më Jep Nder, Më Jep Emrin Shqipëtar
(Ти Албанијо ми даваш гордост, ти ми го даде името албанско
ХимнаHimni i Flamurit
("Химна на знамето")
Главен град
(и најголем)
Тирана
41°20′N 19°48′E / 41.333° СГШ; 19.800° ИГД / 41.333; 19.800
Службен јазик албански1
Демоним Албанец
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Бамир Топи
 •  Премиер Сали Бериша
Независност
 •  од Отоманската империја 28 ноември 1912 
Површина
 •  Вкупна 28,748 км2 (139-та)
 •  Вода (%) 4.7
Население
 •  проценка за 2008 г. 3.170.048[1] (130-та)
 •  Густина 134 жит/км2 (63)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $21.828 милијарди[2] (110-та)
 •  По жител $6,859[2] (97-ма)
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $12.964 милијарди[2] 
 •  По жител $4.073[2] 
Џиниев коеф. (2005)26.7
низок
ИЧР (2007) 0.807
Error: Invalid HDI value · 69-та
Валута Лек (ALL)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .al
Повик. бр. 355
1. Грчкиот, македонскиот и други помали јазици се признати како малцински јазици.

Албанија (албански: Shqipëria) е медитеранска и балканска земја во југоисточна Европа. Се граничи со Црна Гора на север, со Република Косово на североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад. Земјата е демократија во подем и нејзиното официјално име е Република Албанија (Албански: Republika e Shqipërisë). Главен град е Тирана. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. 70% од населението се муслимани, 20% се православни христијани и 10% се католици христијани. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко, црногорско и др. население. Иако формално албанските власти го признаваат постоењето на малцинските заедници сепак тие се далеку од европските стандарди во уживањето на своите етнички права. Од 11 септември 2005 година премиер на Република Албаниjа е Сали Бериша. Албанија е член на НАТО.

Етимологија

Албанија е средновековно латинско име за државата која на својот јазик се нарекува Shqipëri. Коренот на зборот, поточно суфиксот алб- потекнува од илирски збор за бело. Покасно народот почнал да ја вика државата со денешното име што значи „земја на орелот“ или „земја на планинскиот орел“.

Историја

Карта на Албанија.

Праисторија

Просторот на денешна Албанија бил населен уште од најраните времиња. Најраното население кое се споменува низ историјата е праиндо европската нација, кој го населила поголемиот дел од Медитеранот. Овие племиња многу бргу биле заменети со прото-хеленските племиња, кои постепено ги зазимале просториите на денешна Грција, Јужна Македонија и Јужна Албанија.

Илирите, како народ на Балканот се населиле околу 900 п.н.е. Како и во соседните земји, така и кај Илирите започнало да се распаѓа родовското уредување и да се создаваат класи. Се појавиле богати и имотни Илири, но и сиромашни и бедни. Во 7 век п.н.е. Галаур ја создал првата илирска држава и се прогласил за нејзин крал. Тој ги одредил границите, но тие многу често се менувале, бидејќи Илирите многу често војувале со соседите, а особено со Античките Македонци. Најголем подем илирската држава постигнала во 5 век п.н.е., а најпознати владетели на илирската држава биле Грабос, Бардалис, Аргон, Гентиј, како и кралицата Теута. Најчесто престолнина на илирската држава бил градот Скадар. Илирите ја одржувале својата држава сѐ до крајот на 3 век п.н.е. кога Римјаните за да го спречат гусарството на Илирите кои го попречувале слободното одвивање на трговијата на римските морепловци-трговци и во римско-илирските војни 229 п.н.е. -228 година п.н.е. и 219 п.н.е. биле поразени и изгубиле голем дел од територијата која потпаднала под римска власт. Последен илирски крал бил Гентиј којшто дури склучил и сојузништво со последниот македонски крал Персеј, но сепак и двајцата биле поразени од Римјаните.

За време на владеењто на Римската империја и Византија, во Албанија краткотрајно хуните и визоготите правиле нереди и востанија. Во 6 век на дел од територијата на Албанија се населиле словените, кои воделе меѓусебни војни со месното население.

Ран среден век

Од 861 до 1018 година, албанската територија се нашла во составот на Самоуловата држава. По падот на Цар Самоил, Албанија паднала во рацете на Византија.

Османлиска империја

Во 1478 година, Албанија паднала под власта на Османлиската империја. Еден од најпознатите личности од ова време е Скендер Вег. Користејќи ги слабостите во Отоманската Империја, тој се отцепил од турската власт и кренал востание во Дебарско. По низа драматични пресврти востанието на Скендербег конечно било задушено, и тоа токму од неговиот сонародник Балабан–Паша, кој раководел со османската војска. Меѓутоа, кога војсководецот Јанош Хуњади ги поразил Туците кај Ниш во 1443 г., Скендербег ја напуштил турската војска, се вратил во Албанија и повторно прифатил христијанство. По примањето на христијанската (православна) вера, го сменил и името од Скендер Бег, во Ѓорѓија Кастриот неговото име од детство. Оттогаш водел беспоштедна борба против Османското царство.

Втора светска војна

Во времето на Втора светска војна, албанските фашисти ги помагале италијанците во борба против грците и југословените. По војната, власта била заземена од комунистите во ноември 1944 година, под раководство на Енвер Хоџа и Мeхмет Шеху. Енвер Хоџа ги расипал односите со Белград, Москва и Кина, воведувајќи ја земјата во изолација прво од страна на т.н. западен блок на САД, Западна Европа и Канада, а покасно и од источните комунистички земји. -Албанската дрзава бил еда од најизолираните дрзави бо балканот па и во европа до крајот на 90 години.По падот на комунистицкиот резим и слободните избори кога на власт доаѓа демократската партиа на Сали Бериша...

Географија и клима

Карта на Албанија.

Албанија има вкупна површина од 28.748 километри квадратни. Брегот на Албанија е долг 362 километри и зафаќа делови на Јадранско Море и Јонско Море. 70 % од територијата на Албанија е планинска и највисок врв е Кораб на македонската граница. Климата на Албанија е континентална. Покрај Тирана, други поголеми градови во Албанија се: Драч, Елбасан, Скадар, Ѓирокастро, Валона, Горица и Кукс.

Политики на Албанија

Албанија е парламентарна демократија основана во обновениот устав од 1998. Денес избори се одржуваат на секои четири години за 140 пратенички места во народното собрание на Албанија. Премиер на Албанија е Сали Бериша, додека претседател на Албанија е Бамир Топи. После усвојувањето на новиот устав Албанија се свртела кон евро-атланскте интеграции и на 2 април 2009 година Албанија стана 27-та држава членка на НАТО.

Население, јазик и религија

Податотека:Qendra korce.jpg
Православна црква во Горица.

Бројот на жители во Албанија изнесува 3 619 778 души според пописот на населението од 2008 година и според истото се наоѓа на 130 место по бројот на население во светот. Историски, државата е разделена на Северна Албанија и Јужна Албанија. Како граница помеѓу северот и југот се смета реката Шкумбини.

Албанскиот јазик е јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата се уште масовно го користат гегскиот дијалект во Косово и делови на Македонија. Впрочем, се уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски, српски и турски.

Македонците во Албанија

Македонците се едно од малцинствата во Албанија и се претпоставува дека нивниот број е околу 150 000. Тие живеат покрај албанско-македонската граница во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, а во голем број ги има и во: Корча, Елбасан, Драч, Тирана и други места. Тие се организирани во повеќе здруженија од кои најпознати се "Преспа" и "Мир", а имаат регистрирано и своја политичка партија. Засега како македонско национално малцинство се признати само Македонците во регионот на Мала Преспа, каде тие се организирани и имаат општина раководена од етнички Македонец, Пустец. Во регионот на Мала Преспа, етничките македонци имаат право на образование на мајчин јазик, но само во основното образование. Она што е апсурдно е тоа што иако во гимназијата во Мала Преспа предаваат професори етнички Македонци на ученици етнички Македонци, сепак наставата се одвива на албански јазик. Во Албанија постојат и малубројни групи кои се декларираат како етнички Бугари и кои имаат свои организации во Голо Брдо и Гора. Но, загрижува фактот што Република Бугарија преку одредени активности бара поддршка од албанските власти и се труди да ги асимилира етничките Македонци кои што живеат во Албанија терајќи ги да се декларираат како Бугари. Еден од повидните македонски активисти кои што живеат во Албанија е професорот на Тиранскиот Универзитет од македонско етничко потекло, г-нот Кимет Фетаху.

Економија

Според европските стандарди, Албанија е сиромашна држава. БНП по глава на жител изнесува 25% од просечниот стандард на ЕУ во 2008 година. Албанија покажала потенцијал за економски раст бидејќи економијата на Албанија се зајакнува и бизносот во државата расте. Албанија и Кипар се единствените држави во Европа кои во првата половина на 2009 година оствариле економски раст, сепак незначителен.

Култура

Националниот музеј во Албанија.

Културата на Албанија е составена од повеќе елементи, како и од влијание од околните култури. Албанската народна музика се дели на три групи: геги, тоски и лаби. Јужните звици се зметаат за херојски и силни, додека северните етно звуци се сметаат за посмирени и нежни.

Албанскиот јазик бил потврден како индоевропски јазик во 1854 година од германскиот филолог Франц Боп. Овој јазик прави своја посебна група во ова јазично семејство. Потеклото на албанскиот јазик и на албанците се поврзува со Илирите и со дачи-тракијците.

Наводи

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име instat.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Предлошка:Цитирана веб страница

Поврзано

Надворешни врски

Влада
Општо
Туризам
Друго
Одредници од Албанија
 Црна Гора  Црна Гора
 
 Косово
Јадранско Море
С
З И
Ј
Македонија Македонија
Јонско Море  Грција
 
 Грција

ak:Albania