Тувалу: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 56: Ред 56:
|calling_code = 688
|calling_code = 688
}}
}}
'''Тувалу''' е [[Полинезија|полинезиска]] [[островска нација]], лоцирана во [[Тихи Океан|Тихиот Океан]] на пола пат помеѓу [[Хаваи]] и [[Австралија]], јужно од [[Екватор|Екваторот]] и во близина на [[Кирибати]].
'''Тувалу''' е [[Полинезија|полинезиска]] [[островска држава]] во [[Тихи Океан|Тихиот Океан]] на полпат помеѓу [[Хаваи]]те и [[Австралија]], јужно од [[Екватор|екваторот]] и во близина на [[Кирибати]].


Се состои од девет [[корал|корални]] [[атол]]и од кои осум се населени, од каде доаѓа името на земјата, кое на [[тувалуански јазик]] значи "Осум стојат заедно". Со исклучок на [[Ватикан]], тоа го има најмалиот број на жители помеѓу независните нации. Тувалу порано беше познат како '''Елиски Острови'''.
Се состои од девет [[корал|корални]] [[атол]]и од кои осум се населени, од каде доаѓа името на земјата, кое на [[тувалуански јазик]] значи "Осум стојат заедно". Со исклучок на [[Ватикан]], тоа го има најмалиот број на жители помеѓу независните нации. Тувалу порано беше познат како '''Елиски Острови'''.

Преработка од 11:14, 30 јуни 2011

Тувалу
Знаме Грб
Гесло„Tuvalu mo te Atua“  (тувалуански)
„Тувалу за Семоќниот“
ХимнаTuvalu mo te Atua  (тувалуански)
Тувалу за Семоќниот

Местоположба на Тувалу
Главен градФунафути
8°31′S 179°13′E / 8.517° ЈГШ; 179.217° ИГД / -8.517; 179.217
Службен јазик Тувалуански, англиски
Независност
 •  од Велика Британија 1 октомври 1978 
Површина
 •  Вкупна 26 км2 (226та)
 •  Вода (%) занемарливо
Население
 •  проценка за јули 2009 г. 12,373[1] (213та)
 •  Густина 475,88 жит/км2 (22ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2002 г.
 •  Вкупен $14.94 милиони (228ма)
 •  По жител $1,600 (проценка за 2002) (148ма)
ИЧР (2003)n/a
Error: Invalid HDI value · n/a
Часовен појас (UTC+12)
Се вози на лево
НДД .tv
Повик. бр. 688

Тувалу е полинезиска островска држава во Тихиот Океан на полпат помеѓу Хаваите и Австралија, јужно од екваторот и во близина на Кирибати.

Се состои од девет корални атоли од кои осум се населени, од каде доаѓа името на земјата, кое на тувалуански јазик значи "Осум стојат заедно". Со исклучок на Ватикан, тоа го има најмалиот број на жители помеѓу независните нации. Тувалу порано беше познат како Елиски Острови.

Поради нивната мала висина (макс. 5 метри), островите кои ја сочинуваат оваа нација се загрозени од било каков пораст на морското ниво. Населението може ќе се евакуира во текот на следните децении во Нов Зеланд, или Ниуе, мал пацифички остров (автономен, но поврзан со Нов Зеланд), што не е загрозен од порастот на морското ниво, но има население во опаѓање.

Ваиаку, главното село, на атолот Фунафути, се наоѓа на островот Фонгафале кој е долг 12 километри. Тувалу е член на комонвелтот. Голем дел од државниот буџет доаѓа од приходите од продажба на .tv интернет домени.

На 29 јуни 2011 г. Тувалу воспоставил дипломатски односи со Република Македонија, признавајќи ја под уставното име[2].

Етимологија

Името на Тувалу доаѓа од тувалуанскиот јазик и значи „осум заедно“ бидејќи од вкупно девет острови, осум биле населени.

Историја

Човек од Нукуфетау во 1831.

Тувалците се полинезиски народ кои се населиле на островот пред околу 3000 години кога се преселувале од Тонга и Самоа. За време на пред-европската колонизација имало зачестено патување до околните острови. Осум од деветте тувалски острови биле населени.

За прв пат Тувалу било населено од европејци во 1568 со доаѓањето на Алваро де Мендања де Неира од Шпанија.

Во 1892 година островите биле дел од Британската Империја. За време на Втората светска војна островите биле избрани за стратешка позиција на Сојузниците.

Денот на независноста на Тувалу се слави на 1 октомври. Во 1979 Тувалу потпишал договор за пријателство со САД.

Географија и клима

Плажа на Фунафути.

Тувалу се состои од четири острови и пет атоли. Таа е мала група на атоли со сиромашна необработлива почва и со вкупна копнена површина ос 26 километри квадратни и со тоа е четврта најмала држава во светот. Фунафути е најголем атол од сите атоли.

Највисока точка во Тувалу е 4.5 метри и со тоа Тувалу е втора најниска држава, веднаш позади Малдиви. Поради ниската надморска височина, на државата им се заканува опасност од зголемување на нивото на океанот. Во случај да се случи таква катастрофа, локалното население може да се евакуира во Фиџи, Нов Зеланд или Ниуе. Ова е опасно за физичкиот опстанокот на земјата.

Политички систем

Тувалу е уставна монархија и е дел од Комонвелт на нации и Елизабета I е призната како официјална кралица на Тувалу. Таа е претставена во Тувалу од генерален гувернер кој е назначен како совет од премиерот на Тувалу. Локалниот парламент има 15 членови и се избрани за мандат од четири години. Пратениците одбираат премиер кој е претседател на Владата. Во Тувалу нема политички партии и изборите се воглавно според лични или фамилијарни врски.

Административна поделба

Карта на Тувалу.

Населението на Тувалу е населено на девет острови, од кои пет се атоли. Најмалиот остров, Ниулакита бил населен во 1949. Областите во Тувалу се:

Економија

Тувалу скоро и да нема природни ресурси и главен извор на приход е од странство. Единствените работни места кои добиваат редовна плата се тие на владата. Покрај тоа, како извор на егзистенција е и риболовот и малото земјоделство, особено на островот Фунафути.

Население, јазик и религија

Жена од Тувалу од 1894

Населението на Тувалу се зголемило двојно после периодот од 1980. Народот во Тувалу е воглавно од полинезиско потекло, додека околу 4% се микронезици. 97% од Тувалуанците се припадници на Црквата на Тувалу, главна протестантска црква во земјата. Тувалуанскиот јазик се зборува од скоро сите на островите и е официјален јазик. Покрај него и англискиот е официјален јазик но не е користен за секојдневна употреба. Парламентот и администрацијата се на тувалуански.

Култура во Тувалу

Традиционалниот начин на живот на Тувалу сè уште е зачуван. Секоја фамилија има свои задачи поврзани со доброто на заедницата. Вештините на фамилиите се пренесувани од татко на син.

Традиционалната храна на Тувалу е пулака, морски плодови, банани, кокосови ореви и свинско месо.


Наводи

  1. Tuvalu, The World Factbook, CIA. Accessed 14 април 2009.
  2. „Државата Тувалу ја призна Република Македонија под уставното име“. Министерство за надворешни работи на РМ. 30 јуни 2011. Посетено на 30 јуни 2011.

Надворешни врски

Влада
Општи информации
Патување
Друго

Видете исто така

Предлошка:Link FA