Википедија:Избрани портали: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с + избран портал за септември
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
==2007 година==
==2007 година==
{| cellspacing="2" cellpadding="2" style="border-top:0px; background:#D0E2EE;"
{| cellspacing="2" cellpadding="2" style="border-top:0px; background:#D0E2EE;"
|valign="top" align="left" bgcolor=white|'''Октомври 2007''', Портал Историја, чии главни уредувачи досега беа корисниците [[Корисник:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]] и [[Корисник:brest|brest]]
|bgcolor=white|{{Избран портал за октомври 2007}}
|-
|valign="top" align="left" bgcolor=white|'''Септември 2007''', Портал Археологија, чиј главен уредувач до сега беше корисникот [[Корисник:brest|brest]]
|valign="top" align="left" bgcolor=white|'''Септември 2007''', Портал Археологија, чиј главен уредувач до сега беше корисникот [[Корисник:brest|brest]]
|bgcolor=white|{{Избран портал за септември 2007}}
|bgcolor=white|{{Избран портал за септември 2007}}

Преработка од 00:22, 1 октомври 2007

2007 година

Октомври 2007, Портал Историја, чии главни уредувачи досега беа корисниците Виктор Јованоски и brest
Биста на Александар Македонски.
Биста на Александар Македонски.

Историја е поим што означува информација за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е сѐ што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.

Историографски гледано, историјата започнува по појавата на писмото. Периодот пред појавата на пишаните документи е наречен праисторија - во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, бакарното бронзеното и железното време. Самата историја е поделена на стар, среден и нов век.

Големиот германски философ Карл Маркс, приврзаник на теоријата дека движечка сила на напредокот е постојаната борба меѓу класите, смета дека историјата треба да започне во мигот кога ќе завршат сите војни. А дотогаш, според Маркс, ние живееме во праисторија.

Дознајте повеќе за историјата на порталот посветен на неа.

Септември 2007, Портал Археологија, чиј главен уредувач до сега беше корисникот brest
Разни орудија од бронзеното доба.
Разни орудија од бронзеното доба.
Археологија е наука која ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност заради запознавање на нивната содржина во одредено време и простор, како и заради нивното значење во одредено социјално, економско и историско опкружување. Иако оваа наука вообичаено се поврзува со ,,старите работи", односно со дамнешното минато, со неа се опфаќа временски период од најстарите материјални остатоци па сè до нашето совремие.

Каменото доба е најстариот период во праисторијата. Според основниот материјал од кој биле направени орудијата - каменот, овој период од праисторијата се нарекува камено доба или камено време. Каменото доба, пак, од своја страна се дели на старо камено доба или палеолит и ново камено доба или неолит.

Бронзеното доба е период на пресвртница, кога човекот станува свесен за улогата и значењето на металот во неговиот живот. Особено тоа се однесува на користењето на бронзата, која е легура на бакар и калај, чиј квалитет од своја страна ќе овозможи и поинтензивен економски живот.

Дознајте повеќе за археологијата на порталот посветен на неа.

Август 2007, Портал Уметност, чиј главен уредувач до сега беше корисникот Виктор Јованоски
Иако денес под поимот уметност обично се подразбира визуелна уметност, концептот за тоа што е уметност се има менувано постојано низ вековите. Можеби најконцизна дефиниција е најопштата - поимот уметност се однесува на сите креативни човечки дејствија, со исклучок на дејствата директно врзани за опстанок и репродукција. Од поширока перспектива, уметност е едноставно изведен поим за било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активност, како наука преку алхемија, и религија преку шаманизам.

Дознајте повеќе за уметноста на порталот посветен на неа.


Јули 2007, Портал Класична музика, чиј главен уредувач до сега беше корисникот Bjankuloski06
Класична музика е термин кој се употребува за музичката традиција која е непроменета и речиси дијаметрално спротивна на популарната музика на современатна култура. Ова музика ги евоцира класичните традиции, се фокусира на формални стилови, се занимава со детална деконструкција и критика, и бара особено конценрирано вимание од слушателот. Ова музика е во сродство со, и често споредувана со, фините уметности и високата култура. Фактот што многи класични дела ја задржуваат својата популарност низ времето и се популарни и ден денес сведочи за неодминливиот квалитет на оваа музика. И порај тоа, неоспорно дека јавниот вкус за посветеноста и ценењето на ваквата музика има избледнето низ годините. Затоа класичната музика со себе носи и носталгичен квалитет.


Јуни 2007, почеток на изборот на портали. Амбицијата е да се избира најдобар портал секој месец. За овој месец избран е порталот Математика, чиј главен уредувач до сега беше корисникот Filipgd
Податотека:ПорталМатематика.gif

Портал математика, јазолот на сите статии поврзани со математиката. Статиите се детални, разбирливи, но во себе носат математичка тежина.