Сферно огледало: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 7: Ред 7:
Центарот на кривината О, е [[центар]] на сферата чиј дел е [[огледало|огледалото]] и се нарекува [[оптички центар]] на [[огледало|огледалото]]. Точката Т, што се наоѓа на средината на [[огледало|огледалото]], е [[теме]] на [[огледало|огледалото]]. Правата што поминува низ центарот на [[огледало|огледалото]] и темето е [[главна оптичка оска]].
Центарот на кривината О, е [[центар]] на сферата чиј дел е [[огледало|огледалото]] и се нарекува [[оптички центар]] на [[огледало|огледалото]]. Точката Т, што се наоѓа на средината на [[огледало|огледалото]], е [[теме]] на [[огледало|огледалото]]. Правата што поминува низ центарот на [[огледало|огледалото]] и темето е [[главна оптичка оска]].


== Добивање на ликови во сферните огледала ==
== Добивање на ликови во огледала ==


Со приближување на [[предмет|предметот]] кон [[огледало|огледалото]] се добива [[лик]] реален, зголемен и превртен. Колку се приближува [[предмет|предметот]] кон [[огледало|огледалото]] [[лик|ликот]] е се подалеку и поголем.
Со приближување на [[предмет|предметот]] кон [[огледало|огледалото]] се добива [[лик]] реален, зголемен и превртен. Колку се приближува [[предмет|предметот]] кон [[огледало|огледалото]] [[лик|ликот]] е се подалеку и поголем.

Преработка од 17:04, 10 јуни 2011


Огледало кое е дел од површина на сфера се нарекува сферно огледало.

Кога огледалната површина е вдлабната, сферното огледало е вдлабнато (конкавно) сферно огледало. Кога огледалната површина е испакнатата, сферното огледало е испакнато (конвексно) сферно огледало.

Центарот на кривината О, е центар на сферата чиј дел е огледалото и се нарекува оптички центар на огледалото. Точката Т, што се наоѓа на средината на огледалото, е теме на огледалото. Правата што поминува низ центарот на огледалото и темето е главна оптичка оска.

Добивање на ликови во огледала

Со приближување на предметот кон огледалото се добива лик реален, зголемен и превртен. Колку се приближува предметот кон огледалото ликот е се подалеку и поголем.

Кога предметот е во фокусот, повеќе не може да се добие лик што се фаќа на екранот. Одбиените зраци на огледалото се одбиваат како паралелен сноп. Исто така, реален лик на предметот не се добива кога предметот е поставен меќу фокусот и огледалото. ликот добиен во тој случај е зголемен, исправен и нереален.

За конструирање на ликови кај сферните огледала по геометриски пат, се користат најмалку два од карактеристичните зраци:

Врската меќу растојаниетo p, од предметот AB, до темето T, нормалното растојание l, на ликот A1B1 од темето и фокусното растојание f, се изразува со равенката:

Ликот добиен во конвексно огледало, независно од растојанието на предметот од темето, е намален, исправен и нереален.

Примена на сферните огледала

Вдлабнатите сферни огледала наоѓаат широка практична примена. Тие се составни делови на многу оптички уреди. Бидејќи со нив може да се менува меѓусебниот однос на светлинските зраци, тие се користат кај рефлекторите, фаровите на автомобилите, локомотивите, џебните ламби и др. Кај нив светлинскиот извор се поставува во фокусот на вдлабнатото сферно огледало. По одбивањето од сферното огледало, зраците даваат паралелен сноп светлина.

Сонцето дава голема светлинска енергија. Кога ќе се распоредат неколку големи вдлабнати огледала, така што фокусите да им се поклопуваат, тогаш во фокусот се добива многу висока температура на која можат да се топат метали. Тоа е сончева печка.

Испакнатите сферни огледала имаат помала примена. Во нив, на мала површина можат да се видат повеќе предмети. Затоа се користат кај автомобилите, автобусите и др., каде возачите преку нив можат да гледаат што се случува зад нив или од страна на возилото.