Магарешки атентати: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{ВМРО (Aвтономистичка)}}
'''Магарешките атентати''' биле дело на новата организација [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] <ref>ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Автори Виолета Аковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год</ref>, која произлегла од [[Расцеп на Македонската револуционерна организација|расцепот на Македонската револуционерна организација]]. Во 1911/1912 година, во периодот што непосредно претходел на [[балканските војни]], во Македонија, Новата организација ја продолжила воружената борба, меѓутоа со нова такатика. На [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] се дало акцент на терторизмот и од тука прозлегле т.н Магарешките атентати. Мошне сликовит опис на магарешките атентати дава Анастас Митрев, кој
'''Магарешките атентати''' биле дело на новата организација [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] <ref>ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Автори Виолета Аковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год</ref>, која произлегла од [[Расцеп на Македонската револуционерна организација|расцепот на Македонската револуционерна организација]]. Во 1911/1912 година, во периодот што непосредно претходел на [[балканските војни]], во Македонија, Новата организација ја продолжила воружената борба, меѓутоа со нова такатика. На [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] се дало акцент на терторизмот и од тука прозлегле т.н Магарешките атентати. Мошне сликовит опис на магарешките атентати дава Анастас Митрев, кој
запишал:
запишал:

Преработка од 19:14, 8 јуни 2011

Магарешките атентати биле дело на новата организација ВМРО [1], која произлегла од расцепот на Македонската револуционерна организација. Во 1911/1912 година, во периодот што непосредно претходел на балканските војни, во Македонија, Новата организација ја продолжила воружената борба, меѓутоа со нова такатика. На Ќустендилскиот конгрес се дало акцент на терторизмот и од тука прозлегле т.н Магарешките атентати. Мошне сликовит опис на магарешките атентати дава Анастас Митрев, кој запишал:

Некаков македонски бедник, го натоварил магаренцето со две торби пченкарно брашно, оди на пазар... Го пречекува четата и, со пари или без пари, му го зема магаренцето, става во едната торба пеколна машина и еден од четниците, преоблечен во селска облека, тргнува со магаренцето кон пазарот. И таму, каде што се струпува турската сиромаштија, запира пропадавчот..., ги растоварува торбите... со викот ефтино брашно! Даалиите се натрупуваат околу продавачот, секој посакува да купи евтино брашно за да ги нахрани своите гладни деца. продавачот одвреме навреме го погледнува часовникот и, две-три минути пред избувнувањето на пеколната машина, ја прекратува продажбата за малу, оди да го види магаренцето, или по нужда и не се враќа повеќе. Пеколната машина експлодира и откинува некому рака, некому нога, некому глава од насобраната турска сиромаштија. Атентаторот жив, здрав и насмеан дека успешно си ја извршил дадената задача се врака кај четата на определеното место [2]

Се случиле повеќе вакви атентатии: во почетокот на 1912 година во Штип, на 1 август 1912 во Кочани, а кон крајот на истиот месец во Дојран. Целта на овие атентатии, е да се предизвика тусркиот фанатизам. Паралелно со атентатиите, продолжиле меѓусебните воружени пресметки на македонските револуционери. Во овој период бил убиен Добри Даскалов во Тиквешијата, делегат на Првиот конгрес на НФП, соработник и истомисленик на Димитар Влахов.

Како резултат од вакавата терористичка дејност на 4 декември 1911 година за помалку од еден час биле убиени над 20 христијани, а стотици биле ранети. Во првичните извештаи на кајмакамот на Штип до валијата на Косово актот на насилство на муслиманите врз христијаните го оправдувал со наводно поставената бомба наспроти ѕидот од џамијата при што биле повредени тројца муслимани од кои едниот починал.

Но, по испитување на повеќе извори, Вилијам Хав, британскиот вицеконзул во Скопје, утврдил дека бомбата не била поставена спроти ѕидот на џамијата за време на молитвата, туку била донесена од страна на некој селанец, скриена во кола полна со продукти за пазар, и оставена до јавната вага на пазаришниот плоштад околу 9 и 30 часот наутро [3]. Таа експлодирала неколку минути подоцна. Мали штети биле направени на ѕидот од соседната џамија. Неколку лица кои стоеле настрана, повеќето Турци, биле сериозно повредени, а еден од нив починал по три дена.

Според извештајот на епископскиот викар од Штип, по овој несакан инцидент, целата муслиманска популација, разлутена до краен степен, се нафрли врз невините христијани. Голема толпа Турци, меѓу кои имало војници, полицајци и други државни службеници, вооружени со ножеви, пушки, револвери, секири, палки, чекани и др. удриле врз христијанското население дојдено да пазарува, со повиците Убијте ги каурите. Во рок од половина час голем број христијани биле убиени и повредени. Во тој прв налет биле убиени 17 луѓе на лице место, тешко повредиле неколку десетици, а полесно околу 150. Вкупниот број изнесувал 302. Тројца од повредените починале подоцна од добиените повреди.

Во целиот настан најповеќе настрадале жителите на Штип кои биле целосно невини за какво било учество или согласност со злосторството, туку тоа било инспирирано многу повеќе од желбата да бидат казнети како и да доведе до инцидент. Лем наведува дека по шокантното убиство на шест муслимани близу Килисели, и правните последици и други процеси во Штип, ...минатата година, видните лица од овој град решиле целосно да ги прекинат врските со организацијата на Тодор Александров, одбивајќи дури да даваат придонеси, како порано, во неговите фондови или да ги примаат и разнесуваат неговите емисари кога тие го посетуваат градот. После тоа, Александров ја објавил својата намера да им го доведе умот.

Експлозијата од 4 декември 1911 година била дизајнирана на таков начин што послужила на целта за казнување на градските луѓе за нивната непокорност. Истовремено со експлозијата и со очекуваните последици од неа, се сакало да се вознемири и пробуди европското јавно мислење против Турците.

Извори

  1. ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Автори Виолета Аковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год
  2. Др. Манол Пандевски, Предговор кон Мемоари огледи статии на Анастас Митрев, Скопје 1974
  3. ДАРМ, М-1606, сн. 493-494, PRO FO 294/38, (Писмо од Вилијам Хав до Хари Лем), 13.12.1911.