Охридска пастрмка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 8: Ред 8:
| classis = [[Зракоперки]]
| classis = [[Зракоперки]]
| ordo = [[Лососовидни]]
| ordo = [[Лососовидни]]
| familia = [[Лососи]]
| familia = [[Лососи (фамилија)|Лососи]]
| genus = ''[[Лосос]]''
| genus = ''[[Лососи]]''
| species = '''''Охридска пастрмка'''''
| species = '''''Охридска пастрмка'''''
| binomial = ''Salmo letnica''
| binomial = ''Salmo letnica''
Ред 16: Ред 16:
}}
}}


'''Охридска пастрмка''' ({{lang-la|Salmo letnica}}) e ендемна слатководна риба што живее во [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]], а припаѓа на фамилијата [[Пастрмки]]. Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Се мрести од март до мај.
'''Охридска пастрмка''' ({{lang-la|Salmo letnica}}) e ендемна слатководна риба што живее во [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]], а припаѓа на фамилијата [[Лососи (фамилија)|Лососи]] (Пастрмки). Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Се мрести од март до мај.


== Подврсти ==
== Подврсти ==

Преработка од 03:58, 21 мај 2011

Охридска пастрмка
Податотека:Salmo letnica.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Лососовидни
Семејство: Лососи
Род: Лососи
Вид: Охридска пастрмка
Научен назив
Salmo letnica

(Karaman, 1924)

Охридска пастрмка (латински: Salmo letnica) e ендемна слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на фамилијата Лососи (Пастрмки). Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Се мрести од март до мај.

Подврсти

Охридската пастрмка се јавува во три подврсти и тоа:

  • Летница (латински: Salmo letnica Balcanicus) - се мрести на зима
  • Струшка пастрмка (латински: Salmo letnica Typicus) - се мрести на зима, а меѓу мрестењето на оваа раса и расата S.L.Baclanicus (струшка) има разлика од барем еден месец.
  • Охридска белвица (латински: Salmo letnica Aestivalis) - се мрести на лето периодот од мај до јули

Опис и градба

Охридската пастрмка се разликува од поточната пастрмка по сплеснатото тело, по малата глава и ѕвездестите сиви пеги по телото. Бојата на месото е кај некои бела, а кај некои розевкаста.

Навики, живеалиште, распространетост

Охридската пастрмка е ендемна рибна врста на Балканот и во Европа. Таа е најблизок предок на врстите што живееле на тоа подрачје уште од периодот на терциерот.

Охридската пастрмка секогаш живее во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.

Охридската белвица се наоѓа само во најдланоките места на езерото и тоа до 200 м и се мрести на зима како поточна пастрмка поточната пастрмка. Се почесто се лови, па се претпоставува дека и се заканува истребување.

Размножување

Охридската пастрмка се мрести од март до мај, а мелезите се настанати со вкрстување на поточната и охридската пастрмка, по телото имаат наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеги како летницата.

Наводи