Илинденско востание: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23: Ред 23:
===Софискo советувања===
===Софискo советувања===
{{Македонска револуционерна организација}}
{{Македонска револуционерна организација}}
Во [[јули]] [[1902]] година во куќата на Бојан Биолчев во [[Софија]] се одржала средба на која присуствувале: [[Гоце Делчев]], [[Иван Гарванов]], [[Тома Карајовов]], [[Туше Делииванов]], [[Владимир Руменов]], [[Никола Наумов]], [[Лазар Димитров]], [[Атанас Мурџев]] и домаќинот [[Бојан Биолчев]]. На оваа средба било разгледано барањето на битолчани за кревање на востание. [[Гоце Делчев]], Руменов и Карајовов остро се спротивставиле за востание и била донесена одлука ''против дигање на какво и да е востание''.<ref name="DD"><small>''Д. Димески, „Солунски јануарски конгрес на македонската револуционерна организација 1903 година“, ГИНИ, бр. 2, Скопје 2001''</small></ref>
Во [[јули]] [[1902]] година во куќата на Бојан Биолчев во [[Софија]] се одржала средба на која присуствувале: [[Гоце Делчев]], [[Иван Гарванов]], [[Тома Карајовов]], [[Туше Делииванов]], [[Владимир Руменов]], [[Никола Наумов]], [[Лазар Димитров]], [[Атанас Мурџев]] и домаќинот [[Бојан Биолчев]]. На оваа средба било разгледано барањето на битолчани за кревање на востание. [[Гоце Делчев]], Руменов и Карајовов остро се спротивставиле за востание и била донесена одлука ''против дигање на какво и да е востание''.<ref name="DD"><small>''Д. Димески, „Солунски јануарски конгрес на македонската револуционерна организација 1903 година“, ГИНИ, бр. 2, Скопје 2001''и то тако (пичка ти се ебем)


=== Горноџумајско востание ===
=== Горноџумајско востание ===
{{Главна|Гор{{Главна|Горноџу''''''Задебелен текст'' ''ноџумајско востание}}{{Главна|Горноџу{{Главна|Горноџу
{{Главна|Горноџумајско востание}}
Кога веќе било евидентно дека ќе дојде до [[Горноџумајско востание|Горноџумајското востание]], [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] сметал дека движењето на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] не е сериозно и опасно, се искажал против него и го осудил. Но по избувнувањето на востанието, ЦК почнал да наклонува кон востание <ref name="vgj" />. Нa [[26 септември]] [[1902]] година ЦК во преписката до [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] истакнал дека „ако бугарската влада се ангажира да го покрене прашањето, да не се држи многу остар јазик кон врховистите јавно, подобро ќе биде и ние да го развееме знамето“.<ref name="vgj" /> Кореспонденцијата меѓу ЦК и Задграничното претставништво укажува дека:
Кога веќе било евидентно дека ќе дојде до [[Горноџумајско востание|Горноџумајското востание]], [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] сметал дека движењето на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] не е сериозно и опасно, се искажал против него и го осудил. Но по избувнувањето на востанието, ЦК почнал да наклонува кон востание <ref name="vgj" />. Нa [[26 септември]] [[1902]] година ЦК во преписката до [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] истакнал дека „ако бугарската влада се ангажира да го покрене прашањето, да не се држи многу остар јазик кон врховистите јавно, подобро ќе биде и ние да го развееме знамето“.<ref name="vgj" /> Кореспонденцијата меѓу ЦК и Задграничното претставништво укажува дека:



Преработка од 08:01, 10 мај 2011

Илинденско востание
Датум 1903
Место Македонија и Одринско
Исход Дирекно вмешување на големите сили за решавање на Македонското прашање и издејствување на Мирцштешките реформи
Завојувани страни

Илинденското востание било кренато против Отоманската империја, а било организирано од страна на Македонската револуционерна организација. По подготовките за востание, на 2 август 1903 година на православниот верски празник Св. Илија - Илинден започнало востанието. Затоа ова востание е познато како Илинденско. Во бугарската историографија Илинденското востание фигурира под името Илинденско-Преображенско востание, затоа што на 19 август (нов стил) востание се кренало и во Одринско.

Одлука за кревање на Востанието

Софискo советувања

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Гоце Делчев, Иван Гарванов, Тома Карајовов, Туше Делииванов, Владимир Руменов, Никола Наумов, Лазар Димитров, Атанас Мурџев и домаќинот Бојан Биолчев. На оваа средба било разгледано барањето на битолчани за кревање на востание. Гоце Делчев, Руменов и Карајовов остро се спротивставиле за востание и била донесена одлука против дигање на какво и да е востание.[1][2]}}

Во средината на декември Христо Татарчев имал средба со бугарскиот премиер Стојан Данев и кнезот Фердинанд I и известил дека акциите идната година се неминовни [3].

Кон крајот на ноември 1902 година ЦК на Гарванов и Задграничното претставништво ја донеле конечната одлука за кревање на востанието. Таа требало да се санкционира и затоа Иван Гарванов на 24 декември 1902 година испратил окружно за одржување на Конгрес.

Второ софиско советување

Задграничното претставништво откако го примило окружното од ЦК организирало советување во Софија кое траело неколку дена. На оваа советување присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други.

На ова советување Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека пак Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание.

Ѓорче Петров предложил да дојде до засилување на четите и терористичките акции кој постепено требало да водат кон востание кое не требало официјално да се објави. Михаил Герџиков предложил терористички напади кој би ја засегнале османската власт и европскиот капитал. Тој планирал да се формираат терористички групи по градовите кој би биле во контакт со Централниот комитет, а кон овие идеи клонел и Гоце Делчев.[2]

Делчев истакнал дека Турција треба да се фрли во анархија, да се разниша Царството во неговите основи со што би се предизвикале Големите сили да интервенираат за решавање на Македонското прашање. Меѓутоа Делчев се решил за комбинирано дејствување со чети и терористички акции [3].

На крај од советувањето се дошло до компромисно решение за засилени партизански дејства [4]. По советувањето бил известен Централниот комитет дека тие се против општо востание но за партизански дејства. Треба да се истакне дека оваа советување не влијаело во одлуката за донесување на востанието бидејќи Солунскиот конгрес без да ги сочека резултатите од советувањето донел одлука за востание.

Солунски конгрес

Гоце Делчев со Серската чета

Централниот комитет на Иван Гарванов и Задграничното претставништво - Христо Татарчев и Христо Матов кон крајот на ноември 1902 година биле решени за кревање на востание. Затоа Иван Гарванов на 6 јануари 1903 година (стар стил) испратил окружно до Задграничното претставништво, окружните и околиските комитети со кое свикал Конгрес и ги поканил делегатите [3].

Меѓутоа, голем дел од истакнатите делегатите немале доволно време да стигнат на Конгресот, а тоа најверојатно било и посакувано од Иван Гарванов.

Во јануари 1903 година се одржал Солунскиот конгрес. На третото заседание, на 16 јануари, кое траело само час и половина се прифатил и потпишал Протоколот за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјаснил само серскиот делегат Димитров, но на крајот и тој се присоедини кон заедничкото мнение.

Скопскиот делегат Димитар Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието бар на една година , исто го потпиша затоа што и другите потпишале.

Најважниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – било до извесен степен демантирано од уверувањата на Иван Гарванов, дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од Бугарија ќе префрлат значително количество пушки и други материјали. По донесување на решението за востание, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието.

Делчевата агитација за нова тактика

Гоце Делчев не го сочекал крајот на советувањето во Софија и веднаш заминал за Серскиот револуционерен округ да демонстрира новата концепција за борба. Тој собрал чета од 40 души [5], а во неа биле Пејо Јаворов, Димитар Стефанов, Димо Хаџи Димов и други. Најпрво поминале во Банско, а на тамошниот собир Делчев зборувал за:

слободана и независна Македонија со широки правa за сите сиромаси[6]

Тој истакнал дека борбата треба да се води со терористички акции и четнички дејствија, како подотовка за крајното средство - масовно вооружено востание. Делчев го осудил Горноџумајското востание и го оценил како провокација која претставувала предавство кон македонскиот народ [6], велејќи дека:

Ако се бориме за цар, тогаш ние си го имаме султанот[6]

Иван Гарванов во Софија

Иван Гарванов

По Солунскиот конгрес, ЦК ги ополномоштил Иван Гарванов (Давид) и Велко Думев (Орлеански) да заминат во Софија, усно да ја соопштат одлуката за востание и да ја поткрепат. Задграничното претставништво го поканил Михаил Герџиков да се сретне со нив, бидејќи Делчев заминал.

Гарванов и Думев заминале од Солун на 10 јануари 1903 година, а меѓу другото планирале да се сретнат со членовите на Врховниот комитет за да се постигне помирување [2]. Во Софија Гаравнов истакнал:

... решенето било бесповратно, бидејќи тоа веќе било пропагирано насекаде... основен мотив за решението било опасноста од ново врховистичко востание и влошената положба во земјата [2]

Меѓутоа Татарчев вели дека: Гарванов како сентиментална натура делумно се беше подал на странични влијанија [3]. Иван Гарванов, Христо Матов и Христо Татарчев во Софија имале средба со бугарскиот министер за внатрешни работи - Димитар Петков.

Тој од своја стран им ветил полна морална и материјална поткрепа за идното востание, под услов да престанат да го компромитираат Кнежеството и каузата со грабање на оружје од бугарските арсенали и воени демонстрации во пограничните реони.

Според рускиот дипломатски преставник во Солун, Гарванов и Думев се вратиле со изјава дека со Врховниот комитет не е постигнато помирување, но двете страни се согласиле да дејствуваат независно една од друга, без да си пречат како во минатото [2].

Подготовки за востанието

Известување

Гарванов откако се вратил од Софија, Централниот комитет ги известил сите свои раководители на реони дека:

1. Организацијата решила да крене востание и со сите сили и средства ќе се бори за извојување на човечки права.
2. Организацијата ги осудува сите стремежи на официјалните и неофицијалните фактори во Бугарија, кои без нејзина согласност настојувале и настојуваат да го вовлечат населението во востание, бидејќи со тоа свесно или несвесно ја поткопуваат каузата на македонскиот роб и со своите дејства давале колорит на надворешно потикнување, факт кој бил силно експлатиран од Турција и европската дипломатија.
3.Организацијата изјавува дека до денот на востанието ќе се бори со сите комитети, корпорации и надворешни лица, кои со своите постапки ќе ја фрлат во борба и предвреме ќе го осуетат планот за дејство. Таа ќе води сметка за сите што ќе се обидат да ја искористат нејзината борба за други цели.
4. По објавувањето на востанието, сите кои се готови да го поткрепат ќе бидат прифатени. Притоа била пожелна претходна согласност од Организацијата [7]

Со ова известување била официјализирана одлуката за кревање на востанието, а истовремено биле предупредени и поканети врховистите.

Вознемиреност

Одлуката за востание предизвикала негодување кај многумина. Јане Сандански со одлуката бил запознат на 21 јануари 1903 година од Лазар Димитров, а самиот Сандански за тоа истакнува:

Тоа соопштение морално не уби, друго мислевме за Организацијата, друго агириравсме, а сосема друго излезе. Веќе немав ни лице, ни срце да агитирам како порано... просто плачевме [8]

Костадин Нунков за решението на Централниот комитет за востание истакнува:

Во нашите очи тоа е една непромислена авантура. Ние мислевме дека востанието е пакосно, штетно, безнадежно, ненавремено, неподготвено, повеќе од кога било! Ние го сметавме погубно за македонскиот народ [9]

Подготовки на Централниот комитет

Веднаш по Солунскиот конгрес, Централниот комитет ги известил сите раководители да започнат со собирање на оружје.

Самиот Централен комитет постигнал договор со група на грчки контрабандисти. Тие оружјето за потребите на Организацијата и претстојното востание го пренесувале преку море до утоката на реката Вардар, а таму било преземано преку канал [10].

Лазар Динитров истакнал дека овој канал одвај ги задоболил потребите на Кукуш и околните села. Централниот комитет со посредство на Петроградскиот македонски кружок се обидел да набави и руски пушки но овој план бил напуштен откако бил воспоставен каналот со Грците.

Дополнително на овие активности ЦК започнал иницијативна за враќање на печалбарите во Македонија. Од коресподенцијата помеѓи Бугарското трговско агентсво во Солун и Бугарското министерство за надворешни раноти и вероисповест се дознава дека до 13 март, околу 10.000 млади Македонци се вратиле по родните краеви од Цариград, Румелија, Бугарија... за да земат учество во престојното востание, а Селџобалив истакнал дека од Цариград заминале 2.500 градинари и малекари, Сите тие Макеодонци со нетрпение чекаат да дојде часот за востание [2].

Овие подготовки биле будно следени од дипломастките претставници во Солун, а рускиот дипломатски претставник Николај Гирс информирал дека:

во целата земја едвај можело да се најде поголема село, каде немало востаничка чета. Селаните биле во постојан контаткт со нив. Четите биле раководени од членовите на Комитетот. Тие имале строга нардеба да не предизвикуваат воружени судири, туку само да го подготвуваат населенито за востание на повик од повисоките раководители... есенскиот налет на бандите од Бугарија (врховистички чети б.н), суровата пресметка на војските со мирното население, вмешувањето на Русија, прогласените реформи од страна на султанот и очекувањата од сето тоа, ако во суштина не ја промениле дејноста на месните комитети, во секој случај ги потикнале... Организацијата не била за одлагање на востанието. Таа сакал да ги причека резултатите од реформите бо кои малку верувала. Со одлагањето на востанието на неопределено време, македонското прашање би затаило, а со тоа Организацијата би ја изгубла својата подлога и би го пропуштила погодниот момент за целосно ослободување. Отука четите трескаво работеле на собирање борци. Притоа истакнувале дека нема да допуштат на Турците да ги исколат како Ерменците [2]

Подготовки во Битолскиот револуционерен округ

Смилевски конгрес

Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт, се уште, не се созреани. На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и некои делови на други реони не се достатно подготвени. Најдобро подготвени биле Ресенскиот реон, Костурскиот, Демирхисарскиот, неколку села од Битолскиот реон, како што се Смилево, Ѓавато и Цапари, додека Охридско располагало само со 1.400 пушки. Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание. Несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на ТМОРО и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол:

А бре луѓе, не губете си го времето да го решавате прашањето - ќе, има ли востание или не, зашто тоа е решено - битти даваси! Говорете сега за востание, како да го направиме и кога, но не по ден и по време [11]

Во прилог за донесувањ на одлука за кревање на востание влијалеле и неколку настани. Конгресот преку Лука Џеров дознал за Солунските атентати. Дополнителен аргумент послужил и Ѓурѓовденскиот масакар извршен на 6 мај во Битола, а во Цапари дошло до судир со османлиските сили. Тој ден Конгресот не заседавaл, бидејќи судирот можел да се прошири кон Смилево. Настаните во Цапари и Битола влијаеле психолошки врз оние конгресисти кои се колебале за востание.

На последното IV заседание Конгресот го усвоил Востаничкиот дисциплински устав кој бил изработен од Борис Сарафов и Димитар Дечев.

Главен штаб

Повик за објавување на востанието

Конгресот уште од првото заседание започнал со донесување на одлуки за кревање на востание. Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ, а тој требало да раководи со подготовките за востанието и со самото востание. За членови на Главниот штаб биле избрани: Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев, а како нивни заменици биле избрани Георги Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Членовите на ГШ биле избрани со јавно гласање, додека пак нивните заменици со тајно гласање [12].

Конгресот донел и непротоколарно решение, доколку пристигнат нови сили [12], како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Христо Матов, тие по автоматизам да влезат во Штабот.

Конгрес на Петрова нива

На 28 и 29 јуни 1903 година се одржал Конгрес на Одринскиот револуционерен округ во месноста Петрова нива. За претседател на Конгресот бил избран Васил Пасков, потпретседател Велко Думев, а за секретари: Христо Силјанов и Анастас Разбојников, а вкупно присуствувале 47 делегати. За време на овој Конгрес било разгледано прашањето за кревање на востание и тука биле поделени мислењата, но по одлуката на Смилевскиот конгрес на делегатите не им останало ништо друго освен да се донесе одлука за започнување на подготовки за кревање на востание. Избраниот Околиски штаб донел одлука востание во Одринско да започне на 6 август (стар календар) на празникот Преображение Христово [13].

Општ план за востанието

Во јуни по барање на Централниот комитет бил изработен Општ план за востанието [14]. Во овој план било истакнато дека во согласност со одлуките на Солунскиот конгрес и советувањата во Софија, треба да се води герилска борба. Четите требало да дејствуваат насекаде и во исто време, без да се крене народот. Целта не била да се победи Турција, туку таа да не може да ги победи востаниците [2]. Востанието требало да биде послабо но долготрајно и борабата требала да се води до зимата, а повторно да се прогласи идната пролет. Востанието требало да почне кога ќе созреело житото и ќе се зголемела ноќта во јули.

Востание

I востанички округ - Битолски

Даме Груев

На празникот св. Илија во Смилево со 200 востаници влегол Главниот штаб. Според турските документи при првиот напад на Смилево загинале 8 турски војници, а 14 биле ранети. На 3 август Генерал штабот наредил евакуација на целото население кое не е способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно. Откако сите обиди на османлиската војска да го заземе Смилево биле пресечени, Борис Сарафов заминал за Охридско, а Атанас Лозанчев за Демихисарско и Кичевско. По нивното заминување во следните 20 дена во околината Смилево не се појавила османска војска и башибозлук. Во тој период под раководство на Стојан Донски биле преземени мерки за утврдување на Смилево, биле ископани одбранбени ровови со што се зацврстиле одбранбените востанички позиции. Населнието кое не било способно да се бори и понатаму се наоѓало во збегот Голем Гар каде биле орагнизирана заедничка исхрана, а биле преземени мерки за негова заштита.

Во изработка на планот за заземање на Крушево непосредно учествувал и револуционерот - бившиот офицер Тодор Христов кој предходно влегол во градот и ги скицирал објектите за напади: касарната, конакот, беледијата (општината), поштата и другите владини и државни установи, како и поважните пунктови во градот. Во осум воени групи биле распоредени 750 вооружени востаници под команда на добро подготвени началници - војводи. На 4 август во градот влегува Штабот на Крушевските востаници свечено дочекан од народот. При овој дочек, началникот на Штабот, Никола Карев одржал пред ослободените граѓани револуционерен говор, прогласувајќи ја првата Македонска Република и повикувајќи го народот да избере привремена републиканска влада.

Членови на Привремената влада на Крушевската република, од лево на десно: Дину Вангел, Димитар Секулов, Ѓорѓи Чаче, Николаќи Баљу, Теохар Нешков, Христо Ќурчиев

Во демихисарскиот реон раководители биле Јордан Пиперката, Димитар Дечев, свештеникот Кузман и Христо Пасков. Според Христо Силјанов, Демихисарско дало 1 000 востаници. Првата ноќ биле преземени редица акции. На патот Битола - Кичево кој минувал низ Демихисарско била исечена телеграфската линија, а биле разрушени и сите мостови, потоа биле изгорени чифлизите во Утово, Стругово, Жван и други. Под команда на Дечев 150 востаници го нападнале турскиот гарнизон кој се состоел од 170 души во административниот центар Прибилци. Во првите денови на востанието во Демихисарко, турските селани се затвориле во своите куќи и не ги обработувале своите ниви и не го гледале својот добиток. Востаниците во селата Бабино, Слоештица, Велмевци и Жван созадле свои пунктови каде се собирала храна и секави други матерјали кои им биле потребни за идните дејствија.

Никола Карев

Ресенскиот реон бил под раководство на Славејко Арсов и подпоручникот Панајотов. Поважни војводи биле Спиро Олчев, Стефан Мешков, Перуш Стрезов, Ставре Тасев, Јоше од Подмочани, Иван Трајчев, Кочо Кочовски, Георги Чаушот од с. Златари и др. Првата ноќ биле изведени неколку разрушителни акции од сабо воружени групи. На 20 јули четите од селата Болно, Царев Двор, Дрмени и Јанковец на чело со Арсов биле групирани во Болно. На Илинден во селото Круше, тамошниот аскер бил зачуден од однесувањето на селаните, тие им носеле баници, кисело млеко и други изобилства, но храната била затруена со арсен, а војниците набргу добиле грчеви и страшни болки. Хаџијата кој бил тутчин кога дознал за тоа избегла, а ноќа во селото дошол аскер од 50 души. На 26 јули одредот на Ангел Андреев и еден одред на Коте го нападнале турското село Папли. Таму имало акер и башибузлук оо околу 100 души. Востаниците ги држеле опколени неколку дена. Секој ден селото било напаѓано и била палена по некоја куќа. На 6 август Коте зграбил дел од добитокот и се упатил кон својот реон, но кај Штрково наишол на војска. Дел опседнатите војниците успеале да се извлечат и да му притекнат на помош на судрениот аскер каде дале 4 жртви. Опсадата продолжила, но по 12 дена пристигнала друга војска, таа го ослободила гарнизонот и турското население, а востаниците по заминувањето на аскерот се симнале во Папли и го запалила селото.

На Илинден, Охридско имал веќе подробно разработе план за првите дејствја и со добра интендантска служба — складови со храна и други намирници, тајни фурни, леарници за патрони, но без ниедна бомба и без ниедна манлихера. Била организирана и санитетска служба со еден вид на болница во Чемерскиот дол, над селото Брждани, а како доктор фигурирал Хр. Ангелов. Реонски началници биле: Христо Узунов, Антон Кецкаров, Наум Анастасов, Александар Чакаров и Наум Златарев. На 24 јули сите дримколските и малесијските чети се собрале кај Караорман во Горна Дебарца. Таму се собрале голем број на бегалци на грбот на револуционерното раководство. Четите повторно се упатиле кон Дрим, но веќе сите села биле опустошени. Во периодот меѓу 25 и 30 јули имало судири кај Лешани, Слатина, Лактиње, Врбјани и Ботун. Само на 30 јули имало имало шест битки и тоа кај Брждани, Лешани, Белчишта, Црвена вода, а во Орта-кол, кај селата Куратица и Плаќе. Во борбата кај Брждани учествувал и Борис Сарафов со 80 души и тој дошол од Демирхисарско на помош.

Штабот на Дебарско-Кичевскит реон - Јанаки Јанев, Лука Ѓеров и други.

На 20 јули Илинденското востание се кранало и во Костурско со околу 2 000 востаници. Исто така на 23 јули е заземена Клисура. На 28 јули четите на Лазар Поп Трајков и Васил Чакаларов имале борба со турскиот аскер, а на 29 јули кај селото Д'мбени имале борба со турската војска која траела 6 часа, а потоа турците се повлекле во Костур.

Христо Силјанов истакнува дека Кичевско било погодно за партизанско војување, во таа каза се востанало само населението во планинските делови во Горна и Долна Копачка и Рабетинакол. Во другите делови, во Долно Личевско и Порече, каде Српската пропаганда била силна и спечалила голем дел од населението и тоа не востанало. Во Копачка (Горна и Долна) како база на востаниците служеле планините: Бистра, Беличица, Стогова и други, а во Рабетина-кола, врвовите Песок, Кула, Кјафа, Разбоиште и други. Ноќта на 20 јули (стар стил) три востаничи одреда, Џеров 200 души, Арсо Мицков 200 души и Србакот 100 души го опколиле градот Кичево од три страни. Еден час по полноќ се слушнало востаничкото Ура !. Аскерот кој бил сместен кај месноста Јурија во наплив на паника се втурнал кон градот за да го заземе Калето. Таму еден востанички одред почнал да стрела врз аскерот, а одговорот на турците бил слаб. По половина час востаниците го напуштиле градот, а турците имале 20 души загинат.

Две недели пред Илинден, четите на Петар Ацев и Никола Пешков, кон нив биле присоедеинети и триесетина граѓани, се на се вкупно 80 души, ненадејно биле нападнати недалеку од селото Беловодица кај месноста Студеница од страна на околу 30 жандари. Дел од четата се разбегала, а набргу пристигнал и аскерот кој бил сместен во Дуње. На Илинден четите ги исекле телеграфските кабли меѓу Прилеп-Битола и Прилеп-Велес, а биле разрушени и некои древени мостови по патот Градско, Кичево, Крушево и Велес. На 23 јули стар календар воружени и неворужени селани го нападнале конакот во селото Витолиште, Мариовоско. една од случајно згрмените пушки го кренале на нозе гарнизонот. После двочасовна престрелка востаниците се повлекле, а во тој напад учествувал и Пере Тошев.

II востанички округ - Кожув

Подготовките за кревање на востание во Солункиот револуционерен округ започнале веднаш по Софиското советување. Во февруари 1903 година во Гевгелиско пристигнале Сава Михајлов и Крсто Асенов со 18 товари пушки и динамит. Во тој реон биле четите на Иван Карасулијата и Аргир Манасиев, меѓу нив двајца постоело нетрпение, меѓутоа била организирана средба и дошло до нормализирање на односите.

Апостол Петков Терзиев - Ениџевардарското сонце

По борбите во Кукушко, Крсто Асенов со својата чета заминал за Ениџевардарско, меѓутоа и тму дошле во судир кај селото Постол. Во борбата учествувале четите на Асенов, Јотов и Апостол Петков. Турците имале 4 загинати и 5 ранети, а четат 2 убиени. Убиството на Асенов го сменил текот на востанието во Кукушко, Ениџевардарско и Гевгелиско.

Четата на Апостол Петков Терзиев

Подготовките за востанието во Ениџевардарско ги презел Апостол Петков. Воденската околија зела салбо учество во востанието. Таму имало неколку битки.

Сава Михајлов и Аргир Манасиев откако го добиле известувањето за денот на востанието, организирале советување. Тие заклучиле дека ќе можаат да преземаат само атентати по железничката линија. Пред Илинден, во Гевгелиско биле четите на Михајлов со 33 души, Манасиев со 38 души и Карасулијата со 24 души, вкупно 95 четници. На Илинден четите се нашле во близина на самата Гевгелија. Ноќта на 10 август бил миниран блискиот железнички мост. Во ноември била извршена демобилизација во Гевгелиско. Михајлов, Манасиев и Карасулијата со повеќе четници заминале за Бугарија.

Востанието во Тиквешко започнало со потпалување на една беговска кула кај Положно, а бегот бил ранет. Нападот ги раздвижил турските потери и четата се нашла во незгодна положба уште во самиот почеток. На 13 август Јуруков со својта чета бил откриен на Кожув кај селото Копришница, таму дошло до судир во кој загинале 2 востаници и 7 турци. Во ноември со 10 души заминал за Бугарија.

III востанички округ - Беласица

На 23 мај 1903 година кај селото Градобор на десетина километри од Солун била уништена четата на Атанас Чопката. Четата беоела 16 души била опколена, а борбата траела еден ден. Турците имале 1 загинат, од четата еден бил фатен жив додека пак останатите загинале. Четниците откако виделе дека сосотојбата е безизлезна се самоубиле. Подвојводата Мито од Мутулево најпрво ја скршил својата пушка, а потоа се самоубил со револеверот.

Подготовките во Кукушко се одвивале под раководство на војводата Крсто Асено. За денот на востанието било изработено востаничко знаме. Коприната ја купила учителката Милка Ковачева Романова, а знамето било изработено од Рајна Измирлиев, ои идејна скица на Мици Измирлиев. Главната база во Кукушко било Арџанскјото езеро таму постоеле складови со храна, опрема и колиби за востаниците.

Меѓутоа кукушките чети биле откриени уште при нивното излегување и тие морале да дадт неколку борби со аскерот. Судири имало кај селото Драгомирци, Крондирци, а Крсто Асенов на 20 јуни 1903 година кај селото Грамадна имал битка во која загинале 13 четници, претежно млади штотуку излезени. Во овој судир загинал и братот на Гоце Делчев, Милан Делчев. По оваа борба четата на Асенов била изложена на нови напади и прогони. Кај Меѓурек дала 12 жртви, а борби таа имала и кај Мутулово, Мурарци и други места.

За го избегне гонењето четата на Крсто Асенов се сметила кај Арџанското езеро и таму планирала да го дочека денот на востанието. Таму се нашле и четите на Трајко Јотов, Гоце Нисторов и Гоно Бигинин и со тоа се формирала поголема четничка групација од околу 110-115 души. Меѓутоа тие биле откриени и дошле во судир со 3 баталјона од 2 200 души, а била донесена и артилерија против комитетите. На 23 јули војската се повлекла. По повлекувањето на војската, Асенов со својата чета заминал за II востанички округ - Кожув.

IV востанички округ - Пирин

Подготовките за востанието во Серско ги започнал Гоце Делчев, а по неговата смрт тие продолжиле под раководство на Јане Сандански. Сандански се нашол во Бугарија за да се снабди со воени матерјали и за да собере чета. Во Бугарија Јане Сандански се задржал еден месец. Откако собрал 50 души кој биле воружении со манлихери и берданки, се вратил во Серски револуционерен округ, а со него биле Пејо Јаворов, Никола Наумов, Димитар Стефанов и други.

Јане Сандански

Востанието во Серскиот револуционерен округ требало да почне подоцна. На 11 август (стар стил) Задграничното претставништво го известило Јане Сандански како началник на воените сили во Пиринско дека востнието во Битолскиот округ започнало, а востанието го зафатило и II востнички округ-Кожув.

Во август со дозвола на Задграничното претставништво почнале да навлегуваат врховистичките чети. Првата поголема таква чета броела 160 души и била под раководство на Јурдан Стојанов и Љубомир Стоенчев. По нив пристигнале Иван Цончев и Атанас Јанков со околу 350-400 души. Во Серкиот округ се нашле околу 500-600 души под команда на врховистички војводи.

Во Мелничко борбите започнале порано од предвидениот ден за востание. На 12 септември кај св. Троица во близината на село Пирин била откриена здружената чета на Сандански, Димитар Зографов, Петар Дрвингов, Дончо Златков, Михаил Чаков, Јурдан Стојанов и други.

На Крстовден 27 септември здружените сили на Јане Сандански и Цончев се нашле пред Свети Врач со намера да гонападнат турскиот гарнизон. Меѓутоа тие биле следени од аскер и башибузлук од 2 000 души и затоа се утврдиле за да започнат битка. Но одредот на Сандански и Цончев бил обиколен од сите страни и затоа ноќта се повлекле. Планот за напад на гарнизонот во Свети Врач пропаднал, Сандански се повлекол кон Кресна, а Цончев кон Разлошко.

На Крстовден во Демирхисарско дошло до борба кај Ак бунар, тука загинале 15 востаници. Турците имале 5 загинати и 3 ранети. Овој судир бил последниот во Демирхисарско. По оваа борба Љубомир Стоенечев заминал за Неврокоп, а потоа кон Бугарија, поради предвремено започнување на борбите, предвидениот план не бил реализиран.

Спроти Крстовден, Атанас Тешовалијата и Стојан Филипов ги исекле телеграфските линии помеѓу Куманич и Долно Броди. Истата ноќ било нападнато селото Обидим со 5 чети во јачина од околу 200 души, со војводите Чаков, Малчаков, Иван Апостолов - Копран чауш, Антон Вимола, лимо Карлович и други.

Во Разлошко биле преземени најобемните подготовки за востанието. По Серскиот окружен конгрес, тука бил одржаан Околиски конгрес на кој имало делегати од Банско, Мехомија и од селата Бачево, Годлево, Добриниште, Белица, Јакоруда, Бања, Елешница, Горно и Долно Драглиште и други.

Иван Цончев со врховистичка чета

Разлошко располагало со значајни чети и војводи. Тука биле: Борис Голев, Родон Тодев, Тасе Фурнаџиев, Костадин Колчагов, Саве Мехомиски, Милош Колчагов, Димитар Лазаров - Минѓов, Симеон Молеров, Георги Галев, Јонко Вапцаров и Костадин Молеров.

Подготовките во Драмско биле под раководство на Мирчо Кипров. На првиот ден од востанието било предвидено да се ликвидираат оделни шпиони и да се изведаат атентати на железничката линија. На 3 октомври биле откриени четите на Николиев и Диката кај Горно Фраштани. Дошло до битка која траела 8 часа, по која четите се повлекле без загуби.

Во Горноџумајско имало две борби на 11 октомври. Последниот судир во оваа област бил на 21 октомври. Во оваа борба учествувале Стефан Николов, поручникот Саракинов и поручникот Балтов, имале еден загинат.

V востанички округ - Струмичко - Малешевски

Христо Чернопеев со штабот

V востанички округ бил од стратешко значење за Организацијата и османлиските сили. Низ него минувале заначајни организациски канали кон Солунскиот и Битолскиот револуционерен округ. Кон крајот на март за Струмичко заминал Христо Чернопеев со 190 души. Во оваа група имало чети за Радовишко, Тиквешко, Велешко, Битолско, Кичевско и др.

На 21 април 1903 година низ селото Костурино поминала една чета од 100 души која била на пат за Валандово. Ноќта 6 четници дошле во судир се воена патрола, од двете страни имало по еден загинат. Во почетокот на мај во Смолари четата на Алексо Поројлијата имала судир при што загинал еден четник. Во август, Христо Чернопеев се обидел да навлезе во Струмичко со голема чета.

VI востанички округ - Овчеполски

Во Скопскиот вилает, поточно во македонскиот дел, во Скопскиот санџак имало послаба востаничка дејност. Еден дел од околиите во рамките на Скопскиот револуционерене округ останел неворужени, дел од сили на Македонската револуционерна организација биле истоштени во борбата со Српската пропаганда, а дел биле засегнати од аферите, додека пак во некој околи постоеле раздори како што била Велешката околија. Сето тоа влијаело за слабиот одзив за учествто во востанието.

Неколку недели пред востанието во Скорскиот округ се појавила четата на Никола Пушкаров со јачина од 18 души, таа располагала со неколку боеви сили и интелеигентни момчиња, со себе четата носела 200 бомби и 100 килограми динамит. На 1 август во 11 часот бил извршен атенатат на железничката линија Скопје - Солун. Расчистувањето на пругата траело два дена. Потоа едено оделение на чело со Димитар Бојанов имале судир со турска потера, во судирот загинале 10 војници, а останатите се разбегале. На 5 август две чети, од 47 души, над манстирот св. Ѓорѓија дошле во судир со потера составена од арнаути и аскер. Во текот на целото востание во Скопскиот округ имало 15 борби.

VII востанички округ - Одринско

Михаил Герџиков

Конгресот на Петрова нива, одржан на 28 и 29 јуни 1903 година решил Одринскиот револуционерен округ да се подели на 5 востанички околии: I Мало-трновски, II Чокенски, III Мустафа-пашински, IV Дедеагачки и V Ахчелебиски. Бил избран Раководен штаб во кој влегле: Михаил Герџиков, Лазар Маџаров и капетанот Стамат Икономов.

На 29 јули едно одделение на турската војска на пат кон Мало Трново дошло во судир со една чета, при борбата паднале 2 војници. Кон крајот на јули (стар стил) Околискиот штаб се собрал во селото Мегалево. Востанието во Битолско веќе било започнато. Од весниците, Околискиот штаб разбрал дека во Македонија уште на самиот почеток на востанието, Османлиите започнале со палење на егзархиските села.

Под влијание на таквото однесување на османлиската војска, било решено во Одринско да бидат нападнати сите турски села. На 5 наспроти 6 август, на Странџа избувнале голем број на пожари, а набргу по избувнувањето почнале да се слушаат грмежи на бомби и пукоти од кримките. Христо Силјанов истакнува дека:

Тоа беше поздрав кон борците во Битолско од востанатите нивни браќа од Странџа [4]

Барање на Заграничното преставништво

Македонската револуционерна организација свесна за своојата сила и можности но и за сложените меѓународни односи, Организацијата преку Задграничното претставништво се обратило до големите сили. Во Декларација било истакнато дека вмешувањето на големите сили е:

единствено средство за се одтстрани злото и да се запре пролевањето на крвата [2]

Се побарало со согласност на големите сили, за главен управник во Македонија да се назначи христијанин, која немало да припаѓа на турската администрација и ќе делуваал независно од Високата Порта. Во декларацијата било истаканто дека македонското прашање може да биде решено само доколку постои ефикасна меѓународна контрола [2].

Мерки на Империја

Германска дипломатија

Германија согласност своите интереси ја советувала Отоманската империја да преземе што поскора акција за задушување на востанието и уништување на револуционерните сили за да не им се дозволи на големите сили да се вмешаат. Германскиот заменик државен секретар за надворешни работи Фон Рихтховен, пред великиот везир и османлискиот министер за надворешни работи, истакнал дека:

... брзото воспоставување на мирот во Македонија би го повратил престижот на султанот и на централната власт [2]

Великиот везир и османлискиот министер за надворешни работи од своја стран апак истакнале дека доклку власта не успее да ги смири вилаетите преку задушување на востанието, европското мнение ќе остане со убедување дека султанот не е во сосотојба да го држи редот во Империјата, а дека тоа криело големи опасности за Турција. Германската империја ја охрабрувала Турција да прземе сурови мерки при задушувањето на востанието [2], а тоа подоцна било негирано од германскиот канцелар Фон Билов со изговор дека македонското прашање е од второстепено значење за Германија, а тоа прашање го остава за решавање на Русија и Австро-Унгарија.

Настапување на Османлиската армија

Османлиски сили

Башибузлук

Според турските документи и извештаите на дипломатските преставници во Македонија биле распоредни редовни воени сили од III орда (баталјони), а дополнително биле распоредени и 16 баталјони редифи и 38 баталјони илаве. Освен овие сили во случај на востание, турските власти можеле да ги искористат и воените единици од Пеќ, Ѓаковица и Призрен кои се состоеле од 44 баталјони, 15 ескадрони и 10 батерии со 33.000 пушки, 15.000 сабји и 60 топа [2]. Според К. Битоски до 1 јуни 1903 година во Македонија имало 175 баталјони со околу 150.000 - 160.000 војска [15]. Во случај на востание Високата Порта се плашела од поголемо користење на војската бидејќи:

таа не би правела разлика и еднакво би ги гонела сите христијани, а тоа можело да ја возбуди Европа[2]

Турските офицери и интелигенција јавно истакнувале дека на војската треба да и се дадат одврзани раце, а за жестокост во пресметка со востаниците бил и директорот на политичкото оделение во Солунскиот вилает - Хикмет-беј. Според францускиот вицеконзул Стег, кој слушнал разговор меѓу двајца турски офицери, војската требала да добие слобода за акција и во следните 100 години во Македонија да не се појави ниту една бунтовничка чета.

Првите мерки

Во првите денови на востанието се создале слободни територии во Смилево, Крушево, Невска, Клисура, Странџа и други места. Биле направени востанички демонстрации кај голем број градови и сето тоа допринело некој да тврдаат дека Даме Груев и Борис Сарафов заедно со Главниот штаб:

набрзо ќе ја прогласат независноста на Македонија [16]
Камп на османлиската армија

Според Општиот план востанието требало да биде партизанско и да има долготарен карактер но во Битолско и во Одринско тоа добило масовен карактер. Затишјето кое настанало во текот ма јули власта го разбрала како изнемоштеност на Организацијата за масовно востание и затоа во почетокот турците биле изненадени.

Затоа во првите денови армијата била насочена кон укажување на помош на загрозените турски гарнизони во востанатите области, со доаѓањето на ноќта аскерот се повлекувал во градовите, а понекоша палел и по некое село. Турската власт се плашела од востанички напади на поголемите градови затоа во нив биле сконцентрирани поголеми воени сили. На тој начин во првиот период од востанието иницијативата останала во рецете на Организацијата.

Неможноста од брзо задушување на востанието допринело да се појави огорченост меѓу турските воени и политички лица. Авторитетот на централната власт, посебно на султанот, биле нарушени пред поданиците на Империјата како и пред очите на големите сили.

Османлиски војник

На 10 и 11 август сосотојбата се променила во корист на Империјата. Од Косово биле донесени силни осмалиски сили кој биле разместени во Македонија, особено во Битолско.

Првата задача на турската армија била да се зазеде Крушево. Тоа им успева со армијата од 18.000 луѓе. Дел од заштитениците на Крушево, предводени од прославениот војвода Питу Гули, изгинале херојски во борбата кај Мечкин Камен, а другите востаници се повлекле во планините.

Турската војска со артилерија ги урнала утврдувањата подигнати од востаниците и со топови го бомбардирала градот. Во екот на борбите по наредба на Штабот, околу 15.000 население, го напушта градот и се крие во блиските планини. Во запалените и урнати куќи загинуваат 20 жени и 6 деца, бидејќи не успеале да побегнат од градот.

На незапалените куќи, на 13 август биле истакнати бели знамиња, симболизирајќи го крајот на 12 дневната Крушевска Република. Борбата била завршена. Изгорени биле 159 куќи. Загинале 100 турски војници и 91 востаник. Меѓутоа генералот Омер Ружди не презел систематски дејствија за уништување на востаниците, затоа тој бил сменет и на негово место бил поставен Насер паша.

План за задушување на востанието

Османлиска коњаница

Насер паша подготвил план за систематско уништување на востаниците. Востанатите територии ги поделил на сектори во зависнот од востаничките центри и топографски услови.

Во секој сектор биле испратени големи воени сили кој имале задача да ги опколлаат востаниците и постепено да го стегаат обрачот околу нив и натој начин да ги уништата востаниците.

Сепак терба да се истакане дека со овој план турската армија не успала да ги уништи воружените сили на Организацијата, востаниците од опколените области успевале навремено да се извлечат и да се префрлат во штотуку пребарани области, востаниците избегнувале дирекни судири со армијата.

Сепак турската армија со својата големина и оружје успеале да го задушаат востанието. Централната власт, подражана од германската дипломатија и наредила на својата армија да започне со систематско палење и уништување на христијанските села кое било проследено со колеж врз неборечкото населние. Главната цел на овој план не била да се уништат востаничките сили тука да се изврши притисок врз Македонската револуционерна организација, четите и востаниците да се откажат од борба.

Офанзива

Една од најжестоките и најкрвави борби во Пиринска Македонија се одиграла на 1 септември 1903 година кај селото Пирин.

Во таа борба учествувале 500 востаници под команда на Јане Сандански. Во текот на борбата паднале 7 востаници, а 80 Турци биле убиени или ранети. Јане Сандански води и втора голема битка кај Обротиште, Свети Тројца, на 13 септември загинуваат 2 востаници, а Турци можеби повеќе од 80.

Четите во Солунскиот Револуционерен Округ имале големи борби со турската војска кај „Баш-Бунар, Гандача, на Пајак Планина, и кај селата Постолар и Аматово - кукушка околија.

Во Охридската околија, во месноста Рашанец, планинска долина помеѓу селата Куратица, Речица, Свињишта, Олејница и Сирула. Тука бил еден од најглавните логори на востаниците со 1.700 мажи, жени и деца.

На 13 август логорот бил опколен со 10.000 турски војници со артилерија и товари петролеј за палење на шумата во близина на логорот. По десетчасовна борба, востаниците биле разбиени. 32 биле убиени, а другите стотина ја пробиле опсадата и се спасиле во планините. Во овој логор се убиени 158 ненаоружани мажи, жени и деца.

Други големи битки во Охридската околија се водени во селата: Сирула, Оздољани, Сошани, Издеглавје, Лешани, Локтиње, Слатино, Врбјани, Ботун, Брежани, Ташмаруништа и Вевчани.

Демобилизација

November 14, 1903 The New York Times

Палежите на селата, апелот на османкста власт за враќање на неселението по селата, советите на козулите, гаранциите за амнестија и гласините за реформи, допринеле Главниот штаб да почне да размислува за распуштање на востаничките сили.

На 2 октомври 1903 година, Главниот штаб над Смилевската корија донело одлука за организирана демобилизација на востаниците. Планот за демобилизација предвидувал, распуштање на востаниците и нивно враќање дома, собирање и складирање на оружјете, засолнување на компромитираните револуционерни раководители и дејции, раководниот кадар на теренот да биде сведен на минимум, а веднаш потоа Борис Сарафов заминал за Софија.

Даме Груев започанал со спроведување на планот за демобилизација и успеал да собере околу 350 пушки. Груев на компромитираните востаници им советувал да не се предваат на турската армија туку на дипломатсикте претстваници.

По објавувањето на демобилизацијата во Битолско останале Даме Груев, Атанас Лозанчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев и други.

Епилог

Последици

Востаничката територија

Во Битолскиот вилает се воделе 150 борби со 19.152 востаници против 292.735 противници. Убиени или ранети се 746 востаници, а 3.087 убиени или ранети Турци. Биле запалени 122 села со 8.646 куќи. Без покрив останале 51.606 жители, а бројот на убиени или заклани е 1.779 души.

Во Солунскиот вилает, од 2 август до 8 септември 1903 години дошло до 32 борби во кој паднале 109 востаници, додека во Скопскиот во неколку борби од 14 август до 14 ноември 1903 г. паднале 93 четника.

Во сите три вилаети во текот на востанието паднале 949 востаници во 197 борби.

Во текот на целото востание во Македонија во 1903 година настрадале 16 околии со 201 населено место. Биле изгорени 12.400 куќи, а без покрив останале 70.836 лица, биле убиени 8.816 мажи, жени и деца, 30.000 луѓе ги напуштиле своите родни места.

Во Одринскиот вилает или поточно во четирите кази на Лозенградскиот санџак — Лозенградска, М. Трновската, Василикоската и Визенската: 92 христиjaнски села 66 биле целосно или делумно опожарени. Од 17.754 христијански куќи биле изгорени 2.610. Убиени и заклани 2.565 души, Обезчестени жени и моми 920, грабнати 135, бездомени останале 12.880 души, а во Бугарија избегале 20.000 души [4].

Одглас

Илинденското востание претставувало непријатно изненадување не само за турската држава, туку и за многу други големи и мали држави во Европа, кои полагале право врз наследството на Османлиската империја.

September 02, 1903 The Courier

За Австро-Унгарија и царска Русија, на пример, тоа претставувало тешко искушение, бидејќи го рушело постојниот статус-кво на Балканот, за што особено се залагале двете големи сили при неможноста сами да ги реализираат своите аспирации врз Османската империја. Нивната цел била - со строго дозирани подобрувања во Македонија да се сочуваат секакви радикални решенија што би ги прејудицирале нивните намери.

За таа цел, во февруари 1903 година пред востанието, тие веќе изнудиле извесни анемични реформи од Османската империја. Другите европски сили биле не помалку заинтересирани за положбата во Македонија, односно во Османската империја, но и нивната дипломатија, со исклучок на повремени сондажни предлози, се држела настрана очекувајќи иницијативи од заинтересираните Австро-Унгарија и Русија, кои ќе ја смират положбата во Македонија.

За тоа да не се менува положбата на Балканот биле заинтересирани и малите балкански држави, кои аспирирале врз Македонија. Затоа ни тие не биле расположени за успех на востанието. За нив, позитивните резултати на ослободителната револуција во Македонија практично значеле пресекување на нивните територијални аспирации врз последната, а тоа значело пресекување и на илузиите за господство на Балканот. Тоа го определувало и нивниот негативен однос спрема Илинденското востание.

Прогресивната светска јавност се однесувала со искрени симпатии спрема борбата на македонскиот народ. Европскиот и светскиот печат бил преполн со вести за ситуацијата во Македонија, за крвавите репресалии на казнените експедиции на турската војска итн. Насекаде се дигнал бран од протести во полза на македонскиот народ. Под раководството на истакнати личности од областа на културата, уметноста и политичкиот живот, како Лав Толстој, Максим Горки, Анатол Франс, Жан Жорес, Виктор Берар, Франс де Пресанс, Артур Еванс, Хенри Брејлсфорд и други, се создало цело движење за помош на македонскиот народ.

Во Англија, Франција, Италија и САД се создале македонски комитети, кои станале организатори на импозантни митинзи. На пример, само во Англија биле одржани околу 200 Митинзи во полза на македонскиот народ биле одржани во Париз и Рим.

Оваа хумана акција ги зафатила и јужнословенските народи. Во Љубљана, Загреб, Белград, Софија, прогресивните општествени сили и прогресивната младина се дигнале во заштита на македонскиот народ и во прибирање помош за настраданото население. На тој начин, и покрај тешките последици што Илинденското востание ги остави зад себе во Македонија, тоа придонесе вистината за македонскиот народ, за неговата борба, за неговите стремежи во целата своја мака.

Мирцштешки реформи

Македонската револуционерна организација преку востанието успеала да ги депласира предвидените Падарски реформи и да ги раздвижи европските дипломати. Меѓу првите кој увидел дека се потребни нови реформи во Македонија бил австро-унгарскиот министер за надворешни работи Голуховски, но од негова страна немало конкретен предлог за нови реформи, до сличен заклучок дошла и Русија но ни таа не презела никакви мерки.

Податотека:Fjoseph1.jpg
Франц Јосиф I
Николај II

Англија и нејзиното минстерство за надворешни работи, согласност својата политика кон Балканскиот Полуостров предложила да на Македонија да и се даде автономија [2]. Таа успеал кон себе да ги придобие Италија и Франција, а преку последната и Русија. Меѓутоа кога дипломатските преставниците на овие држави таквиот предлог го преставиле предлогот во Цариград пред германскиот и австрискиот дипломат, тие категорични го отфрлиле таквиот предлог, изјавувајќи дека уште од времето на фервруарските реформи од 1903 година, големите сили им довериле мандат за спроведување реформи на Русија и Австро-Унгарија. Отука целиот процес се блокирал.

Под притисок на востанието меѓу европската дипломатија се јавиле две концепции за решавање на македонското прашање, англиската преку автономија и австриската преку реформи. Во текот на дипломатските игри австриската концепција преовладала. Австро-Унгарија неможејќи сама да го реши македонското прашање се свртела кон Германија. На 17 и 18 септември 1903 година во Виена пристигнал германскиот кајзер Вилхем. Во текот на оваа посета германксиот владетел изјавил дека:

... автономна Македонија би претставувала опасност, бидејќи со тек на време можела да се присоедини кон Бугарија со што би се нарушила постојната рамнотежа на Балканот[2]

Австро-Унгарија имајќи ја подршката на Германија се свртела кон Русија. Двете големи сили започнале преговори на највисоко ниво кои траеле од 30 септември до 3 октомври. Преговорите започнале во Виена, а потоа продолжиле во Мирцштег. Преговорите се воделе меѓу рускиот цар Николај II, австро-унгарскиот император Франц Јосиф I и нивните министри Ламздорф и Голуховски. Од овие преговори прозлегле Мирцштешките реформи [2]. Со нив било предвидено при главниот инспектор Хусеин Хилми Паша да се постават двајца цивилни агенти. Да се изврши реорганизација на жанадрмеријата од страна на странски генерал, за полесно спроведување на оваа точка било предвидено Македонија да биде поделена на сектори под раководство на разлчна голема сила. Реорганизација на правосудтвото и администрацијата, обешетување на настраданото население во текот на востанието, спроведување на февруарските реформи. На 23 ноември 1903 година реформите биле пррифатени од Високата Порта, но таа си го задржала правото на приговор по оделни точки. Реформите се однесувале само на Македонија, а биле иземени санџаците и вилаетите од останатите области на Балканскиот Полуостров.

Македонската револуционерна организација преку Илинденското востание успела да ги принуди големите сили дирекно да се вмешаат во решавањето на македонското прашање, кое до тогаш не било третирано оделно и преставувало дел од Источното прашање [2]. Меѓутоа Македонската револуционерна организација во својата понатамошна дејност ниту ги прифатила ниту ги отфрлила овие реформи таа едноствано ги игнорирала. Поради недостаток на политичко крило, Македонската револуционерна организација не ги искористила реформите кој биле донесени поради нејзината дејност и во текот на спроведувањето на овие реформи таа не станал чинител од тој процес. Реформите официјално завршиле со Младотурската револуција од 1908 година кога биле повлечени европските реформисти.

Извори

  1. Д. Димески, „Солунски јануарски конгрес на македонската револуционерна организација 1903 година“, ГИНИ, бр. 2, Скопје 2001и то тако (пичка ти се ебем)

    Горноџумајско востание

    {{Главна|Гор{{Главна|Горноџу{{Главна|Горноџу

    Кога веќе било евидентно дека ќе дојде до Горноџумајското востание, Централниот комитет сметал дека движењето на Врховниот комитет не е сериозно и опасно, се искажал против него и го осудил. Но по избувнувањето на востанието, ЦК почнал да наклонува кон востание . Нa 26 септември 1902 година ЦК во преписката до Задграничното претставништво истакнал дека „ако бугарската влада се ангажира да го покрене прашањето, да не се држи многу остар јазик кон врховистите јавно, подобро ќе биде и ние да го развееме знамето“. Кореспонденцијата меѓу ЦК и Задграничното претставништво укажува дека:

    ... прашањето за востанието се наметнало постепено, под притисок на врховистичкото востание. Евидентно е дека ЗП тоа го допуштало доколку дојде до усложнување на состојбата, и ако врховистичкото движење продолжи во зимата. Сфаќајќи го тоа, ЦК на чело со Гарванов, почнал алармантно да ја прикажува ситуацијата. Во реалност било поинаку

    Во почетокот на ноември „Врховистичкото востание“ спласнало и тогаш Иван Гарванов со новоназначените задгранични преставници Христо Матов и Христо Татарчев, во тајност од другите членови на Централниот комитет се решил за востание. Матов и Татарчев веднаш откако пристигнале во Софија на својата должност започнале преговори за помирување со Врховниот комитет врз основа за проширување на востанието. Тие тврделе дека тоа е желба на Централниот комитет, а за сето тоа ја имале поддршката на Иван Гарванов кој сакал помирување по секоја цена. Гарванов на 29 ноември 1902 година му пишал на Задграничното претставништво и истакнал:

    {{Цитатник|Ќе треба да се распределат сите горски сили и ште отсега да навлезат во земјата, да се стокми набрзо динамит и повеќе пушки, та напролет дај боже здравје да си ја пробаме среќата <ref name="SP">Станува збор за шифрирано писмо под бр. 22 од 29.11.1902

  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 Ванчо Ѓорѓиев „Слобода или Смрт: македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година“, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет, 2003.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Д-р Христо Татарчев, „Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност“, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995.
  4. 4,0 4,1 4,2 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)
  5. СПОМЕНИ НА ИВАНЪ АНАСТАСОВЪ ГЪРЧЕТО
  6. 6,0 6,1 6,2 Христо Андонов Полјански, „Гоце Делчев во спомените на современиците“, Скопје, 1963.
  7. Х. Силянов, цит. дело, т.1, 207-208
  8. Спомени на Јане Сандански
  9. Иванъ Кеповъ, Преди тридесетъ години, Ил. Илинден, V/3 (43), София, 1933
  10. Хр. КОцевъ, Прелюдия на Илинденъ, 20 юлий 1903 г., Сб. Илинденъ 1903-1922, София, 1922
  11. Спомени на П. Кљашев..., 242
  12. 12,0 12,1 Васил Чакаларов „Дневник 1901-1903 г.“
  13. Караманджуков, Христо. Родопа през Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на ОФ, София, 1986, стр.69-71.
  14. Георгиев Величко и Стайко Трифонов, История на българите 1878-1944 в документи, т.I, 1878-1912, част втора, София, 1996
  15. К. Битовски, Дипломатски одгласи по Илинденското востание..., 144
  16. Македонија во делата на странските патописци 1903, редактор: Александар Матовски, Скопје, ММVII
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со назив „vgj“ определена во <references> групата „“ нема содржина..

Надворешни врски


Статијата „Илинденско востание“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).