Јохан Бајер: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 8: | Ред 8: | ||
== Поврзано == |
== Поврзано == |
||
* [[Бајерово означување]] |
|||
* [[Јулиус Шилер]] |
* [[Јулиус Шилер]] |
||
* [[Џон Флемстид]] |
* [[Џон Флемстид]] |
Преработка од 12:09, 23 април 2011
Јохан Бајер (герм. Johann Bayer), (1572 – 7 март 1625) е германски правник и астрономски картограф. Роден е во 1572 г во Рајн, Баварија. Во 1592 запишал философски студии во Инголштат, а подоцна се преселил во Аугсбург и станал правник. Таму почнал да ја изучува и практикува астрономијата. Во 1612 станал правен советник на градската управа на Аугсбург. Починал во 1625.
Бајер е најпознат по неговиот ѕвезден атлас „Уранометрија“ (Uranometria, 1603), што претставува првиот атлас на сета небесна сфера.[1] Во него вовел нов систем на означување на ѕвездите, подоцна наречен „Бајерово означување“. Во делото се вклучени 12 нови соѕвездија од јужниот крај на небото што не им биле познати на старогрчките и римските астрономи.
Во негова чест е именуван кратерот Бајер на Месечината.
Поврзано
Наводи
- ↑ Asimov, Asimov's Biographical Encyclopedia of Science and Technology, II преработено издание
Надворешни врски
- Полн дигитален факсимил - Библиотека „Линда Хол“