Васил Иљоски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 92.53.28.92 (разговор), вратено на последната верзија на Brainmachine
Ред 74: Ред 74:
* „11 Октомври“
* „11 Октомври“
* „Кочо Рацин“, за книжевен опус на ИuО „Мисла“
* „Кочо Рацин“, за книжевен опус на ИuО „Мисла“
Мада Фака


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 14:59, 12 април 2011

Васил Иљоски
портрет на Васил Иљоски.
Занимањеписател, професор, есеист.
НародностМакедонец
Апсолвент наФилозофски факултет во Скопје
Жанрдрама
Значајни делаБегалка

Васил Иљоски (Крушево, Македонија, 20 декември 1902 - Скопје, Македонија, 1 ноември 1995) бил македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Васил Иљоски бил единствениот македонски писател кој цели пет децении останал ангажиран во областа на литературното македонско драмско творештво.[1]

Васил Иљоски се школувал во Куманово и Скопје. Тој завршил Филозофски факултет во Скопје за подоцна да биде професор на Педагошката академија. Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија од нејзиното основање во 1947 година па сè до неговата смрт.

Биографија

Васил Иљоски бил роден во Крушево, спроти големите историски настани во овој град во 1902 година. Основното образование го завршил во градот Куманово. За тоа време тој му помагал на својот татко во нивната семејсна столарска работилница. И покрај тоа што тој работел како занаетчија во раните години од животот, Васил не станал занаетчија. Тој продолжил со своето образование и се запишал во кумановската гимназија и кога завршил средно училиште се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, Иљоски работел како суплент во Кимановската гимназија, но набрзо бил преместен - повеќе од казна - порадиизвесни обиди низ книжевните текстови да проговори на македонски јазик. По ослободувањето Васил Иљоски имал раководни фукнции во просветата, а се пензионирал како професор на Вишата педагошка академија во Скопје.[1]

Васил Иљоски уште како ученик пројавувал интересирање за книжевноста. Од тоа време датираат неговите први обиди и самиот да пишува, како член на литературната дружина во гимназијата. Особено силен впечаток му оставил сценскиот збор, па така и првиот јавен настап на Васил Иљоски во книжевноста бил направен со еден драмски текст по име „По матурата“. Тоа била едночинка, во која наместа прозвучил македонскиот јазик. Самиот автор учествувал како актер при поставувањето на овој текст на сцената, подготвен од школската дилетантска дружина. Со оваа претстава, користејќи една екскурзија, членовите на дружината гостувале и во неколку други места.[1]

Охрабрен од првиот успех, Иљоски уште поактивно започнал да твори. Со хумористичниот драмски текст „Бура поради електриката“, кој бил изведен на сцена со актерско учество на авторот, ги измамил и првите печатени пофалби во локалната периодика. Тие биле скромни, но и достатен поттик за нови твречки усилби.[1]

Некаде во 1926 година Иљоски ја започнал работата над своето прво посериозно драмско дело со првично име „Бежанка“. По две години текстот веќе бил и подготвен за изведба на сцената на Скопскиот народен театар, но овој пат со ново име - „Ленче Кумановче“. Драмата била напишана и изведена на кумановски дијалект. Таа побудила голем интерес кај публиката, но набрзо била симната од репертоарот поради интервенцијата на властите кои не можеле да дозволат од такво јавно место од сцената на народниот театар да прозвучи македонски збор. Токму поради тоа младиот професор по книжевност ја загубил и својата служба во Куманово.[1]

Тоа е всушност истата драма која денес се нарекува Бегалка според првичниот наслов. Во јазична смисла, денес е популарна сосема новата варијанта, односно денешниот попоуларен текст е изведнуван на литературен македонски јазик, со извесни дијалектизми што на текстот му даваат специфичен колорит.[1]

По надживеаните перипетии со оваа драма, Васил Иљоски во периодот пред избувнувањето на Втората светска војна, напишал уште неколку драмски текстови како „Нагазил човекот“ која била изведена во народниот театар во 1937 година, потоа „Биро за безработни“ и „Ученичка авантура“. И двата последни текста била напишани на српски јазик поради јасните политички околности. Драмата „Биро за безработни“ сепак не била изведена на сцена, иако се наоѓала на репертоарниот список на театарот во Скопје за сезоната 1939-1940 година. Причината за нејзиното неизведување се криела во „нескриените политички алузии“, во нејзината социјална тема која би исфрлила на површина извесни, за властите многу непријатни, вистини и проблеми.[1]

Творештво

  • Ленче Кумановче“ односно „Бегалка“ (пиеса, 1926) [2]
  • „Чорбаџи Теодос“ (комедија, 1937) [3]
  • „Ученичка авантура“ (1939)
  • „Биро за безработни“
  • „Пиши, Панче“ (пиеска, 1947)
  • „Два спрема еден“ (1952)
  • „Чест“ (драма, 1953) [4]
  • „Кузман Капидан“ (1954)
  • „Син и татко“ (1955)
  • „Допирни точки“ (1959)
  • „Окрвавен камен“ (1968)
  • „Свадба“ (комедија, 1976)
  • „Смрт за живот“ (1988)

Интегрално неговото творештво е претставено во тритомниот Избор (1978) во кој се објавени: Бегалка, Чорбаџи Теодос, Чест, Кузман Капидан, (прв том), Млади синови, Окрвавен камен, Два спрема еден, Допирни точки, Свадба (втор том), научни и есеистички трудови (трет том).

Награди

  • АВНОЈ
  • „11 Октомври“
  • „Кочо Рацин“, за книжевен опус на ИuО „Мисла“

Мада Фака

Наводи

Надворешни врски

Предлошка:Македонска Литература