Константин I и христијанството: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 44: Ред 44:


Мајка му Елена, го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка на душата гледал како римските војници ги мачат и убиваат христијаните. Кога станал император тој раководел со мудрост и разбирање за сите поданици на империјата.
Мајка му Елена, го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка на душата гледал како римските војници ги мачат и убиваат христијаните. Кога станал император тој раководел со мудрост и разбирање за сите поданици на империјата.

== Битката на Милвианскиот мост ==

По смртта на [[Галериј]] во [[311]] година, римската империја била управувана од страна на [[Максенциј]] (306–312), [[Максимин Даја]] (310–313), [[Лициниј]] (308–324) и самиот Константин. [[Максенциј]], исто како и Константин, посакувал својата власт да не се ограничува со налозите дадени од страна на останатите владетели односно од страна на [[Тетрахија]]та.

Во текот на 312 година, Константин со 40.000 војници се упатил од Британија кон Италија. Од друга страна пак, Максенциј го чекал Константин со армија од околу 75.000 до 120.000 војници.


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 19:19, 1 април 2011

Constantine the Great
mosaic in Hagia Sophia, Constantinople, c. 1000
Isapostolos, 13th Apostle
Born Feb 27, 272 in Naissus, Roman Empire (now Niš, Serbia)
Died May 22, 337 in Nicomedia, Roman Empire (now İzmit, Turkey)
Venerated in Eastern Orthodoxy
Major shrine Church of the Holy Apostles
Feast May 21
Attributes In hoc signo vinces, Labarum
Troparion From the Byzantine Menaion Your servant Constantine, O Lord and only Lover of Man, beheld the figure of the Cross in the Heavens; and like Paul (not having received his call from men, but as an Apostle among rulers set by Your hand over the royal city) he preserved lasting peace through the prayers of the Theotokos.

Римскиот император Константин Велики го прифатил христијанството по неговата победа во Битката на Милвианскиот мост во 312 година[1]. Во текот на неговото владеење, христијанството станало доминантна религија во Римската Империја, а со ова тој станал и првиот христијански император, кој од страна на денешната Православна црква се смета за светец.

Константин пред битката погледнал нагоре кон сонцето и видел голем светлосен крст со натпис на грчки: "ΕΝ ΤΟΥΤΩ ΝΙΚΑ" По ова, Константин наредил штитовите на секој војник да се украсат со христијански симбол (Чипо)[2] . Во битката, Константин излегол на крај како победник и завладеал со целата империја. Колку Константин го прифатил христијанството во тој период е тешко за објаснување. Највлијателните соработници на Константин сѐ уште биле со пагански обичаи. На римските монети, кои биле направени по осум години по Битката на Милвианскиот мост, сѐ уште биле насликани римските богови[3].

Христијанската свест на Константин Велики му била наложена од неговата мајка, Света Елена. Денес, постои научен спор за тоа дали Константин христијанството го примил во младоста, во текот на својот живот или непосредно пред смртта.[4].

Константин Велики има голема улога во историјата на христијанството. Тој е еден од главните финансиери на црквата, изградил многу базилики, ја ослободил црквата од многу даноци и на тој начин го помагал распространувањето на христијанството. Во периодот од 324 до 330 година ја преместил престолнината на империјата од Рим во Византион, град кој подоцна во негова чест е наречен Константинопол. Градот го изградил во духот на новата религија со многу цркви и со одбранбени ѕидини. Во Новиот Рим, како што бил нарекуван, не постоеле пагански храмови. Константин бил крстен на смртното легло.

Позадина

Првите три века од историјата на христијанството се проследени со жестоко прогонување на христијанските верници, но сепак бројот на неговите приврзаници постојано се зголемувал. Во 4 век за време на римските императори Диоклецијан и Максимилијан, прогоните биле најжестоки. Биле разрушени голем дел од христијанските храмови, христијанските книги биле забранети и палени, а христијаните биле подложувани на најжестоки измачувања.

Во времето на Констанциј Флор, татко на Константин, односот кон христијаните започнал да се променува. Константин бил најстариот син на римскиот император Констанциј Флор, и императорката Света Елена. Констанциј имал и други деца од друга жена, а со Елена го имал само Константин. Кога татко му починал во Англија во 306 година како император на римскиот престол, Константин го заменил на императорскиот престол.

Мајка му Елена, го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка на душата гледал како римските војници ги мачат и убиваат христијаните. Кога станал император тој раководел со мудрост и разбирање за сите поданици на империјата.

Битката на Милвианскиот мост

По смртта на Галериј во 311 година, римската империја била управувана од страна на Максенциј (306–312), Максимин Даја (310–313), Лициниј (308–324) и самиот Константин. Максенциј, исто како и Константин, посакувал својата власт да не се ограничува со налозите дадени од страна на останатите владетели односно од страна на Тетрахијата.

Во текот на 312 година, Константин со 40.000 војници се упатил од Британија кон Италија. Од друга страна пак, Максенциј го чекал Константин со армија од околу 75.000 до 120.000 војници.

Наводи

  1. [1]
  2. R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55; cf. Eusebius, Life of Constantine
  3. R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55
  4. R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55