Компир: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.2) (Бот Додава: diq:Kartole
с r2.7.1) (Бот Додава: fy:Ierdappel
Ред 104: Ред 104:
[[fa:سیب‌زمینی]]
[[fa:سیب‌زمینی]]
[[fr:Pomme de terre]]
[[fr:Pomme de terre]]
[[fy:Ierdappel]]
[[ff:Kudaku]]
[[ff:Kudaku]]
[[ga:Práta]]
[[ga:Práta]]
Ред 131: Ред 132:
[[rw:Ikirayi]]
[[rw:Ikirayi]]
[[sw:Kiazi cha kizungu]]
[[sw:Kiazi cha kizungu]]
[[koi:Картов]]
[[kv:Картупель]]
[[kv:Картупель]]
[[ht:Pòm tè]]
[[ht:Pòm tè]]
Ред 159: Ред 159:
[[pfl:Grumbeerknolle]]
[[pfl:Grumbeerknolle]]
[[pnb:آلو]]
[[pnb:آلو]]
[[koi:Картов]]
[[pcd:Pétote]]
[[pcd:Pétote]]
[[nds:Kantüffel]]
[[nds:Kantüffel]]

Преработка од 22:56, 26 март 2011

Компир
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Asterids
Ред: Solanales
Семејство: Solanaceae
Род: Solanum
Вид: S. tuberosum
Научен назив
Solanum tuberosum
L.

Компирот е растение од видот скриеносеменици од фамилијата помошничка (Solanaceae). Се одгледува во сите делови на Земјата и се користи за исхрана на луѓето и домашните животни, бидејќи поседува подземно стебло богато со скроб. Потекнува од Јужна Америка, поточно од Андите. Видот е доместифициран во јужниот дел на Перу[1], а во Европа го донеле Шпанците во средината на 16 век.

Ботанички опис на растението

Компирот е повеќегодишно зелјесто растение, од животната форма геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на фертилните вариетети се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот. Често кртолите се нарекуваат плодови на компирот, но тоа ботанички е неисправно. Во плодот може да се најдат и до 300 парчиња од семето.

Историја

Доместификацијата на компирот била предмет на големи претпоставки. Примероците што ги опишал Карл фон Лине припаѓале на подвидот -{S. tuberosum ssp. tuberosum}- кој расте во шумите на архипелагот Чилое.

Меѓутоа, археолошките докази сепак не наведувале на никакви конкретни и дефинитивни заклучоци, што одело во прилог на можната теза за „дуално потекло“ на компирот, со главен центар на Андите во Перу и Боливија, и со спореден центар во Архипелагот Чилое[2] што ја предложил ботаничарот и генетичар Николај Иванович Вавилов во својата студија за географијата на доместицираните растенија. Во склад со оваа теорија, еден подвид потекнува од висорамнините каде Инките и Тиванаките веројатно ја доместифицирале во 7. милениум п.н.е., додека другата потекнува од архипелагот Чилое.

Контроверзата се разрешила во 2005 година, кога е објавена генетичката студија што ја водел и спровел ботаничарот Дејвид Спунер од Универзитетот во Висконсин. Спунер е стручњак кој работи на Отсекот за земјоделство во САД. Преку анализи на генетските ознаки кај околу 360 видови компир, тој констатирал дека „сите видови што се одгледуваат денес потекнуваат од доместификацијата -{S. bukasovii}- од југот на Перу и западна Боливија“, што се случила пред околу 8000 години п.н.е.

Многу од овие видови потекнуваат од чилеанскиот хибрид добиен со вкрстување на овој вид и еден див вариетет што расте во пампите[3], со што се добила -{S. tuberosum ssp. tuberosum}-, од која денес потекнуваат најмалку 286 домашни видови[4], што во секој случај не ги прави задолжително[5] предци на илјадници други вариетети на овој подвид што денес постои и најмногу се одгледува во светот.[6]. Основна разлика меѓу овој и -{S. tuberosum ssp. andigena}-, првобитниот компир од перуанските Анди, е во циклусот на светлината што им е потребна: додека перуанскиот подвид е прилагоден на кратки денови, не цвета, ниту произведува корен ако премногу е изложен на светлина, подвидот -{tuberosum}- бара многу светлина.

Теоријата за перуанското потекло на компирот е доста стара и се проценува дека во Перу има повеќе од 3.000 различни домашни видови компир, а некои од нив не можат да се одгледуваат надвор од Перу затоа што бараат специфични климатски и агроеколошки услови[7].

Почеток на користењето на компирот во Европа

Голем број видови на одгледуван зеленчук потекнуваат од територијата на Јужна Америка, и повеќето од нив во Европа се воведени во употреба набрзо по патувањето на Колумбо во 1492 година, но компирот е увезен многу подоцна. Причината за ова “доцнење“ може да се најде во податокот дека се одгледувал во повисоките предели на Андите, кои Шпанците ги посетиле дури во 1532 година. За првпат компирот во Колумбија во литературата се споменува во 1537 година (го споменува Педро Сиеса Леон, современик на Франциско Пизаро), а како ново растение е опишан дури во 1552 година. Датумот на пренесување на компирот во Европа се уште не е утврден (и веројатно не е ни запишан), но може да се утврди најраното присуство на компирот на европскиот континент.[8]

Компирот во 1588 година веќе бил познат и одгледуван во одредени делови на Италија, што укажува на уште порана широка употреба на ова растение во Шпанија[9]. Постојат индиции дека одгледувањето на компирот во Шпанија постоело пред 1573 година[9]. Неодамна се пронајдени податоци за извоз на компир од Канарските острови за Антверпен во ноември 1567 година. Ако се претпостави дека веројатно е одгледуван барем пет години на Канарските острови, годините околу 1562-та би можеле да се означат како години на интродукција на компирот во Европа[8]. Ово би значело дека компирот во Европа стигнал само десет години по опишувањето на видот, односно околу 30 години по Пизаро[8], како и дека најпрвин се одгледувал на островите, а дури подоцна и во континентална Шпанија.

Останати податоци

Компирот е една од поважните намирници во човековата исхрана, а бил многу значаен во искоренувањето на гладта во Европа. Во исхраната на човекот се употребува варен и печен, додека суров е благо отровен. Со индустриска постапка од компирот се добива скроб, а со сечење на компирот на тенки листови, потоа со отстранување на скробот и пржење во врело масло се добива чипс. Компирот го напаѓа инсектот компирова златица која може да биде погубна за родот.

Надворешни врски

Литература

  1. Генетички податоци за единствениот случај на доместификација на компирот
  2. -{Вавилов, Николай И. (Vavilov, Nikolai I) ([1940] 1987), Учение о происхождении культурных растений после Дарвина, Ленинград: Советская наука}- .
  3. -{Spooner, David M.; McLean, Karen; Ramsay, Gavin; Waugh, Robbie; y Bryan, Glenn J. (2005): "A single domestication for potato based on multilocus amplified fragment length polymorphism genotyping", en Proceedings of the National Academy of Sciences, vol. , Nº 102.}-
  4. -{Proyecto UACh-FIA busca rescatar variedades de papas chilotas, Facultad de Ciencias Agrarias UACh (On line)}- [март, 2007]
  5. -{Contreras M., Andrés, Germoplasma chileno de papas (Solanum spp.), Instituto de Producción y Sanidad Vegetal, Universidad Austral de Chile, Facultad de Ciencias Agrarias UACh (On line)}- март, 2007.
  6. -{Turner, Stephen and Molyneaux, Heather (2004), Agricultural Science, Potato Breeding, and the Fredericton Experimental Station, 1912-1966, Acadiensis [Online], vol. 33 nº 2}- март, 2007
  7. -{Centro Internacional de la Papa (2006), Papas nativas poseen ventajas comparativas que deben ser aprovechadas (2006)}-
  8. 8,0 8,1 8,2 Hawkes, J. G. & Francisco-Ortega, J. 1993. The early history of the potato in Europe. Euphytica (70):1-2. pp: 1-7. DOI:10.1007/BF00029633
  9. 9,0 9,1 Redcliffe N. S. 1985.The History and Social Influence of the Potato (2nd Edition). Cambridge University Press. ISBN: 0521077834.

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA