Витамин: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: jv:Vitamin
FoxBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: kk:Дәрумен
Ред 69: Ред 69:
[[kn:ಜೀವಸತ್ವಗಳು]]
[[kn:ಜೀವಸತ್ವಗಳು]]
[[ka:ვიტამინები]]
[[ka:ვიტამინები]]
[[kk:Дәрумен]]
[[la:Vitaminum]]
[[la:Vitaminum]]
[[lv:Vitamīni]]
[[lv:Vitamīni]]

Преработка од 19:06, 18 март 2011

Витамините (латински: vita-живот) се комплексни соединенија со различна хемиска природа, кои, како што кажува самото име, се мошне важни за животот на една индивидуа. Поточно, тие во многу мали количини се потребни за растењето, нормалното функционирање на клетките и ткивата и општо, за одржување на здравјето. Растенијата и некои микроорганизми се способни сами да ги синтетизираат витамините, додека животните мора да ги внесуваат со храната. Витамините се среќаваат во две основни форми: активна (дејствуваат веднаш во организмот) и неактивна (за да дејствуваат, треба да се активираат). Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма, но има и такви, како витамините A и D кои се внесуваат во организмот во неактивна форма. Витамините во неактивна форма се означуваат како провитамини. Сите витамини растворливи во вода, освен витаминот C, влегуваат во структурата на одредени ензими како коензими. Делумниот недостиг на определен витамин во организмот се нарекува хиповитаминоза, додека целосниот недостиг-авитаминоза. Меѓутоа, и преголемата застапеност на одреден витамин во организмот е штетна, состојба означена како хипервитаминоза. При различните хипо-, а- или хипервитаминози, доаѓа до различни нарушувања на организмот. Витамините се делат на витамини растворливи во вода и витамини растворливи во масти.

Табела: Преглед на витамините и нивното дејство

Витамини Значење и во што се раствора Дефицит и авитаминози Хиповитаминози Природни извори
B1 (Тиамин)
Водорастворлив. Метаболизам на јаглехидрати Парализа и атрофија на мускулите Бери-бери (Полинеуритис) Месо, црн дроб, јајца, лушпи од жито, мешунки, орев и др.
B2 (Рибофлавин)
Водорастворлив. Коензим FMN (флавин-мононуклеотид), FAD (флавин-аденин-динуклеотид) Воспаление во аглите на устата Дерматитис, снежно слепило Млеко, јајце, риба, внатрешни органи, спанаќ, грашак и др.
PP (Нијацин)
Водорастворлив. Коензим NAD (никотинамид аденин динуклеотид) и NADP (никотинамид аденин динуклеотид фосфат) Застој во растот и во развитокот на ЦНС Пелагра Месо, црн дроб, компир, квасец и др.
B6 (Пиридоксин)
Водорастворлив. Метаболизам на амино киселини Ретко Ретко Мешунки, житни и градинарски растенија, јајца, црн дроб, млеко и др.
Пантотенска киселина
Водорастворлив. Коензим А, метаболизам на глукоза и масни киселини Ретко Burning foot синдром Не се среќава слободна во природата
Фолна киселина
Водорастворлив. Метаболизам на нуклеински и амино киселини Недиференцирани (големи) еритроцити, вртоглавица, исцрпеност Мегалобластна анемија Во темно-зелени делови на растенијата, месо, ја синтетизираат микроорганизми
В12 (Кобаламин)
Водорастворлив. Создавање и созревање на еритроцити, метаболизам на амино к-ни, синтеза на масти и гликоген Вртоглавица, физичка слабост, намалена вредност на хемоглобин Пернициозна анемија Месо, пилешко, риба, жолток од јајце, црн дроб
С (Аскорбинска киселина)
Водорастворлив. Структурна улога во коските, забите,формирање на колаген, метаболизам на шеќери Крвавење на непцата, пукање на крвни садови (модринки) Скорбут Во сите свежи овошки, зеленчук, особено во пиперките, шипките, доматите и др.
А (Ретинол)
Масторастворлив. Синтеза на родопсин, формирање на коски, заби, епителизација Воспалителни процеси на слузокожата и рожницата на окото Кокошкино слепило, ксерофталмија Се формира од каротинот во темножолтиот и зелен лиснат зеленчук, жолток од јајце, риба, црн дроб
D2, D3 се добиваат со UV зрачење од провитамини
Масторастворливи. Поттикнуваат растење на коските, минерализација и апсорпција на Са++ Меки, еластични коски, губење на апетит, застој во растот и развојот Рахитис Во црн дроб, морски плодови, риба, жолток од јајце, рибино масло
К (Филохинон)
Масторастворлив. Фактор на коагулацијата, транспорт на електрони при синтеза на АТР Спречува крвавење Хеморагија Најмногу се создава од бактериите на дебелото црево. Се содржи во карфиол, лиснат зеленчук и др.