Римски диктатор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: bg:Диктатор
с r2.7.1) (Бот Додава: nap:Dittatòr romano
Ред 47: Ред 47:
[[nl:Dictator (Rome)]]
[[nl:Dictator (Rome)]]
[[ja:独裁官]]
[[ja:独裁官]]
[[nap:Dittatòr romano]]
[[no:Diktator (romersk)]]
[[no:Diktator (romersk)]]
[[pt:Ditador romano]]
[[pt:Ditador romano]]

Преработка од 14:10, 17 март 2011

Предлошка:Политики на Стариот Рим Во периодите кога Римската држава, обично по продирањето на варварите, ќе се нашла во состојба на вонредна опасност (“криза“), Сенатот, исклучиво според критериумот на граѓански углед, именувал диктатор со неограничени овластувања[1]. Диктаторот имал овластувања само додека траела опасноста и единствена задача му била со сите можни средства да ја отстрани опасноста од државата и повторно да ја воспостави нормалната состојба. Со престанокот на кризата и мандатот на диктаторот му престанувал, а тој се враќал на положбата што ја имал пред именувањето, додека врховната власт повторно ја преземал Сенатот.

Ако именуваниот диктатор и по престанувањето на опасноста (кризата), со злоупотреба на неограничените овластувања и заповедничката моќ, ги задржи таквите овластувања, тој станува тиранин, а неговата власт се нарекува тиранија.

Ако пак, за да ги задржи диктаторските овластувања и моќ, ја продолжува состојбата на вонредна опасност, предизвикувајќи кризи, тогаш неговата власт се нарекува терор, а тој станува терорист.

Попис на римските диктатори

Наводи