Хрватска: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Mercy (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 91.76.105.74 (разговор), вратено на последната верзија на WikitanvirBot
Ред 217: Ред 217:
; Други
; Други
* [http://www.kultura.hr/eng/ Хрватско културно наследство]
* [http://www.kultura.hr/eng/ Хрватско културно наследство]
* [http://www.horvatia.info/ Хрватска INFO]
* [http://www.vremenska-prognoza.net/weather-forecast.html Време во Хрватска]
* [http://www.vremenska-prognoza.net/weather-forecast.html Време во Хрватска]



Преработка од 11:05, 16 март 2011

Република Хрватска
Republika Hrvatska
Знаме Грб
ХимнаLijepa naša domovino
Лијепа наша домовино
Убава наша татковино
Местоположбата на  Хрватска  (портокалова) на Европскиот континент  (бела)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Хрватска  (портокалова)

на Европскиот континент  (бела)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Хрватска  (портокалова)

на Европскиот континент  (бела)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Загреб
45°48′N 16°0′E / 45.800° СГШ; 16.000° ИГД / 45.800; 16.000
Службен јазик Хрватски1
Демоним Хрват
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Иво Јосиповиќ
 •  Премиер Јадранка Косор
 •  Претседател на Парламентот Лука Бебиќ
Основана
 •  Основана Прва половина
на VII век 
 •  Средовековно војводство 4 март, 852 
 •  Признавање од Папата 21 мај, 879 
 •  Воздигнување на ниво на кралство 925 
 •  Сојуз со Унгарија 1102 
 •  Приклучување кон
Хабсбуршката Империја
1 јануари, 1527 
 •  Независност од Австро-Унгарија
29 октомври, 1918 
 •  Приклучување кон Југославија (ко-основач)
1 декември, 1918 
 •  Прогласување на независност 25 јуни, 1991 
Површина
 •  Вкупна 56.542 км2 (126та)
 •  Вода (%) 0,2
Население
 •  проценка за 2008 г. 4.491.543[1] (114та)
 •  Попис 2001 4.437.460 
 •  Густина 81 жит/км2 (115та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $73,087 билиони[2] 
 •  По жител $16.754[2] (51ва)
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $63,948 билиони[2] 
 •  По жител $14.414[2] 
Џиниев коеф. (2005)29
низок
ИЧР (2006) 0,862
Error: Invalid HDI value · 45та
Валута куна (HRK)
Часовен појас СЕВ (UTC+1)
 •  (ЛСВ) СЕЛВ (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .hr
Повик. бр. 385
1. Исто и италијанскиот во Истра и јазиците на други националности (српски, унгарски, чешки, словачки, итн.) во општинските заедници на националностите.

Хрватска (хрватски: Hrvatska) или официјално Република Хрватска (Republika Hrvatska) е држава на Балканскиот Полуостров која е географски сместена на раскрсницата на патиштата за Средна Европа и Средоземјето. Главниот град на Хрватска е Загреб. Граничи со Словенија и Унгарија на север, со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на исток. Го завзема најголемиот дел на источниот брег на Јадранско Море. Во втората половина на 20-тиот век претставува република во рамките на СФР Југославија, но прогласува независност во 1991. Претставува кандидат за членство во Европската Унија и е член на НАТО.

Административно, земјата е поделена на жупании и општини.

Историја

Постара историја

Доаѓање на Хрватите.

Први познати племиња на територијата на денешна Хрватска биле Илирите и Келтите во внатрешноста, како и Хистрите, Либурните, Јаподите и Далматите на јадранскиот брег. Во 4 век п.н.е. на јужен и среден Јадран се создале грчки колонии, а во 1 век п.н.е. територијата постепено станала дел од Римското Царство. Најроманизирани биле Истра и провинцијата Далмација, Словенски Хрвати се населиле во 7 и 8 век, римски останале само островите, како и градовите во Далмација и Истра. Доселениците набрзо го примиле христијанството, а во Нин уште во 9 век е создадена првата хрватска бискупија. Спорот помегу Византија и државата на Франките на Карло Велики завршил со Мирот во Ахен (812 год.), со која далматските градови ги задржала Византија, а другите области ги добиле Франките. На јакнеењето на нивната власт безуспешно се обидел да се протистави кнезот Људевит Посавски (819—822 год.).

Првата хрватска држава

Бачка плоча.

Во 9 век с.Далмација, меѓу Цетина и Велебит, се создало јадрото на хрватската држава, од каде за време на владеењето на домашните кнезови од семејството наследници на кнезот Трпимир (845—864 год.) постепено се проширила на далматските градови (околу 1018—1107 год. под власта на Венецијанците). Најмоќен меѓу нив бил кнезот Томислав (910—928 год.), кој на Драва го запрел навлегувањето на Унгарците, кој, како византиски сојузник, успешно војувал со Бугарите и во 925 год. се крунисал за крал. По смртта на кралот Звонимир (1075-89 год.) дошло до остри внатрешни судири, што ги искористил унгарскиот крал Коломан со семејството Арпадовиќ и ја освоил цела Хрватска. Во 1102 год. во Биоград се крунисал за хрватски крал, а 1107 год. ги добил и далматинските градови. Оттогаш се до 1918 год. Хрватска се развила како повеќе или помалку автономна државна творба во составот на унгарската држава, а разликите меѓу Славонија и Хрватска и областа на јужно од Гвозд (Велика Капела) постојано се зголемувал.

Турски освојувања

Никола Зрински.

Во битката на Крбавското Поле (9.9.1493 год.) Турците ја поразиле војската на хрватското благородништво, со што во следните 100 години се отворил пат за пробивање во Средна Европа. По поразот на Унгарците кај битката Мохач (29.8.1526 год.). Хабсбурговците ги оствариле своите наследни права на унгарскиот престол, а Хрватскиот сабор во 1527 год. го избрал надвојводата Фердинанд за хрватски крал. Фердинанд ја укинал дотогашната поделба на Хрватското кралството на Славонија и Хрватска со Далмација, а во 1558 год. се здружиле двата одвоени сабора. Турците во тој период ја освоиле областа меѓу Уна, Корана и Глина, така што навлегле се до долна Купа. По повлекувањето на хрватското население пред нивните освојувања, Турците во населените области населиле нехрватско, главно православно население од внатрешноста на Балканот. Хабсбурговците во средината на 16 век на поголемиот дел на Хрватска ја создале Воена Краина, која била непосредно подредена на владетелот, а за воените прашања на Воениот совет во Грац, така што другиот дел на автономна Хрватска преставувала т.н. „остатоци на остатоците од некогашното славно хрватско кралство“ (околу 10.000 км2)

Под Хабсбурговците

Јосип Јелачиќ.

Поразот на Турците во битката кај Сисак (22.6.1593 год.) значел почеток на нивното повлекување од хрватската територија. Со Мирот во Варшава (1664 огд.) престанале нивните упади, но австриските владетели не сакале да ја укинат Воена Краина и продолжиле со војната против Турците. Сојузништвото на унгарското и хрватското благородништво, што го воделе Никола Зрински и Фран Крсто Франкопан, завршило со нивното соборување од власт (1671 год.), а Хабсбурговците во Хрватска се повеќе го воведувале апсолутизмот. По Мирот во Сремски Карловац (1699 год.) Турците се повлекле од повеќето хрватски територии. Хабсбуршката Монархија го продолжила порано почнатото населување на православните бегалци во пограничните области на Хрватска кон Османското Царство, во Лика, Кордун, Бановина и во делови на Славонија, а исто така и Венецијанската Република во Далматинска Загора. Марија Терезија во 1799 год. со укинувањето на Кралскиот совет во Загреб целосно ја укинала хрватската автономија, а за време на Јосип Втори Хрватска и правно станала дел од Унгарија. Кога со Мирот во Кампоформија (1797 год.) е распуштена Венецијанската Република, Далмација станала наследна земја на Хабсбурговците и не се обединила со Хрватска. Исто така, во 1808 год. укината е и автономијана на Дубровничката Република.

Географија и клима

Карта на Хрватска.
Плитвички езера.
Дубровник.

Хрватска се наоѓа во Југоисточна Европа меѓу Средна Европа и Медитеранот. Се дели на три региони: низинска, планинска и приморска Хрватска. Повеќе од половина од територијата се рамнини и ритчиња на Панонскиот базен на север (низинска Хрватска). На истол се низинските покраини Срем и Барања, кои кон запад продолжуваат во Славонија и во широките рамнини покрај Сава и покрај Драва. Во западниот дел на Славонија среде рамнината се издигаат шумовити планини (Папук 953 м, Псуњ 984м), а меѓу нив е ридестата Пожешка Котлина. Кон запад планините се спуштаат во широка, малку повлажна рамнина покрај Илова, Чешма и Лоњ, над кои на север се издига околу 60 км долгата Билогора (309м) и на југ Мославачка Гора (489м). На крајниот северо-запад се наоѓа рамничарското Меѓумурје меѓу Драва и Мура, како и ридестото Хрватско Загорје, кои достигнуваат до најисточните шумовити падини на Предалпските Планини (Жумберачка Гора 1181 м, Иванчица 1059 м, Медведница 1035м). Рамнината продолжува по текот на Купа кон југо-запад во Карловачкиот базен, кој кон југ постепено преминува во нискиот карст на Кордун со Петрова Гора (512м), а на југо-исток во ниските планини на Банија (Зринска Гора 616м). Планинска Хрватска опфаќа дел од Динарските Планини и преставува голема географска преграда меѓу континентална и средоземна Хрватска. Поголем дел се наоѓа на надморска височина меѓу 500 и 1000 м; карактеристична е насоченоста од северо-запад кон југо-исток. Преовладуваат мезозојски варовници така што поголемиот дел од релјефот добил особеност на карст, шумовит е и многу ретко населен. На северо-запад е планинскиот Горски Котар со пространи шуми (Белоласица 1533 м, Велики Рисњак 1528м), кон југо-исток пространата висорамнина Лика (500—700м), со Личко 465км², Гатцко 80км² и Крбавско Кршко Поле 67км², како и 145 км долгиот планински венец Велебит којшто ја одвојува од Јадранското Море (Вагански врв 1758м). Во продолжение на сообраќајниот многу важен премин од Лика и долинта на Уна кон Книн по должината на границата од Босна и Херцеговина се издигнува 80 км долгиот и карпест планински венец Динара со највисокиот врв во Хрватска Динара 1831 м. Во приморска Хрватска преовладуваат многу варовници меѓу кои е тесниот појас на еоценски флиш (сред. Истра, Винодол, Равни Котари, Конавле) и карстните полиња во внатрешноста на Далмација, на пример Имотско 95км², Сињско 64км², Петрово 57км², Вргорачко 37км² и Дицмо 35км². Бидејќи повеќето варовничките планини се издигаат веднаш над брегот (Велебит, Мосор, Биоково), приморјето е многу тесно, пошироко е само на полуостровот Истра (3130км²), во заднината на Задар и Шибеник (Равни Котари), како и по делтата на Неретва. Во Јадранското Море на Хрватска и припаѓаат 718 поголеми и помали острови (67 населени) коишто, исто така, се ридести, изградени од креден варовник и карстни. Поголеми острови се: Крк (406км²), Црес (406км²), Брач (395км²), Хвар (300км²), Паг (285км²), Корчула (276км²), Дуги Оток (114км²), Млет (100км²), Раб (91км²) и многу други. На Хрватска и припаѓа поразгранетиот и многу живописен дел од источниот брег на Јадранското Море (1777км²).

Приморскиот дел на Хрватска има карактеристична средоземна клима со жешки и суви лета, со топли зими така што најмногу врнежи има во октомври и ноември. Особено зиме чести се бурите, студен и силен ветер што дува во налети преку планинските превалци кон морето. Планинска Хрватска има умерено континентална клима со студени зими и свежи лета, а во највисоките области планинска клима, со многу врнежи на планинските предели. Во Горски Котар има над 3000 мм врнежи во година. Најмногу врнежи има во октомври и во ноември, а снежната покривка се задржува 50-60 дена. Низинска Хрватска има умерено континентална клима со студени зими и топли лета, со најмногу врнежи во мај и јуни и во октомври и во ноември. Количеството врнежи се намалува од 3 кон исток, а снежната покривка се задржува 25-40 денови.

Политички систем

Владата на Хрватска.

Од прифаќањето на уставот од 1990 година, Хрватска има демократски систем на владеење. Помеѓу 1990 и 2000 година државата била со полупретседателски систем, додека од 2000 година е парламентарна држава.

На чело на државата е претседателот кој е избран за мандат од пет години и има право да се кандидира само два пати. Тој е врховен командант на хрватската војска и со совето на парламентот го назначува премиерот на Хрватска.

Хрватскиот парламент е еднодомен и има членови од 100 до 160. Пратениците се избрани на избори за мандат од четири години. Хрватската влада е управувана од премиерот на Хрватска заедно со кабинетот министри назначени за различни сектори. Извршната власт е задолжена за донесување на закони, имплементирање на закони и водење на внатрешна и надворешна политика.

Административна поделба

Хрватска е поделена на 21 жупанија (региони) и Град Загреб.

Жупании во Хрватска со знамиња.
Жупании во Хрватска со знамиња.
македонски хрватски
1 загрепска Zagrebačka
2 крапина-Загорје Krapinsko-zagorska
3 сисачко-мославичка Sisačko-moslavačka
4 карловачка Karlovačka
5 вараждинска Varaždinska
6 Копривничко-крижевачка Koprivničko-križevačka
7 Bjelovar-Bilogora Bjelovarsko-bilogorska
8 Приморско-горскокоторска   Primorsko-goranska
9 Личко-Сењска Ličko-senjska
10 Вировитичко-подравска Virovitičko-podravska
11 Пожешко-славонска Požeško-slavonska
12 Бродско-посавска Brodsko-posavska
13 задарска Zadarska
14 Осиечко-барањска Osječko-baranjska
15 Шибеничко-книнска Šibensko-kninska
16 Вуковарско-сремска Vukovarsko-srijemska
17 Сплитско-далматинска Splitsko-dalmatinska
18 истарска Istarska
19 Дубровничко-неретванска Dubrovačko-neretvanska
20 меѓимурска Međimurska
21 Загреб Grad Zagreb

Економија

Приватизацијата во Хрватска и создавањето на слободен пазар започнале во 1990 година. Како резултат на војната инфраструктурата ослабела, а најмногу страдал туризмот. Од 1989 до 1993 БНП паднал до 40%. Со завршувањето на војната започнала обновата на хрватската економија.

Во 2000 година хрватската економија забележала висок развој и закрепнување. Започнале странски инвестиции и развој на туризмот.

Население и јазик

Население на Хрватска.

Хрватска е нерамномерно населена. Најгусто е населено поширокото подрачје на Загреб и подрачјето на Сплит, каде густината на населението преминува 250 жители на 1 км², Меѓумурје со 150 жит./км² и Хрватско Загорје со над 120 жит./км², а најретко е населена планинска Хрватска, Кордун, Внатрешноста на Далмација и повеќето јадрански острови (помалку од 20 жит./км².

Демографија на Хрватска.

За поморскиот дел на Хрватска карактеристични се стари градови со малку население, само некои се развиле во индустриски центри и пристаништа. Во внатрешноста на Далмација и во карсните предели пред се населени се карсните полиња, каде преовладуваат збиени села или села покрај патот, а другите делови се населени многу ретко. И градовите во тој дел останале многу мали.

Во панонскиот дел на Хрватска населеноста е слична како и во другите земји во Средна Европа. Повеќето денешни градови се создале уште во средниот век околу замоците или поважните премини на реките.

Поголеми градови во Хрватска се: Загреб (692.000), Сплит (175.000), Риека (144.0000), Осиек (90.00), Задар (70.000), Пула (59.000), Славонски Брод (59.000), Карловац (49.000), Сисак (37.000), Шибеник (37.000), Дубровник (30.500) и Вуковар (30.000).

Култура во Хрватска

Културата на Хрватска е богата како резултат на долгата 14 годишна историја и е богата со елементи од околните култури и културите кои биле присутни на хрватското тло. Хрватска е дом на некои нобеловци и значајни историски личности. Таа е дом на краватата и на големиот научник Никола Тесла.

Религија во Хрватска

Според пописот од 2001 година мнозинството од Хрватите (87,8%) припаѓаат на Римокатоличката црква. Православните христијани го сочинуваат околу 4,4 отсто од населението, муслиманите околу 1,3 проценти, а протестанти околу 0,3 проценти од населението. 5,2% од Хрватите не се верници или агностици.[3]

Римокатоличката црква добива државна финансиска поддршка и други надоместоци утврдени во договорот помеѓу Владата на Хрватска и на Ватикан. Браковите кои се спроведени од страна на верските заедници, кои пак имаат постигнато договори со државата се официјално признати, со кое се елиминира потребата од регистрирање на граѓанските бракови во регистарот.

Наводи

Надворешни врски

Влада
Општи информации
Слики
Туризам
Други

Видете исто така

Одредници од Хрватска
 Словенија  Словенија
 
 Унгарија
 Словенија и Јадранско Море
С
З И
Ј
 Босна и Херцеговина
 Србија
Јадранско Море Јадранско Море
 
 Црна Гора