Разговор:Филозофија: Разлика помеѓу преработките

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 90: Ред 90:
==Филозофија vs философија==
==Филозофија vs философија==
Иако ја сфаќам логиката при употребата на фило'''с'''офија, сметам вакви ''наметнати'' „поправки“ во нашиот јазик не се потребни за вакви „стандардизирани“ зборови (туку баш напротив, се потребни за некои нападни странски поими кои се користат без врска на сила од медимуите, додека кај нас постојат сосем соодветни зборови за тие поими).
Иако ја сфаќам логиката при употребата на фило'''с'''офија, сметам вакви ''наметнати'' „поправки“ во нашиот јазик не се потребни за вакви „стандардизирани“ зборови (туку баш напротив, се потребни за некои нападни странски поими кои се користат без врска на сила од медимуите, додека кај нас постојат сосем соодветни зборови за тие поими).
Што мислам под „стандардизирани“? Зборови со претставката „изо“ (ισο - еднаков) - изотоп, изобар, изохипса; потоа зборови кои содржат „физио-“ (φύση - природа) - физиологија, физика, физиономија; имиња како Езоп (Αίσοπος) и многу други работи кои ме мрзи да ги мислам сега. Повеќе од јасно е дека е наметната употребата на философија, dare I say од суеверие или whatever, демек зофос значело мрак, и веднаш страв да не се вика љубов кон мракот. Извинете што вака насилно влетав :) Ама имаме физибилити студии, консалтинг фирми и какви не (наметнати) глупости во јазиков на кои никој не му текнува да ги каже едноставно со македонското име (што е голем проблем), па сега ќе измислуваме нова транскрипција на старогрчкиот јазик. <small> -{[[Википедија:Администратори|админинстратор]]}-</small>  [[Разговор_со_корисник:Guitardemon666|гитардемон]] 21:18, 14 март 2011 (CET)
Што мислам под „стандардизирани“? Зборови со претставката „изо“ (ισο - еднаков) - изотоп, изобар, изохипса; потоа зборови кои содржат „физио-“ (φύση - природа) - физиологија, физика, физиономија; имиња како Езоп (Αίσοπος) и многу други работи кои ме мрзи да ги мислам сега. Повеќе од јасно е дека е наметната употребата на философија, dare I say од суеверие или whatever, демек зофос значело мрак, и веднаш страв да не се вика љубов кон мракот. Извинете што вака насилно влетав :) Ама имаме физибилити студии, консалтинг фирми и какви не (наметнати) глупости во јазиков на кои никој не му текнува да ги каже едноставно со македонското име (што е голем проблем), па сега ќе измислуваме нова транскрипција на старогрчкиот јазик. <small> -{[[Википедија:Администратори|помош?]]}-</small>  [[Разговор_со_корисник:Guitardemon666|гитардемон]] 21:18, 14 март 2011 (CET)

Преработка од 22:19, 14 март 2011

ФилоСофија или ФилоЗофија?

Ве молам ако имате аргументи за било која опција од горните две, кажете која ќе ја користиме, зошто може да има проблеми при поставување на врски. Јас користев философија, бидејќи мојот професор ме учеше така, а знам и доста луѓе што се противат на филозофија, бидејќи не го одразува значењето на зборот софија, т.е. мудрост. Од друга страна, пак, голем број на луѓе го користат филозофија, и тоа е вообичаениот термин (незнам дали и официјално е прифатен како збор во Речникот на македонскиот јазик). Па кажете мислите, што се однесува до мене, навистина ми е сеедно. --FlavrSavr 01:01, 29 Jun 2005 (UTC)

  • Сметам дека зборот Филозофија е посоодветен односно поопшто прифатен термин. Сепак најдобро е да се консултираат стручни лица кои работат на Македонскиот јазик. -- DeeJay 01:20, 29 Jun 2005 (UTC)
Да, веројатно тоа е најдобра солуција, ќе гледам да се распрашам, ако можеш прашај и ти. Подобро е да се одлучиме што ќе користиме што порано. Инаку, мислам дека оние кои се поупатени во областа, ќе кажат дека е поправилно философија, сепак ние тука треба да го користиме вообичаените термини. --FlavrSavr 01:53, 29 Jun 2005 (UTC)
По се изгледа е филозофија, сепак :) --FlavrSavr 11:39, 30 Jun 2005 (UTC)
ОК, бате како ти ќе кажеш. ;) -- DeeJay 15:33, 30 Jun 2005 (UTC)
  • Си зедов слобода да со сменам насловот на статијата од Филозофија во Философија од две причини. Прво, знам дека на 'Филозофскиот Факултет'(!) го користи поимот философија како единствениот правилен поим бидејќи го рефлектира вистинското значење на компонентата ,,софија" во зборот. Зошто не им стои во името, незнам. Второ, јас лично се согласувам со таа теза и следејќи го примерот на другите јазици, сметам дека нема причина да бидеме различни. Како и да е, доколку се впише било кој од двата поима во полето за пребарување се добива истата статија (Философија), така што тука не гледам проблем. Единствено треба да се утврди употребата на овој збор во статии со подолги наслови каде што ќе се употребува овој збор и во случаи кога истиот се употребува како придавка или глаголска именка. Јас лично останувам на мојот став дека правилната употреба е од врховно значење за сериозни енциклопедии како оваа. Правописни или лексички неточности никаде не се толерираат, па сметам дека не треба да се толериаат ни кај нас.

Поздрав, --Б. Јанкулоски 12:46, 16 Февруари 2006 (UTC)

Најправилно ќе биде да провериме во Речник на македонскиот јазик, јас за жал, немам примерок. --FlavrSavr 00:38, 17 Февруари 2006 (UTC)
  • Тоа не треба да е проблем. Утре ќе проверам.--Б. Јанкулоски 10:57, 17 Февруари 2006 (UTC)

Дефинитивен одговор

Проверив во еден прилично нов речник и таму стои философија. Покрај тоа дознав дека оваа промена во македонскиот правопис е направена пред 7-8 години (во исто време кога пејсаж го сменија во пејзаж) од дедо ми кој е лектор. Поздрав и се надевам дека ова решение ќе се применува без исклучоци.--Б. Јанкулоски 07:15, 18 Февруари 2006 (UTC)

Ново

  • Иако според филозофскиот факултет точниот збор би бил философија, сепак тие ја проучуваат филозофијата, а не македонскиот јазик. Можеби во минатото изворниот збор философија бил прифатен во македонскиот јазик како таков, но јазикот е жив и се менува. Како и други зборови така и овој се сменил во однос на духот на македонскиот јазик и таков и треба да остане (филозофија).
    Ова исто така ме потсети на тоа дека хемичарите се собрале и одржале конференција за тоа како да ги именуваат новите соединенија и се договориле новите имиња да се образуваат според одредени правила. Според тоа мојот наставник по хемија во основно сакаше и да ги преимени и зборовите супстанција / супстанции во супстанца/супстанци. Овие се веќе установени македонски зборови т.е. не се нови. Замислете сега да треба сите да кажуваме матера/матери, наместо материја / материи.
    Според мене добро е да се следат правилата за добивање нови зборови, но не треба да ги менуваме веќе установените. Доволно е да се каже на почетокот дека би требало по правило да биде философија, но да се продолжи со користење на нормалниот збор филозофија. --Azder 02:03, 5 јули 2006 (UTC)
  • Па добро, со оглед на тоа што и двата збора се во речникот на македонскиот јазик, не можеме да забраниме нивна употреба - Филозофија ионака пренасочува на Философија, и сл. Препорака е да се користи философија, зошто ете, рекле дека тоа е правилно, ама ако некој користи филозофија, ништо страшно. Всушност, тоа и до сега си беше така..,--FlavrSavr 02:26, 5 јули 2006 (UTC)
  • Се чудам зошто го препорачале. Зарем мислеле дека со тоа ќе се направи збрка на Википедија? Замисли само човек бара за филозофија, но оди на страна со наслов философија, а таму низ цел текст се употребува филозофија. Плус тука се и другите статии како Кинеска фолософија, па некој сигурно ќе напише статија со останатиот збор итн. Сигурно не мислеле на тоа. Како што кажав, тие не го проучуваат јазикот. Мислам дека треба да се покаже постојаност. Да се користи само едниот од нив, а се разбира тој што е одомаќинет кај нас.
    Инаку погоре заборавив да кажам дека с е преминато во з заради едначењето по звучност на согласките. Па така има едни (филозофи) кои што препорачале едно, а има и други (обичните зборувачи на македонскиот јазик) кои што препорачале друго. Не знам само како погоре е дојдено до дефинитивното решение. Се надевам дека нема некој сега да препорача да викаме футбал наместо фудбал само затоа што така е на англиски. --Azder 00:42, 6 јули 2006 (UTC)

Јас мислам дека пологично би било да се кажува философија. (филео-сака; софија-мудрост=љубов кон мудроста). Инаку, доколку е филозофија би дошло филео-сака; зофос-мрак (според подолниот коментар)=љубов кон мракот, што не е цел на фило(з, с)офијата. Boyan 11:51, 6 јули 2006 (UTC)

Да, и освен тоа, според Bjankulovski06, философија е во Речникот на македонскиот јазик, а филозофија не е. Не ми смета употребата на второто, ама ако се бира еден збор, тогаш тоа би било "философија". --FlavrSavr 03:15, 8 јули 2006 (UTC)

Интересен факт

Интересен е фактот што грчкиот збор зофос значи мрак, па така филозофијата испаѓа дека всушност значи љубов за мракот. Но, сепак го немале ова во предвид оние што го создале зборот, бидејќи е најверојатно германизиран поим --Zaebangad 00:55, 3 Јуни 2006 (UTC)

  • Па добро, чиста грешка е што воопшто имаат ставено з каде треба да стои с. Тоа, комбинирано со фактот што слоговите на тој збор се делат поинаку (фило - софија) значи дека сепак се работи за љубов кон мудроста. Инаку интересна забелешка, нема што. --Б. Јанкулоскиразговор 01:22, 3 Јуни 2006 (UTC)
  • Јас прв пат слушам да филозофија во македонскиот јазик литературно се пишува со „с“ место „з“. Сега проверив во „Правописен речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески стр. 484, Просветно Дело, 1999,Скопје дека ФилоЗофија се пишува со „з“ а не „с“; филоСофија е ми се чини на бугарски.--strich 18:38, 23 октомври 2007 (UTC)
Нема врска со бугарски, философија е сосема во согласност со правописните правила. Доаѓа од грчкиот збор φιλοσόφια, а правилото вели да го викаме и пишуваме така како што се слуша, а не се слуша со З! Се работи за германизиран поим, а Конески направил грешка. Не смее да се вика филозофија, многу е неправилно. Одамна постои расправија во МАНУ (или каде и да беше) помеѓу две фракции, оние за з (стари србо-социјалисти) и оние разумните. :) Не знам што е дефинитивно одлучено, но во секој случај, ве молам не менувајте ништо додека не се разбереме целосно! Поречанец A? 21:00, 1 ноември 2007 (UTC)
Ок, вратив на старото. Само што многу ме зачуди ова Философија бидејќи никогаш до сега не сум го сретнал како такво, во сите книги кај шо го имам најдено беше со „з“. Не знам колку филозофија има врска со „старите србо-социјалисти“ но сепак е полесна во изговор. --strich 11:59, 2 ноември 2007 (UTC)
Не знам ни јас, ама сепак тие сакаат така :D Можеш да забележиш, старите книги се сите со „з“ (стари србо-социјалисти), а во новите го има и со „с“ (напредни книжевници). Тоа е добар знак, напредуваме! Поречанец A? 03:52, 4 ноември 2007 (UTC)

Коментар

Дечки, мислам сепак имево на статијава е погрешно. Мислам фолозофија е точниот назив.--MacedonianBoy 10:58, 2 август 2008 (UTC)

Мој придонес кон дебатата

Зборот филоЗофија постои во речникот на македонскиот јазик, откако постои литературниот јазик, објаснет како: Наука за најопштите закони на развитокот на природата, човечкото општество и мислењето. На зборот филоСофија (кој доколку е внесен во Речникот, тоа е од понов датум), инсистираа некои автори, затоа што (според нив) повеќе ја отсликува љубовта кон `софија` (мудроста). Јас како лектор по македонски јазик, на инсистирање на авторот го оставав и терминот `философија`, но само доколку самиот автор инсистира. Сепак, филозофија е правилно, а философија е... нешто како - уметнички дозволен израз :) --виолетова 10:16, 16 октомври 2008 (UTC)

Добро е што сте го оставиле философија и од друга причина. Етимолошки филозофија во превод од старогрчкиот јазик значи „љубов кон мракот“. Во странската литература секаде етимологијата на зборот се поврзува како „љубов кон мудроста“. Тоа треба многу добро да го знаат и нашите философи и лингвисти. Но, сепак и понатаму во правописот не е променето и си останало филозофија, што од научна гледна точка е погрешно. Па, поради тоа што Википедија е енциклопедија и пред сѐ е потребна научно точна содржина, добро е да си остане философија. Терминот филозофија може да биде вметнат во референца, како прифатен во македонскиот правопис.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:49, 17 октомври 2008 (UTC)

Зошто досега се употребуваше филозофија

Историјата на употребата на поимот кај нашиот народ и во нашиот јазик е многу интересна. Најпрво зборот си бил познат во обликот „философија“, иако често се употребувал и старословенскиот мудрословие или мудрољубие. Ќе видиме дека и Цепенков раскажува прикаска за „царо и философо“. Потем, за времето на СХС во Скопје се отвара Филозофски факултет, се разбира, на српски јазик. Философијата во Србија и воопшто СХС во тоа време е под огромно германско влијание, а знаеме Германците с го изговараат з. Па така Philosophie, се преведувало како филозофија, наместо философија. Но, ние можеме да изговориме с меѓу две самогласки. А и зборот Софија го имаме во употреба. Имаме цркви Св. Софија, главниот град на Бугарија го викаме Софија, а не Зофија, имаме и име Софија. Во поново време и експертите по македонски јазик и професорите по филозофија, употребуваат философија. Но, поради бирократијата името на факултетот не се менува. Не е страшно да се употребува било кој од двата збора, двата се користат речиси подеднакво. Јас на пример, го претпочитам философија и го употребувам исклучиво тој, освен кога треба да напишам дека студирам на институтот за филозофија. Инаку, зофија на старогрчки значи измет, а зофос мрак, така што разбирате зошто претпочитам философија.

ФилоЗофија вс филоСофија

Завршив филоЗофски факултет. Сите мои професори и професорки, асистенти и асистентки, без исклучок, велеа и пишуваа „филоЗофија“. Сите мои колеги - исто така. Co сите учебници, преводи и скрипти: филоЗофија. Се прашувам: зошто упорно се тупи со „филоСофија“? (непотпишан коментар од 217.16.87.119 16:52, 10 јули 2010 (CEST))[одговори]

Јас 100% те подржувам. Некој грешен термин употребува.--Никола Стоіаноски 16:54, 10 јули 2010 (CEST)[одговори]
Како и сè друго кај нас што е катастрофа, особено со јазикот, така е и со тој збор. Македонските „јазичари“ се поделени по тоа прашање. Тие што се за „философија“ имаат многу посилни аргументи, односно единствените валидни. Според сите правила на македонскиот јазик, треба да се пишува философија. Во поново време се појавуваат и учебници (и професори) со „философија“, што е добро.
Имено, главното правило е дека странските зборови се пишуваат како што се изговараат во оригиналниот јазик; пр. déjà vu (француски) -> дежа ви; φιλοσοφία (грчки) -> философија. Веројатно знаете, составен од φιλο- (мудрост) и σοφία (љубов), кои се читат јасно фило- и софија. Отприлика тоа е најважното.
З-то од „филозофија“ мислам дека е заради германскиот јазик, кај што се вика philosophie, односно „филозофи“, но тоа е сосема невалиден аргумент. Случајот е ист како со „дежа ви“ наспроти „дежа ву“, кое настанало заради англиската варваризација на зборот déjà vu.
На кратко, треба да се вика „философија“, иако повеќето луѓе викаат „филозофија“. —iNkubusse A? 19:24, 10 јули 2010 (CEST)[одговори]
Точка 169 од нашиот правопис (транскрипција на старогрчки) гласи: „Согласката Σ, σ“ меѓу самогласки се заменува со з, но се допушта и пишување со с: Сисиф, Павсанија, криза, муза, анализа, теза, синтеза, гимназија, филозофија (но и: философија).“ Значи, двете употреби се дозволени, но, како што погоре објасни iNkubusse, едната од нив е поткрепена со посилни аргументи како подобра, па затоа овде на Википедија се користи „философија“. Зар не е чудно што зборот 'филозофија' изгледа како да е изграден од зборовите φίλο+ζόφος (зофос), од кои вториот буквално значи темнина, мрак, хорор?[1] Според тоа, филозофите се „љубители на мрачноста“. За мене, φιλοσοφία да ја пишуваме како филозофија е исто како Посејдон (Ποσειδῶν) да го пишуваме како Позејдон — изгледа многу неприродно. --Brainmachine (разговор) 21:57, 10 јули 2010 (CEST)[одговори]
  • Јас ќе го кажев истото што и Brainmachine, и затоа од тие причини треба да се пишува со „с“. Кога ја воведовме оваа исправка на мк.вики пред неколку години, беше изложен истот овој аргумент и тогаш беше прифатен како достатен. Сега треба да важи истото. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:59, 11 јули 2010 (CEST)[одговори]
Без двоумење е философија, а веќе кога се отвори разговор на оваа тема, ова нека биде само поттик да се пушти бот, кој секаде каде што се јвавува „флиозофија“ ќе го поправи во „философија“. Сепак, најлошо е да се јавуваат и двете.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:52, 11 јули 2010 (CEST)[одговори]
Ок Готово, на ботот му е наредено да ги менува сите примероци на филозофија во „философија“ и сите варијанти кајшто се јавува (множини, глаголи, придавки, прилози и тн.) --Б. Јанкулоски (разговор) 14:34, 11 јули 2010 (CEST)[одговори]

Не е готово, I beg to differ. „Филозофија“ е очигледен германизам, во смисла што германците го изговарале така и преку нивните автори, книги и учебници кај нас - и не само кај нас! - во академскиот свет се одомаќил терминот „филоЗофија“. Не гледам никаков проблем со тоа. Секој јазик врие од разни странцизми и тоа е нешто најнормално. И зборот „стап“ е германски, па не гледам дека некому пречи. На крај, уште еднаш да потсетам на еден детал: ФилоЗофски факултет, студии по филоЗофија, колеги професори по филоЗофија. Не можеме тоа да го игнорираме! (Disclaimer: не сум никаков експерт за јазици) (непотпишан коментар од 217.16.87.119 16:14, 11 јули 2010 (CEST))[одговори]

Нема проблем со германизми (мислам, немаме аверзија), ко на пример шофершајбна, хауба и слично. Но зборот „философија“ не доаѓа од германски јазик и тоа што навлегол како „филозофија“ е грешно. На Википедија секогаш се трудиме да ги исправиме работите, особено со зборови што се раширени грешно меѓу народот. Види на пример Ким Бејсингер. :) —iNkubusse A? 19:07, 11 јули 2010 (CEST)[одговори]
Но, тогаш се судираме со концепциското прашање: дали функцијата на енциклопедијата е да исправува криви дрини или неутрално да ги презентира. ФилоЗофија е академски апсолвиран термин. Тоа не може да просто да се занемарува. На катедрите на ФилоЗофски факултет, претпоставувам, нема недостаток од познавачи на јазикот, па етаблираноста на „филоЗофијата“ и нејзиното опстојување како во името на институцијата, така и во насловите на нашите автори (како и на авторите кои пишуваат на сродните јазици!) не би смеело да се игнорира - па не се белким сите професори, асистенти и автори глупави?! Конечно, вакви јазични „неправилности“, или исклучоци, во нашиот и сите други јазици има еден куп. Не ми е јасно зошто сте се фатиле токму за филозофијата.(непотпишан коментар од 89.31.156.139 16:14, 12 јули 2010 (CEST))[одговори]
Мислам дека функцијата на енциклопедијата е неутрално да претставува исправени криви дрини. --Brainmachine (разговор) 05:50, 14 јули 2010 (CEST)[одговори]

Ај и јас да кажам збор-два.
Пред некое време овде се водеше дискусија за правилното пишување на некој друг поим. Тоа што таму го кажав беше (отприлика) следново: Ако изговорот на градот во Кина кој го нарекуваме Пекинг, на кинески звучи нешто како Бејжин (на англиски: Beijing) дали овде на Википедија на македонски јазик треба да направиме промена и овде и на секое друго место каде постои слична разлика?
Дали изговорите поимите на другите јазици се поважни од вообичаените правила и пракса кои постојат во македонскиот јазик?
Поздрав, --Wikimk (разговор) 19:54, 11 јули 2010 (CEST)[одговори]

Имиња на градови немаат никаква врска со ова; во секој јазик си има посебни традиционални имиња за градови и нема никаква врска со домашното име на градот. Тоа отпаѓа. —iNkubusse A? 23:46, 11 јули 2010 (CEST)[одговори]
  • Тука не станува збор за германизам и не е таков случај на конкретен германски збор преземен од тој јазик. Нема да повторувам, горенаведените причини се повеќе од доволни за да биде со „с“. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:15, 12 јули 2010 (CEST)[одговори]

За ваша информација, видете Разговор:Философија и Ви предлагам таму да расправате на оваа тема.--brest (разговор) 10:38, 12 јули 2010 (CEST)[одговори]


brest-bot проверка на правопис

  • филизоф* во философ*, с наместо з, правописна грешка.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 21:18, 11 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Филозофија vs философија

Иако ја сфаќам логиката при употребата на философија, сметам вакви наметнати „поправки“ во нашиот јазик не се потребни за вакви „стандардизирани“ зборови (туку баш напротив, се потребни за некои нападни странски поими кои се користат без врска на сила од медимуите, додека кај нас постојат сосем соодветни зборови за тие поими). Што мислам под „стандардизирани“? Зборови со претставката „изо“ (ισο - еднаков) - изотоп, изобар, изохипса; потоа зборови кои содржат „физио-“ (φύση - природа) - физиологија, физика, физиономија; имиња како Езоп (Αίσοπος) и многу други работи кои ме мрзи да ги мислам сега. Повеќе од јасно е дека е наметната употребата на философија, dare I say од суеверие или whatever, демек зофос значело мрак, и веднаш страв да не се вика љубов кон мракот. Извинете што вака насилно влетав :) Ама имаме физибилити студии, консалтинг фирми и какви не (наметнати) глупости во јазиков на кои никој не му текнува да ги каже едноставно со македонското име (што е голем проблем), па сега ќе измислуваме нова транскрипција на старогрчкиот јазик. -{помош?}-гитардемон 21:18, 14 март 2011 (CET)[одговори]