Артур Тјудор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Менува: bs:Artur, princ od Velsa
с Бот Менува: sv:Artur, prins av Wales
Ред 61: Ред 61:
[[simple:Arthur, Prince of Wales]]
[[simple:Arthur, Prince of Wales]]
[[sk:Artur Tudor]]
[[sk:Artur Tudor]]
[[sv:Arthur, prins av Wales]]
[[sv:Artur, prins av Wales]]
[[tr:Arthur Tudor]]
[[tr:Arthur Tudor]]
[[uk:Артур (принц Уельський)]]
[[uk:Артур (принц Уельський)]]

Преработка од 23:43, 17 февруари 2011

Артур
Принц од Велс
Почивалиште
СопружникКатерина Арагонска
ДинастијаДинастија Тјудори
ТаткоХенри VII
МајкаЕлизабета од Јорк

Артур Тјудор (19/20 септември 14862 април 1502) бил првиот син на Хенри VII од Англија и Елизабета од Јорк.

Како највозрасен син на кралот, тој се родил еден месец порано од предвиденото. По неговото раѓање, тој ја добил титулата принц од Велс, и од тој момент и неговите наследници ја имале истата титула, односно титулата го означувала идниот монарх на Англија. Хенри самиот себе си се сметал дека води директно потелко од античките британски кралеви, па така на својот првенец му го дал името Артур, според легендарниот Крал Артур. Се смета дека Артур, главно поради нередовното му раѓање, цел живот бил слаб и болестлив за разлика од неговиот помлад брат Хенри.

По зазимањето на власта од страна на Хенри VII, тој сакал да ја прошири својата унија со шпанското кралство, па така договорил брак помеѓу ќерката на Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастилјска, Катерина Арагонска. Во 1499 година кралот Хенри наредил да се погубат сите претенденти за англискиот престол.

Артур и Катерина еден на друг си пишувале на латински јазик, бидејќи и двете страни не го познавале јазикот на другиот. Артур освен латински, знаел грчки јазик. Бракот помеѓу Артур и Катерина не бил склучен сè додека Артур не наполнил 15 години. Катерина во Англија пристигнала на 4 ноември, а венчавката била одржана десет дена подоцна. Принцот и принцезата од Велс живееле во дворецот Лудлов, каде Артур требал да претседава со велшкиот совет. По само неколку месеци, Артур и Катерина се разболиле. Принцезата преживеела, но не и престолонаследникот. Така, на 2 април 1502 година Катерина останала вдовица. Се смета дека Артур починал од туберколоза или дијабетис.

По смртта на Артур и веста дека Катерина не забременила од него, позицијата на престолонаследникот односно принцот од Велс се пренасочила кон неговиот брат Хенри, кој по смртта на својот татко станал крал на Англија. Хенри се оженил со вдовицата на својот брат Катерина.