Египет: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: csb:Egipt
Bogorm (разговор | придонеси)
каков Мубарак??
Ред 15: Ред 15:
|government_type = Претседателска република
|government_type = Претседателска република
|leader_title1 = [[Претседател на Египет|Претседател]]
|leader_title1 = [[Претседател на Египет|Претседател]]
|leader_name1 = [[Хосни Мубарак]]
|leader_name1 = [[Мохамед Хусеин Тантави]]
|leader_title2 = [[Премиер на Египет|Премиер]]
|leader_title2 = [[Премиер на Египет|Премиер]]
|leader_name2 = [[Ахмед Назиф]]
|leader_name2 = [[Ахмед Назиф]]

Преработка од 16:15, 16 февруари 2011

Арапска Република Египет
جمهوريّة مصرالعربيّة
Ǧumḥuriyat Miṣr al-ˁArabiyah
Знаме Грб
ХимнаBilady, Bilady, Bilady
Местоположба на Египет
Главен град
(и најголем)
Каиро
30°2′N 31°13′E / 30.033° СГШ; 31.217° ИГД / 30.033; 31.217
Службен јазик Арапски1
Народности  99% Египјани, 0,3% Нубиjци, 0,7% Грци
Демоним Египјанец
Уредување Претседателска република
 •  Претседател Мохамед Хусеин Тантави
 •  Премиер Ахмед Назиф
Утврдување
 •  Прва династија Околу 3150 п.н.е. 
 •  Независност од Обединетото Кралство 28 февруари 1922 
 •  Прогласена за република 18 јуни 1953 
Површина
 •  Вкупна 1,002,450 км2 (30)
 •  Вода (%) 0,632
Население
 •  проценка за март 2009 г. 76 милиони[1] (16)
 •  Густина 76 жит/км2 (120)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $404,293 милијарди[2] (27)
 •  По жител $5.495[2] (97)
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $127,966 билиони[2] (52)
 •  По жител $1.739[2] (117)
Џиниев коеф. (1999–00)34,5
Error: Invalid Gini value
ИЧР (2008) 0,716
Error: Invalid HDI value · 116
Валута Египетска фунта (EGP)
Часовен појас ИЕВ (UTC+2)
 •  (ЛСВ) ИЕЛВ (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .eg
Повик. бр. 20
1. Зборувана варијанта е Египетски арапски јазик.

Арапска Република Египет, позната како Египет (египетски: km.t ; коптски: Ⲭⲏⲙⲓ Kīmi ; арапски: مصر Miṣr ; египетски арапски: Máṣr)) е република лоцирана во североисточна Африка.

Покривајќи површина од околу 1.020.000 km² Египет го вклучува Синајскиот Полуостров (кој обично се смета за дел на југозападна Азија), додека поголемиот дел од земјата се наоѓа во Северна Африка. Египет се граничи со Либија на запад, Судан на југ, Израел на североисток. На север излегува на Средоземно Море, а на југ на Црвено Море. Мнозинството во Египет ги населува бреговите на реката Нил (околу 40.000 km²). Големи делови од земјата се дел од пустината Сахара и се многу ретко населени. Главен град на Египет е Каиро. Има околу 75.000.000 жители.

Праисторија

Древниот Египет претставува многувековна држава, која се наоѓала во североисточна Африка, по долниот тек на реката Нил. Се смета дека во Египет имало населување на човекот дури пред 250.000 години. Во текот на 4000 година п.н.е. од многу мали територијални единици – номи, биле создадени две големи империи - Горен и Долен Египет со главни градови Ераконопол и Буто. Успехот за создавањето и обединувањето на државата се припишува на управникот на Горен Египет - Менес. Во времето на неговото владеење (3100 п.н.е.), главен град станал Мемфис, кој се наоѓал во јужниот дел на реката Нил. Првите споменици, кои се напишани со египетски хиероглифи се однесуваат кон крајот на четвртото и почетокот на третото илјадалетие п.н.е.

Антички Египет

Во периодот помеѓу 28 век п.н.е. - 23 век п. н. е. се формирала т.н. древно-египетската цивилизација. Единството на древниот Египет се однесувало во господарството на фараонот кој имал неограничена власт низ целата држава. Фараонот бил глава на митот кон сите богови во древниот Египет при што и самиот тој бил сметан за бог. Тоа тврдење најмногу доаѓа до израз при градењето на пирамидите за кои се смета дека всушност биле гробници на фараоните како Џосер, Снофер, Кеопс (Хуфу), Кефрен (Хафра) и Микерин (Менкаур). Исто така многу нараснал и култот кон богот на сонцето Амон Ра, а фараоните се нарекувале дека се негови синови.

Во текот на 23-21 век древниот Египет се распаднал на множество номови (деловни единици). Новото државно обединување на древниот Египет започнало со нараснувањето на силите на номарсите на Хераклеопол (во Среден Египет). Тиванскиот фараон Ментухотеп I станал владетел на обединетиот Египет. Во текот на 21-18 век за покровител на фараоните бил објавен богот Амон. Аменемхет I ја преместил престолнината од Тива во Итауи и по само неколку години повторно се распаднал обединетиот Египет. Во текот на 18-16 век Древниот Египет бил заземен од страна на азиските Хиксоси, кои со презимањето на власта на Долен Египет си создале свој град со име Аварис и кој всушност станал и главен град во источниот дел на делтата на реката Нил. Ослободувањето на земјата му успева на Јахмос I. Во време на владеењето на Аменхотеп III, древниот Египет го достигнал своето величество. Од провинциите во Азија, древниот Египет добивал како даноци мед, олово, сребро, животни, вино, слонова коска и слично. Од државата Пунт пак, каде царицата Хатшепсут испраќала експедиција, во древниот Египет пристига исто така голема „помош“. Овде бил воздигнат и новиот сончев бог Атон, каде поради негова чест била основана нова престолнина - Ахетатон. По смртта на Ехнатон, престолнината била вратена во Тива во 1335 година п.н.е.

Кон 1290 г. п.н.е., фараонот Рамзес II повторно ја зајакнал моќта на Египет. Водел големи борби со Хетите и нивните сириски сојузници. Главен град во времето на владеење на овој фараон станува Пер-Рамзес. Во 945 година п.н.е либискиот военоначалник Шешонк I се прогласил за фараон, а за своја престолнина го избрал градот Бубастис во делтата на Нил. Тој го презел Ерусалим и го ограбил. Во 671 г. п.н.е. асириската армија на Асархаддон го презема и го ограбува Мемфис. Во 667 г. и 663 г. п. н. е. Асирците ја преземаат Тива. Псаметих I успева повторно да го обедини Египет. Во времето на Нехо II, син на Псаметих I, бил направен канал, кој го поврзувал Нил со Црвеното Море.

Во текот на 332 г. п.н.е. во Египет навлегла армијата на Александар Македонски и државата станала дел од неговата империја. По распадот на неговата империја, Египет потпаднал под власт на Птоломеј Лаг — основачот на македонската династија на Птолемаидите (305-30 г. п.н.е.). Главен град станал Александрија. За време на управувањето на царицата Клеопатра, последна од династијата на Птоломеите, Египет се вовлекол во политички борби со Рим.

Римско владеење

Римското владеење на Египет започнало во 30 п.н.е. година, каде последната кралица Клеопатра извршила самоубиство како последен владетел од династијата на Птоломеите. Првиот римски император, Октавијан Август, Египет го престроил во посебна провинција со кој управувал префект лично поставен од императорот, додека пак членовите на сенаторскиот сталеж им бил забранет влез во земјата без претходно одобрување. Во времето на римското владеење, Египет била најбогатата провинција од сите останати римски провинции. Освојувањето на Египет по текот на Црвено море се случило во времето на Клаудиј (4154), додека пак Адријан (117138) го посетил Египет на два пати. По кризата во 3 век, Египет за мал период станал дел од Зенобиската империја, но во 298 година Диоклецијан го вратил Египет и го поделил на три провинции. По разрушувањето на Ерусалим во 70 година, градот Александрија станал еден од најголемите едукативни еврејски центри во дијаспората. Од 2 век, Александрија станала и важен христијански центар, каде според легендата и евангелието, била основана епископијата од страна на Свети Марко. Најзначајни александриски теолози од тоа време се Климент Александриски, Ориген и други. По 324 година, кога Константин Велики го обединил царството под своја контрола, завршило и прогонувањето на христијанските верници.

Византиско владеење

Во времето на Византиската империја, престолнина на царството станал градот Константинопол (денес Истанбул). Така, испораката на житото се преусмерила од Рим кон Константинопол. По смртта на Теодосиј I во 395 година, Римската империја била поделена на два дела, по кое Египет припаднал на Источното Римско царство или Византија. Христијанизацијата на Римската империја напредувала постепено. Теодосиј во 391 година започнал да налага антипагански закони. Во негово време бил уништен храмот посветен на богот Серапис во Александрија. Во тоа време се појавило учењето на Ариј или аријанство. Тоа како ерес било осудено во 324 година на Првиот вселенски собор во Никеја. И покрај тоа, ова учење било во голема мера зачувано во земјата, се до крајот на 4 век. Во тој период, како најголем бранител на никејскиот симбол на верата се истакнува Свети Анастасиј, епископ на Александрија, каде Александрија станал голем град-центар на христијанството. По Четвртиот вселенски собор се формирала Египетска коптска црква.[3]

Персиско владеење

Персиското освојување на Египет се случило во 618 година. Иако императорот Ираклиј успеал да ги прогони Персијците во 629 година, сепак следниот напад не бил доволен да се зачува земјата. Во периодот од 623-642 година, Египет бил освоен од страна на Арапите, кои го донеле исламот и арапскиот јазик. Со земјата во почетокот владееле намесниците на калифите. Во текот на 9 век, силата на Адасидите од Багдад ослабнала, па земјата била раководена од страна на династија Тулунида (868905) и династија Ихшидида (935969). Во 969 година Египет бил освоен од страна на династијата на Фатимидите, кои биле шиити. Градот Каиро станал пресолнина на нивната земја во 973 година. Во 1099 година, во текот на првата крстоносна војна паднал градот Ерусалим во рацете на христијаните. Владетелот на фатимидите, Саладин, во 1168 година ги започнал своите војни против крстоносците. Не само што постигнал големи успеси против христијанската војска, туку Саладин го симнал од власт на последниот фатимидски владетел, повторно го воведел сунитскиот ислам и се прогласил за султан во 1175 година. Во следните векови, Египет бил на неколку пати напаѓан од страна на крстоносците, но безуспешно. Во 1250 година власта преминала во рацете на Мамлуците, кои во 1277 година ја зазеле Арка истерувајќи ги крстоносците од Светата Земја.

Османлиско и британско владеење

Египет под власта на Османлиската империја се нашол во 1517 година, во времето на Селим II. Значењето на Египет за Отоманците било економско и стратешко.[4] [4] Приходите од порезот на земјата, царината за морските и речните патишта биле користени за финансирање на војската. Градот Каиро станал голем центар во рамките на империјата. Во текот на 18 век, Египет започнал со своите акции за добивање на автономија. Во 1798 година земјата била заземена од страна на Наполеопн Бонапарта. Сепак, Французите се повлекле во 1801 година. Во 1854 година Франција добила концесија за изградба на Суецкиот канал, отворен во 1869 година. Поради големите трошоци, египетскиот кедив бил принуден каналот да го продаде на Обединетото Кралство. Поради големото незадоволство, во 1879 година на чело со Ахмед Ураби, било формирано првото национално движење. Во 1882 година тој станал претседатењл на владата. Плашејќи се од губењето на контролата на каналот, Франција и Обединетото Кралство извршиле воена интервенција врз египетската војска.

По Првата светска војна, Османлиите конечно биле поразени и Британија добила голема контрола над земјата. По војната продолжиле конфликти за независност на земјата, која ја добила во 1922 година на чие чело застанал кралот Фуад II. Во 1936 година бил постигнат договор помеѓу Британија и Египет според кој британските трупи го контролирале само Суецкиот канал во земјата.

Модерна историја

На почетокот на Втората светска војна, Египет повторно станал протекторат на Велика Британија. Во 1952 година бил извршен воен удар,[5] и на чело на земјата дошол Гамал Абдел Насер, a за нов крал бил избран Фуад II. Во 1953 година Египет бил прогласен за република.

Географија

Географската положба на Египет е многу поволна. Синајскиот Полуостров претставува копнен мост кој го поврзува Египет со Азија. Средоземното Море е поврзано со Европа, а Суецкиот канал претставува трговска целина помеѓу двата континента.

На север од земјата се наоѓа Средоземното Море, на исток Газа, Израел и Црвеното Море; на југ Судан и на запад Либија. Максималната должина север-југ изнесува 1.105 км а максималната ширина 1.129 км. Површината на Египет изнесува 997.739 км².

Географски координати: 27° 00' с.ш., 30° 00' и.д.

Површина:

вкупно: 1.001.450 km²

земја: 995.450 km²

вода: 6.000 km²

Површина — за споредување: Малку повеќе од плоштината на Њу Мексико (САД)

Граници по копно:

вкупно: 2.689 km

гранични држави: Газа 11 km, Израел 255 km, Либија 1.150 km, Судан 1.273 km

Бреговна линија: 2 450 km

Морски периметар:

• гранична зона: 24 nm

• шелф: 200-m длабочина

• недостапна економска зона зона: 200 nm

• територијални води: 12 nm

Релјеф

Повеќе од 90% од територијата на Египет е покриена со пустини, вклучувајќи ја и Либиската (Западна пустина), дел од Сахара, Арапската пустина (Источна), која граничи со Црвено Море и Суетскиот канал на исток. Либиската пустина е многу попозната како големото песочно море, најпознати оази се Баријах, Дактил, Каријах и Фарафра.

На јужниот дел од границата со Судан се наоѓа Нубиската пустина, која претставува огромна територија од камена површина и песок. Синајскиот Полуостров ги опфаќа песочните пустини на север и огромните планински венци на југ со врвови до 2.100 метри. Планината Катарина е најголемата планина во Египет со висина од 2.637 метри. Таа се наоѓа на Синајскиот Полуостров како и планината Синај (односно Јабал Муса), каде според Библијата, Мојсеј ги примил Десетте божји заповеди.

Реката Нил во Египет доаѓа од Судан и тече на север кон Средоземното Море. Во древните времиња оваа река одиграла многу важна, а денес Египет има голема корист од неа.

Клима

Египет се наоѓа во суптропско подрачје. Климата се одликува со суви и топли лета како и топли зими односно топли периоди од мај до септември, а умерено студени од ноември до март. Просечната температура во Египет е околу 37 °C до минимални 14 °C. Во пустинските подрачја температурите достигнуваат до 46 °C. Во зимските периоди температурите се намалува и до 0º. Просечното врнење на дожд се движи околу 200 мм годишно, додека просечното врнење во главниот град на Египет, Каиро изнесува само 256 мм годишно, а во пустинските подрачја дожд врне еднаш на неколку години. Камсин (сув и топол пустински ветер) се појавува во април и мај и достигнува брзина до 150 км/ч.

Хидрографија

Реката Нил

Реката Нил во државата навлегува кај Вади-Халф, на јужната граница. Таа тече низ пустината 1,5 – 2 км широката долина до Асуан. Потоа, од Асуан по долината се шири и до 20 км и поминува низ Каиро со некои 700 километри. Останатите 300 километри до Средоземното Море ги поминува градејќи делта, која завршува во морето со ширина од околу 250 километри.

На територијата на Египет, реката Нил нема ниту една притока. Климата која владее покрај долината на реката е доста топла, пустинска. По нејзината долина се чувствува и постојана свежина.

Население

Според пописот на населението од 2003 година, Египет има 74.718.797 жители. Просечната густина на населението е 75/км². Како еден податок, Египет во 1976 година имал 36.626.204 жители што означува дека многу брзо се зголемува наталитетот на населението.

Етнички состав: Египќани 98%, Нубијци 0.8% и други.

Религија

Службена религија во Египет е исламот. Според пописот, од 1986 година 94% од населението на Египет се муслимани. Друга религија која е застапена во државата е египетското христијанство, т.н. Копти. Другите религии (православни Грци и Ерменци, католички Грци и Ерменци и протестанти) претставуваат 4% од вкупниот број на населението. Коптите сметаат дека службениот попис не е валиден и дека тие се барем 10% од населението.

На просторот на денешен Египет живееле Евреи, кои иако биле во мал број, економски се многу важни. Земјата ја напуштиле по 1956 година кога сојузниците предводени од Израел, Франција и Велика Британија го нападнале Египет.

Манастирот Света Катерина на планината Синај

Во почетокот на 1980-тите години, исламските војници учествувале во исламската група Џихад, и во 1992 година започнале многу големи нереди низ улиците на Каиро. Востаниците сакале да се основа влада која ќе се залага стриктно за исламските права. Жртви на оваа насилство биле Коптите, службениците на владата и туристите. Организацијата за човекови права установила дека владата во Египет врши дискриминација над Коптите.

Јазик

Службен јазик кој се користи во Египет е арапскиот јазик. Стандардниот книжевен арапски јазик го разбираат само високо образованите луѓе. Нубијците се служат со стариот јазик. Берберскиот јазик се употребува во неколку населени места во оазите на западната пустина. Христијаните говорат на коптскиот јазик, на кој се служат и православните црковни литургии.

Етнички групи

Поради различните расни структури на староседелците во Египет, во денешно време причината за употреба на различни јазици е и во религиозните групи кои постојат во оваа држава. Многумина Египќани се директни потомци на древните Египќани, популација која била населена во североисточниот дел на Африка. На овие простори со доаѓањето на Арапите се воведува и нова религија - ислам. Арапските доселеници започнале да се мешаат со староседелците, стапувајќи во брачни односи. Денешните жители на Египет исто така водат потекло и од Римјаните, Грците и Турците од времето на нивното владеење со Египет. Одвоена староседелска група Нубијци живееле во северен Судан и јужен Египет. Денес оваа популација главно е концентрирана во Асуан и Каиро. Владата на Египет не ги признава како посебна етничка група. Мал број на Грци, Италијанци, Евреи се претопиле со домашното муслиманско и христијанско население.

Туризам

Според податоците на владата на Египет, во 1999 година 4.500.000 туристи го посетиле Египет, од кои 90% Каиро, пирамидите во Гиза и храмовите во Луксор. Кон крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те години многу туристи започнале да го посетуваат и Црвеното Море поради добрата клима. Но од 1992 година поради исламските терористички напади врз туристите, туризмот е намален.

Економија

Индустријата во Египет е на средно ниво по развиеност во однос на светските стандарди. Најмногу се вложува во текстилната, шеќерната и нафтената индустрија. Нафтата го зазема првото место на листата на најзначајните извозни производи. Економијата бележи големи успеси и поради развиениот туризам во Египет, а Суетскиот канал исто така има голем придонес. Но големиот наталитет на населението пак, од друга страна дополнително ја отежнува сиромаштијата.

Административно уредување

Египет е поделен на 27 области, наречени мухафази (muhafazat, muhafazah):

Област Административен центар
Александрија Александрија
Асиут Асиут
Асуан Асуан
Бени Суеф Бени Суеф
Бухаира Даманхур
Гарбија Танта
Гиза Гиза
Дакахлија Мансура
Дамиета Дамиета
Исмаилија Исмаилија
Каиро Каиро
Каљубија Банха
Кафр ел-Шејк Кафр ел-Шејк
Кена Кена
Област Административен центар
Луксор Луксор
Матрук Мерса Матрук
Минуфија Шибин ел-Ком
Минија Минија
Порт Саид Порт Саид
Северен Синеј Ариш
Суец Суец
Сухаџ Сухаџ
Уади ал џадид Харга
Фаом Фаом
Црвено море Хургада
Шаркија Загазиг
Јужен Синај Тор

Референции

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име popclock.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Предлошка:Цитирана веб страница
  3. Kamil, Jill. Coptic Egypt: History and Guide. Cairo: American University in Cairo, 1997. p. 39
  4. 4,0 4,1 Abu-Lughod, Janet L. Before European Hegemony The World System A.D. 1250-1350. New York: Oxford UP, USA, 1991. PP. 243
  5. Nejla M. Abu Izzeddin, Nasser of the Arabs, published circa 1973, p 2.

Види исто така

Надворешни врски


Предлошка:Link FA

Предлошка:Link FA ak:Egypt