Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 18: Ред 18:
{{ВМРО (Aвтономистичка)}}
{{ВМРО (Aвтономистичка)}}


[[Податотека:VMRO Ustav 1928.JPG|thumb|лево|200px|Статут на ВМРО од 1928 година.]]
[[Податотека:TodorAlexandrov.jpg|thumb|100px|лево|[[Тодор Александров]].]][[Податотека:Расписка на ВМРО (Автономистичка).jpg|thumb|250px|лево|Расписка на ЦК на ВМРО на која јасно се гледа лозунгот Смрт или Слобода и Независна Македонија]][[Податотека:Todor-alexandrov-cheta.jpg|мини|250px|лево|Четата на [[Тодор Александров]]]][[Податотека:Aleko Pasha.jpg|thumb|мини|250px|лево|Четата на Алеко Паша.]][[Податотека:Georgi Vndov.jpg|thumb|250px|лево|Чета на ВМРО под водство на војводата Георги В’ндов со трите ордени за храброст од бугарската армија.]] [[Податотека:TodorAlexandrov 2.jpg|thumb|250px|лево|Александров со комити во околината на Кочани.]]
[[Податотека:TodorAlexandrov.jpg|thumb|100px|лево|[[Тодор Александров]].]][[Податотека:Расписка на ВМРО (Автономистичка).jpg|thumb|250px|лево|Расписка на ЦК на ВМРО на која јасно се гледа лозунгот Смрт или Слобода и Независна Македонија]][[Податотека:Todor-alexandrov-cheta.jpg|мини|250px|лево|Четата на [[Тодор Александров]]]][[Податотека:Aleko Pasha.jpg|thumb|мини|250px|лево|Четата на Алеко Паша.]][[Податотека:Georgi Vndov.jpg|thumb|250px|лево|Чета на ВМРО под водство на војводата Георги В’ндов со трите ордени за храброст од бугарската армија.]] [[Податотека:TodorAlexandrov 2.jpg|thumb|250px|лево|Александров со комити во околината на Кочани.]]
Во предвечерјето на [[Балканските војни]], [[ВМОРО]] е скоро неактивна. Поголемиот дел од бившите членови дејствуваат со мирни средства преку работата на [[Народна федеративна партија (бугарска секција)|Народната федеративна партија (бугарска секција)]] и [[Сојуз на бугарските конституциони клубови|Сојузот на бугарските конституциони клубови]]. Но, еден дел од кадрите на [[ВМОРО]] прави обиди преку исценирање провокации да го реанимира Македонското прашање. На чело на оваа група е [[Тодор Александров]], кој во 1912 година ги организира ''Магарешките атентати''. Опремените од него групи, товарат експлозив на магариња и ги оставаат пред турски пазари. Бомбите го одземаат животот на десетици [[Турци]], кои пак својот бес го исфрлаат врз недолжното христијанско население. На овој начин Александров ја постигнува својата цел.
Во предвечерјето на [[Балканските војни]], [[ВМОРО]] е скоро неактивна. Поголемиот дел од бившите членови дејствуваат со мирни средства преку работата на [[Народна федеративна партија (бугарска секција)|Народната федеративна партија (бугарска секција)]] и [[Сојуз на бугарските конституциони клубови|Сојузот на бугарските конституциони клубови]]. Но, еден дел од кадрите на [[ВМОРО]] прави обиди преку исценирање провокации да го реанимира Македонското прашање. На чело на оваа група е [[Тодор Александров]], кој во 1912 година ги организира ''Магарешките атентати''. Опремените од него групи, товарат експлозив на магариња и ги оставаат пред турски пазари. Бомбите го одземаат животот на десетици [[Турци]], кои пак својот бес го исфрлаат врз недолжното христијанско население. На овој начин Александров ја постигнува својата цел.

Преработка од 11:23, 12 февруари 2011

Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)

Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) е основана од страна на десното крило на ВМОРО, на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година. За претседател е избран Христо Матов, а од 1911 година раководењето го презел Тодор Александров. Во 1919 година, Организацијата, Александров и Протогеров ја именувале како ВМРО (автономистичка), под претекст дека се возобновува старото ВМОРО. Организацијата извршила повеќе атентати, од кои најпознат е атентатот на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ.

Обнова или основање


Статут на ВМРО од 1928 година.
Тодор Александров.
Расписка на ЦК на ВМРО на која јасно се гледа лозунгот Смрт или Слобода и Независна Македонија
Четата на Тодор Александров
Четата на Алеко Паша.
Чета на ВМРО под водство на војводата Георги В’ндов со трите ордени за храброст од бугарската армија.
Александров со комити во околината на Кочани.

Во предвечерјето на Балканските војни, ВМОРО е скоро неактивна. Поголемиот дел од бившите членови дејствуваат со мирни средства преку работата на Народната федеративна партија (бугарска секција) и Сојузот на бугарските конституциони клубови. Но, еден дел од кадрите на ВМОРО прави обиди преку исценирање провокации да го реанимира Македонското прашање. На чело на оваа група е Тодор Александров, кој во 1912 година ги организира Магарешките атентати. Опремените од него групи, товарат експлозив на магариња и ги оставаат пред турски пазари. Бомбите го одземаат животот на десетици Турци, кои пак својот бес го исфрлаат врз недолжното христијанско население. На овој начин Александров ја постигнува својата цел.

За време на Балканските војни, Александров мобилизира бивши кадри од ТМОРО (како Петар Чаулев, Васил Чакаларов и други), со кои формираат големи чети и ги праќаат во Македонија да вршат диверзантски акции во тилот на турската војска. За време на Втората балканска војна, овие чети, командувани од Александров, се ставаат целосно во служба на бугарската војска и водат битки против српските и грчките војски. Во 1913 година, по завршувањето на Втората балканска војна, овие чети го дигаат Охридското востание.

1919-1924

По Првата светска војна, Александров заедно со Протогеров, под претекст дека ја возобновуваат старата ВМОРО од време на Илинденското востание, во Пиринска Македонија ги удира темелите на ВМРО. Зборот Одринска е изваден од името, затоа што во 1913 година Турција ги прогонува сите христијани од оваа област. Таа самата се повикувала на таков континуитет, иако сега била есктремно десничарска, па како таква сурово се пресметувала со низа автентични Илинденци, нејзини неистомисленици, како Ѓорче Петров на пример. ВМРО израснува во силна герилска организација, при што од своите бази во Бугарија извршува терористички акции против властите на новите поробувачи на Македонија, соседните Кралства на СХС и Грциjа, а создава и ригидна паралелна власт и брутално се меша во политичкиот живот на Бугарија, како во случајот со Деветојунскиот преврат и Септемвриското востание во 1923 година. Во 1922 г. со помошта на ВМРО е создадена и Внатрешна Тракиска Револуционерна Организациjа (ВТРО), начело со Тане Николов, бивш воjвода од ВМОРО.

Александров заедно со Алеко Паша создава силна организација со челична дисциплина на територијата на Пиринска Македонија. Бугарските власти ја толерираат Организацијата, под услов таа да биде катализатор кој ќе спречува ескалација на политичката ситуација.

Непосредно по оформувањето, ВМРО започнува да праќа вооружени чети преку граница во Вардарска и Егејска Македонија. Битките со српската жандармерија стануваат секојдневна појава. Не можејќи да се справат со ситуацијата, Србите носат 12.000 жандари во Македонија (од 15.000 вкупно во СХС).[се бара извор]

ВМРО на Александров иако војува под паролата „Независна Македонија во Балканска федерација“, во писма до свои блиски луѓе тој не крие дека крајна цел на неговата борба е анексија на Македонија од страна на Бугарија.[се бара извор]

Протогеров патува во Албанија, каде прави договор со албанската влада на ВМРО да и се отстапи Мала Преспа како територија од која да ја напаѓа СХС. До 1921 во секој дел од Вардарска Македонија има вооружени чети на ВМРО. Жртвите на српските сили се огромни. Тие дури во Штип формираат специјална организација наречена „Здружение за борба против бугарските бандити“.

Во Егејска Македонија ВМРО дејствува само во областите каде што има компактно македонско население, т.е. во западна Егејска Македонија. Се водат десетици битки со грчката полиција и војска, но дејноста овде, за разлика од Вардарска Македонија, се сведува само на агитација и одржување на духот на населението.

Во 1922 ВМРО прави контакти со хрватското револуционерно движење. Во 1924 година ВМРО преговара со советското раководство за соработка. Истата година по овластување од Тодор Александров, покрај своите, Александар Протогеров и Петар Чаулев, на Мајскиот манифест во Виена, во името на ВМРО го ставиле и неговиот потпис, од една страна и Димитар Влахов, од друга страна, за обединување на сите македонски револуционерни сили. Додека некои тврдат дека Александров во својство на лидер на ВМРО најпрвин се согласил со Манифестот и го потпишал, самиот тој остро го демантирал тоа и го отфрлил наводниот потпис како „комунистичка измислица“. Наскоро, на 31 август 1924, тој ќе биде убиен под неразјаснети околности, а теориите за неговото убиство варираат од тоа дека го убиле соборците, затоа што направил спогодба со болшевизмот, преку тоа дека го убиле комунистите, затоа што, наводно не дозволил Организацијата да потпадне под советско влијание.[1]

1924-1934

Раководството на ВМРО паѓа во рацете на Протогеров и Михајлов. Ванчо Михајлов, откако успева да создаде опкружување од лојални луѓе, започнува со долгогодишна кампања на жесток терор, во којa, како жртви паѓаат и окупатори на Македонија, но и неистомисленици, како на пр. припадниците на конкурентското Протогеровистичко крило, потоа левичари, како и многу Илинденци и воопшто, било кој друг кој би му застанал на патот. Во септември 1924 година ги спроведува и таканаречените Горноџумајски атентати, кога во една ноќ се убиени десетици социјалисти. Тогаш се убиени Димо Хаџи Димов, Славчо Ковачев и Арсениј Јовков, претседателот на Илинденската организација. По налог на Михајлов се убиени и: Петар Чаулев (организаторот на Охридското востание), Тодор Паница, Георги Баждаров, Ѓорѓи Поп Христов, Протогеров и многу други.

Податотека:Ivan Mihajlov.jpg
Иван Михајлов.

Со помош на сеењето страв и терор, Организацијата се зацврстува, нејзините сметки се полнат и со „доброволни“ прилози изрекетирани од бугарските трговци, особено Евреите, што ќе рече, „даноци“ собирани од страна на Михајловата „паралелна држава“, која тој ја воспоставува во Бугарија, а чиј бастион е во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, каде се базите за тренинг на новопечените терористи. Михајлов го распушта четничкиот институт и прави преорганизација во силите и тактиката. Одсега наместо праќање вооружени чети, во Вардарска и Егејска Македонија се испраќани терористи по тројки со експлозив и пиштоли. Се минираат пруги, патишта, колони, касарни. Секојдневно се вршат атентати на српски и грчки офицери и администрација.

Деветнаесеттомајскиот преврат во Бугарија во 1934, нововоспоставената влада на организацијата „Звено“ ги забранува сите партии и движења во земјата, според тоа и ВМРО, особено поради нејзините незауздани терористички кампањи и паралелната власт која ја има воспоставено во Пиринска Македонија. Михајлов е осуден на смрт и спасот го бара во егзил. Неговите соборци во Бугарија се предаваат на новите власти и организацијата се расформира. Михајлов без да даде никаков отпор, ја напушта земјата и емигрира. Истата година заедно со хрватските националисти, кадри на ВМРО го организираат убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во францускиот град Марсеј, извршен од Владо Черноземски.

Мора да се одбележи дека ВМРО во тоа период војува под паролата за „Независна Македонија“. Иако Михајлов не признава посебна национална самобитност на населението во Македонија, тој се залага за назависна и обединета Македонија со главен град Солун.

Види исто

Литература

  • Зоран Тодоровски „ВМРО 1924-1934“, РОБЗ, Скопје, 1997.
  • Димитар Влахов „Предавниците на македонското дело“.

Извори

  1. Димитар Влахов „Мемоари“, Скопје, 2003.