Волен Сидеров: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: it:Volen Siderov
Ред 62: Ред 62:
[[en:Volen Siderov]]
[[en:Volen Siderov]]
[[fr:Volen Nikolov Siderov]]
[[fr:Volen Nikolov Siderov]]
[[it:Volen Siderov]]
[[la:Volen Siderov]]
[[la:Volen Siderov]]
[[no:Volen Siderov]]
[[no:Volen Siderov]]

Преработка од 00:03, 1 февруари 2011

Волен Сидеров

Волен Николов Сидеров (бугарски: Волен Николов Сидеров) е бугарски политичар, претседател на бугарската националистичка партија Атака.

Сидеров бил претседателски кандидат на партиjата Атака на Претседателските избори на Бугариjа во 2006 година[1] Сидеров тврди, дека негова партиjа е единствена опозициjа против владата[2].

Младост, образование и почеток на политичката кариера

Роден е во Јамбол, Бугарија на 19 април 1956 година. Во средното училиште учел за применета фотографија во родниот град и во Софија[3] Сидеров ги започнал да студира бугарска литература и јазик во Софија, но не ги завршува студиите. Пред падот на комунизмот во 1989 година во Националниот музеј за литература во Софија работи како фотограф.

По падот на комунизмот Сидеров станува член на нофооформеното Движење на човекови права. Во есента 1990 станува главен и одговорен уредник на списанието Демократија - официјален гласник на Сојузот на демократски сили. Тој имал важна улога етаблирањето на весникот како весник на десницата.

Во 1992 година бил отпуштен од работа и со тоа ставил крај на односите со неговите дотогашни политички партнери.[3] Во текот на локалните избори во Бугарија во 1995 година тој го води центарот за односи со јавноста на Бугарската социјалистичка партија. Подоцна не успева да се најде на листата на кандидати за пратеници на Националното движење Симеон II, на поранешниот бугарски цар Симеон Сакскобургготски.[3]

Подоцна бил назначен за заменик главен и одговорен уредник на списанието Монитор кое се смета дека има националистички и конзервативни ставови. Подоцна добил отказ и од Монитор и започнал да води политичка емисија на бугарската кабелска телевизија СКАТ. Во оваа емисија тој зборувал за корупцијата во бугарската политика, а малцинствата ги претставувал како виновници за лошата економска состојба во земјата.

Во 2002 година се запишува на студии по теологија на Универзитетот во Шумен. Во април 2007 година требало да полага испити, но поради големиот интерес на медиумите не се појавува на испитот.[3]

Во 2002 година бил поканет на контраверзна анти-глобалистичка конференција во Москва каде бил во друштво[4] со Ахмед Рами (шведски писател од мароканско потекло и човек кој го негира холокаустот)[5] и со Дејвид Дјук (витез на расистичката организација Кју Клус Клан[6][7][8][9][10][11] и поранешен републиканец од Луизијана).

Во мај оваа година (2009) Универзитетот во Шумен објавил дека Сидеров се стекнал со универзитетска диплома студирајќи по индивудуална програма.[3]

Подем во политичката кариера

Во текот на локалните избори во 2003 година бил кандидат за градоначалник на Софија. На изборите освоил вкупно 1728 гласа (или 0,45%).[3] [12] Овој негов политички обид останал незабележан од пошироката јавност.

Во 2005 година тој е многу позната личност поради својата телевизиска емисија, на парламентарните избори учествува со како предводник на националистичката коалиција Атака (која името го добила според неговата телевизиска емисија). На големо изненадување. На големо изненадување коалицијата добива 8,14% од вкупниот број на гласови и станува четврта најголема партија во парламентот.[13] После победата Сидеров формира партија со истото име.

На 23 февруари 2007 година Волен Сидеров заедно со педесетина членови на неговата партија влегле во просториите на неделникот 168 часа, додека поголема група од околу стотина симпатизери чекале пред зградата на знак за напад. Толпата била иритирана од една статија која била напишана во весникот[14] Сидеров и неговиот заменик Павел Шопов влегле во просториите на Николај Пенчев (главен и одговорен уредник на весникот) и вршеле притисок за да им биде кажано името на новинарот кој ја напишал статијата.

Претседателски избори 2006

На претседаделските избори во 2006 година во првиот круг добил 21% од гласовите, а Георги Прванов (сегашниот претседател на Бугарија) освоил 65% од гласовите. Поголемите десни партии во Бугарија во вториот круг не поддржале ниту еден од кандидатите.

Политички ставови

На почетокот на деведесетите се залагал за реформи, за доближување до НАТО и САД. Кон крајот на деведесетите започнал да користи анти-западна реторига и да пишува за светска конспирација и анти-бугарски политики.[3] Зборува за дискриминација на бугарите во нивната сопствена држава[3]

Од скоро целата бугарска политичка елита, како и од поголемите медиумски куќи, Сидеров се смета за популист и за ксенофоб.

Тој е многу добар говорник. Во текор на последните неколку години често пати одржува митинзи и маршеви по улиците со симпатизерите на Атака.[3]

За македонските работи

Сидеров не го признава постоењето македонскиот јазик, со образложение дека тој е јазик "измислен како антибугарско оружjе", и се залага за единство против македонизмот[15].

Волен Сидеров се бори против глобализмот и се залага за заштита на православната религија[16].

Книги на Волен Сидеров

  • „Бумеранг на злото“ (2002)[17]
  • „Бугарофобија“ (2003)[17]
  • „Властта на Мамона“ (2004)[17]
  • „Мојата борба за Бугарија“ (2007), бугарски: Моята битка за България[18].

Надворешни врски

Литература

  1. Президентом Болгарии стал Георгий Пырванов(руски)
  2. Bulgarian president Parvanov wins re-election (англиски)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 http://www.novinite.com/elections2009/leaders.php?id=7 ELECTIONS 2009 - LEADERS - Volen Siderov
  4. Предлошка:Цитирана веб страница
  5. "[T]he Swedish antisemitic and Holocaust-denial Radio Islam site managed by Moroccan emigré Ahmed Rami...""Cyberhate, Antisemitism, and Counterlegislation", Jerusalem Center for Public Affairs, 2006
  6. Предлошка:Цитирана веб страница
  7. Предлошка:Цитирана веб страница
  8. Предлошка:Цитирана веб страница
  9. Предлошка:Цитирана веб страница
  10. Предлошка:Цитирано списание
  11. Предлошка:Цитирана веб страница
  12. http://izbori.is-bg.net/tour1/rez/1-2246-2.html
  13. http://www.2005izbori.org/results/index.html Централна изборна комизија
  14. Предлошка:Цитирана веб страница
  15. Статиjа "Зашто е нужно едиство против македонизмот": признава се от страна на София един измислен като антибългарско оръжие език и се подписва една неподходяща за България конвенция, която и до днес Франция не иска да подпише.
  16. Глобализам - последниот етап на опитот за колонизациjа на православниот Исток (руски)
  17. 17,0 17,1 17,2 Биографиjа(руски)
  18. [1]