Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 399: Ред 399:
# Николче, како администратор имаш право да го блокираш ботот ако сметаш дека не работи како што би требало да работи (како што јас го блокирав сега). Додека не се постигне конзенсус, јас не би го одблокирал.
# Николче, како администратор имаш право да го блокираш ботот ако сметаш дека не работи како што би требало да работи (како што јас го блокирав сега). Додека не се постигне конзенсус, јас не би го одблокирал.
--[[User:Misos|Милош]] <small>([[User talk:Misos|разговор]])</small> 13:54, 24 јануари 2011 (CET)
--[[User:Misos|Милош]] <small>([[User talk:Misos|разговор]])</small> 13:54, 24 јануари 2011 (CET)
:За сè се сложувам со Милош и нема што да додадам освен две забелешки: првата, околу блокирањето на ботот, нема корист од тоа ако Брест сам си го одблокира и второ, консензус за ботот нема постигнато веќе долг период бидејќи Брест не сака да ги слуша нашите забелешки околу бришењето статии, пренасочување на интервиките до македонската статија (така за Македонија имаме сега и на тамилски пренасочено) и негово прифаќање на фактот дека РМ на оваа Википедија се вика Македонија. Ова се три забелешки кои Брест мора да ги почитува бидејќи се мислења на заедницата.--<big><font face="Monotype Corsiva">[[Корисник:MacedonianBoy|Никола]] <sup>[[Разговор со корисник:MacedonianBoy|Стоіаноски]]</sup></font></big> 14:41, 24 јануари 2011 (CET)


== Дарување крв ==
== Дарување крв ==

Преработка од 15:41, 24 јануари 2011

Предлошка:Портална навигација

Селска чешма на Википедија
Централно место за дискусии, прашања и одговори
↓ Кон содржината ↓       ↓ Кон разговорите ↓
Отворете нова тема или прашање
Византиската чешма во с. Винце, Кумановско
Селска чешма

За да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу, но запомнете:

  • При дискусиите останете смирени, учтиви и културни. Претпоставете добронамерност;
  • Вандализмот бргу се отстранува;
  • Давајте описен наслов на вашиот нов коментар;
  • На крајот од пораката потпишете се со четири тилди (Еве вака: ~~~~). Ова автоматски ќе го потпише Вашето корисничко име и датумот и времето кога е оставена пораката (се потпишуваме на страници за разговор, но не на статии).
За што да ја користите оваа страница?
Кратенки:
ВП:СЧ

Оваа страница е наречена „селска чешма“ затоа што е место каде што читателите и уредувачите можат да се соберат и заедно да дискутираат за било што поврзано со Википедија.

Ве охрабуваме да почнете нов разговор доколку сакате:

  • Да добиете помош околу користењето на Википедија;
  • Да добиете помош околу уредувањето на Википедија;
  • Да дискутирате технички прашања, поврзани со погонот МедијаВики;
  • Да ги дискутирате начелата и напатствијата;
  • Да дадете јавни известување и новости;
  • Да дадете предлози и сугестии;
  • Да оставите конструктивна критика за проектот;
  • Да поставите правописни и граматички прашања и ревизии;
  • Да добиете помош со преводи на поими и имиња од странски јазици;
  • Општо, за сè што е поврзано со Википедија и Википедијанците.

Доколку сакате да дискутирате за некоја статија, ве молиме почнете ја дискусијата на разговорната страница на самата статија.

Ако барате администраторско внимание (за вандализам на страници, кршење на начела, лични напади и непристојност, уредувачки војни, заштита на страници или други технички работи), поставете го барањето на Википедија:Огласна табла за администратори.

Гласање за воведување новини

Ако имате предлози за изменување или воведување начела и напатствија, воведување новини или постапување во врска со одделни прашања, на оваа страница може да започнете гласање за испитување на мислењето на заедницата. Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Во случај да се работи за предлог за избор на едно од повеќе предложени решенија, тогаш секој може да гласа за само еден предлог и притоа е неопходно да го образложи својот глас. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Одлуката за прифаќање на предлогот се носи со примена на просто мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку половина од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.

Do not speak Macedonian?

If you are willing to post comments but you do not speak Macedonian, you are welcome to do it on the Village Pump for foreign languages (please visit the Macedonian Wikipedia Embassy to check the language abilities of the community members before choosing the language to post in). Please do not post comments in foreign languages on this page, as it is intended for comments and discussions in Macedonian only. All comments that are posted on this page in a language other than Macedonian will be immediately moved to the Village Pump for foreign languages.

Архиви


ak:Wikipedia:Community Portal

Лузери

донации за Википедија

Здраво - донирав 5 долари на Википедија, еднаш ми рече дека има грешка пробав уште еднаш и уште еднаш ми рече дека има грешка. Си ја проверив потоа сметката, гледам дека 10 долари се наплатени. Ве молам проверете го кодот на страницата. Поздрав. --LazialeStojakovo

kako e dojdeno do imeto na seloto Glodji tetovsko

Почитувани, Вие се обраќаме со молба да ни кажете информации, ако постои во Вашата евиденција. Како е дојдено името на селото Глоѓи? Нешто повеќе за неговата историја. Колку цркви имало во минатото,кои биле нивните имиња,легенди,митови. Миграцијата на населението и други информации кои би ни преставувало задоволство да ги осознаеме. Сашо Матовски Претседателот на НВО Бела Виста-Институт за Одржлив Регионален Рурален Развој и Претседател на Црковниот Одбор при Храм Св АТАНАСИЈ

Се што имаме за селото ќе најдете тука. Поздрав--Р ашо 19:30, 29 ноември 2010 (CET)[одговори]

Editor Appeals Need Translations

Hi everyone! Sorry for the English, anyone who is able to translate is welcome (and encouraged). Translations are very important to the 2010 fundraiser and those of you who have contributed have done great work. We still have a long way to go though and will continue to need your indispensable skills. Currently, the appeals from Wikipedia editors Kartika, Liliaroja, Abbas and Joan Gomà need to be translated and localized. Also some core messages need to be updated for certain languages. You can find all translation requests at the translation hub on meta and you can follow the progress of the fundraiser in real time by tracking the fundraiser statistics. Also for those of you who haven't already, you can subscribe to the translators-l mailing list for all new requests and major changes. Many thanks for your help in truly making this a global fundraiser that you can edit. schapman

Категорија:Македонија

Здраво на сите. Како што можете да видите, почнав со средување на категоријата Македонија и Република Македонија. Бидејќи одлучивме државата да се вика само Македонија (кога ја преименувавме статијата), така и категоријата за државата треба да е само Македонија. За да се среди целосно, треба да се почне со одделување на некои (мислам малку се) статии поврзани со регионот Македонија. Мој предлог е Категорија:Македонија да е за државата, Категорија:Република Македонија да пренасочува кон Категорија:Македонија, а за регионот да отвориме нова категорија под името Категорија:Македонија (регион). Намерно предлагам Регион Македонија, наместо Македонија (регион) за полесно пишување. Молам за одговори за да се среди конечно и оваа категорија. Поз--Никола Стоіаноски 20:31, 23 декември 2010 (CET)[одговори]

ПС: Ако има некоја категорија за географија на регинот, тогаш згодно би било да биде именувана како Категорија:Георграфија на регионот Македонија, наместо Категорија:Географија на Македонија (регион).--Никола Стоіаноски 21:16, 23 декември 2010 (CET)[одговори]

Среќна нова година

Среќна нова 2011 и срдечни честитки до сите корисници и читатели на Википедија на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 05:04, 1 јануари 2011 (CET)[одговори]

Среќна и од мене, нека оваа година ни донесе поголем успех нашата Википедија.--Тиверополник (разговор) 11:24, 1 јануари 2011 (CET)[одговори]
Happy New Year!!!--Никола Стоіаноски 13:35, 1 јануари 2011 (CET)[одговори]

Прослава на 10 годишнината на Википедија!

На 15 јануари 2011 година, Википедија ќе наполни 10 години.

За неколку дена, слободната енциклопедија која секој може да ја уредува ќе прославува десетгодишнина. Ќе се организираат настани и мрежни активности за да се одбележи овој ден.

Централниот настан ќе се одржи во Старата скопска чаршија, културно средиште и мозаик на различни архитектури. Мултиетничката локација претставува симбол на разновидноста на Википедија. Неколку организации (НВО, компании) пројавија интерес за подршка на настанот. Нашиот план е да вклучиме што е можно повеќе. На организираните настани очекуваме да присуствуваат повеќе од 50 заинтересирани.

Датум Час Опис Место Статус Организатор
15.01 Гостување на Викимедија Македонија во отворена радио емисија. Канал 103 Потврдено Канал 103
15.01 Вики-средба на членови на локалната вики заедница, други активности. Ла Кања, Стара чаршија Потврдено Викимедија Македонија
15.01 Презентација на Викимедија Македонија и Слободен Софтвер Македонија. Ла Кања, Стара чаршија Потврдено Викимедија Македонија
15.01 Вечерна забава со локален диџеј Ла Кања, Стара чаршија Потврдено Викимедија Македонија
18.01 Презентација на Викимедија Македонија Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје Потврдено Викимедија Македонија, httpool Online Advertising
дд.02 Презентација на Викимедија Македонија, работилници на неколку факултети Економски факултет, УКИМ се договара Викимедија Македонија, httpool Online Advertising

Централниот настан ќе биде медиумски поддржан од: IT.com.mk и Канал 103.

Копирано од официјалната страна на настанот. Малку бевме зафатени, и изгледа никој не се сетил да постира тука! :) --FlavrSavr (разговор) 16:31, 5 јануари 2011 (CET)[одговори]

Идеи, сугестии, некакви реакции, критики?? --FlavrSavr (разговор) 18:09, 5 јануари 2011 (CET)[одговори]

Создадов посебна страница за овој настан. -- Бојан имаш за кажување? 15:45, 6 јануари 2011 (CET)[одговори]

Нови статии

Здраво до сите поискусни Википедијнци. Како што може видовте, има еден куп нови статии од нови корисници кои се лошо средени. Не е лошо сите да се нафатиме и да ги средиме малку. Списокот е тука, па ако сака некој нека одбере статии и нека средува. Поз--Никола Стоіаноски 15:45, 12 јануари 2011 (CET)[одговори]

Екстремно важно. Се молат сите искусни корисници да почнат при средување на новиве статии бидејќи ќе останат така, несредени и изгубени. --Никола Стоіаноски 16:21, 15 јануари 2011 (CET)[одговори]
Нема проблем од моја страна, и онака ги средувам колку што можам--Тиверополник (разговор) 16:24, 15 јануари 2011 (CET)[одговори]
Искрено ова е премногу, пробам сам ама не иде. Секој момент има нови статии кои вријат од англицизми, не се сосема преведени и не се воопшто средени. Нема корисници кои би ги средиле. Барем шаблони ({{Внимание}} {{Викифицирање}} {{Без извори}} {{Превод}} ако треба) и категории да се ставаат за да не ги изгубиме одпосле. Јас се заморив средувајќи по нив :) --Никола Стоіаноски 16:29, 15 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас мислам дека најмногу што треба да направиме во моментов е да ги преведеме насловите на статиите. Средувањето на статиите може да делува негативно на новите корисници, кои сега е најдобро да се обидеме да ги задржиме и да ги мотивираме да продолжат да уредуваат понатаму. Јас веќе започнав со доделување на награди.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:15, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]

Да, имаш право. Веќе имам преведено баеѓи наслови, обично во воведот ги преведуваат и ставам шаблони за Внимание, Викифицирање и Без извори и интересно е што корисниците си ги поправаат статиите, т.е. форматираат, викифицираат и ставаат извори. Се надевам вака ќе ни оди и понатака, иако малку сум песимист кон ова прашање бидејќи голем дел гледаат само да ја завршат задачата. Но да се надеваме дека грешам. Поз--Никола Стоіаноски 11:52, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]
Тоа што си ги поправаат статиите е навистина одлично, па затоа мислам дека ако ние го правиме тоа, всушност им ја вршиме работата и нема да имаат простор да научат повеќе. Мислам дека ако се развие некоја комуникација на страниците за разговор, би можеле нешто повеќе да направиме околу задржувањето на корисниците.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:57, 16 јануари 2011 (CET)[одговори]

prasanje

Dali nekoj znae da mi kaze kolku sijalici ima na mileniumskiot krst?

Портали

Здраво на сите кои се заинтересирани за порталите. Има една работа која треба да ја средиме. Имено, моментално имаме Портал:Република Македонија и Портал:Македонија и овие имиња не одговаараат со соодветните статии, бидејќи првиот се однесува за Македонија а вториот за Регионот Македонија. Мој предлог е Портал:Република Македонија да се преименува во Портал:Македонија, а Портал: Македонија во Портал:Регион Македонија. Вака нема забуни ем со статиите, ем со поимите. Поз--Никола Стоіаноски 12:39, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Само внимавај при пренасочувањето, бидејќи ќе треба да се пренасочат сите страници кои се уредени за порталот.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:46, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Па да поради тоа сакав прво да прашам, па ако се согласувате ќе средам сè. Ако се согласувате готово ќе биде за час. --Никола Стоіаноски 12:50, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Само што ти почна да преуредуваш без да почекаш. Сега јас ќе почнам да ги враќам промените кои самоволно си ги направил. --brest (разговор) 13:11, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Причина? Тој портал е непотребен, но сепак го средив. Има Портал:Регион Македонија, Портал:Грција, Портал:Бугарија и Портал:Античка Македонија. Што ќе ни е овој портал? --Никола Стоіаноски 13:59, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Убаво што среди нов географски портал за Регионот Македонија, користејќи го како шаблон порталот Македонија. --brest (разговор) 14:03, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Тој портал е за поширок регион наречен Македонија, а за државата колку што знам јас одамна беше одделен како посебен под име РМ, кој ќе добие ново име според статиите на Википедија.--Никола Стоіаноски 14:05, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Статии од типот "GGGG во нешто"

Што правиме со статиите од типот:

...

Односно статиите во Категорија:Категории по година?

Повеќето од овие статии стојат празни подолго од една година. Значи тие се создадени, после некои време најчесто поминал бот и ставил шаблон без извори или ако има интервики врски ги ажурирал, но во 99% од нив нема ниту едно зборче корисна информација.

По моја слободна проценка се работи за неколку илјади страници во главниот именски простор, плус шаблон СЗР на нивната страница за разговор. Поголемиот дел од овие страници се и лошо категоризирани и лошо именувани. Мора да се преземе нешто во врска со овие страници. Со оглед на тоа што подолго време стојат нечепнати од почетокот на нивното создавање, тоа е знак дека заедницата нема сили да ги пополни со соодветни минимални содржини веќе една година а со оглед на темпото со кое се уредува, најверојатно тоа нема да се направи ниту во наредната година. Според ова логички би било да ги избришеме овие страници, за да не го подигнуваат нереално бројот на статии и да го намалуваат квалитетот на македонската википедија и се разбира нашиот углед и да го девалвираат нашиот досегашен труд. А знаете кога пред едно месец дена ја достигнавме бројката од 40.000 посакавме да бидеме запишани на главната страница на ен.вики а од таму тоа не го прифатија токму од овие причини. Јас веднаш после тоа пронајдов голем број на страници кои си беа дупликат на постоечки празни статии, ги избришав и вкупната бројка на статии падна малку под 40К. Но со бришење на овие страници за кои зборувам овде, ќе направиме едно големо прочистување на празни статии и би требало да се подигне квалитетот на википедија. А за бројката, здравје, ќе дојде и тоа време кога со содржајни и квалитетни страници ќе биде зголемена до посакуваното ниво.--brest (разговор) 23:42, 28 мај 2010 (CEST)[одговори]

Не ги бриши овие статии! Имам некои други обврски деновиве, но во скоро време ќе започнам технички да ги уредувам овие статии, а се надевам дека иницијативата ќе се омасови. Овие статии никако не се за бришење, бидејќи се потребни на Википедија на македонски јазик. Веќе ако бараме статии за бришење, посоодветно би било да се бришат статиите за селата кои со години се празни и никако да се направи нешто за да се пополнат, но и за нив имам план.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:46, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Кирил, отвори ја категоријата и погледни ги поткатегориите. Мислам дека ќе видиш за колкав број на страници се работи. ;) Мислам дека нема штета ако ги избришеш сите одеднаш, brest, а потоа можеме една по една да ги создаваме ако имаме информации И волја. Во секој случај не можеме да создадеме (односно пополниме) ни 5% од сиве овие статии. --iNkubusse A? 03:13, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Знам дека се премногу и некои од нив се за непотребни теми (на пр. археологија и философија), но веќе ако земеме да ги бришеме, ајде да избришеме некои други целосно непотребни статии, како што се статиите за основните училишта во Македонија. За секоја енциклопедија е добро да има категоризирано содржина по години и по различни области. И како што реков во текот на месец јуни ќе се ангажирам околу средување на дел од овие статии, а се надевам дека ќе има интерес и кај другите корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:27, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
P.S. Од друга страна има корисници за кои овие статии може да влијаат дестимулирачки да им го намалат ентузијазмот за понатамошно уредување. Со оглед на тоа дека до пред еден месец најактивните корисници на Википедија на македонски јазик беа активни со уредување на нови статии за да се достигне одредена граница, намалувањето на бројот на статии и враќањето повторно на некои 35.000 статии може да се одрази негативно или во најдобар случај повторно да се уредуваат празни статии од други области за да се дојде до 40.000 статии. Проблемот не е само да се избришат статиите и на тој начин вештачки да се зголеми квалитетот, туку да се ангажираат повеќе корисници да ги пополнат овие статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:32, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
Кирил, мислам дека не си видел колку многу статии се. Сериозно. Инаку, не се работи за конкретни училишта или слично, туку за многу општи списоци на настани од еден куп области за многу многу многу ... многу МНОГУ години. brest, може да ни кажеш точен број? --iNkubusse A? 04:29, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
  • Мислам дека се околу 5000 само за години од конкретни области. Од нив само годините во шахот се барем со една корисна информација. Останатите се празни статии. За пополнување на овие статии размислував и уште претходно и започнав со уредување на една статија за списоците на лидери по години, но немав време деновиве да ја довршам и да предложам овие статии да се пополнат по истиот принцип.--Kiril Simeonovski (разговор) 04:57, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
  • Не можам да кажам точна бројка, од око помалку се од бројката која ја кажува Кирил, но сепак се многу. Иначе Кирил, може многу лесно со бот да се создадат повторно овие страници и тоа многу подобро да изгледаат, ако се седне и се размисли малку околу дизајнот на страниците. Но проблемот е како да се пополнат со содржина. Она што Кирил го има почнато во една статија не гледам дека ќе го реши проблемот на пополнување. Во секој случај не е проблем да почекаме со бришењето, ако на Кирил му треба уште еден месец за да ги пополни и да организира други уредувачи за тоа, слободно ќе почекаме.--brest (разговор) 23:52, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]
  • А може ли со бот да се пополнат? Знам дека така е полесно, но што да се прави кога мора рачно да се уредуваат. Во принцип не е мноту тешко ниту рачно, бидејќи во една година не се менуваат сите лидери, туку само некои, па секоја наредна година исто и сè така. Во секој случај, без пет многу активни корисници кои ќе го работат ова, за еден месец нема сигурно да биде готово.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:37, 30 мај 2010 (CEST)[одговори]
Не знам, Кирил... Ако мислиш дека можеш да пополниш барем и 2000 од тие, тогаш ти пожелувам среќа. :) --iNkubusse A? 13:16, 29 мај 2010 (CEST)[одговори]

Јас започнав со пополнување на еден список за лидери по години, па иако мислам дека ќе биде тешко мислам дека ќе има интерес за пополнување на овие статии. Моментно, омасовена е идејата за уредување на статии во врска со Московскиот Кремљ, па откако ќе се уредат сите поврзани статии, може да се започне со пополнување на овие статии. Главно сум против бришењето на овие статии, бидејќи со тоа би се намалил бројот на статии, со што би се срушил мотивот на многу корисници за уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:32, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Создаден е ВикиПроект Години, кој ќе има за цел да ги организира корисниците во пополнувањето на статиите со корисни податоци. Предлагам дискусијата да се премести таму.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:52, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Одличен напредок, , за неколку месеци (минимум 4 изминаа откако iNkubusse ти пожела среќа) успеваш да направиш список дури за цела една година (1 после Христа). Математиката вели за 2000 години потребни ќе ти бидат 2000 * 4 = 8.000 месеци или отприлика 666 години, арно ама ако останатите вредни корисници помогнат може тоа да се направи за пократко време, па дури и за една минута, --brest (разговор) 23:44, 11 октомври 2010 (CEST)[одговори]
Без грижи. Статијата започнав да ја уредувам пред неколку дена, со ефективно време на работа од околу 30 минути. Секогаш првата статија е најтешка. После само со пренесување на содржината и со една до две измени ќе се уредат уште дваесетина статии. Инаку, имав поважни работи околу порталите и избраните статии, па поради тоа не го започнав ова порано. И сега имам, но сето тоа е сведено на минимум, со оглед на активноста и на другите корисници во тој дел. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. За се ќе се договориме на страницата на проектот. Главно е, уште еднаш ќе повторам, дека масовното бришење на статии е штетно за Википедија на македнски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:00, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Овие статии се премногу долго време без надополнување и ќе треба најбрзо што може бидат избришани, бидејќи нема интерес за нивно пополнување.--brest (разговор) 13:15, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас сум строго против отстранувањето на овие статии и ќе замолам досега избришаните статии да бидат вратени. Ако имаме празни статии, нивното брешење не е начин да се подобрат содржините. Потребно е да се види како другите ќе го прифатат тоа, а не каков ќе биде техничкиот исход. FlavrSavr е во право кога изјави дека Википедија е збир на луѓе и односите меѓу нив и тоа како истите ќе бидат мотивирани е најважно, а не тоа како моментно изгледаат статиите.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:24, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Вакво вулгарно однесување како ова на brest ниту е пример за другите, ниту доликува на некој кој членовите на Викимедија Mакедонија го изгласале за претседател, а тоа е ставка која многу лесно може да се смени ако се продолжи во овој правец. Противник сум на се што е демотивирачко за сите сегашни и идни кориснци на Википедија на македонски јазик. Нашата задача е да ги мотивираме, а целта е зголемен број на статии кои ќе се шират по обем и ќе добиваат на квалитет. Кој си ти brest и што се замислуваш да бришеш статии затоа што нема интерес за нивно пополнување? Кој ти дал за право да бришеш веќе создадени статии, заедницата, или се сметаш себе си дека си над неа, а? Arwena (разговор) 17:44, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Според мене за секоја поголема промена кој сака некој да ја воведе (во случајот, бришењето на статиите од типот години или безпотребно делување на ботови) да има гласење или никој да не смее да прави она на кое на него му одговара или тоа го сака. Доколку на википедија се подредуваме според хиерархијата според тоа кој бил кој во заедницата , сметам дека не е правилно, бидејќи треба на сите да им се даде размислување. Јас лично можеби сум за бришење на тие статии, но односот кон најприсутниот администратор во последните 2-3 години, Никола, не ми се допадна. И сега што ќе кажете, кој е Никола овде, кој има најмногу уредувања од нас сите, а за вакво глупо прашање не се прашува него т.е. никого. Гласењето му е мајката--Тиверополник (разговор) 19:05, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Проблемите со Брест не се од вчера, туку се јавуваат костантно веќе подолг период. Јас еднаш-двапати сум пишувал за такви проблеми, но мислам дека „џабе сум везел“. Секоја чест на Василка, но и овој инцидент ќе се заборави. А тоа е поради тие пријателства од вики средбите. Ајде сеа да видиме кој ќе му пререче на другарчето Брест? Кирил, Милош или можеби Цобе. Се сомневам.--Р ашо 19:17, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Рашо, во право си, но не знам зошто мене ме споменуваш во таа група. Да бидам искрен, многу луѓе кои се појавија на Вики средбите станаа администратори, без некој особен вложен труд претходно. Но, сепак за тоа одлучи целата заедница, а не оние кои присуствуваа на средбите.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:48, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Факт е дека и ти си бил во неколку вакви ситуации со тој корисник, но ете се премолчело. Но некои ете за жал неможат да преминат преку тоа.--Р ашо 19:59, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Незнам само уште колку активни админи и корисници ќе изгубиме на тој начин. Мораме да превземаме нешто. Мислам дека треба за повеќе теми или проблематики да се гласа. Од коментарите заклучувам дека досега се согласуваме околу стореното од страна на брест, но не би требало истото да се осуди, туку да се бара решение - враќање или не на т.н. празни статии преку гласање--Тиверополник (разговор) 19:27, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
За бришените има решение, а тоа е враќање. Но нема решение за сите овие глупости од порано, за кои некои лаеле, а некои ги прекриле очите:[1], [2] и сличните на нив.--Р ашо 19:46, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Нема ни да има решение, сè додека некој се труди нешто да докаже. Не е начин однесувањето на Brest кој ја игнорира целата заедница, но не е и однесувањето на MacedonianBoy. Ако е така, треба ли да бидам и јас, бидејќи и јас бев вклучен во уредувањето на статиите кои беа избришани. Мислам дека се соочуваме со детски болести. Лек има и е многу едноставен, но треба да се најде.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:52, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас веќе го кажав своето мислење погоре и мислам дека бев јасен. Следно нешто што можам да направам е доколку не се вратат статиите да земам сам да го направам тоа. Но дотогаш ќе почекам да видам што ќе се случи, иако е очигледно дека сите досега против бришењто без претходна согласност. И ќе замолам поголема смиреност во дискусијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:44, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Со оглед на тоа дека страстите се разгореа, а како една од причините за поделеноста во решавањето на споровите се наведуваат и Вики средбите и ограниченоста на некои корисници да присуствуваат на нив, предлагам да одржиме средба на Scype, на која има можност секој да учествува и која се надевам дека ќе помогне околу појаснувањето на многу работи. Повеќе нема да го губам времето мешајќи се во оваа дискусија.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:56, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Википедија на македонски јазик не приватен проект, туку енциклопедија која ја прават сите луѓе, и автоматски им припаѓа на сите. Независно дали е некој корисник, а некој администратор.Ова повлекува дека за секоја покрупна промена, посебно кога се однесува на губење на статии, треба да биде консултирана заедницата. На сопствен сајт секој може да си прави што сака, но на оваа платформа која е за добробит на човештвото и на знаењето, и каде секоја промена се забележува, јас лично нема да толерирам такво однесување. Ова е инцидент за кој ќе се потрудам да не се заборави, а имам свои методи на интернет кои не се многу пријатни за било кој рецепиент. За почеток да не размислуваме деструктивно, иако се сложувам дека ваквото однесување треба да биде санкционирано. Кај мене нема предност во животот дали некој го познавам лично или не. На интернет сите сме исти и тука се почитува она што е сработено. Мојата сугестија оди во правец да се пребројат и излистаат статиите кои се избришани или кои се проблематични во рамките на темава, и да им се укаже, т.е. да се замолат активните корисници ако сакаат да се вклучат во обидот за нивно пополнување и адаптирање по вики стандардите. Arwena (разговор) 19:57, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Ова веќе оди кон правец на решавање на проблемот. Со цел да се пополнат овие статии, а пишува ипогоре, јас го создадов проектот Години. Неколку заинтересирани се вклучија и кратко се започна со средувањето на некои статии. Ако се договориме, може и да се продолжи.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:16, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]


И што се тоа? Сме го решиле ли проблемот? Утре пак слично со нешто друго и цело време се вртиме во магичен круг. Треба еднаш да се „седне“ и да се реши овј проблем на самоволие. Вусшност сега се сеќавам баш на проблемот со креирањето на милион статии преку пренасочување на интервики насловите. Се сеќаваш ли Кириле колку пишував и молев да се прекине со тоа се додека не се продискутира? Самоволие бе брат, самоволие. Ноу солушн уидаут блок. --Р ашо 20:25, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]

Да, се сеќавам и јас бев вклучен кратко во таа дискусија, но направив грешка којашто сега ја направи и Никола, односно не го болокиравме. Може да се одблокира, но сепак разумен е знакот што е испратен со блокот. Затоа предлагам да се ставиме на Scype и конечно да решиме засекогаш. Вака е многу споро и не оди.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:34, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Би ви предложила одличен начин за решавање на оваа дискусија (и на сите следни), кој е попрегледен и со многу поголем ефект. Да се префрли дискусијата уште појавно на официјалната страница на Википедија на Македонски јазик на фејсбук. Така коментарите можат да се следат сублимирано и концентирано, а богами боопшто не е пријатно кога некој јавно ќе се расплеска со име и презиме. Создаваме нешто кое за добробит на државата, но и на нашиот идентитет и јазик, а да не зборуваме и тоа дека активноста на Викпедијанците ја следат веќе сите медиуми во Rепублика Македонија. :) Arwena (разговор) 20:40, 19 јануари 2011 (CET)[одговори]
Луѓе, дај ве молам, многу пишуваме, да преминеме на спроведување... Многу пишување не е на арно... Дајте да делуваме... Жално е што Никола повеќе нема да пишува на Википедија, токму поради овој факт, многу пишуваме-ништо не се договараме... Дајте ве молам, нешто поконкретно...Јас веќе предложив, за се да има гласење. На FACEBOOK ќе ни се смее цел народ--Тиверополник (разговор) 15:20, 20 јануари 2011 (CET)[одговори]
Мислам дека не може многу работи да се решаваат со гласање, но доколку се организира такво нешто, да знаете дека јас сум против отстранувањето на статиите. А, за во иднина да не се случува вакво нешто, ќе замолам ако може да се организира еден групен разговор на Skype, во кој ќе учествуваат вклучените корисниците во досегашните спорови. Ќе испратам мејл на мејлинг листата, бидејќи сметам дека е добро да не ја оптоваруваме оваа страница повеќе, бидејќи договарањето оди многу споро.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:01, 20 јануари 2011 (CET)[одговори]

Јас пишав на vikipedija@lists.softver.org.mk и се обидов да одговорам на некои од прашањата кои се отворија овде. Но бидејќи таа поштенска листа не е достапна за пошироката вики заедница, ќе пишам и овде.
За жал на мк.вики нема јасно дефинирани вики политики околу ова прашање, но не значи и дека не постојат. Во случаи кога отсуствуваат ваквии политики или се недоволно јасни во пракса се потпираме и повикуваме на политиките дефинирани на ен.вики.
Ви посочувам URL врски до соодветните страници:
1. на мк.вики, дефинирани се на страницата - Википедија: Критериуми за брзо бришење
2. на ен.вики, дефинирани се на страницата - en:Wikipedia:Criteria for speedy deletion
Се разбира може да се погледнат и соодветните страници на останатите јазични изданија на википедија, кои се однесуваат на ова прашање.
Статиите се избришани согласно en:Wikipedia:Criteria for speedy deletion / Articles / A3. No content, како и според :en:Wikipedia:Criteria for speedy deletion / General / G8. Pages dependent on a non-existent or deleted page.
Како што може да се забележи, дискусијата на Селска чешма во врска со овие статии, беше започната некаде мај 2010 година и беше и е јавно достапна се до овој момент. Оставено беше доволно долго време да се почне со нивно пополнување. Тоа што се избришани не значи дека се забранети во идина истите повторно да се создадат. Во оваа дискусија беа активно вклучени од почетокот: Kiril Simeonovski, INkubusse и Brest, се до пред неколку дена (19 јануари 2011) кога во дискусијата се вклучуваат и Arwena, Тиверополник и Raso mk а на поштенската листа со свои коментари се вклучија: Виолетова, Новица, wikimk и brainmachine. Претпоставувам дека се има дискутирано и на други места на оваа тема. Зошто дискусијата не се продолжи овде а се отиде да се дискутира во затворени кругови, тоа треба да го одговорат тие кои тоа го направија.
За коментарите на колегите кои се вклучија подоцна во дискусијата (19 јануари 2011 и после) по ова прашање би кажал дека не се сконцентрирани на оваа дискусија туку имаат сосема друг настан како повод за нивното инволвирање во дискусијата. Колку што можам да сватам, поводот е одењето на „долг вики-домор“ на MacedonianBoy како што самиот запишал на својата страница. Не гледам дека MacedonianBoy бил директно вклучен во дискусијата за страниците за кои сега дискутираме, што значи причината за неговата постапка е нешто друго. Убав преглед на настаните дава brainmachine во својата порака испратена на vikipedija@lists.softver.org.mk, каде можеби може да се најде одговорот зошто MacedonianBoy оди на „долг вики-домор“. Но во отсуство на MacedonianBoy тешко ќе одгонетнеме што точно го натерало да оди на „долг вики-домор“ и кое завештание им оставил на оние со кои бил во комуникација и продолжил да комуницира и после заминувањето на „долг вики-домор“. Но предлагам за тоа да дискутираме во одвоена нишка, а овде да ја продолжиме дискусијата на темата. --brest (разговор) 17:59, 23 јануари 2011 (CET)[одговори]

Коментар  Бидејќи не сум дал коментар за сè ова погоре, еве нешто кратко и јасно.

  1. за бришењето статии, не подржувам воопшто од следниве причини. Како прво, јас и Кирил утепавме добар дел од нашето слободно време, а при тоа да напоменам дека ова е волонтерска работа, и со самото бришење ни се омаловажува нашиот труд. Исто така, корисникот кој ги избриша, ако сакаше да немаме празни статии, можеше уште пред да почнеме да ги правиме да каже „дечки, од ова не бива, нема кој да ги пополни“, ама тој тоа не го стори и дури ни помогна со неговиот семоќен бот да создаде добар дел од истите. Како крајно, бидејќи истиот корисник се повикува на правила, кое правило е тоа сите можни јазици кои постојат како интервики за една статија да ги пренасочи? Кому прашал за тоа? Со кого се консултирал? Дали размислил дека тоа е поголема катастрофа од 200-те празни статии? А тука морам да напоменам, дека нам не укорува истиот тој корисник да не преземаме чекори без претходна консултација, правило кое не важи за овој корисник (види погоре за порталите).
  2. порталите: корисникот, кој секогаш прави проблеми за кои е сам во мислењето и не е подржан од заедницата, со ботот прави голема штета за останатите корисници и за Википедија. Имено, како може сите да се согласни сите статии, категории и портали јасно да се разграничат (Македонија за држава, Македонија (регион) за регионот) само тој не. Таквото инаетење на корисникот кој е сам со тоа мислње (можеби Бугарите само го подржуваат државата да се вика со Република) може да се види во долгите разговори за категориите за Македонија, Република Македонија, статиите со име Република во нив и последно со порталот Македонија. За последното, видно бев вознемирен поради дрскоста на корисникот. Имено, тој тука не платен (колку што знам) и не ми е мене работодавец па да ми вели „е сега бидејќи не почека ќе те ревертирам“. На што наведува ова? Сигурно не на добра комуникација за која пиша ФлврСавр. Значи оваа дрскост да биде уште поголема, ми го ревертира мојот труд од цел еден час со неговиот бот. А при тоа, да напоменеме дека двата портали се поврзани само со РМ, и јас ги средив. Според категориите и статиите, Портал:Република Македонија треба да се вика Портал:Македонија, а Портал:Македонија како Портал:Регион Македонија. Ги средив, едниот сосема го пренасочив, исчистив глупости, но семоќниот бот ме реверетира. Залудно средување и помагање на оваа слободна американска енциклопедија.
  3. Не сум на одмор поради одредена бројка наљ корисници кои знаат дека заедно можеме многу повеќе и знаеме дека од Википедија можеме да направиме нешто, без almighty bots.

Мој апел за оваа заедница, каде проблемите во последно време се поврзани со Брест, е да се зголеми комуникацијата. Најсериозно, здосадено ми е и заморен сум од празни муабети каде Брест не разговара како што треба, врти тема и избегнува муабети. Особени ми е мачно околу неговиот бот за кој не знам кој му дал овластување со таква моќ и би го замолил корисникот да ги избрише сите непотребни пренасочувања, да ги врати статиите кои се избришани и за секое уредување да ја извести заедницата. Знаеме дека Брест без бот не може, па за да се избегнат и понатамошни немили конфликти се надевам дека ќе ја прими пораката. Ниту сум терал некому инат, ни пак сакам да терам, ама едно е јасно: овде сите сме волонетри, не земаме пари за ова и никој не сопственик на Викимедија, Википедија и Викимедија Македонија па да одигрува „Џек“, сето ова е од Џимбо. Да не бидеме безобразни и да не се консултираме со стјуарди, ова е моја најдобронамерна порака за доброто на Википедија. Се знае што сум направил за Википедија и не сакам ниту да се фалам или да се ваѓам со тоа, мојата цел е Викиизвор и него да го направиме нешто, а не да губам време со детски работи. Поздрав--Никола Стоіаноски 00:48, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

И додека ние тепаме празни муабети, очигледно, ботот во моментов пренасочува статии на Гез, најверојатно некој од нас го знае овој јазик па пренасочува. Што ќе не видиш, цела заедница потенцира ова е лош потег, освен сопственикот на ботот.--Никола Стоіаноски 01:12, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

Ми се допаѓа тоа што оваа дискусија е збогатена за два коментари на корисници, кои навистина ги ценам по своите придонеси на Википедија на македонски јазик. Нема да коментирам конкретно за проблемот кој настана, бидејќи истиот е минато. Сакам само да напоменам ако е можно да се влезе слободно во секоја дискусија во иднина и да престанеме да докажуваме нешто што лично нам ни одговара. Проблемот нема да се реши доколку на глупост се одговори со уште поголема глупост или доколку постојано нешто се обвинува. Досега мислам дека сработивме многу, па дури и премногу, но тоа е само многу мал дел од она што треба да го сработиме, а може да го направиме само доколку работиме заедно. Постоењето на различни ставови треба да биде богатство од ралични знаења кои треба да се обидеме да ги поврземе со што ќе бидеме уште посилни. Ајде да работиме на подобрување на комуникацијата и проширување на заедницата.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:20, 24 јануари 2011 (CET) Да бидам искрен, очекував ваква реакција порано или подоцна. Работа со ботови е во најмала рака контроверзна и за мене често пати дегреадирачка кон придонесот на правите корисници на Википедија. Пред се, би сакал да расчистам неколку работи:[одговори]

  1. Викимедија Македонија (ВМ) правно, формално или било како „официјално“ нема врска со Википедија на македонски јазик (ВП) и не треба да се меша. Никој од ВМК нема нити треба да има посебни права, бенефиции или што ти ја знам во ВП. Тоа што Димче е претседател не значи ама апсолутно ништо овде. И Обама да дојде, ќе има исти права. Ако некој заборавил, истото важи и за администратори/бирократи.
  2. За да се направи нешто со бот, МОРА да се има согласност од заедницата. Brest бришел статии автоматски (т.е. со бот) но преку неговата сметка (значи технички бришењата се направени од Brest, а не од Brest-bot). За ова незнам како се постапува и дали е „дозволено“.
  3. Има еден куп статии за средување, празни статии итн. Ако се бришат овие статии, тогаш би требало да се избришат и сите други такви. Дали сите се согласуваат со тоа? (јас не).
  4. Ама апсолутно нема потреба да се оди со лични обвинувања. Arwena, ти не си „поголема“ од Зоран и Димче овде и немој да се однесуваш така.
  5. Николче, како администратор имаш право да го блокираш ботот ако сметаш дека не работи како што би требало да работи (како што јас го блокирав сега). Додека не се постигне конзенсус, јас не би го одблокирал.

--Милош (разговор) 13:54, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

За сè се сложувам со Милош и нема што да додадам освен две забелешки: првата, околу блокирањето на ботот, нема корист од тоа ако Брест сам си го одблокира и второ, консензус за ботот нема постигнато веќе долг период бидејќи Брест не сака да ги слуша нашите забелешки околу бришењето статии, пренасочување на интервиките до македонската статија (така за Македонија имаме сега и на тамилски пренасочено) и негово прифаќање на фактот дека РМ на оваа Википедија се вика Македонија. Ова се три забелешки кои Брест мора да ги почитува бидејќи се мислења на заедницата.--Никола Стоіаноски 14:41, 24 јануари 2011 (CET)[одговори]

Дарување крв

Преведував статија под името Дарување крв и не ми е јасно што значи тоа што ми се појави на почетокот на статијата.ако може да ми објасните. (Дарување крв (разговор) 16:30, 19 јануари 2011 (CET))[одговори]

Сакам да ве прашам дали може статијата со име Флоренс Најтингеил да биде отсранета бидејќи направив грешка при пишувањето и зачувувањето. Оригиналната статија која треба да остане на википедија е со името Флоренс Најтингел, во врска со која сакав да прашам како може да ги променам податоците кои ги има во шаблонот на почетокот на статијата, бидејќи таму има некои неправилности. Однапред Ви благодарам. (Дарување крв (разговор) 23:11, 19 јануари 2011 (CET))[одговори]