Етиопија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: roa-tara:Etiopie
с Бот Додава: si:ඉතියෝපියාව
Ред 259: Ред 259:
[[sq:Etiopia]]
[[sq:Etiopia]]
[[scn:Etiopia]]
[[scn:Etiopia]]
[[si:ඉතියෝපියාව]]
[[simple:Ethiopia]]
[[simple:Ethiopia]]
[[ss:ITopiya]]
[[ss:ITopiya]]

Преработка од 03:40, 22 јануари 2011

የኢትዮጵያ ፌዴራላዊ
ዲሞክራሲያዊ ሪፐብሊክ

ye-Ītyōṗṗyā Fēdēralāwī Dīmōkrāsīyāwī Rīpeblīk
Знаме Грб
ХимнаWodefit Gesgeshi, Widd Innat Ityopp'ya
"Марширај напред, Мила Мајко Етиопијо"
.
Местоположба на Етиопија
Главен градАдис Абеба
9°01′N 38°44′E / 9.017° СГШ; 38.733° ИГД / 9.017; 38.733
Најголем град главниот град
Службен јазик амхарски
Народности  Оромо 36.62%, Амхарци 24.91%, сомалици 6.20%, Тигринци 6.07%;[1][2] и други.
Демоним Етиопјани
Уредување Федерална демократска република
 •  Претседател Гирма Волде Џорџис
 •  Премиер Мелез Зенави
Основање околу 10-ти век 
 •  Традиционален датум 980 
 •  Кралство Дмт 8-ми век 
 •  Кралство Аксум околу 4 век 
 •  Етиопска Империја 1137 
 •  Уставна 1987 
 •  Демократска република 1991 
Површина
 •  Вкупна 1,104,300 км2 (27th)
 •  Вода (%) 0.7
Население
 •  проценка за 2008 г. 84,500,000 (15-та²)
 •  Попис 1994 53,477,265 
 •  Густина 70 жит/км2 (123-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $70.995 милијарди[3] 
 •  По жител $896[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $25.658 милијарди[3] 
 •  По жител $324[3] 
Џиниев коеф. (1999–00)30
среден
ИЧР (2008) 0.389
Error: Invalid HDI value · 169th
Валута Бир (ETB)
Часовен појас EAT (UTC+3)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .et
Повик. бр. 251

Етиопија е република во Источна Африка. Зафаќа површина од околу 1,221,900 км2. Се граничи со Еритреја на север, со Џибути на североисток, Сомалија на исток, Кенија на југ и со Судан на запад. Главен град е Адис Абеба.

Етиопија е самостојна држава од I век. До 1974 година е кралство.

Населението се состои од Оромои, Амхари и Тиграи со коптска вера и Сомалијци, данакили и гала со муслиманска вера. Помеѓу Црнците има ианимисти или тотемисти.

Етимологија

Историја

Првата позната империја која што била на територтијата на денешна Етиопија е Кралство Аксум, која во 1 век била една од најразвиените трговски и поморски сили на Црвено море. Мнозинство од населението во текот на 3 век го прифатила христијанството. Во текот на 6 век земјата го контролирала и јужниот дел од Арапскиот полуостров. Со ширењето на исламот во 7 век, важноста на кралството се намалила, најмногу поради арапското освојување на бреговите на Црвено море, кое придонело до отсекување од морскиот пат на земјата. Сепак, земјата не била освоена од Арапите. Во текот на 14 век и 15 век, Етиопија успеала да ја одржи својата граница и покрај честите напади на нејзините муслимански соседи. Но веќе во 16 век, по неколкуте пораза кои ги доживеала, нејзиниот опстанок бил доведен во прашање. Во тој период, Португалија испратила помош и по неколкуте неуспеси на почетокот, во 1543 година муслиманската војска на Ахмад Гран била поразена.

Заедно со португалската воска во тоа време пристигнале и голем број на католички свештеници, кои придонеле земјата да стане претежно католичка кон 17 век. Кон средината на 16 век сепак надвладеала монофизитската доктрина при кое биле прикинати сите контакти со Европа. Во текот на 18 вeк започнало слабеењето на земјата. Но, повторното враќање на стабилноста се случило во времето на Теводрос II и неговите наследници Јоханес IV и Менелик II, кои успеале да ја зачуваат етиопската независност пред колонизаторите од Европа. Менелик II ја победил италијанската војска во 1896 година кај Адуа.[4] Во текот на следните четириесет години, земјата била модернизирана, проширувајќи се кон југ и обогатувајќи се со ресурси на кафе, кое главно било наменето за извоз. Во 1930 година на власт дошол Хаил Селасиј, кој продолжил со модернизацијата на својата земја, но сепак не успеал да ја сопре италијанската војска во својот втор обид за освојување на земјата, па така следувал периодот на италијанска окупација од 1936 до 1941 година. Самиот цар овие години ги поминал во егзил.

По завршувањето на Втората светска војна, Хаил Селасиј успеал да ја задржи својата власт и да ја зазеде италијанската колонија Еритреја, добивајќи на тој начин излез на море. Сепак, неговата политика била прифатена со незадоволство кај народот, па така во 1974 година, просоветската марксистичко-ленинистичка хунта, Дерг, успеала да го симне од власт на царот создавајќи еднопартиски систем и комунистички режим.[5] По падот на комунизмот во 1991 година, новата влада предводена од герилскиот водач Мелес Зеневиј дала широка автономија на етничките покраини и ја признала независноста на Еритреја, но сепак земјата се нашла во тешка економска состојба. Во периодот од 1998-2000 се водела војна со соседот Еритреја околу граничен спор. Во конфликтот загинале околу 10.000 луѓе.

Географија и клима

Политички систем

Административна поделба

Економија

Население, јазик и религија

Култура во Етиопија

Музика во Етиопија

Спорт во Етиопија

Наводи

Надворешни врски

Видете исто така


ak:Ethiopia