Габрово (Струмичко): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 82: Ред 82:
[[Категорија:Села во Република Македонија]]
[[Категорија:Села во Република Македонија]]


[[bg:Габрово (Общтина Струмица)]]
[[bg:Габрово (Община Струмица)]]
[[sq:Gabrova]]
[[sq:Gabrova]]

Преработка од 00:06, 20 јануари 2011

Габрово е село во Општина Струмица.

Предлошка:Инфокутија за село во Македонија

Географиja и местоположба

Под падините на планината Беласица десно од патот Банско - Борисово во недопрената природа скриено од погледите на луѓето се наоѓа селото Габрово. Населбата е мала со околу 100 домаќинства но плени со својата селска идила, старите куќи со чардаци, љубезноста на жителите. Овде секое камче крие дел од историјата на селото...

Пазувите на планината покрај својата убавина, големите јавори, дебелите сенки од нив под којшто порано често одмарале овчарите, кријат уште една убавина а тоа се водопадите... Ладната и бистра вода од водопадот било место на кое летно време габровчани се разладувале и уживале а дека било и нивно омилено место зборува и фактот дека порано овде се славел и христијанскиот празник Св. Илија инаку заштитник на селото. До неодамна се знаеше само за еден водопад меѓутоа прекрасната слика на ова место ја наполнуваат и двата водопади до кои можеа да дојдат само селаните кои добро ја познаваат планината.

Денес водопадот е модерно уреден и отворен за сите љубители на природните реткости и убавини. Покрај веќе надалеку познатиот прв водопад сега за туристите се достапни и останатите втор и трет водопад кои што Општина Струмица со проектот „Доуредување на габровскиот водопад“ ги направи пристапни за сите оние кои се љубители на прирадата. со доуредувањето на 3-те габровски водопади дополнително се поставија летниковци, клупи, маси, и канти за отпадоци исто така се направија и 3 мостови за полесен пристап до последниот и најубавиот водопад. за посетата да биде по атрактивна покрај вториот и третиот водопад се забележува и габровската пештера која сѐ уште е енигма за овдешното население.

Историja

Ова струмичко село, целото обвиткано во зеленило порано имало друга местоположба. Се наоѓало поназапад, односно на исток од т.н. Гарлиева чешма. Чешмата така ја викале поради студената вода, којa прави грло ( Грлиева, односно Гарлиева чешма ) која се наоѓа во месноста Шенкови ореви околу еден и пол километар на запад од денешно Габрово. Месноста околу чешмата ја викат Ржевик. Габрово порано било турско село. Во него имало и џамија. Но, таа сега е разурната. Останати се само темелите, као нем сведок за едно ропско време. Имало и гробишта, наречени Турско гробје на чие место сега има изградено магацин за откуп на земјоделски производи. На просторот меѓу село Колешино и Габрово се наоѓа месноста Пот. Таа е мала висорамнина, која со текот на времето била пошумена со борови. Ридската месност го добила топонимот Пот порадо потењето додека да се стигне до неа. Таму некогаш имало стара населба, за што сведочат археолошките остатоци - ќерамиди, ќупови ( за пченица ) и др. Југоисточно од селото се наоѓа една голема карпа ( спила ) по која месноста е наречена Спила. Ако намерникот, при посета на оваа месност, го стави увото на спилата под која поминува голема количина на подземна вода, ќе го осети шумолењето на водата. За време на турското ропство, во село Габрово имало комитски јатак. Селаните сестрано ги помагале комитите, кои се собирале над селото, во пазувите на Беласица. Комитското седело се наоѓало југозападно од населбата, во длабоката долина на реката Барлен, во месноста Ветрушка, каде е откриена една голема рамна карпа, од која се гледа текот на реката, чиј кањон е висок 150 - 200 метри. Во горниот рекотек на Барлен има водопад. Оваа планинска река извира под еден висок врв на Беласица, меѓу селата Габрово и Колешино, близу месноста Коњски Кладенец, што се наоѓа лево од реката Барлен. Над селото, од исток кон запад, се извишуваат шумовитите беласички ридови Пот, Лешкарник ( чиј топоним е добиен по лешниците ) Кошара и Тутеј. Оваа ридска верига завршува со највисокиот рид Думовец, кое го добило името по птицата думо, која често се среќавала во овој шумски предел. Над Думовец се наоѓа месноста Момина полјана, каде биле убиени две моми. Над полјаната, која што се наоѓа меѓу Габрово и Банско има и два гроба. Во турско време, беговите Рустем и Скендер имале имоти во селото, коишто подоцна ги продале. Тогаш имало две маала во селото - горно и долно маало. Горното маало се наоѓало на западниот дел на селото и во него живеело македонското население, а во долното ( или источното ) маало живееле Турците. Селото го сочинувале шеесет христијански и шеесет мухамедански куќи. Имало и џамија во селото, којашто била разурната во 1912 год. Имало и христијанска црква и македонско училиште. Инаку, оваа селска населба, според некои историски податоци, била основана уште во средниот век, пред доаѓањето на Турците - Османлии во Струмичката котлина. Топонимот на селото настанал поради тоа што околу населбата имало многу габрови дрвја. Габерот го имало во изобилство на просторот околу селото, а и во местото на кое била подигната населбата. Има и друга верзија за топоминот Габрово. Според неа, селото селото го добило своето име поради многуте габерливи ( мувлосани ) камења до селото, што се наоѓаат на западната страна од населбата, над асвалтниот.


Економија

Демографија

Националност Вкупно
Македонци 250

Општествени институции

  • Подрачно Основно училиште Гоце Делчев

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

  • Црква Св.Илија
  • Водопад на река Барлен
  • Водопан на река Баба или Воденишник (или “Колешки водопад“) појаснување реката Баба се наогја на територија на с.Габрово и е габровска река а не колешинска и безправедно градат и го користат местото и водите на самата река.
  • Спомен плоча на паднати борци од НОБ

Редовни настани

Василичарскиот оган, Фрлање не крстот во Барлен. Селото Габрово го слави верскиот празник Св.Илија Илинден

Личности

Манол Пандев, професор на Филозофскиот Факултет во Скопје роден во село Габрово во 1925 година починат во 1998 година во Скопје

Култура и спорт

Иселеништво

Иселеници има во Швајцарија, Италија, Германија, Австралија, Хрватска и во други земји

Надворешни врски

Предлошка:Населени места во Општина Струмица