Географска ширина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: sq:Gjerësia gjeografike
с Бот Додава: lo:ເສັ້ນຂະໜານ
Ред 92: Ред 92:
[[sw:Latitudo]]
[[sw:Latitudo]]
[[ku:Hêlîpan]]
[[ku:Hêlîpan]]
[[lo:ເສັ້ນຂະໜານ]]
[[la:Latitudo geographica]]
[[la:Latitudo geographica]]
[[lv:Ģeogrāfiskais platums]]
[[lv:Ģeogrāfiskais platums]]

Преработка од 08:53, 19 јануари 2011

Латитудата (географската ширина), означена со грчката буква φ (фи), ја дава местоположбата на место на Земјата северно или јужно од екваторот. Латитудата на еден регион има големо влијание врз неговата клима и временски услови.

Карта на Земјата која ги покажуваа линиите на латитудата. Линиите на латитудата се прави и хоризонтални на оваа карта


Латитудата е аголна мерка која се движи од 0° на екваторот до 90° на половите. Други латитуди од особена важност се: северниот повратник (Соѕвездие Рак), јужниот повратник (Соѕвездие Овен), северниот поларен круг (Арктички поларен круг), јужниот поларен круг (Антарктички поларен круг).

Сите локации на дадена географска ширина, т.е. латитуда колективно се нарекувани како линија на латитудата, или паралела (напоредник), и сите такви површини се паралелни на екваторот.

Географската ширина приближно ги одредува тендециите во врска со климата, поларните светлини, ветровите и останатите физички карактеристики на определена географска локација.

Секој степен на географската ширина е понатаму поделен на 60 минути, а секој од нив поделен на 60 секунди. Една латитуда, на пример, е определена како 13° 19' 42" N. За повисока точност, секундите се децимално поделени. Алтернативното прикажување ги користи степените и минутите, но деловите на минутата се искажани со децимална поделба, на пример 13° 19,717' N. Степените, исто така, понекогаш се делат на децимали: 13,32861° N. Понекогаш, наставката север/југ (N/S) се заменува со негативен предзнак за југ.

Определена географска ширина, потоа може да се комбинира со географската должина (лонгитуда) за прецизно да се определи позицијата на Земјината површина.

Една минута од латитудата е приближно една поморска милја (наутичка милја) или 1852 метри.

Колатитудата е комплементна на латитудата.


Во вообичаена употреба „латитуда“ се однесува на „геодетска“ или географска латитуда“' φ и го претставува аголот помеѓу висината и екваторијалната рамнина — поради тоа што најпрво претставувала агол помеѓу хоризонтот и поларната ѕвезда. Поради тоа што Земјата има елиптична форма под дејство на нејзината ротација, картографите се потпираат на разновидни помошни латитуди за прецизно адаптирање на сферните проекции во согласност со нивната цел.


Геоцентричната латитуда φg е тоа на што главно „се мисли“ под поимот латитуда. Таа е аголот меѓу рамнината на екваторот и линијата на радиусот.

За другите планети како на пример Марс, географската и геоцентричната латитуда се нарекуваат „планетографска“ и „планетоцентрична“ латитуда. Повеќето карти за Марс од 2002 година па наваму користат планетоцентрични координати.


Географската ширина и богатството

Често е забележувано дека постои изразена корелација помеѓу географската ширина и богатството на нациите. Континентите покрај екваторот, Африка и Јужна Америка се најсиромашните. Дури и во рамките на Африка и Јужна Америка може да се забележи дека нациите најдалеку од екваторот се побогати. Во Африка најбогатите нации се трите на јужниот крај на континентот, Јужна Африка, Боцвана, и Намибија, како и земјите во Северна Африка. Слично во Латинска Америка - Аргентина, Чиле, и Уругвај долго време се најбогатите. Во Азија, Индонезија, лоцирана на екваторот, е меѓу најсиромашните. Најбогатите нации во светот со најголем животен стандард имаат тенденција да бидат оние во најсеверните области достапни за населување на човекот, Канада, и нордиските земји. Во рамките на богатите континенти, богатството се зголемува со разликата од екваторот. Јужна Европа долго била посиромашна, како и јужните Соединети Американски Држави.

Постојат голем број на објаснувања за овој феномен. Првиот што се обидел да го објасни ова бил францускиот философ Монтескје кој сметал дека ладното време значи помалку крв во екстремитетите што го прави телото помалку еластично; и ова им дава на северњаците повеќе сила и ги прави помалку способни да се релаксираат. Ова насочување на крвта во внатрешноста, според Монтескје, исто така значи поголем проток во срцето, што ја зголемува виталноста. Овие откритија се целосно отфрлени од модерната наука.

Исто така отфрлено, но сѐ уште присутно меѓу некои групации, е расното објаснување. Оние покрај екваторот имаат тенденција да бидат со црна кожа, и поотпорни на директна сончева светлина. Некои сметаат дека црната боја на кожата е поврзана со помала интелигенција. Не постојат докази за оваа претпоставка.

Уште едно објаснување, што сѐ уште е доста актуелно, е дека модерните технологии и институции се дизајнирани примарно во мала област во северозападна Европа. Оттука земјоделските техники, машини и лекови се дизајнирани да одговорат на умерена клима. Овие технологии и модели се рашириле на области со слична клима, како Северна Америка и Австралија. Кога и овие области исто така станале иновациски центри, ваквиот развој бил уште позајакнат. Многу помалку напор бил вложен во подобрување на тропското земјоделство отколку на земјоделството на умерена клима, токму поради ова. Технологијата, од автомобили до електродистрибуција се дизајнирани за пострудени и посуви региони и работат многу полошо во тропските области.

Поедноставно кажано, животот во тропските области не создава силен природен нагон за развој на нова технологија, бидејќи условите за живот во смисла на основни потреби на телото, се доволно удобни. Колку е постудено времето, повеќе е потребно за да се преживее, што создава силна мотивација за постојан иновативен процес. За да се создаде поудобен живот подалеку од тропските области потребна е поразвиена технологија. Но кога животот е доволно удобен, иновацискиот појас се движи уште подалеку од екваторот.

Овој суров циклус на технологија дизајнирана за богатите, ги прави уште побогати и оттаму поспособни да го финасираат технолошкиот развој. Доказ за ова е дека далечниот север не секогаш бил најбогата географска ширина. Пред само неколку векови, најбогатиот појас се наоѓал помеѓу Јужна Европа, преку Блискиот Исток, северна Индија и јужна Кина. Драматичниот пресврт во технологијата што започнал со прекуокеанските бродови и кулминирал со Индустриската револуција предизвикал најразвиениот појас да се придвижи северно, во Европа, Кина, и во Америка. Северна Русија станала суперсила, додека јужна Индија станала сиромашна колонија. Ваквите драматични промени во распоредот на богатството сугерираат дека тоа не се должи на непроменливи фактори како клима и раса.

Поврзано со ова објаснување се болестите. Тропските области се многу поподложни на епидемии на болести поради нивната температура која го прави животот полесен за инсектите и глодарите. Долго постои малариски појас што ја опкружува земјата; ова го прави животот на луѓето уште потежок. Најзабележливо е дека е речиси невозможно за северните домашни животни да живеат. На овие проблеми им се додава и богатството на северот: многу повеќе пари одат на истражување за лекови за заболувањата на северњаците.

Физиологот Џаред Дајмонд, во неговото дело наградено со Пулицерова Награда - Пиштоли, микроби и челик, тврди дека евроазиската земјена маса е посебно погодна за преминување од ловечко-собирачка во земјоделска заедница. Континентот се протега на многу повеќе линии на латитудата од било кој друг континент. Поради ова многу е полесно да се пренесуваат домашни животни во рамките на иста географска ширина, одошто од потопла во поладна клима, секое животно растено на определена латитуда ќе биде пренесено во рамките на континентот за релативно брзо време. Затоа жителите на овој континент имаат почетна предност за поран развој на земјоделството, и поголем интервал на растенија и животни од кои може да се избира.

Тој истотака го поврзал овој напредок со развојот на болестите кои подоцна им се заканувале на жителите на другите континенти. Блиската поврзаност на луѓето во Евроазија со нивните домашни животни создале услови за брзо пренесување на болести. Жителите на земјите со малку домашни животни никогаш не биле изложени на таков интервал на болести, и затоа, барем на Американскиот континент, потклекнале на болестите донесени од Европа.