Прв вселенски собор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Првиот вселенски Собор''', одржан во [[Никеја]], Битинија (во денешна [[Турција]]), свикан од Светиот римски [[Цар Константин I]] во [[325]] год. е првиот Вселенски собор на Христијанската [[Црква]]. Од него произлегла првата унифицирана и општоприфатена христијанска доктирна. Со создавањето на Никејскиот [[Симбол на вератa]], преседан е создаден според кој за прв пат во историјата на Црквата е даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини.
'''Првиот Вселенски собор''' бил одржан во [[Никеја]], [[Битинија]] (во денешна [[Турција]]) во 325 година и истиот бил свикан од страна на римскиот император [[Константин I]]. Од него произлегла првата унифицирана и општоприфатена [[христијанска доктирна]]. Со создавањето на [[Никејски Симбол на вера]], преседан бил создаден според кој за прв пат во историјата на црквата бил даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини.


Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската Црква околу природата на [[Господ Исус Христос]] во однос на Неговата врска со Отецот, односно попрецизно – дали Господ Исус Христос има иста или слична природа на Бог Отецот. [[Св. Александар]] и [[св. Атанасиј]] ја завзеле првата позиција (дека Господ Исус Христос има иста природа со Бог Отецот), додека презвитер Ариј (од кого се развива и подоцнежното еретичко Аријанство) се залагал за второто тврдење. На овој собор било поддржано првото тврдење со огормно мнозинство (од сите присутни, само двајца гласале во полза на на презвитер Ариј). Другото решение кое било донесено на овој Првиот вселеснки собор се однесувало на датумот на славењето на Велгиден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се случува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето (квардодециманизам) и дал овластување на Александрискиот Архиепископ секоја година да го соопшти датумот на останатите архиепископи.
Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската Црква околу природата на [[Господ Исус Христос]] во однос на Неговата врска со Отецот, односно попрецизно – дали Господ Исус Христос има иста или слична природа на Бог Отецот. [[Св. Александар]] и [[св. Атанасиј]] ја завзеле првата позиција (дека Господ Исус Христос има иста природа со Бог Отецот), додека презвитер Ариј (од кого се развива и подоцнежното еретичко Аријанство) се залагал за второто тврдење. На овој собор било поддржано првото тврдење со огормно мнозинство (од сите присутни, само двајца гласале во полза на на презвитер Ариј). Другото решение кое било донесено на овој Првиот вселеснки собор се однесувало на датумот на славењето на Велгиден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се случува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето (квардодециманизам) и дал овластување на Александрискиот Архиепископ секоја година да го соопшти датумот на останатите архиепископи.

Преработка од 16:20, 4 јануари 2011

Првиот Вселенски собор бил одржан во Никеја, Битинија (во денешна Турција) во 325 година и истиот бил свикан од страна на римскиот император Константин I. Од него произлегла првата унифицирана и општоприфатена христијанска доктирна. Со создавањето на Никејски Симбол на вера, преседан бил создаден според кој за прв пат во историјата на црквата бил даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини.

Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската Црква околу природата на Господ Исус Христос во однос на Неговата врска со Отецот, односно попрецизно – дали Господ Исус Христос има иста или слична природа на Бог Отецот. Св. Александар и св. Атанасиј ја завзеле првата позиција (дека Господ Исус Христос има иста природа со Бог Отецот), додека презвитер Ариј (од кого се развива и подоцнежното еретичко Аријанство) се залагал за второто тврдење. На овој собор било поддржано првото тврдење со огормно мнозинство (од сите присутни, само двајца гласале во полза на на презвитер Ариј). Другото решение кое било донесено на овој Првиот вселеснки собор се однесувало на датумот на славењето на Велгиден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се случува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето (квардодециманизам) и дал овластување на Александрискиот Архиепископ секоја година да го соопшти датумот на останатите архиепископи.

Првиот вселенски собор има и посебно историско значење затоа што претставува прв обид за донесување на одлуки преку консензус (католичански) на претставници на сите христијански верници, и оттука е првиот пример на техничка христологија.


Карактер и цел

Првиот вселенски собор бил свикан од страна на Светиот рински император Константин I, а по препорака на Синодот предводен од Хосиј од Кордоба во 325 година, кој ја предводел истрагата на недоразбирањата предизвикани од страна на Аријанската ерес присутна во гркојазичниот исток. За поголемиот број на епископи, учењата на Ариј биле еретички и претставувале реална опасност против спасувањето на душите. Со таа цел, во летото 325 година, епископите од сите христијански провинции биле повикани во Никеја во Битнија (позната и како Изник во денешна Турција) – место лесно достапно за поголемиот борј од нив, а посебно за оние од Мала Азија, Сирија, Палестина, Египет, Грција и Тракија.

Приближно триста епископи биле присутни на Никејскиот собор, и тоа од секој регион на Светата Империја, освен од Британија. Ова инаку претставува прв општ собор во историјата на Црквата уште од Апостолскиот собор во Ерусалим на кој се воспоставиле правилата според кои нееврејските народи можеле да се придружат на Црквата. Чекор понапред, на овој Собор Црквата го превзела првиот чекор кон попрецизното дефинирање на доктрината на Христијанството како резултат на предизвиците кои се појавиле од страна на разните еретички учења. Решенијата донесени на овој Собор, како екуменски, биле полноважечки за целата Црква.

Присутни

Св. Цар Константин I ги поканил сите 1800 епископи на Христијанската Црква, но на овој Собор учевствувале само помеѓу 250 и 320. Во врска со тоа кој присуствувал, постојат повеќе извори и оттука, повеќе тврдења. св. Евсевиј Цесарески избројал 250, св. Атанасиј од Александија 318, додека св. Евстасиј Антиохиски запишал дека биле присутни околу 270 епископи. Во подоцнежните дела, Схоластичарот Сократ евидентирал повеќе од 300, додека Евагриј, Хилариј, Јеремија и Руфиниј запишале дека биле присутни 318 епископи. За секој епископ постоел платен превоз од и кон неговото епископско море. Исто така, и сместувањето било платено од страна на Царот. Тие не патувале сами, туку секој од нив имал дозвола со себе да понесе два презвитера и три ѓакони. Оттука, целосниот број на учесници на овој Собор би бил приближно 1500 (илјада и пестотини). Овој Собор бил посебен и поради скорешното официјализирање на Христијанството како рамноправна вера во Светата Империја со Едиктот од Милано (од февруари 313 година). Источните епископи преовладувале на овој Собор, од кои на највисок ранг биле вбројани архиепископите св. Александар Александриски, св. Евстасиј Антиохиски и св. Макариј Ерусалимски. Некои од богоносните отци како св. Пафнутиј од Теба, Потамон од Хераклеа и Павле од Новоцесареа сѐ уште на нивните лица ги имале трагите од скорешниот прогон како сведови на верата. Понатаму, како значајни учесници се вбројуваат Еусебиј од Никомедија, св. Евсевиј Цесарески, св. Николај Мириклиски, Аристакиј од Ерменија, св. Јаков Нисивијски (поранешен пустиник), св.Спиридон, св. Ахил, св. Пафнутиј, св. Митрофан Цариградски и др. Од други места, тука биле присутни и персискиот епископ Јован, готскиот епископ Теофил и Стратофил, епископ на Питиунт и Егриси (лоцирани на денешната граница помеѓу Русија и Грузија). Од подрачјата со латинско говорно подрачје присутни биле најмалку пет претставници: Марко од Калабрија, Сесилијан од Картагина, Хосиј од Кордоба, Никасиј од Дижон и Домнус од Стридон. Папата Силвестер I не можел да присуствува поради болест, но бил застапуван од двајца свештеници.

Аријанска ерес

Аријанската ерес на почетокот претставувала Христолошка расправа која започнала во Александрија помеѓу следбениците на презвитер Ариј (Аријанци) и следбениците на Св. Александар Александриски (хомоосијанци). Втората страна верувала и пропагирала дека Синот е едносуштен на Отецот, додека Аријанците тврделе дека Синот, иако е најсовршена божја креција е сапак она што е - а тоа е креација и ништо повеќе. Во оваа расправа се појавила и трета група (хомоиосијанци) кои се труделе да понудат компромис, тврдејќи дека Отецот и Синот се од слична материја, но не иста.

Поголемиот дел од дебатата се водела околу тоа дали Синот е „роден“ или „создаден“ од Отецот, при што од лексиколошка и семантичка страна вистинска пречка претставувал самиот факт што различните групи доаѓале од различни говорни подрачја, при што старогрчкиот јазик имал далеку побогат речник од останатите јазици, и многу поразлични значења наследени од предхристијанските философи. На почетокот околу дваесетина епископи го мподдржале Аријанското учење, но кога навлегле во детали, се оттргнале од него и се приклучиле на мнозинството.

На крај, донесен е Симболот на верата со што Аријан и двата либиски епископи кои продолжиле да го поддржуваат биле екскомуницирани и прогонети во Илирик.

Симбол на верата

За еден дел од присутните, бил прифатлив било каков Симбол на верата кој би бил донесен со согласност на сите делегати, а кој би служел за обединување во востановување на цврстите темели на учењето на Црквата. Сепак, била прифатена иницијативата на свети Атанасиј Велики (во тоа време ѓакон) за што поголема јасност, концизност и децидност на содржината. На крај, бил донесен следниот Симбол на верата, кој со помали измени е зачуван до денешен ден. Чекор понапред, во црковните редови преовладува мислењето дека понатамошните собори претставуваат само продолжување и појаснување на Првиот вселенски собор и Симболот на верата (или Никејскиот Симбол, како што е познат). Овој Симбол во кратки црти го содржи учењето за светата природа на Светата Троица.

Тој гласи, во целост:

„Верувам во единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на сè видливо и невидливо; И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Кој е роден од Отца пред сите векови, Светлина од Светлина, Бог вистински од Бога вистински роден, нестворен, едносуштен на Отца, преку кого сè станало; Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек; И беше распнат заради нас во времето на Понтијскиот Пилат и страдаше и беше погребан; И вискресна во третиот ден според Писмото; И се вознесе на небото и седи оддесно на Отца; И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе има крај; И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отца, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот и Кој говорел преку пророците; Во една света, соборна и апостолска Црква; Исповедувам едно крштение за простување на гревовите; Го чекам воскресението на мртвите; И животот во идниот век. Амин! “

Славење на Велигден

После 19 јуни почнало да се расправа за определувањето на датумот на славење на Велигден. Во западниот дел од Римското Царство бил прифатен обичајот за славење на Велигден во неделата после еврејската Пасха, додека повеќе помесни Цркви на Истокот го задржале славењето на самиот ден Пасха, т.е 14 нисан според еврејскиот календар. Во Рим и Александрија, пак, се внимавало Велигден да не биде на истиот ден како и еверејската Пасха. На крај било одлучено секоја година александрискиот архиепископ да му соопштува на римскиот папа кој ден ќе биде славен Велигден. Тоа требало да биде првата недела после првата Полна Месечина после пролетната рамноденица.

Мелетска шизма

Мелетската шизма била уште една од важните работи кои се разгледувале на овој собор. Одлучено било Мелетиј да остане во неговиот град Ликопол, но без никаква власт иако му било дозволено да го задржи епископскиот чин.

Овие благи мерки не вродиле плод, така што овој конфликт уште многу долго постоел. Мелетијците подоцна се здружиле со аријанците, и св. Атанасиј Александриски уште долго време потоа имал недоразбирања со нив. Конечно, мелетијанството изумрело во средината на 5 век.

Надоврешни врски