Македонски парламентарни избори (1990): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Менува Категорија:1990 во Република Македонија
Нема опис на уредувањето
Ред 16: Ред 16:
* [http://www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=pratenicki_sostav&MandatID=1 Пратенички состав 1991 - 1994]
* [http://www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=pratenicki_sostav&MandatID=1 Пратенички состав 1991 - 1994]


[[Категорија:Парламентарни избори во Република Македонија|1990]]
[[Категорија:Парламентарни избори во Македонија|1990]]
[[Категорија:Република Македонија во 1990 година]]
[[Категорија:Република Македонија во 1990 година]]

Преработка од 23:20, 23 декември 2010

Парламентарните избори 1990 година се првите парламентарни избори што се одржани во Република Македонија (тогаш се уште Социјалистичка Република Македонија), по воведувањето на политичкиот плурализам. Најповеќе мандати освои ВМРО ДПМНЕ, 38, а следна партија беше дотогашната единствена и владејачка партија СКМ-ПДП.

Изборите се одржаа според мнозинскиот изборен систем при што територијата на републиката беше поделена во 120 изборни единици. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември 1990 година, а вториот – на 25 ноември. Гласачкиот одзив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.

Главна тема на изборите беше статусот на СР Македонија во југословенската федерација и прашањето дали треба да се продолжи по пат на поголема самостојност.

Мандати во новото еднодомно собрание освоија девет партии и три независни пратеници. ВМРО ДПМНЕ освои 38 мандати, СКМ-ПДП 31, Партијата за демократски просперитет 22, Сојузот на реформски сили 18, Социјалистичката партија на Македонија 4, Странката на Југословените 2 и по еден мандат Народната демократска партија и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

Првата конститутивна седница се одржа на 8 јануари 1991 година.

Поради распоредот на силите во Собранието настанаа сериозни тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на техничка влада. Мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој состави свој кабинет и кој на 20 март ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание.

Надворешни врски