Народна Република Кина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.5.2) (Бот Додава: ckb:کۆماری خەڵکی چین
Ред 327: Ред 327:
[[szl:Chińsko Ludowo Republika]]
[[szl:Chińsko Ludowo Republika]]
[[so:Shiinaha]]
[[so:Shiinaha]]
[[ckb:کۆماری خەڵکی چین]]
[[sr:Кина]]
[[sr:Кина]]
[[sh:Narodna Republika Kina]]
[[sh:Narodna Republika Kina]]

Преработка од 18:16, 16 декември 2010

За Кинеската цивилизација, видете Кина (појаснување).
НРК пренасочува тука. За други значења видете НРК (појаснување).
Не треба да се поистоветува со Република Кина (Тајван).


Оваа статија содржи кинески текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо кинески знаци .
Народна Република Кина
中华人民共和国[а]
Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó
(Џунгхуа Женмин Гунгхегуо)
Знаме Грб
ХимнаМарш на доброволците
《义勇军进行曲》
Темнозелено - подрачја под кинеска власт Светлозелено - Оспорени но без власт
Темнозелено - подрачја под кинеска власт
Светлозелено - Оспорени но без власт
Темнозелено - подрачја под кинеска власт
Светлозелено - Оспорени но без власт
Главен градПекинг (北京市)
39°55′N 116°23′E / 39.917° СГШ; 116.383° ИГД / 39.917; 116.383
Најголем град Шангај (上海市)
Службен јазик Стандарден мандарински (де факто)[1]
Признаени регионални јазици Видете Јазици во Кина
Официјално писмо Упростено писмо[1]
Народности  92% Ханци; 55 признаени народности
Демоним Кинези
Уредување Народна република,[2]
Комунистичка држава,[3][4]
[б]
 •  Претседател Ху Џинтао
 •  Премиер Вен Џиабао
 •  Претседател на ПК на ННС Ву Бангуо
 •  Претседател на НПСС Џиа Чинглин
Законодавство Национално народно собрание
Основана
 •  Прогласување на НР Кина 1 октомври 1949 
Површина
 •  Вкупна 9,640,821 км2 [в] или 9.671.018 km2[в](3та/4та)
 •  Вода (%) 2,8[г]
Население
 •  проценка за 2010 г. 1.338.612.968[5] (1ва)
 •  Попис 2000 1.242.612.226 
 •  Густина 139,6 жит/км2 (53та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $8,767 трилиони[6] (2ра)
 •  По жител $6.549 (97ма)
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $4,911 трилиони[7] (3та)
 •  По жител $3.696 (98ма)
Џиниев коеф. (2007)47,0[8]
Error: Invalid Gini value
ИЧР (2007) 0,772[9]
Error: Invalid HDI value · 91ва
Валута Кинески јуан (женминби) (¥) (CNY)
Часовен појас Кинеско стандардно време (UTC+8)
Датумски формат гггг-мм-дд
или ггггмд
(н.е.; н.е.-1949)
Се вози на десно, освен Хонгконг и Макао
НДД .cn[г]
Повик. бр. +86[г]
а. ^ Видете и Имиња на Кина.

б. ^ Од 1980-тите наваму не е возможно да се утврди едноставна карактеризација на политичката структура.

в. ^ 9.598.086 km2 каде не се вброени спорните територии.
9.640.821 km2 Тука спаѓа областа (Аксај Чин и Транскаракорамскиот Предел под управа на НР Кина, а на кои полага право Индија), Тајван не се смета.[10]

г. ^ Податоците важат само за самата Кина. Тука не се бројуваат Хонг Конг, Макао и териториите под јурисдикција на Република Кина (наречен Тајван).

Народна Република Кина или скрат. НР Кина (кин. 中华人民共和国, пин-јин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó, мак. тр. „Џунгхуа Женмин Гунгхегуо“) го опфаќа најголемиот дел од културниот, историскиот и географскиот простор, познат под името Кина. Од своето формирање во 1949 година, таа е водена од Комунистичката партија на Кина. Кина е најнаселена држава во целиот свет со повеќе од 1.250.000.000 жители, од кои повеќето припаѓаат на групата Хан. Таа е најголема земја на подрачјето на Источна Азија, и четврта по големина во целиот свет. Кина граничи со 14 земји: Авганистан, Бутан, Мјанмар, Индија, Казахстан, Киргизстан, Лаос, Монголија, Непал, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Таџикистан и Виетнам. Народна Република Кина го смета островот Тајван за дел од својата територија, меѓутоа тој фактички не е под нејзин суверенитет.

Релјеф

Кина по градбата и постанокот се состои од три големи подрачја: стари грамадни планини на исток, палеозојски планини на северозапад и млади верижни планини на југозапад. Врз релјефот на Кина големо влијание имало понирањето на Индиската литосферна плоча под Евроазиската, пришто дошло формирањето на Тибетската низина и настанувањето на Хималаите. Тибет со просечна висина од 4000м е највисоката висорамнина во светот. Тибет на југ е опкружен од Хималаите а на север доаѓа Кунлун. Тибетската висорамнина на југоисток постепено се спушта преку рамнината Јунан Гизу. Во низинските подрачја најголема е Источнокинеската Низина во Манџурија, Големата Низина во долниот тек на Хоанг Хо и рамнината во средниот и долниот тек на реката Јангценгјанг. А низините меѓу себе се одвоени со ниски шуми. Од големите планински делви кој се под вечен снег се спуштаат големи ледници. Копното е воглавно ниско а морето до копното е плитко(200м). На Кина и припаѓаат 5400 острови.

Клима

Освен географската положба и релјефот на климата на Азија големо влијание имаат и монсунските ветрови. Во долините на големите реки се осеќаат влијанијата од од океанот длабоко во внатрешноста на копното, се до Монголија. Поради тоа југоисточниот дел на Кина има суптропска клима (1600 до 2000мм врнежи). А северниот дел на Кина има ладна и сува континентална клима. Тука врнежите не достигнуваат 1000мм. Во северниот дел на Кина сушите се многу чести. Највеќе врнежи има во јужните краеви на Тибет поради летните монсуни. Во западниот континентален дел на Кина зимите на високите планини се долги и многу ладни, а летата се кратки и студени.Во југоисточното приморје на Кина тајфуните често прават пустоши.

Води

Големата речна мрежа на Кина ја сочинуваат реките Јанг ЦегЈанг (која е трета река по должина во светот), Хоанг Хо-Жолта река, Ксијанг, Соанг Хо, Јианга и Амур. Во северниот дел на Кина речната мрежа е добро развиена но во зима реките замрзнуваат. Во јужна Кина, главна река е Сикјанг која со разгранета делта се влева во Јужнокинеското море. Пловни се реките во јужниот и во средниот дел на Кина. Постојат и пловни канали, од кој најпознат е Големиот Канал, долг 1800 км и служи за наводнување. Со каналите се овозможува наводнување на 49,8 милиони ha од земјоделските подрачја во Кина. Најголем број езера има во внатрешниот дел на Кина.

Пекинг

Пекинг (Кинески Beijing,што значи “Северна Престолнина”) е главниот град на Кина. Со своите 14,5000000 жители е најголемиот кинески град после Шангај. Пекинг е голем сообраќаен центар со многу патишта, автопатишта и пруги кој поминуваат низ него. Пекинг е исто така политички, економски и образовен центар на Кина, додека Шангај и Хонг Конг се поголеми економски центри од него.

Историја на Пекинг

Уште од 723 година п.н.е на местото на денешен Пекинг постоеле многу градови со различни имиња. Под денешното име градот бил престолнина на Кина од 1421 до 1911 година. За време на династијата Минг, Пекинг го добил денешниот изглед-бил изграден “Забранетиот град”(каде што се наоѓала царската плата), Тјенанмен (“Портата на небесниот мир”), додека градските ѕидини од тој период постоеле се до средината на 20 век. Градот често ги менувал владетелите во тек на граѓанските војни, за време на револуцијата и формирањето на Република Кина во 1911 година. Во 1928 Пекинг го променил името во Бејпинг. Во текот на кинеско-јапонската војна,бил под јапонска власт. А, од 1949 година станува престолнина на ново создадената Народна Република Кина.

Административна поделба

Видете: Административна поделба на Кина

Наводи

  1. 1,0 1,1 Закон на НР Кина за стандардниот говорен и пишан кинески јазик (Претседателски указ Бр.37)
  2. „Кина“. Енциклопедија Британика. Посетено на 15 март 2010. Државно уредување: еднопартиска народна република со еден законодавен дом (англиски)
  3. Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
  4. Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
  5. . "Кина – Луѓе". https://www.cia.gov.+ (консултирано на 1 јануари 2010) (англиски)
  6. Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
  7. Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
  8. Светска книга на факти на ЦИА [Џини котирања]
  9. Извештај за човековиот развој во 2009 г. ООН. Проверено на 5 октомври 2009 (англиски)
  10. Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)

Поврзано


Предлошка:Административна поделба на Народна Република Кина на ниво на провинции

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA