Состојба на материјата: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.29.141.75 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:Тиверополник|Тивероп
Ред 13: Ред 13:


== Гасовита агрегатна состојба ==
== Гасовита агрегатна состојба ==
Гасовитите супстанции немаат ниту сопствена форма, ниту сопствен волумен. Нивните молекули се движат хаотично во сите правци ([[Брауново движење]]). Главна карактеристика на гасовите е нивната тенденција да го заземаат целиот простор што им е на располагање, односно максимално да се шират. Сето ова укажува на многу слабите интеракции меѓу молекулите во гасовите. Ако гасот е изграден од [[Неполарна молекула|неполарни молекули]], што е доста често, меѓу нив дејствуваат [[Лондонови привлечни сили да ]].
Гасовитите супстанции немаат ниту сопствена форма, ниту сопствен волумен. Нивните молекули се движат хаотично во сите правци ([[Брауново движење]]). Главна карактеристика на гасовите е нивната тенденција да го заземаат целиот простор што им е на располагање, односно максимално да се шират. Сето ова укажува на многу слабите интеракции меѓу молекулите во гасовите. Ако гасот е изграден од [[Неполарна молекула|неполарни молекули]], што е доста често, меѓу нив дејствуваат [[Лондонови привлечни сили]].


== Плазма ==
== Плазма ==

Преработка од 21:10, 10 декември 2010

Агрегатната состојба ја претставува конзистенцијата на супстанцијата. При обичните еднакви надворешни физички услови супстанциите ги среќаваме во три агрегатни состојби: цврста, течна и гасовита. Плазмата се смета за четврта агрегатна состојба. Агрегатната состојба при исти надворешни услови зависи од релативната молекулска маса, како и од структурата на молекулите и типот на меѓумолекулски взаемодејства во супстанцијата.

Една иста супстанција при нормални услови се наоѓа во една или истовремено во две агрегатни состојби. На пример, воздухот е само во гасовита состојба, а водата во течна и гасовита состојба. Јонските супстанции при собна температура се во цврста агрегатна состојба, додека ковалентните се среќаваат во сите три.

Секоја супстанција или тело на погоден начин, со промена на физичките услови, може по потреба да се претвора од една во друга агрегатна состојба. Една агрегатна состојба значи само една од фазите низ кои поминува дадено тело при премините од тврда преку течна до гасовита состојба или обратно. Секоја преобразба од една во друга фаза (агрегатна состојба) се нарекува фазен премин.

Цврста агрегатна состојба

Супстанциите во оваа агрегатна состојба имаат и сопствена форма и сопствен волумен. Меѓутоа, некои од нив имаат правилна внатрешна градба, а некои, иако имаат правилна надворешна форма, немаат правилна внатрешна градба. Цврстите супстанции со правилна внатрешна градба се нарекуваат кристали, додека оние без правилна градба се аморфни. Кај последниве постои всушност само средена структура во мал дел од супстанцијата. Тие се поретки од кристалните. Молекулите кај цврстите тела се држат меѓусебе со Ван дер Валсови сили или со водородна врска.

Течна агрегатна состојба

Супстанциите во оваа состојба имаат сопствен волумен, но немаат сопствена форма, туку ја завземаат формата на садот во кој се наоѓаат. Ова покажува дека меѓу молекулите на течностите постојат посилни взаемодејства отколку кај гасовите, но не толку силни за да тие имаат своја форма како кај цврстите тела. Поради дејствувањето на посилни взаемодејства кај течностите, нивните молекули образуваат групации наречени гроздови или кластери, во кои бројот на молекули постојано се менува. Молекулите во течна состојба воглавно меѓусебно се држат, исто така, со Ван дер Валсови сили или со водородна врска.

Гасовита агрегатна состојба

Гасовитите супстанции немаат ниту сопствена форма, ниту сопствен волумен. Нивните молекули се движат хаотично во сите правци (Брауново движење). Главна карактеристика на гасовите е нивната тенденција да го заземаат целиот простор што им е на располагање, односно максимално да се шират. Сето ова укажува на многу слабите интеракции меѓу молекулите во гасовите. Ако гасот е изграден од неполарни молекули, што е доста често, меѓу нив дејствуваат Лондонови привлечни сили.

Плазма

Плазмата е посебен тип на агрегатна состојба, кој ретко се среќава на Земјата, но доста е застапена во вселената. Плазмата е јонизиран гас, што значи дека барем еден електрон е дисоциран од голем дел на молекулата. Слободните електрични полнежи ја прават плазмата спроводник на електричество, така што таа реагира на електромагнетно поле. Оваа, четврта агрегатна состојба на материјата, првпат била идентификувана од сер Вилијам Крукс во 1879, а го добила името "плазма" од Ирвинг Лангмуир во 1928, бидејќи го потсетувала на крвната плазма.