Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: филозоф... -> философ...
с [r2.5.2] Бот Додава: fa:ژان پل مارا
Ред 121: Ред 121:
[[Категорија:Француска револуција]]
[[Категорија:Француска револуција]]


[[zh-min-nan:Jean-Paul Marat]]
[[arz:جان بول مارات]]
[[bg:Жан-Пол Марат]]
[[bg:Жан-Пол Марат]]
[[ca:Jean-Paul Marat]]
[[ca:Jean-Paul Marat]]
Ред 127: Ред 127:
[[da:Jean-Paul Marat]]
[[da:Jean-Paul Marat]]
[[de:Jean Paul Marat]]
[[de:Jean Paul Marat]]
[[et:Jean-Paul Marat]]
[[el:Ζαν Πολ Μαρά]]
[[el:Ζαν Πολ Μαρά]]
[[en:Jean-Paul Marat]]
[[en:Jean-Paul Marat]]
[[eo:Jean-Paul Marat]]
[[es:Jean-Paul Marat]]
[[es:Jean-Paul Marat]]
[[et:Jean-Paul Marat]]
[[eo:Jean-Paul Marat]]
[[eu:Jean-Paul Marat]]
[[eu:Jean-Paul Marat]]
[[fa:ژان پل مارا]]
[[fi:Jean-Paul Marat]]
[[fr:Jean-Paul Marat]]
[[fr:Jean-Paul Marat]]
[[ga:Jean-Paul Marat]]
[[ga:Jean-Paul Marat]]
[[ko:장폴 마라]]
[[he:ז'אן-פול מארה]]
[[hr:Jean-Paul Marat]]
[[hr:Jean-Paul Marat]]
[[hu:Jean-Paul Marat]]
[[id:Jean-Paul Marat]]
[[id:Jean-Paul Marat]]
[[it:Jean-Paul Marat]]
[[it:Jean-Paul Marat]]
[[he:ז'אן-פול מארה]]
[[ja:ジャン=ポール・マラー]]
[[ka:ჟან-პოლ მარა]]
[[ka:ჟან-პოლ მარა]]
[[ko:장폴 마라]]
[[la:Ioannes Paulus Marat]]
[[la:Ioannes Paulus Marat]]
[[lb:Jean-Paul Marat]]
[[lb:Jean-Paul Marat]]
[[hu:Jean-Paul Marat]]
[[arz:جان بول مارات]]
[[nl:Jean-Paul Marat]]
[[nl:Jean-Paul Marat]]
[[ja:ジャン=ポール・マラー]]
[[nn:Jean-Paul Marat]]
[[no:Jean-Paul Marat]]
[[no:Jean-Paul Marat]]
[[nn:Jean-Paul Marat]]
[[pl:Jean Paul Marat]]
[[pl:Jean Paul Marat]]
[[pt:Jean-Paul Marat]]
[[pt:Jean-Paul Marat]]
Ред 154: Ред 155:
[[ru:Марат, Жан-Поль]]
[[ru:Марат, Жан-Поль]]
[[sr:Жан Пол Мара]]
[[sr:Жан Пол Мара]]
[[fi:Jean-Paul Marat]]
[[sv:Jean Paul Marat]]
[[sv:Jean Paul Marat]]
[[tr:Jean-Paul Marat]]
[[tr:Jean-Paul Marat]]
[[uk:Марат Жан-Поль]]
[[uk:Марат Жан-Поль]]
[[zh:让-保尔·马拉]]
[[zh:让-保尔·马拉]]
[[zh-min-nan:Jean-Paul Marat]]

Преработка од 11:06, 27 ноември 2010

Жан Пол Мара (24 мај 1743 - 13 јули 1793), познат француски револуционер, еден од водачите на француската буржоаска револуција. Убиен е од Шарлота Кордеј, приврзаничка на жирондистите и на монархистите.


МАРА, ПРИЈАТЕЛОТ НА НАРОДОТ

„Ако јас сум екстремен, барем не сум екстремен на начин што сте вие,
против тишината на Природата јас дејстувам,
во огромна непристрасност јас наоѓам мисла,
јас не чмаам, јас интервенирам“

– Жан-Пол Мара, во Мара/Сад од Петер Вајс –

Мара беше најголемиот мартир на Револуционерната левица. За една година, тој е идолопоклонуван како светец. Денес, тој обично е запаметен со чувство на ненадејна промена на сентименталноста и ужаснатост. Но ова површно согледување дава малку сознание кон комплексниот карактер на човекот, кој еднаш беше идолопоклонувачки почитуван како Пријателот на Народот. Непознатиот и напатуван човек, кој својот живот го опсесира на медицината и кој го завршува со опсесија, собирајќи 500 000 граѓани на неговиот закоп, човекот кој еднаш работел како скап доктор за привилегираните за да потем го посвети својот живот за народот, кој тој ќе го нарече ,,прељубезен‘‘. Овој Мара на чудни парадокси е единствениот што далеку често од било кој друг во историските книги беше отфрлан како само крвожеден лудак. Дури неговата екстремна миризба што произлегувала од скрофулозата и параноичноста која ја покажувал не му обезбедуваат почит како кон многу популарен човек, заради што е возможно да се разбере таквиот очигледен исход. Наспроти неговото влијание, тој немал лични следбеници како што ги имале Робеспјер, Дантон и Ебер зад себе. Мара беше опседнат работохолик. Има речено дека немал време да спие и дека дваесет и четири часа дневно бил на стража за благосостојбата на народот. Бил насилен и носел со себе револвери. Тој ја наречува париската толпа ,,љубезна‘‘ и континуирано ги прашувал зошто не поведуваат мерки против аристократијата. Мара, нешто како Робеспјер, верувал дека кога не е во состојба да постигне нешто – тоа било неизбежно што му припаѓа на конспирација на луѓе решени да ја поткопат виртуозноста. Тој, како Робеспјер, страдал од комплекс на мартирство, иако, не како Робеспјера, тој всушност станува еден таков. Се мисли дека Робеспјер бил љубоморен на начинот на којшто Мара умира. Тој не беше човек кој неговите следбеници можеа лесно да го игнорираат, дури ниту Дантон и Робеспјер не ја разбудувале љубовта и почитта кај народот како што тоа со духовна опламенетост го правел уредникот на ,,L’Ami du Peuple‘‘. Тој исто така присили на восхитување различни подоцнежни мислители, меѓу нив и Петер Вајс, кој во Marat/Sade му ја дава следнава елегија на Жак Ру кон Мара:

Ти сакаше просветителство и топлота – затоа и студираше електрицитет!

Ти сакаше да знаеш за што човек е, па се прашуваше себе:

Каква е оваа душа, овој амбис на празнина од идеи и расипани морали?

Ти реши дека душата е во мозокот и дека таа може да учи да мисли.

За тебе, душата е употребливо нешто – орудие за владеење и управување живот.

И дојде еден ден за Револуцијата зашто ја виде најважната визија:

Дека нашите прилики мора да се сменат изворно и дека без нив овие промени –

се‘ што ние ќе се обидеме да учинеме – неминовно мора да не успее.

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Жан Пол Мара е роден во Будри, Швајцарија, на 24-ти мај 1743-та година, како дете на незабележлива Сардиниска фамилија. Добива диплома на медицина во Свети Андреевиот колеџ и патува низ Европа подолго време, работејќи како доктор и научник во неколку Европски градови. Тоа време владее 8 јазици: англиски, италијански, португалски, шпански, холандски, германски, грчки и латински. Тој најпосле утврдува постојана практика во Лондон, во 1770-та, каде работи за аристократијата и повисоката средна класа и се заинтересирува во научни експерименти на светлина, електрицитет и оган. Бидува прилично познат уште пред Револуцијата како физичар, кому англиската влада доделува награда за еден негов пронајдок во областа на енергетиката. Несебичен и до крајности чесен, Мара повеќе го ценел производствениот труд на научниците одошто богатството и славата. Меѓутоа и пред Револуцијата живо се занимавал со политичките прашања. 1773-та година го штампа во Англија својот труд ,,Оковите на ропството‘‘, во кое укажувал на недостатоците на англискиот устав, на кралската власт која го упропастувала народот и на поткупливиот парламент. Тој исто така пишува неколку философски есеи, меѓу кои ,,Есеј за човечката душа‘‘ и ,,Филозофски есеј за човекот‘‘. Во 1777-ма постанува официјален медицински доктор на Комт д‘Артуа, брат на Луј XVI. Се мисли дека тоа време имал афера со Теруањ де Мерикур и дека тоа е поради што тој ја спасува од напад од непријателската толпа во 1793, меѓутоа таков нагиб е далеку веројатен. Маратовиот отворен бес спрема власта (на која тој не верувал дека ќе му даде респект што неговиот интелект го бара бидејќи тие {од власта} биле во конспирација против него) бил распламтен со забраната за реиздавање на неговиот ,,План за Кривично законодавство‘‘ и неуспехот да биде избран за член на Академијата на науките. Спроти Револуцијата, 1788, бидува без пари и верува дека целиот негов живот ќе биде неуспех што ќе се должи на злобните конспирации на другите. Годината кога Револуцијата избувнува ги напишува последната воља и тестаментот.

Револуцијата ги сменува нештата за Мара исто како и за неговите други колеги. Кога отпочнува Револуцијата, Мара ги остава своите научни обврски и сиот се предава во служба на народот. Во септември 1789-та почнува со издавањето на неизмерливо популарниот ,,L'Ami du Peuple‘‘ кој бил мошне радикален за тоа време, но наскоро бидува пригушен од вулгарноста и насилството на Ебертовиот ,,Pere Duchesne‘‘. Маратовиот весник ,,L'Ami du Peuple‘‘ ја будел работничката совест, потстрекнувал револуционерна енергија, вметнувал лозинки, ги формулирал народните барања.

Аристокрацијата и крупната буржуазија многу брзо го увидуваат во него својот најопасен непријател, а веќе 1789-та година претседателот на париската општина наредува тој да се уапси. Принуден да се крие и по неколку пати на ден да менува прибежиште, Мара наоѓал снага и можности да не го прекинува издавањето на ,,Пријателот на Народот‘‘.

Порано од останатите тој сфаќа на какви крупни тешкотии мора да наиде Револуцијата; тој исто така го предвидува одметнувањето на крупната буржуазија од народот и нејзин иден сојуз со реакционерната сила. Тој бара Уставотворното собрание да се така измени да со тоа постане извршител на народната воља, бара општо изборно право за народот, бара да бирачите им даваат на своите пратеници одредени наредби и да можат да ги отповикуваат ако не постапуваат по народните барања. ,,Револуцијата ја изведоа само нижите општествени класи: работници, занаетчии, ситни трговци, селани - односно, оној нижи слој, онаа сиротиња, која богаташите ја нарекуваат измет (canaille)‘‘ - пишува Мара.

Тој сметал дека целта на неговиот весник е учењето на народните маси да се користат со слободата, да ,,им ги објаснува на граѓаните нивните права, да им влева воља да со нив се користат, храброст да ги бранат, достоинство да се одмаздуваат на оние кои ги газат. Смислата на слободата е во тоа да таа му помогне на народот да се запознае со злоупотребите на своите ополномештени и да му пружи можност заради тоа да ги казни; смислата на слободата е во тоа да да ги научи луѓето да се покоруваат само на правичните и мудрите закони, а да се противат на неправичните и да востануваат против тиранските закони‘‘. Во 1790-та, Мара е присилен да пребегне во Англија по објавувањето статии против Некер. А во 1791-та, откако Париз се наоѓа под воениот закон по Мартовските масакри врз демократската интелигенција, оди во канализации, криејќи се од Лафајет и Националната гарда.

Таму се здобива со опостушувачка кожна болест која била наречена скрофула и канцер на кожата меѓудругото, меѓутоа изгледа дека не се работело за ниедна од нив. Тоа било ужасна болест која чинела јадеж, егземи, неподнослив мирис и неизмерлива болка. Ова го направува Маратовиот сончев карактер не повеќе пријатен. Почнува да носи бели турбани околу глава и да го врши поголемиот дел од својата работа во минерална бања. Бидува негуван од неговата сопруга Симон Еврар за која се оженува во Русоова церемонија пред Врховното битие во 1790-та. Тој е најпопуларен по инспирирањето на бруталните Септемвриски масакри во 1792: ,,Кога човек нема ништо, тој има право да им одземе на другите што имаат во изобилство. Наместо да гладува, тој има право да им го пресече гркланот и да го проголта нивното растреперено месо‘‘. Откако бидува уапсен, а потоа ослободен од обвиненијата на жирондиската партија во 1793-та, го помогнува водењето напад врз жирондистите и нивното обезвластување на 1 јуни, истата година. Одговарајќи на своите непријатели, Мара пишува: ,,Иако не можам да гледам како се мачи ситната буба, тие сепак ми кажуваат дека сум суров. Меѓутоа мене ме обзема длабока огорченост заради нашите лажни хуманистички сфаќања и заради нашите длабоки потчинувања према секој наш суров непријател. Ние сме глупаци заради тоа што забораваме да се чуваме од нивните удари. Ако тие кога-тогаш добијат превласт над нас, погледајте ги тогаш како, носејќи оган во едната а меч во другата рака, ги пустошат покраините и просто напросто ги убиваат сите родољубци, ги убиваат нивните жени и нивните деца, а градот го предаваат во оган‘‘.

На 13-ти јули, Шарлот Кордеј, фанатична млада жирондистка од провинцијата, доаѓа до неговата бања под изговор дека носи листа на предавници од нејзиниот роден Кан. Таму, таа го прободува смртно. Тој непосредно постанува мартир на Револуцијата, на кого се повикувале како ,,Благословениот мартир Мара‘‘ и, иронично доста, атентатот на Кордеј врз човекот заради кој се плашела дека ќе воведе диктатура во суштина придонесло кон тоа нешто... Заради Кордејското убиство на Мара монтањарците бидуваат изпровоцирани да ги затвораат и егзекутираат останатите жирондисти во почетокот на Владеењето на теророт.


МАРА: ЗАШТИТНИК НА УРБАНИТЕ СИРОМАШКИ (автор: Morris Slavin)

Клифорд Коноровиот Мара има малку заедничко со ирационалната личност претставена од Петер Вајс во неговата драма ,,Мара/Сад‘‘. Ниту Мара е демагогот што некои биографи го сликаат, често селектирајќи ги неодбранливите ставови од неговиот весник, L’Ami du Peuple.

Спротивставена гледна точка може лесно да се добие од сериозно загледување во Давидовиот познат портрет на Мара, мртов во неговото корито – ,,пиета‘‘ на Француската револуција. Во обата случаи, вистинскиот Мара е загубен.

Мара, Конор разоткрива, бил сериозен научник долго време пред избувнувањето на Француската Револуција. Идниот револуционер бил доктор на медицина со диплома заработена од медицинската школа Свети Андреј во Шкотска. Неговите дела одразуваат знаење на тогашната медицина, додека сведочењата на пациентите разоткриваат дека неговите техники и лекувачки способности биле никако инфериорни кон оние на неговите современици.

Парадоксално, Мара постанал доктор на телохранителството на помладиот брат на Луј XVI, Гроф од Артуа, суден да биде последниот Бурбонски крал како Шарл Х.

Деценија пред револуцијата, Мара бил зафатен со испитување на способностите на топлината, светлината и електрицитетот. Неговите есеи, кои ги опишуваат експериментите, освоиле бројни награди, а една од неговите книги била преведена на германски.

Членовите на Академијата на Науките, вклучувајќи го и Бенџамин Франклин, изразиле висока оцена за неговото истражување – ова, наспроти расправиите и разликите што Мара ги развил со индивидуални членови на Академијата.

Конор нè информира дека Мара извршил 166 различни експерименти на способностите на топлината и дека тој користел некои софистицирани апаратури, вклучувајќи соларен микроскоп. Бројни од овие инструменти се илустрирани и репродуцирани во книгата.

Во април, 1779 година, комисијата наименувана од Академијата на Науките заклучила дека Маратовите експерименти ,,отвораат големо поле на ново истражување во физиката‘‘. Бенџамин Франклин ја придружил комисијата за да ја види Маратовата лабораторија, а Лемарк исто така ја пофалил Маратовата работа.

Кога Мара го објавил своето испитување на светлината, надевајќи се дека ќе ги исправи теориите на Њутн, Академијата го одбила овој обид. Но, какви и да биле заслугите на Маратовото испитување, Гете сметал дека Маратовите теории биле значаен предизвик за Њутн во полето на оптиката.

Мара исто така извршил повеќе од 200 експерименти за новиот феномен на електрицитет, надевајќи се дека ќе стигне до теоретска формулација од ,,збунувачка локва на емпириски факти‘‘.

Лејденовото грне и електростатичкиот генератор се појавиле и Мара експериментирал со обете, заклучувајќи дека електрицитетот бил ,,флуид во движење‘‘. Што и да била природата на овој ,,флуид‘‘, Мара му верувал на Бенџамин Франклин за заслужувањето на најголемата чест за неговиот славен експеримент на светлината.

Бројни денешни научници, иако спротивставени на Маратовата политика, се согласуваат дека Мара произвел ,,трудови достојни за доверба‘‘, дека неговото познавање на научната литература било длабоко и дека неговите експерименти не биле различни од оние на ,,раните научници, кои го испитувале светот‘‘.

Би требало да се забележи дека скоро половина од делото на Конор е посветено на научното истражување на идниот револуционер. Дека Конор може да суди за вредноста на истражувањето е јасно, бидејќи тој има предавано историја на науката во текот на неколку години на Стивенс Институтот на Технологија во Њу Џерси. Според тоа, Конор заклучува дека обвинувањата против Мара ,,дека тој бил квази-научник се невистинити‘‘.

Да не се случило револуција во Франција, сепак, сомнително е дали Маратовото име ќе преживеало, бидејќи Мара предвидувал многу политички развои од 1789 до 1793 и пишувал страсно за нив, заради што постанал нашироко познат.

Во 1774 година, тој објавил книга под наслов ,,Окови на Ропството‘‘, во кое тој го осудува деспотизмот на кралевите и ги штити човековите права и народната слобода. Со падот на Бастиља, тој сега имал можност да ги стави своите идеали во пракса.

Како ,,пријател на народот‘‘, Мара започнал да ги брани демократските аспирации на Французинот. Како многу други револуционери, тој го возвишувал Луј XVI како ,,возобновувач на француските слободи‘‘, но кратко потоа тој опоменувал против растечкото предавство на дворецот. Кога кралот, како бранител на старите привилегии, ја покажал својата вистинска ќуд, Мара предупредил дека привилегијата била ,,инкомпатибилна со интересите на народот‘‘.

Во септември 1789 година, тој започнал општа кампања против Националното Собрание и Париската Комуна, обете институции сè уште во рацете на конзервативците. Како исход на тоа, тој бил уапсен и ослободен, искуство што тој ќе го доживее неколку пати, принудувајќи го да оди во подземје и дури да бара засолниште во Англија.

Иако Мара го поддржувал раѓањето на народните друштва, увеличување е да се верува дека тој бил нивен ,,татко‘‘. И јакобинските и кордељерските клубови претходат на неговото препорачување на овој важен демократски развој.

Наспроти многу депутанти, Мара бил исправно сомнителен во Мирабо и двојно така за обидот на кралот да побегне од Франција. Бегството на Луј до Варен во јуни 1791 година предизвикало барање од Мара дека треба да биде наименуван ,,шеф‘‘, милитарен трибун, со диктаторско овластување за да ја заврши политичката криза.

Среќно за иднината на републиката, владата била затекната во итност, но тоа го направила така што усвоила конзервативен состав, исклучувајќи половина од машките граѓани од право на глас.

Шампдемартовскиот масакр ја проширил бездната меѓу радикалните демократски сили и конституираните авторитети. Мара опоменил против заканувањето на Лафајет, но се почувствувал обезхрабрен со општата политичка ситуација. Ова било отежнато кога Законодавното Собрание ја обврзал Франција на војна.

Како Робеспјер, Мара се спротивставил на смерот кон војна и опоменил против неодговорната политика. Штом војната започнала, сепак, Мара побарал отпуштање на аристократските офицери од армијата. Тоа било само со пристигнувањето на трупи од департманите, федерациите, во летото 1792 година, заради што Маратовиот борбен дух бил повторно оживеан. На 10 август, монархијата била соборена, а наредниот месец република била најпосле воспоставена.

Како член на Комитетот за мониторинг на јавноста за главниот град, Мара бил сметан за одговорен за масакрите врз затворениците во почетокот на септември 1792 година. Но, сепак, истражување на овој тажен настан покажува дека по објавувањето на заканата од Брунсвик да ги уништи парижаните, ниеден владин комитет ја имал моќта да ги сопри убиствата, како што Робеспјер признал.

Наспроти длабоките разлики што го разделиле Мара од Робеспјер, обајцата биле обврзани да ја штитат републиката против настојуваната контрареволуција. Со изборите што следиле по соборувањето на кралот, Мара бил испратен во Конвентот делумно како резултат на промовирање од страна на Робеспјер.

Како член на владата, Мара постанал критичар на бесните (екстремна левица од револуционерните сили), кои тој сега ги обвинувал дека се однесувале неодговорно и дури пресвртнички. Бесните го критикувале јакобинскиот Устав дека не ја забранил спекулацијата и натрупувањето на богатство. Освен тоа, Мара се судрил со Жак Ру, исход на лично недоразбирање.

Поважни биле Маратовите разлики со жирондистите (,,умерена‘‘ револуционерна фракција), кои тој ги сметал за одговорни за војната и за охрабрување на контрареволуцијата. Тие, за возврат, го ставиле пред суд од кој тој излегол попопуларен од било кога.

За да го раскине нивното мнозинство во Конвентот, Мара навалувал на чистка на тоа тело, но увеличување е да се верува дека тој е одговорен за востанието што го соборило жирондиското водство. Ова било направено од револуционерен комитет, избран од повеќето радикални секции на Париз.

Со јакобинските депутанти (Монтањата) сега на власт, Мара почувствувал дека неговото политичко дело било завршено. Неговата јавна осуда на жирондистите, сепак, охрабрила млада жена по име Шарлота Кордеј да ги одмазди своите пријатели. Добивајќи пристап до Мара под изговор дека таа имала важна информација да сподели со него и наоѓајќи се времено сама со него, таа го прободува смртно додека тој го читал нејзиниот наводен извештај.

За некое време Мара постанал главен маченик на Француската Револуција и неговото срце било чувано од кордељерскиот клуб, но со падот на Робеспјер и Термидорската реакција што проследила, Маратовите останки нашле необележан гроб и неговото име постанало анатема за контрареволуцијата.

Два века после Маратовата смрт, оние кои ја клеветат Француската Револуција го клеветат и Мара како еден од нејзините симболи. Конор помага да се возобнови вистинскиот Мара како научник и револуционер и како човек, кој ги штител демократските аспирации на урбаните сиромашки познати како санкилоти.


Предлошка:Никулец за биографија