Рихард Вагнер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Одбиена последната промена (од 94.100.106.25) и вратена ревизијата 1780353 од Xqbot
Ред 115: Ред 115:
[[bat-smg:Richard Wagner]]
[[bat-smg:Richard Wagner]]
[[zh:理查德·瓦格纳]]
[[zh:理查德·瓦格纳]]



Рихард Вагнер (22 мај 1813 – 13 февруари 1883) бил генијален музичар, претставник на музичкиот романтизам. Роден е во Лајпциг. Неговиот татко починал само неколку месеци по раѓањето на Рихард, па тој детството го поминува во театарот, затоа што неговиот очув бил артист. Уште како мал, Вагнер сакал да чита и пишува, а подоцна станал и еден од најобразованите луѓе во 19 век. На 15 годишна возраст, тој доаѓа во допир со музиката на Бетовен, а на 19 години ја диригирал деветтата симфонија. Вагнер никогаш не добил целосно музичко образование, а неговото познавање од областа на музиката се должи на неколку месечното посетување на часови кај Кристијан Теодор Вајнлиг (учителот на Клара Шуман). Во 1832 година ја пишува својата "Симфонија во C-dur", и се овозможува неговата кариера како диригент. Неговата прва комплетна опера ја пишува во 1833 година, која е изведена дури после неговата смрт. Во операта тој создал синтеза од музика, сликарство, скулптура, архитектура и драма. Во своите творби ги обработувал германските митолошки ликови, а внесувал и многу патриотски чувства. Либретата ги пишувал сам. По завршувањето на студиите стапува во брак, кој е доста неуспешен и несреќен. Потоа Вагнер бил на турнеја низ Русија, па 3 години провел во Париз. Кога се вратил во Германија станал дворски диригент, но поради политички причини морал да се пресели во Вајмар, а потоа во Цирих. Тој се вљубува во жената на еден негов пријател. Поради чувството на вина тој ги раскинува односите со неа. Таа несреќна љубов тој ја прикажува во операта "Тристан и Изолда". Потоа следуваат посреќните денови во животот на Вагнер. Тој се вљубува во ќерката на Франц Лист и овај брак бил мошне успешен.
Вагнер сметал дека е потребна реформа на оперската уметност. Тој врши поделба на чиновите на слики, воведува лајтмотив (кој се провлекува низ целото дело поврзан за некое лице, поим или настан). Тој исто така наместо увертира воведува предигра која ги поврзува лајтмотивите. Го симфонизира оркестарот и воведува нови инструменти. Така се појавува новата форма на музичка драма наречена "Вагнерова". Врз творештвото на Вагнер влијаеле делата на: Бетовен, Моцарт, Шекспир, Берлиоз, Гете и други, а самиот Вагнер влијаел врз творештвото на: Штраус, Фридриг Ниче и други.
Во 1882 година, Вагнер тешко се разболува. Заминува на лекување во Венеција каде што во 1883 умира од срцев удар. Зад себе остава многубројни дела кои претставуваат врв на европската романтична опера. Негови најпознати дела се: опери- "Самовили", "Проколнатиот Холаѓанец", "Риенци", "Танхојзер", "Лоенгрин", "Тристан и Изолда", тетралогијата "Прстенот на Нибелунг" и други. Инструментална и останата музика- "Симфонија во C-dur", три клавирски сонати, песни за женски глас и клавир, "Американски стогодишен марш", "Фантазија во фис- мол", "Царски марш" и други. Исто така пишувал и есеи, новели, мемоари и друго од кои најважни се книгите: "Уметност и револуција", "Уметничкото дело во иднина", "Драма и опера" како и автобиографијата "Мој живот".

Преработка од 12:04, 24 ноември 2010

Рихард Вагнер (22 мај 181313 февруари 1883) бил генијален музичар, иноватор во хармонијата, создавјќи сопствени верзии на Gesamtkuntswerk, драмски композиции во кои сите уметности биле споени во едно. Како човек тој бил подготвен да ја жртвува својето семејство и пријателите за каузата на својата музика. Неговиот антисемитизам го привлекол вниманието кон идеите за неговата работа како музичар. Во своите творби ги обработувал германските митолошки ликови, а внесувал и многу патриотски чувства. Во подоцнежниот период од кариерата, Вагнер ја уживал поддршката од кралот Лудвиг Втори од Баварија и бил во можност да создаде свој театар и фестивал во баварискиот град Бајројт. Тој ја развил употребата на „лајтмотив” (главен мотив) како основа на музичката творба. Неговиот прелудиум за трагичната љубов на Тристан и Изолда на светот му донел еден нов вид на хармонија.

Опери и музички драми

Вагнер, кој работел како диригент го доживеал првиот успех во 1842, во Дрезден со операта „Риенци”, базирана на новелата од Едвард Булвер-Литон. Една година подоцна, во 1843, со „Летачкиот Холанѓанец”, напишана според легенда запишана од Хајне за Холанѓанецот кој пловел преку морињата, сѐ додека не ја нашол вистинската љубов. „Тенхаузер”, во кој се зборува за средновековниот трубадур Танхаузер, била изведена во Дрезден во 1845. Вагнеровата вмешаност во револуцијата од 1848 и бегството од Дрезден го довеле до следното драмско дело, „Лохенгрин”, во Вајмар. Четирите опери од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите” - „Златото на Рајна”, „Валкира”, „Самракот на боговите” и „Зигфрид” се ремек-дела на драмското и музичкото достигнување на Рихард Вагнер. Други негови драмски дела се „Тристан и Изолда”, „Пејачите од Нирнберг”, и последното дело, „Парсифал”.

Оркестарска музика

Најпознатите Вагнeрови оркестарски композиции се „Жртвуваната идила”, напишана за неговата втора жена, и „Козима”, за нелигитимната ќерка на Лист и поранешна жена на Рихард Вагнер.

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA